Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ПОЖАР

media-library4qlmhm874tgr6Ise1SA

(Фото) Пожар во НП Маврово, зафатени 18 хектари шума

Вчера, во 16:30 часот бил забележан пожар на територијата на Националниот парк Маврово, кој зафатил површина од околу 18 хектари. Оттаму информираат дека била опожарена дрвна маса на поединечни стебла од јавор, цреша, слива, како и квалитетна букова шума.„Благодарение на брзата реакција и големата посветеност на службата за заштита на природата, пожарот беше локализиран во 23:00 часот. Интервенцијата продолжи и во раните утрински часови, од 04:00 до 08:00 часот наредниот ден, кога пожарот беше целосно изгаснат.Нашите тимови работеа непрекинато со цел да спречат негово повторно активирање и ширење, заштитувајќи ја богатата флора и фауна и целокупниот екосистем на паркот. Благодарение на нивната пожртвуваност, избегнати се поголеми последици.Апелираме до сите посетители, туристи и локално население да бидат максимално внимателни при движење во природа. Строго се забранува палење оган во шума, фрлање догорчиња од цигари и оставање отпад. Секој невнимателен чекор може да предизвика сериозна штета со долгорочни последици.Националниот парк Маврово континуирано се грижи за заштита и зачувување на природното наследство и останува целосно посветен на својата мисија. Но, за да ја зачуваме природата, неопходна е заедничка одговорност.Да ја чуваме природата – таа ни припаѓа на сите“, стои во објавата.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryaebvoq9uukco4AcrkGb

(Видео) Гори објект во Шуто Оризари, најверојатна причина е стара електрична инсталација

Голем пожар изби денеска во објект во скопската населба Шуто Оризари, објави порталот на ромски јазик „Рома прес“.Според објавата на „Рома прес“, најверојатна причина за пожарот е стара електрична инсталација.Нема информации за повредени и за причинета материјална штета.

Скопје | пред 2 дена

media-libraryo542g98sjjn8bJlZ9Aq

(Видео) Повторно пожар на депонија во Куманово, проблемот трае со години

На депонијата Краста кај Куманово синоќа околу 20 часот повторно избувнал пожар, а денеска на терен се екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ со механизација, се наведува во информациите од терен.Од еколошката организација „Еко Пчиња“ соопштуваат дека пожарот бил забележан од стражарската служба, по што реагирале и побарале итна интервенција од надлежните институции. Тие посочуваат дека, според нив, не станува збор за изолиран инцидент, туку за системски и долготраен проблем.Во нивната реакција се наведува дека со години на истата локација се повторуваат пожари, проследени со чадење и, како што велат, недоволна реакција од надлежните служби. Од „Еко Пчиња“ бараат итна интервенција, одговорност и трајно решение, со апел до инспекциските служби за животна средина да постапат без одлагање.Од ЈП „Чистота и зеленило“ информираат дека на терен се интервенира со механизација, при што се носи земја и се врши затрупување на зафатените делови од депонијата.Директорот на претпријатието, Сашо Томиќ, изјави дека во моментов нема отворен пламен, но има чадење на одредени точки. Според него, причината за ваквите појави е поврзана со присуство на подземни гасови, меѓу кои метан, кои можат да доведат до самозапалување при одредени временски услови.Томиќ нагласи дека станува збор за долгогодишен проблем кој постои со децении и додаде дека ваквите пожари не се гаснат со вода, туку со покривање со земја.Како што информира, состојбата е подобрена во однос на синоќа, кога имало поинтензивен пожар, а екипите продолжуваат со работа со цел целосно ставање под контрола на теренот во текот на денот или наредниот период.

Настани | пред 2 дена

media-librarymv789oodgeuf0DwPytV

(Видео)Украински дронови нападнаа руски нафтени постројки и рафинерии

Украински дронови во текот на ноќта нападнале неколку руски нафтени постројки, меѓу кои две рафинерии во Самарската област и балтичко пристаниште за извоз на нафтени деривати, соопштија руски регионални власти и украински воени претставници.Во Ленинградската област бил изгаснат пожар во пристаништето Висоцк, каде што се наоѓа терминал за извоз на мазут, нафта и дизел гориво управуван од компанијата Лукоил.Командантот на украинските сили за дронови, Роберт Бровди, потврди дека биле нападнати и рафинериите во Новокујбишевск и Сизран во Самарската област. Тој саркастично порача: „Да ја направиме руската нафта повторно голема“.Гувернерот на Самарската област, Вјачеслав Федоришчев, потврди напад врз индустриски цели, без да наведе детали.Според украинската страна, серија неодамнешни напади врз руската нафтена логистика во Приморск, Уст-Луга, Шешарис и Туапсе ги намалиле дневните испораки за околу 880.000 барели, иако оваа бројка не е независно потврдена.Украинските сили соопштија дека било погодено и складиште за нафта во Севастопол на окупираниот Крим. Во меѓувреме, руските власти јавија дека се изгаснати пожари во Тихорецк и на терминал во црноморското пристаниште Туапсе, кои, според нив, биле предизвикани од украински напади со дронови.

Свет | пред 4 дена

media-librarybpehu9ta3a9j6yyn66R

(Видео) Војник спречи поголема катастрофа кај Кале – со повреди извлекувал возила од пожар

Припадник на Армијата на Република Македонија со брза и пожртвувана реакција спречи поголема материјална штета при пожар што избувнал кај стариот полигон под Кале во Скопје.„На поранешниот полигон за обука за моторни возила (наспроти Националната Арена „Тодор Проевски“), професионалниот војник Христијан Божиновски, при заминување од работното место, забележал дека неколку паркирани возила се зафатени од пламен.Проценувајќи ја сериозноста на ситуацијата и опасноста пожарот да се прошири врз останатите паркирани возила, војникот Божиновски веднаш стапил во контакт со командирот на воениот стадион во Скопје, барајќи поддршка за локализирање на огнот. Припадниците на Армијата кои ја извршувале должноста на воениот стадион во Скопје, веднаш пружале помош, употребувајќи противпожарни апарати од едницата.Поради големината на пожарот, а проценувајќи дека истиот не може да се угасне, започнале со дислокација на неопожарените возила, со што успеале да го спречат ширењето на огнот.При интервенцијата, професионалниот војник Христијан Божиновски се здобил со полесни повреди на едната рака, за што му е пружена соодветна медицинска помош.Со ова дејствување, припадниците на Армијата уште еднаш го покажаа високиот професионален интегритет, како и пожртвуваноста на секој припадник без разлика дали се во униформа или не, секогаш да бидат во служба на државата и граѓаните“, велат од Армијата.

Скопје | пред 4 дена

media-libraryq0682i10e5bi61F1ZRP

Пожар избувна на американски носач на авиони

На американскиот носач на авиони „УСС Двајт Д. Ајзенхауер“ избувна пожар додека бродот се наоѓал на ремонт во бродоградилиштето во Норфолк, во градот Портсмут, во сојузната држава Вирџинија.Во инцидентот, кој се случил на 14 април, биле повредени тројца морнари, но по укажаната медицинска помош тие се вратиле на должност, соопшти американската морнарица.Според портпарол на морнарицата, станувало збор за помал пожар кој веднаш бил ставен под контрола и изгаснат од екипажот и персоналот на бродоградилиштето.Во соопштението се наведува дека реакцијата била брза и во согласност со обуката, а истрагата за причините за пожарот е во тек.Носачот на авиони се наоѓа на планиран ремонт веќе 16 месеци, при што се изведуваат обемни работи на погонските системи, борбените системи и условите за живот на екипажот.Засега не е познато дали инцидентот ќе влијае врз времетраењето на ремонтот и враќањето на бродот во оперативна служба.

Свет | пред 6 дена

media-library1i6qkk3vqbr69dfDL4L

(Видео) По седум месеци повторно гори Вардариште - „Стоп за Вардариште“ предупредува: Нема да дозволиме ново труење!

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ алармира дека депонијата Вардариште повторно е зафатена од пожар, по пауза од седум месеци. Во објавата се упатува остро предупредување до надлежните институции за итна реакција и предупредуваат дека доколку овасе повтори ќе бидат приморани на повторно активирање на блокадите."15.4.2026 - по 7 месеци пауза, денес Вардариште повторно гореше!По протестите и јавниот притисок што се случуваа кон крајот на минатата година, Вардариште не гореше цели 7 месеци, но денес повторно сме сведоци на истото сценарио: чад, загадување, тешка миризба и директна закана по здравјето на граѓаните.Ова е последно предупредување од наша страна! Доколку не се испочитува договореното, не се стави целосен крај на загадувањето што го предизвикува Вардариште и ваквите палења се повторат, нема да останеме мирни, а ќе бидеме приморани и на потенцијално ново активирање на блокадите.Ги повикуваме сите надлежни институции да реагираат итно и со највисок степен на сериозност, а Министерството за внатрешни работи да го вратат полициското присуство на депонијата.Нема да дозволиме Вардариште повторно да го труе Скопје!#СтопЗаВардариште", стои во објавата.

Македонија | пред 1 седмица

pozar-1

Пожар во обложувалница во Кисела Вода

Пожар избувнал во спортска обложувалница во скопската населба Кисела Вода, при што нема повредени лица.Настанот бил пријавен на 15 април 2026 година околу 00:20 часот во СВР Скопје, по што интервенирала Бригадата за противпожарна заштита Скопје и го изгаснала огнот.Извршен е увид за утврдување на причините за пожарот.

Македонија | пред 1 седмица

media-library26271df1rt70aNBf4nV

(Видео) Пожар во Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро

Околу 60 пожарникари интервенирале за гаснење на пожарот кој избувнал рано наутро во Велодромот во Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро. Пожарникарските екипи добиле дојава во 4:17 часот по локално време, а според досега достапните информации, нема повредени лица, соопшти државната воена пожарникарска служба на платформата X.Пожарникарите брзо реагирале и ја ставиле ситуацијата под контрола, а причините за избувнувањето на пожарот сè уште се утврдуваат. Вакви инциденти во спортските комплекси секогаш го активираат алармот за безбедност и превентивни мерки за заштита на посетителите и инфраструктурата.

Свет | пред 2 седмици

media-librarybq96n62ho0kn5owy8DJ

(Видео) Шумски пожар го зафати јужниот дел на Калифорнија: издадена итна евакуација

Шумски пожар кој го погоди јужниот дел на Калифорнија при што издадени се повеќе наредби и предупредувања за евакуација, соопштија локалните власти.Пожарот во Springs избувна околу 11 часот и до вечерта зафати околу 14,17 квадратни километри, пренесе NBC.Екипите на пожарникарите работат на гаснење на огнот, додека причината за пожарот е во истрага. Пожарот зафати населен дел од округот Риверсајд, во рекреативна област близу Moreno Valley.Локалните власти предупредија дека ветерот го шири чадот и создава загриженост меѓу жителите на соседните градови.Националната метеоролошка служба издаде предупредување за ветер во долините Сан Бернардино и округот Риверсајд, со можни удари до 80 километри на час, со ризик од паѓање на гранки и прекини на електричната енергија.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryndr6nfb77hq7fyWG2v4

Со четири возила и 11 пожарникари изгаснат пожар во Струмица: горел пункт за старо железо

Синоќа, во близина на булеварот „Климент Охридски“ во Струмица, Територијалната противпожарна единица интервенирала на гаснење на пожар во откупен пункт за старо железо.Во пожарот бил зафатен помошен објект, како и дел од материјалите кои се наоѓале во непосредна близина. На терен интервенирале четири противпожарни возила и единаесет пожарникари-спасители.Пожарот бил во разгорена фаза, а гаснењето било отежнато поради тешкиот пристап за противпожарните возила, како и присуството на лесно запаливи материјали на локацијата.Надлежните апелираат до граѓаните, во случај на пожар или друга природна непогода, веднаш да се јават на броевите 112 или 193.

Македонија | пред 3 седмици

pozarna

Се запали стан во Куманово – брзата интервенција спречи поголема штета

Пожар зафати стан на улицата „Димитрие Туцовиќ“ во центарот на Куманово.Од Регионалниот центар за управување со кризи соопштија дека пожарот бил пријавен околу 11 часот часот, а бил гаснат речиси два часа.„ТППЕ Куманово вчера интервенираше од 10:55 часот со едно противпожарно возило и пет пожарникари, на пожар во стан на улицата „Димитрие Туцовиќ“, зад ЦКБ банка. Пожарот беше успешно локализиран во 12:45 часот. Кај едно повозрасно лице интервенирала Итната медицинска помош поради претрпен стрес, без констатирани повреди, по што лицето е пуштено дома“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryfoqlsj8h3q3je83rN0C

(Видео) Пожар во луксузен хотел во Париз: евакуирани околу 400 лица

Околу 400 лица беа евакуирани по избувнување пожар во хотел со пет ѕвезди во Париз, соопштија пожарникарските служби.Пожарот избувнал претпладне во подрумската кујна на хотелот Le Bristol Paris, при што двајца вработени се здобиле со полесни повреди додека се обидувале да го изгаснат.Станува збор за хотел лоциран во близина на Елисејската палата, кој често го користат светски лидери при официјални посети.Полицијата ја затвори улицата Фобур Сен Оноре, додека пожарот беше ставен под контрола, информираа надлежните служби.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryojlvrk3r3p1r3oifwTT

(Фото) 12 часа борба со огнот: Депонијата во Босилово повторно гори

Повеќе од 12 часа екипите на Територијалната противпожарна единица Струмица интервенираат на депонијата во селото Босилово, каде што пожарот избувнал и повторно се активирал во текот на денот.Првично, пожарот бил локализиран и изгаснат во пладневните часови, по што пожарникарите се повлекле од теренот. Сепак, во вечерните часови, огнот повторно се разгорел.Во гаснењето биле ангажирани повеќе екипи, а според информациите, досега се исфрлени околу 60 тони вода. Надлежните посочуваат дека ваквите пожари се особено сложени за справување, поради специфичните услови на депониите

Македонија | пред 4 седмици

media-library6nup0mogib5pcOAmtn3

(Видео) Гореа шума, трева и депонија – пожарникарите со три интервенции во струмичко

Територијалната противпожарна единица Струмица денеска (21.03.2026) интервенирала на три одвоени пожари на отворен простор, при што сите биле успешно локализирани и изгаснати.Првиот пожар избувнал во нискостеблеста шума во близина на селото Ново Коњарево. Во гаснењето, покрај професионалните пожарникари, учествувале и доброволци од ДПД „Рис“ од Ново Село. Интервенцијата траела околу три часа, по што пожарот бил целосно ставен под контрола.Втората интервенција била кај селото Борисово, каде горела сува трева. Пожарот бил изгаснат по два часа од почетокот на акцијата.Третиот случај се однесува на запалена депонија во близина на селото Василево, каде пожарникарите исто така интервенирале за спречување на негово ширење.Надлежните апелираат до граѓаните на внимателност и одговорно однесување, особено во услови на зголемен ризик од пожари на отворено.Во случај на пожар или друга природна непогода, граѓаните можат да се јават на бесплатните телефонски броеви 112 или 193.

Македонија | пред 1 месец

media-library6got4a5cavapbsSHPTs

(Видео) 14 загинати и 25 тешко повредени во пожар во фабрика за автомобилски делови во Јужна Кореја

Четиринаесет лица загинаа, а 25 се тешко повредени во пожар кој изби во фабрика за автомобилски делови во јужнокорејскиот град Деџон, соопштија пожарникарите во саботата. Пожарот избил за време на ручекот во петокот и бил ставен под контрола до 23:48 часот, соопшти Министерството за безбедност.Вкупно уште 35 лица претрпеле полесни повреди, додадоа пожарникарите. Фабриката за вентили и мотори е во сопственост на компанијата Anjun Industrial, чии клиенти, меѓу другите, се Hyundai Motor и Kia Corp, според нивната веб-страница.Владата го активираше централизираниот систем за управување со катастрофи откако претседателот Ли Џе Мјунг нареди да се искористат сите достапни ресурси за гаснење на пожарот и спасување животи.

Свет | пред 1 месец

media-librarysnfteheogbd9f13PbBB

Се запали куќа во Босилово – пожарникарите реагираа навреме

Денес, во струмичкото село Босилово избувнал пожар во една просторија од семејна куќа.На местото на настанот веднаш интервенирала ТППЕ Струмица со едно противпожарно возило и четворица пожарникари-спасители.Благодарение на брзата и ефикасна реакција, пожарот бил локализиран и целосно изгаснат за кратко време по пристигнувањето на екипите, со што било спречено негово проширување во останатите простории од куќата и предизвикување на поголема материјална штета.Надлежните апелираат до граѓаните, во случај на пожар или друга природна непогода, веднаш да се јават на броевите за итни случаи 112 или 193.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryg7jhbehc67ch4pvR9mE

(Фото) Два шумски пожари за два дена во НП Шар Планина – службите ги локализираа

Во текот на последните два дена на територијата на Национален парк Шар Планина се регистрирани два шумски пожари, и тоа во селото Печково – Гостивар и во селото Вешала-Тетово.„Благодарение на брзата реакција на службите на паркот, пожарите се локализирани и е спречено нивното проширување на поголема површина.Апелираме до граѓаните, посетителите и сточарите да покажат максимална внимателност за време на престојот во природа и да не палат оган на отворен простор, бидејќи температури и ветерот го зголемуваат ризикот од шумски пожари.Доколку забележите оган или чад на територијата на паркот, ве молиме веднаш да пријавите на бројот за итни случаи 112 или до надлежните служби“, информираат од НП Шар Планина.

Македонија | пред 1 месец

pozar-1

Пожари на автомобили во Тетово и на автопатот кон Гостивар

Вчера во СВР Тетово биле пријавени два одвоени случаи на опожарени возила.Во 04:18 часот, А.Љ. (31) од Тетово пријавил дека ноќта меѓу 12 и 13 март на улицата „Штипска“ било опожарено паркирано возило „фолксваген туарег“ со тетовски регистарски ознаки кое го користел.Подоцна, во 08:10 часот, Џ.Ќ. (57) од Тетово пријавил дека на автопатот Тетово – Гостивар се запалило патничко возило „мерцедес“ со кое управувал.Во двата случаи увид извршила екипа на СВР Тетово.

Македонија | пред 1 месец

media-librarys2gbj6vd830k7yZAWCI

Пожар во пречистителната станица во Мојанци, горело метан!

Вистинска драма се одвивала во кочанското село Мојанци, каде само брзата интервенција на пожарникарите спречила експлозија од огромни размери. Околу 20:30 часот, избил пожар на инсталацијата од системот за пренос на метан во локалната Пречистителна станица за отпадни води.Според известувањето на порталот Гласно.мк, огнот зафатил дел од цевките на системот, сериозно заканувајќи се да се прошири кон главниот резервоар.На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кочани, поддржани од доброволци:Ангажирани биле 4 противпожарни возила и 8 професионални пожарникари. Во гаснењето помогнале и членовите на Доброволното противпожарно друштво – Кочани.Пожарот е локализиран навреме, со што е причинета само материјална штета.Она што го прави овој инцидент особено опасен е близината на т.н. „балон“ за метан. Како што пренесува Гласно.мк, повикувајќи се на доброупатени извори, доколку пламенот стигнел до овој дел каде се собира гасот, последиците ќе биле катастрофални.„Избегната е поголема катастрофа бидејќи било спречено проширување на пожарот на инсталацијата – балон каде се собирал метанот, што можело да предизвика експлозија од поголеми размери“, се наведува во објавата на порталот.Надлежните служби допрва ќе ги утврдуваат причините кои довеле до палење на инсталацијата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryq8n8763ik4287kVU6Wy

Несовесни граѓани запалиле стрништа кај Горно Косоврасти, Михаилов вели: Толеранција нема да има за никого

Во текот на вчерашниот ден, покрај пожарите на Огражден, некаде околу 14 часот, нашите служби при ЈП "Македонски Шуми" подружница Дебар и службите на Националниот Парк "Маврово" детектираа запалени стрништа на неколку различни локации над село Горно Косоврасти, општина Дебар.Несовесни граѓани запалиле стрништа да ги исчистат и си заминале од местото на настанот каде оставиле активен оган.Нашите служби во текот на вчерашните доцнопопладневни часови и рано утрово реагираа на терен при што спречија поголема катастрофа.Некако, како се стоплува и ги добивам информациите на дневна основа, се си мислам дека граѓаните некако сеуште ја немаат научено лекцијата од минатите години.А таа беше толку видлива, толку јасна!!!Па луѓе, дали не сте свесни дека времињата се сменија?Дали не сте свесни дека само во 2025 година имаме приведено дури 66 лица кои се теретат за подметнување на пожар, беа процесиурани дури 44 кривични пријави за тој основ и уште одредена бројка кои се во процедура?Јас не знам дали граѓаните не видоа дека конечно во Македонија почна да се досудува мерка активен затвор од повеќе години и огромни парични казни како што беше примерот со пожарот во велешко?Апелирам по не знам кој пат до граѓаните да не палат никакви огнови на отворено затоа што дефинитивно штетите кои Македонија ги истрпе само во изминатите две години од пожарите се преку 130 милиони евра само во однос на пресметките за зафатена дрвна маса по површина, а еколошката штета на која треба да работиме со децении е немерлива.Ние не можеме толку да постасаме да изгасиме колку што вие можат граѓаните случајно или не да запалат, верувајте.Но, сакам јасно да знаете дека сите оние кои ќе бидат фатени на лице место или откриени врз основа на понатамошни оперативни сознанија ќе одговараат и за останатите.И не е битно дали некој запалил намерно или ненамерно, дали некој сакал да исчисти стрниште, меѓа, да обнови пасиште или што и да е, толеранција нема да има за никого.До тука било“, вели заменик директорот на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов.

Македонија | пред 1 месец

media-library8k57rt0t2oq15hNKvgU

(Видео) Пожар од Бугарија се приближува кон општина Ново Село

Пожар од Република Бугарија се движи кон територијата на Република Македонија, или поточно, кон територијата на општина Ново Село на планината Огражден.Сакам да ги известам граѓаните дека ја следиме состојбата од моментот на појавување на овој пожар и ги преземаме сите неопходни мерки за заштита и спречување истиот да навлезе на наша територија.Пожарот е во борови култури, а во минатото таквите пожари покажаа дека знаат да бидат едни од најопасните пожари.Покрај овој пожар, сакам да ја известам јавноста дека во текот на денешниот ден, на планината Огражден над село Двориште имавме уште еден пожар.Таму нашите екипи на ЈП "Македонски Шуми" заедно со ТППЕ Берово и граѓаните од село Двориште, со заеднички напори го изгаснаа овој пожар во самиот негов зародиш.Со овој пост сакам да упатам јавна благодарност до сите оние граѓани кои несебично, оставајќи ги своите обврски го изгаснаа пожарот и спречија поголема катастрофа.Остануваме заеднички, посветено и деноноќно да ја следиме состојбата во однос на пожарите на територијата на целата наша држава“, објави директорот на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryp67don7k9fiq3DT4srA

(Видео) Пожар во куќа на Водно

Утрово избувна пожар во куќа на Водно.Засега не се познати информациите дека има повредени лица, ниту пак се познати причините поради кои настанал пожарот.Надлежните служби се на терен.Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryhqu5pddnm8s69LtgR6t

Пожар во Маџари: Гори комунален отпад на отворена локација

Голем пожар попладнево избувна на отворена локација во населбата Маџари, каде гори комунален отпад.Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, информираше дека инспекторите од општината веднаш излегле на терен и случајот е пријавен во Противпожарната бригада на Град Скопје, чии екипи работат на гасење на огнот.Во меѓувреме, инспекторите заедно со припадници на Министерството за внатрешни работи преземаат мерки за откривање на причинителот на пожарот.

Скопје | пред 1 месец

media-library9m1a1925n52geZim64K

(Видео) Голем пожар во ресторан во Штип, интервенираа 12 пожарникари

Голем пожар избувна ноќеска во ресторанот „Мал одмор“ во Штип, при што е причинета значителна материјална штета, но за среќа нема повредени лица.На терен веднаш излегле од Територијалната противпожарна единица Штип, кои интервенирале со три противпожарни возила и 12 пожарникари.Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати и се очекува дополнително да бидат утврдени.

Настани | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања