Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Изгаснати пет пожари на отворено: Внимателно движење во тие реони, велат од ЦУК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Пет пожари на отворено за 24 часа евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК).

— реклама —

Изминатото деноноќие во скопскиот регион се гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на селото Миладиновци, како и запалено ѓубре во атарот на село Сарај. Во Охридскиот регион се интервенирало на запалено ѓубриште во близина на комплексот „Набизи“. Пожарникарите од Неготино имале две интервенции – гаснеле запалено жито на површина од околу два декара во атарот на село Пепелиште и запалена ниска вегетација во месноста „Криволак“.

— реклама —

Од ЦУК информираат дека на територија на општина Берово, вечерва од 22 часот до пет наутро, ќе се спроведе првата фаза од дезинсекција – прскање од земја за уништување комарци на зелените површини, како и по течението на реките и водотеците. Пчеларите во Беровскиот регион, пожелно е навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на нивните пчели.

— реклама —

Регионалниот ЦУК – Тетово соопштува дека денеска, како и на 7, 10, 12, 13 јуни, од седум до 15 часот во стрелачкиот центар „Еребино“ во општина Желино, ќе се врши бојно гаѓање што, како што се појаснува во соопштението, секоја година се врши со припадниците на тетовската полиција. Денеска и утре на импровизираното стрелиште на местото викано „Рудина“ кај селото Волковија, ќе се врши бојно гаѓање и од страна на припадниците на гостиварската полиција.

– Внимателно движење во тие реони и ако се најдат одредени проектили, да не се поместуваат, туку да се пријават на 112 за безбедно да бидат неутрализирани, апелираат од ЦУК.

Изминатото деноноќие имало вкупно 1.706 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryndr6nfb77hq7fyWG2v4

Со четири возила и 11 пожарникари изгаснат пожар во Струмица: горел пункт за старо железо

Македонија | пред 18 часа

pozarna

Се запали стан во Куманово – брзата интервенција спречи поголема штета

Македонија | пред 3 дена

media-libraryfoqlsj8h3q3je83rN0C

(Видео) Пожар во луксузен хотел во Париз: евакуирани околу 400 лица

Свет | пред 5 дена

media-libraryojlvrk3r3p1r3oifwTT

(Фото) 12 часа борба со огнот: Депонијата во Босилово повторно гори

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања