Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Итна седница во Судскиот совет: ќе се решава за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryeivbsgsbb7pj8sMERTy

Судскиот совет за денеска во 15:30 часот ја закажа 535-тата итна седница, на која ќе се расправа и ќе се одлучува по барањето на Основниот кривичен суд Скопје за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов и за одобрување мерка куќен притвор.

— реклама —

Претходно денеска, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара одземање на пасошот и определување куќен притвор за Ристов, кој е осомничен во истрагата во која беа пронајдени 350.000 евра заѕидани во ѕид.

— реклама —

Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека обвинителството доставило предлог за определување куќен притвор и дополнителни мерки за обезбедување присуство, по што предметот веднаш бил распределен кај судија на претходна постапка. Согласно законската процедура, судијата без одлагање го известил Судскиот совет, од каде што се очекува официјален став поради судискиот имунитет.

— реклама —

По одлуката на Судскиот совет, судијата на претходна постапка ќе продолжи со постапувањето и ќе одлучува за предложените мерки. Од Кривичниот суд појаснуваат дека до овој момент судијата Ристов ниту бил спроведен пред суд, ниту доброволно се јавил, а единствено е доставен предлогот од обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5sbql1dkvt9leU9lzpl

Убиство во близина на Виница: Ловочувар најден со прострелна рана, четири лица задржани во станица

Македонија | пред 1 ден

media-library56pif6hp19rq8133cK0

И по една година без епилог: Предистрагата за следењето на Мицкоски и медиуми сè уште тапка во место

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Продолжен краткотрајниот притвор за Стојанче, осомничен за самоубиството на мајката и детето: се вештачат телефони и се анализираат снимки

Македонија | пред 3 седмици

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Деко се жалеше само дека душекот не му е добар, а не на нечовечко однесување, извести кумановскиот затвор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања