Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Пожар избувна на американски носач на авиони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 дена -

Свет
media-libraryq0682i10e5bi61F1ZRP
Photo by Thomas Fields on Unsplash

На американскиот носач на авиони „УСС Двајт Д. Ајзенхауер“ избувна пожар додека бродот се наоѓал на ремонт во бродоградилиштето во Норфолк, во градот Портсмут, во сојузната држава Вирџинија.

Во инцидентот, кој се случил на 14 април, биле повредени тројца морнари, но по укажаната медицинска помош тие се вратиле на должност, соопшти американската морнарица.

— реклама —

Според портпарол на морнарицата, станувало збор за помал пожар кој веднаш бил ставен под контрола и изгаснат од екипажот и персоналот на бродоградилиштето.

Во соопштението се наведува дека реакцијата била брза и во согласност со обуката, а истрагата за причините за пожарот е во тек.

— реклама —

Носачот на авиони се наоѓа на планиран ремонт веќе 16 месеци, при што се изведуваат обемни работи на погонските системи, борбените системи и условите за живот на екипажот.

Засега не е познато дали инцидентот ќе влијае врз времетраењето на ремонтот и враќањето на бродот во оперативна служба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4qlmhm874tgr6Ise1SA

(Фото) Пожар во НП Маврово, зафатени 18 хектари шума

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryo542g98sjjn8bJlZ9Aq

(Видео) Повторно пожар на депонија во Куманово, проблемот трае со години

Настани | пред 2 дена

media-library26271df1rt70aNBf4nV

(Видео) Пожар во Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро

Свет | пред 2 седмици

media-libraryndr6nfb77hq7fyWG2v4

Со четири возила и 11 пожарникари изгаснат пожар во Струмица: горел пункт за старо железо

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања