Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

БУТЕЛ

media-library2ao5lf4nk07p817EAgM

Ќе се гради нова поликлиника во Бутел

Општина Бутел ќе добие нова модерна поликлиника, откако денеска беше потпишан договорот со економски оператор за реализација на проектот, информира градоначалникот Дарко Костовски.Според најавите, носител на проектот е Општина Бутел, додека Министерството за здравство ќе учествува како партнер во неговата реализација.„Потпишан е договорот за изградба на нова поликлиника. Ова е историски момент за граѓаните на Бутел“, објави Костовски.Новата здравствена установа ќе нуди широк спектар на услуги, меѓу кои РТГ кабинет со ехо, лабораторија и аптека. Предвидено е да има и пункт за итна медицинска помош, како и ноќна служба, што значително ќе ја подобри достапноста на здравствената заштита за жителите.Поликлиниката ќе се гради на местото на постојната стара амбуланта, согласно деталниот урбанистички план донесен во февруари 2024 година.Градоначалникот најави дека изградбата ќе започне наскоро, а проектот го оцени како еден од најзначајните за општината во последните години.

Скопје | пред 1 седмица

media-library2t6irl6r58e41LEOKel

Започна уредувањето на коритото на реката Серава и изградба на пешачка патека во Бутел

Започна реализацијата на проектот за темелно чистење и уредување на коритото на реката Серава, како и изградба на нова пешачка патека во општина Бутел.Почетокот на активностите беше означен во присуство на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. Проектот опфаќа уредување на просторот покрај реката и изградба на пешачка патека во должина од 1.590 метри, наменета за прошетка, рекреација и дружење на граѓаните. Долж патеката ќе биде поставено современо лед осветлување, урбана опрема и нови клупи, а просторот ќе биде дополнително разубавен со ново зеленило.Во рамки на проектот предвидена е и изградба на нови детски игралишта, со цел создавање безбеден и уреден простор за игра и рекреација на најмладите.Со реализацијата на овој зафат, општина Бутел во соработка со Град Скопје продолжува со активности насочени кон подобрување на јавниот простор и квалитетот на живот на граѓаните.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryjp9gn5rfd7al3P9I4hg

По 70 години реконструкција на спортската сала во ОУ „Панајот Гиновски” во Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска информираше дека започната била целосна реконструкција на спортската училишна сала во основното училиште „Панајот Гиновски”.Тој посочи дека со поддршка на Министерството за образование и наука, заеднички ќе го реализираат овој значаен проект за учениците од ООУ „Панајот Гиновски”.„По 70 години старата дотраена спортска сала ќе замине во историја. Со реконструкцијата ќе биде поставен целосно нов под со нова подлога. Ќе се добијат и нови соблекувални, а ќе се реконструираат и санитарните јазли. Со оваа реконструкција ќе обезбедиме квалитетни услови за сите училишни спортови и непречено одвивање на наставата по физичко и здравствено образование“, истакна градоначалникот.Костовски исто така најави дека наскоро ќе започне и доградбата на ова општинско основно училиште, со што би се овозможило одвивање на наставата во една смена.

Скопје | пред 4 седмици

media-library5oo0o8h4mg0hfXsUUoV

(Фото) Ќе се градат 40 пешачки и пристапни патеки во Скопје Север

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски сподели дека започнуваат со изградба на 40 пешачки и пристапни патеки во населеното место Скопје Север.„Денес започнавме со изградба на 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради со павер елементи во Скопје Север. Ќе се реконструираат пристапните влезови на станбените згради на улиците Боро Менков, Лазо Москов, Гоце Стојчевски и Костурска и ќе се надмине проблемот со поплавување на влезовите. радежната офанзива се одвива со силна динамика. Запазени се сите рокови и ветувања кон граѓаните. Еднаков рамномерен развој на сите населени места! “, истакна Костовски.

Скопје | пред 1 месец

media-library3i4jfhm0ipkvb0WV3t5

(Фото) Куче во тешка здравствена состојба пронајдено во Бутел, граѓани апелираат за итно згрижување

Куче во исклучително лоша здравствена состојба е пронајдено во скопската населба Бутел на гробиштата, а граѓани преку социјалните мрежи апелираат за итна помош и згрижување, предупредувајќи дека без брза реакција животот на животното е сериозно загрозен.На објавената фотографија се гледа видно исцрпено куче со тешки кожни промени, без соодветна нега и во состојба.„Кучево е за нигде, не знам дали воопшто му има спас. Доколку некој може и сака да го згрижи, можам да помогнам финансиски“, стои во јавниот повик.

Скопје | пред 1 месец

penzija

Костовски најави финансиска поддршка за пензионерите со минимални примања

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска сподели дека Општина Бутел објавува повик за доделување на финансиска помош за најранливата категорија на пензионери од нивната општина.„Објавуваме Јавен повик за доделување на еднократна финансиска помош и поддршка во висина од 2.000 денари на најранливата категорија на пензионери со минимална пензија. Јавниот повик е отворен од 03.02.2026 до 24.02.2026 година, информира Костовски во објавата на Фејсбук.Потребната документација може да се достави секој работен ден во просториите на Општина Бутел, од 09:00 до 15:00 часот.Право на финансиска поддршка ќе остварат: граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на Општина Бутел; приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 22.547 денари.Костовски посочи дека исплатата ќе биде на принцип “прв дојден - прв услужен”.„Продолжуваме со грижата за нашите најстари граѓани“, порача градоначалникот.

Скопје | пред 1 месец

media-librarycg304ltam9em9UeFE4j

Екипите на Општина Бутел од рано утрово на терен, исчистени критичните точки и главните улици

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека екипите за зимско оддржување, заедно со општинскиот кризен штаб од рано утрово се на терен.Тој нагласи дека навремено се исчистени сите критични места во општина Бутел како и главните улици.„Тимови од Општина Бутел работат на расчистување на сите пристапни патеки до градинките, училиштата, автобуските постојки и тротоарите“, посочи Костовски.Додаде дека Општина Бутел ја следи целата ситуација и ќе продолжи со навремено реагирање.

Скопје | пред 2 месеци

grobista-2

Украдени две бисти од гробишта во Бутел

69-годишен скопјанец пријавил дека од гробно место исчезнале две бисти.На 20.11.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, Л.Ф.(69) од Скопје пријави дека во периодот од април 2025 до 20.11.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел во Скопје, биле одземени две бисти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryujg4o8f6bhd89vh2A6X

(Фото) Комунална хигиена-Скопје колабираше? Депонии по домови во Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски во обајава на ФБ вели дека состојбата со ѓубрето во општината е алармантна и презеде вонредна акција.ВОНРЕДНА АКЦИЈА, КХС СКОПЈЕ КОЛАБИРАШEОд рано утрово, поради алармантната состојба, општина Бутел спроведува вонредна акција за собирање на сметот низ територијата на општината!Поради нефункционалност и целосниот колапс на ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје граѓаните се соочуваат со депонии пред нивните домови.Акцијата ја започнавме со собирање на сметот од зелените канти пред домовите на нашите граѓани, а отпадот го одлагаме на депонијата Дрисла.Голема благодарност до комуналните работници за нивната ангажираност во интерес на граѓаните на општина Бутел.Продолжуваме и следните денови!, напиша Костовски

Скопје | пред 5 месеци

media-librarysldi97ofvvrp3BpP55E

Костовски: Мега проект во општина Бутел, потпишан договор за нова модерна поликлиника

Во просториите на Министерството за здравство денес беше потпишан договорот за спроведување на групна набавка за изградба на нова, модерна поликлиника во општина Бутел.Договорот го потпишаа министерот за здравство Азир Алиу и градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски. По повод потпишувањето, Костовски преку објава на социјалните мрежи информираше дека ова е „историски миг за граѓаните на општина Бутел“ и дека поликлиниката ќе ги исполни највисоките стандарди за безбедност и квалитет.„Ви ветив и ќе остварам! Со овој проект нашите жители конечно ќе добијат современ здравствен центар. Благодарност до премиерот Христијан Мицкоски кој стои зад овој мега проект,“ напиша Костовски.Тој најави дека новата поликлиника ќе нуди широк спектар на здравствени услуги и ќе биде лоцирана на местото на старата амбуланта, согласно деталниот урбанистички план. Изградбата треба да започне наскоро.„Со нетрпение го очекувам денот кога ќе го поставиме камен-темелникот,“ додаде градоначалникот во објавата, оценувајќи дека проектот претставува значаен чекор за општината.

Скопје | пред 6 месеци

media-librarygiobrprrmfpveIpvy3Z

(Фото) Фатени во моментот кога од гробиштата во Бутел краделе бронзена биста

Лишени се од слобода четири лица од Скопје, кои биле фатени веднаш откако одзеле бронзена биста од гробиштата Бутел, Мвр најави пријава.На 17.09.2025 во 18:30 часот во Градски гробишта Бутел, полициски службеници од СВР Скопје - Полициската станица Чаир поради сомнение за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик ги лишија од слобода О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје.Во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите се сопатници е пронајдена и одземена бронзена биста со две човечки тела во седечка положба, од кој едниот е во поголема, а другиот помала форма, која непосредно пред тоа ја одзеле од гробиштата. Од З.Р. е одземено и возилото, а сопстеничката извршила препознавање на бистата. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 6 месеци

grobista-3

Украдени бронзени бисти од гробишта во Бутел

Во СВР Скопје било пријавено дека во период од три месеци од гробно место на Градските гробишта во Бутел биле одземени две бронзени бисти, а полицијата работи на расчистување на случајот.На 08.09.2025 во 10:00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(53) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.06. до 06.09.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел, со употреба на физичка сила и погоден предмет биле одземени две бронзени бисти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Лишен од слобода малолетник во Скопје, кај него пронајдени пиштол и куршуми, се обидел да бега од полициските службеници но бил фатен

На 06.09.2025 во 18:10 часот во Скопје, во близина на гробиштата Бутел, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје.При сообраќајна контрола во Скопје, полициските служебници дале знак за запирање на мотоцикл, кој го управувал малолетникот, но тој не застанал и се дал во бегство.По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, малолетникот е запрен и лишен од слобода, а при извршен преглед, кај него бил пронајден и одземен пиштол „Ц3“ и куршуми. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-30-190226

(Видео) Костовски: Спречивме голема катастрофа, пожарот кај училиштето „Св. Климент Охридски“ е под контрола

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, соопшти дека пожарот кој денеска избувна во близина на новоизградената детска градинка во дворот на основното училиште „Св. Климент Охридски“ е ставен под целосна контрола.„Станува збор за подметнат пожар кој се доближи на десетина метри од градинката. Не сакам да поверувам дека и најмалку овој грозен чин е политички инструиран од страна на крајно неразумни луѓе,“ напиша Костовски на социјалните мрежи.Тој им оддаде признание на пожарникарите за навремената реакција, како и на командирот на полициската станица Бутел, кој прв пристигнал на местото на настанот, како и на кризниот штаб на Општина Бутел.„Спречивме голема катастрофа,“ додаде градоначалникот.

Скопје | пред 7 месеци

serava

Се чисти коритото на Серава за да се спречи излевање, во центар се дератизираат две илјади шахти

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, објави дека денеска Град Скопје го чисти коритото на река Серава.„По неколку дописи од општина Бутел до градот Скопје денеска излегоа екипи да го чистат коритото на река Серава, реката се чисти пределот каде што е под ГУП, со тоа согласно закон и надлежност на Град Скопје. Благодарност за реакцијата, со ова спасивме потенцијално излевање на реката во овој дел на Општина Бутел“, напиша Костовски.Истовремено, градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски објави дека почнала дератизацијата во Центар.„Почнавме со редовна пролетна дератизација во Центар. Во текот на следните две недели ќе бидат опфатени над две илјади шахти, со цел уништување на штетни глодари и инсекти, како и превенција од можни заразни болести. Дератизацијата ја спроведуваме два пати годишно, во пролет и есен, и претставува една од клучните мерки што ги преземаме за заштита на здравјето на населението“, напиша тој.

Скопје | пред 11 месец

kosovski-bogorodica

(Видео) Градоначалникот Костовски ја видел Богородица во Бутел: Се појави во божјиот храм Св. Никола

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски сподели снимка на која тврди дека ја гледа пресветата Божја мајка, Богородица. Тој ваква објава сподели на социјалните мрежи, тврдејќи дека нејзиниот лик се појавил во Св. Никола во Бутел.„Слава на Господ. На големиот христијански празник Пречиста Богородица, Пресветата Божја Мајка се појави во божјиот храм Св. Никола во Скопје Север, Општина Бутел. Слава на Господ“, напиша Костовски.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-6500PM

Кран предизвикал испад на далекувод во Бутел, имало искри, па оддекнал звук: ЕВН санирале и пуштиле струја

Во Бутел настана прекин во снабдувањето со електрична енергија поради испад на далекувод 110кВ предизвикан од страна на кран, кој не е во сопственост на Електродистрибуција, ниту пак во моментот извршувал работни активности за компанијата.Според очевидци кои се обратија до „Скопје1“, трафостаницата се наоѓала на расрсница. Имало искри, па оддекнал звук налик на експлозија. Од ЕВН велат дека веднаш се било санирано.„Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го санираа дефектот во најбрзо време. Сите корисници во овој реон веќе имаат стабилно снабдување со електрична енергија“, велат од ЕВН за „Скопје1“.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-04-at-22.03.16

(Фото) Автомобил пропадна во Скопје, дојде и прашање до Данела: До каде ќе оди лудилото, потребна ли е жртва? Срам од невидени размери

„До каде ќе оди лудилото, потребна ли е жртва?!“, прашува Дарко Костовски, градоначалник на Бутел кој објави фотографија на која се гледа како автомобил пропаднал со гумата во дупка и додава:„Со месеци се алармира до Град Скопје, Данела и ЈП Улици и патишта да закрпат една дупка на улица “Радишанска” улица која што е надлежност на градот! Ни трага ни глас, како и за се останато.Јавно посочувам дека со лични средства ќе ја поправам оваа дупка, ако Град Скопје бара кој ивестирал во нивна надлежност без нивно одобрение да знаат кого да бараат. Срамота од невидени размери!“

Скопје | пред 1 година

bankomat-12

Со експлозив разнесен банкомат во Бутел

Утрово со експлозив бил разнесен банкомат во скопската населба Бутел. Инцидентот се случил кај „Алпи“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“.Полицијата е на терен и во моментов се врши увид на местото на настанот.Пред повеќе од шест месеци се случи сличен напад кога вооружени лица со пиштол му се заканиле на обезбедувањето на деловен објект во Топанско Поле, а потоа поставиле експлозив на четири банкомати лоцирани во близина.

Скопје | пред 2 години

20230312085212

Нова пресметка во Бутел, двајца специјалци завршија на Ургентно

Две лица со тешки телесни повреди се пренесени на Ургентен, откако пет до седум напаѓачи некаде околу 01.00 часот по полноќ на 12.03 ги пресретнале на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во општина Бутел, каде ги претепале, јавува „Инфомакс.мк“Двајцата повредени се припадници на МВР и тоа во специјалните единици на полицијата.Според информациите на Инфомакс, во нападот користено било и огнено оружје, но за среќа нема починати од престрелката.Најмалку пет лица се дале во бегство со возило марка „Цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, додека возило со другата група напаѓачи беше запрена од полицијата и задржана на лице место.Полицијата трага по избеганите, а на лице место се чека увидна екипа и обвинител.Минатата недела на само 300 метри од плоштадот во центарот на градот се случи професионална ликвидација на две лица со автоматски пушки, а сторителите се уште не се најдени.Претходно беше киднапиран внукот на екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски по кого полицијата се уште трага.Фото и извор: Инфомакс.мк

Скопје | пред 3 години

328620681_1135741373780104_1355470336376853981_n

(ФОТО) Снег во Бутел, екипите на терен

Екипите за зимско оддржување заедно со општинскиот кризен штаб во текот на ноќта и од рано утрово се на терен во општина Бутел.„Навремено се исчистени сите критични места во Општина Бутел како и главните улици во Љубанци и Љуботен, сите споредни улици во населните места со цел непречено одвивање на сообраќајот.Внимаваме сите патишта да бидат проодни и безбедни за сите граѓани. Апелираме до возачите, да внимаваат и да ја прилагодат брзина согласно условите на патот❗Ги повикуваме граѓаните да нѐ контактираат доколку некаде е потребна дополнителна интервенција за расчистување на снежните наноси.Општина Бутел ја следи целата ситуација и ќе продолжи со навремено реагирање“, вели Костовски.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Ќе се асфалтираат 30 улици во Бутел

Во престојниот перод ќе започне голема градежна експанзија со асфалтирање на улици во сите населени места во општина Бутел.„Општина Бутел без кал е наш приоритет.Ќе се асфалтираат, реконструираат и ревитализираат следните улици во населените места:ЉубанциУл.5 (пред гробиштата)Две улици како краци од ул.7ЉуботенТри улици како краци од ул.5Радишани горна зонаКрак од ул.62Крак од ул.РадишанскаКрак од ул.50Крак од ул.15Ул.58Населба РадишаниКрак од ул.Радишанска(спроти ООУ Ацо Шопов)Крак од ул.АФЖУл.СкоевскаСело РадишаниУл.20 (према манастирот)Две улици како краци од ул.18Две улици како краци на ул.14Ул.12Ул.10РасадникУл.25Љуботенски ПатУл.30Крак од ул.30Св.Климент ОхридскиКрак од ул.Хо Ши МинУл.МостарскаУл.ПребондоваПоврзување на ул.Марко Крале со Зуфер МусиќНовопроектирана ул. во н.м Св.Климент ОхридскиВизбеговоКрак од ул.2Крак од ул.3Оваа градежна епсканзија ќе се одвива етапно низ неколку фази до крајот на годината. Во правата фаза ќе бидат опфатени над 15 улици.Целата вредност која Општина Бутел ја издвои за овој голем проект е над 20.000.000 денари.Работиме посветено и чесно за решавање на проблемите на граѓаните на општина Бутел“, вели градоначалникот Костовски.

Скопје | пред 3 години

Kostovski-09.04

Костовски: Бутел добива модерно игралиште, а наскоро ќе се отвори и уште едно во Радишани

Добредојдовте на овој убав настан, на мое задоволство, пред се на граѓаните на Општина Бутел. Општина Бутел добива ново, ултра модерно игралиште за баскет во населеното место Бутел 1, Свети Климент Охридски, поточно во училиштето Св. Климент Охридски. Станува збор за едно ултра модерно игралиште во износ од четири милиони и 200 илјади денари, изјави градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.„Ова игралиште ќе може да го користат сите ученици на основното училиште, но секако и сите граѓани на територија на општина Бутел. За многу кусо, следната недела отвораме уште едно исто вакво игралиште во населеното место Радишани, поточно во Основното училиште „Ацо Шопов“ и вкупно овие две игралишта ќе чинат негдека околу шест и пол милиони денари.Чисто, би сакал да споменам една ситуација во овој момент, дека исто едно вакво игралиште во минатото, во претходните четири години чинеше околу шест и пол милиони денари. Ние сега изградивме две игралишта за истата сума.Некаде за три недели од сега, отвораме трето слично игралиште, но во населеното место Расадник и само за неколку месеци, три ултра модерни игралишта на територија на општина Бутел. Таа по својата структура е една од најспортските општини, согласно успесите на територија на Македонија, но сега, искрено, јас и мојот тим се бориме да биде и по инфраструктура спортски една од нај успешните. Но, не само спортска, туку и на секаков начин инфраструктура.За многу кусо, на десетина метри од оваа игралиште, од мене ќе почне изградба на новата градинка на територија на општина Бутел, која што ќе го носи името по училиштето Свети Климент Охридски, за нови 150 дечиња. Исто така, и тоа беше едно од нашите предизборни ветувања и многу други проекти во следи, кои што беа наши ветувања и надвор од нашите ветувања работиме и се трудиме да ја промениме сликата и Бутел да стане една модерна општина на територија на Градот Скопје.Во оваа прилика би сакал да истакнам голема благодарност и на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски, кој што како општина ни дава огромна поддршка со совети и не мотивира дополнително да работиме. И за тоа сум навистина благодарен и ми преставува чест. Така да, во таа смисла да не должам премногу, било тоа по однос на овој денешен настан и уште еднаш голема благодарност за големото присуство на вас новинарите и медиумите“, додава тој

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања