Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Костовски: Мега проект во општина Бутел, потпишан договор за нова модерна поликлиника

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-librarysldi97ofvvrp3BpP55E

Во просториите на Министерството за здравство денес беше потпишан договорот за спроведување на групна набавка за изградба на нова, модерна поликлиника во општина Бутел.

Договорот го потпишаа министерот за здравство Азир Алиу и градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски. По повод потпишувањето, Костовски преку објава на социјалните мрежи информираше дека ова е „историски миг за граѓаните на општина Бутел“ и дека поликлиниката ќе ги исполни највисоките стандарди за безбедност и квалитет.

— реклама —

„Ви ветив и ќе остварам! Со овој проект нашите жители конечно ќе добијат современ здравствен центар. Благодарност до премиерот Христијан Мицкоски кој стои зад овој мега проект,“ напиша Костовски.

Тој најави дека новата поликлиника ќе нуди широк спектар на здравствени услуги и ќе биде лоцирана на местото на старата амбуланта, согласно деталниот урбанистички план. Изградбата треба да започне наскоро.

— реклама —

„Со нетрпение го очекувам денот кога ќе го поставиме камен-темелникот,“ додаде градоначалникот во објавата, оценувајќи дека проектот претставува значаен чекор за општината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0310e5gnpglg78KW0hm

Градежна офанзива во Бутел: Реконструкција на 70 улици

Скопје | пред 5 дена

— реклама —
media-library2ao5lf4nk07p817EAgM

Ќе се гради нова поликлиника во Бутел

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryjp9gn5rfd7al3P9I4hg

По 70 години реконструкција на спортската сала во ОУ „Панајот Гиновски” во Бутел

Скопје | пред 1 месец

media-library5oo0o8h4mg0hfXsUUoV

(Фото) Ќе се градат 40 пешачки и пристапни патеки во Скопје Север

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања