Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Израел го повика Загреб целосно да ги прекине дипломатските односи со Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
11-izrael

Амбасадорот на Израел во Хрватска, Гари Корен, го повика официјалниот Загреб да ги прекине дипломатските односи со Техеран. Тој истакна дека хрватските власти треба да спроведат безбедносни проверки на персоналот на иранското дипломатско претставништво, бидејќи меѓу нив може да има „шпиони“ од Револуционерната гарда, која во ЕУ се смета за терористичка организација.

— реклама —

Во интервју за Хина, Корен и препорача на Хрватска и другите европски држави да ја проверат служба на иранските амбасади, наведувајќи дека во многу од нив има припадници на Револуционерната гарда со задача „собирање разузнавачки информации“ и поддршка на тероризам. Тој исто така посочи дека иранскиот режим има „ќелии на спијачи“ ширум Западот, што се покажало и во САД при обидот за убиство на припадничка на иранската опозиција.

— реклама —

Корен предупреди дека во Загреб постојат и многу приврзаници на иранскиот режим на другата страна на границата, во Босна и Херцеговина, и ги повика хрватските власти целосно да ги прекинат дипломатските односи со Иран.

— реклама —

Не само да го повлечете амбасадорот, туку и да ги затворите своите амбасади и да соопштите дека очекувате затворање на иранската амбасада во Загреб“, рече тој.

Амбасадорот не сакаше да го коментира хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој ја критикуваше израелската влада и ја забрани воената соработка меѓу хрватските и израелските вооружени сили, нагласувајќи дека амбасадорите не смеат да бидат дел од внатрешната политика, почитувајќи ги сите хрватски институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 7 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 8 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 8 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања