Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library74m17ss756e5aP4YzoF
Видивака-принтскрин

Основно јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица осомничени за кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, по вчерашниот инцидент во Бутел.

Според Обвинителството, на 7 април осомничените – татко и неговите два сина – во група малтретирале и грубо навредувале двајца оштетени, предизвикувајќи чувство на страв, несигурност и загрозување во јавноста.

— реклама —

Како мотив се наведува одмазда. Осомничените ги пресретнале оштетените на нивното работно место во „АД Гробишта Бутел“, по што започнале физичка пресметка.

Тие удирале со боксирач и боксови, замавнувале со нож, а во еден момент првиот осомничен извадил гасен пиштол и го удрил едниот од нападнатите во главата, при што пиштолот испукал.

— реклама —

Од нападот, двајцата оштетени се здобиле со повеќе телесни повреди.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, поради опасност од бегство и можност за повторување на делото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

krazba

Со тесла упаднал во маркет, украл 52.900 денари, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Даночна шема тежи стотици милиони: во шемата се и вработени во УЈП, а обвинети се 10 лица

Македонија | пред 2 седмици

media-librarypns8fr8liclt2afyiGo

Битолчанец вработен во училиште осомничен за детска порнографија: истрагата е почната откако Австралија открила ИП-адреси од Македонија

Македонија | пред 2 седмици

media-librarypbljlq75q2ajbXJSh72

Ленче Ристовска останува без предметот за ВМРО-ДПМНЕ, Ана Гоговска без „Онкологија“; Савески: Обвинителството е во хаос

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања