Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Пожар во пречистителната станица во Мојанци, горело метан!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarys2gbj6vd830k7yZAWCI

Вистинска драма се одвивала во кочанското село Мојанци, каде само брзата интервенција на пожарникарите спречила експлозија од огромни размери. Околу 20:30 часот, избил пожар на инсталацијата од системот за пренос на метан во локалната Пречистителна станица за отпадни води.

Според известувањето на порталот Гласно.мк, огнот зафатил дел од цевките на системот, сериозно заканувајќи се да се прошири кон главниот резервоар.

На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кочани, поддржани од доброволци:

Ангажирани биле 4 противпожарни возила и 8 професионални пожарникари. Во гаснењето помогнале и членовите на Доброволното противпожарно друштво – Кочани.

Пожарот е локализиран навреме, со што е причинета само материјална штета.

Она што го прави овој инцидент особено опасен е близината на т.н. „балон“ за метан. Како што пренесува Гласно.мк, повикувајќи се на доброупатени извори, доколку пламенот стигнел до овој дел каде се собира гасот, последиците ќе биле катастрофални.

„Избегната е поголема катастрофа бидејќи било спречено проширување на пожарот на инсталацијата – балон каде се собирал метанот, што можело да предизвика експлозија од поголеми размери“, се наведува во објавата на порталот.

Надлежните служби допрва ќе ги утврдуваат причините кои довеле до палење на инсталацијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4qlmhm874tgr6Ise1SA

(Фото) Пожар во НП Маврово, зафатени 18 хектари шума

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryo542g98sjjn8bJlZ9Aq

(Видео) Повторно пожар на депонија во Куманово, проблемот трае со години

Настани | пред 2 дена

media-libraryq0682i10e5bi61F1ZRP

Пожар избувна на американски носач на авиони

Свет | пред 6 дена

media-library26271df1rt70aNBf4nV

(Видео) Пожар во Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања