Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Израел ја уапси Грета Тунберг и внукот на Нелсон Мандела, флотилата со лекови и храна за Палестина е стопирана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
greta1

Израелската морнарица синоќа ја пресретнала флотилата на активистите кои се приближувале кон опколената палестинска територија, по што ги уапсила сите кои биле на бродовите, а мѓу нив и шведската активистка Грета Тунберг, како и внукот на Нелсон Мандела. Некои од оние вклучени во најновата кампања за помош на Палестина рекоа дека ќе започнат штрајк со глад доколку бидат притворени.

Израелските власти соопштија дека активистите на бродот, вклучувајќи ја и Тунберг, се безбедни и се префрлаат во Израел, а објавија и видео од настанот.

— реклама —

Глобалната флотила Сумуд е составена од повеќе од 40 цивилни бродови со околу 500 луѓе на бродот и се обидува да ја пробие морската блокада на Израел.

Министерството за надворешни работи на Израел соопшти дека „неколку бродови“ се „безбедно запрени“, а патниците се однесени во израелско пристаниште. „Грета и нејзините пријатели се безбедни и здрави“, додаде портпаролот. На видеото се гледа како Тунберг седи на палубата додека ѝ се дава шише со вода и мантил за дожд.

— реклама —

Флотилата ги игнорираше барањата да се врати назад, а организаторите рекоа дека пресретнувањето било нелегално бидејќи се случило во „меѓународни води“ на околу 80 милји од брегот.

Флотилата, која тргна од Барселона и требаше да пристигне утрово, беше придружувана од воени бродови на НАТО.

Протести избувнаа во Италија и Турција поради третманот на флотилата.

Најголемиот синдикат во Италија повика на генерален штрајк утре, велејќи дека „нападот врз цивилните бродови што превезуваат италијански граѓани претставува исклучително сериозно прашање“.

Турското министерство за надворешни работи го нарече пресретнувањето на Израел „напад“ и „акт на терор“ што ги загрозува животите на оние на бродот.

Газа страда со сериозен недостиг на храна поради бруталната војна на Израел. Агенции како што е ОН го обвинија Израел за намерно забавување на испораката на залихи – нешто што тие го негираат.

Сепак, како што се наведува, помошта што ја носи флотилата е само симболична количина храна и лекови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-18-at-08.45.56

Петмина загинати во напад во Газа, меѓу нив и деца

Свет | пред 12 минути

— реклама —
liban

Израел ликвидира две лица во Либан и покрај прекинот на огнот

Свет | пред 21 час

media-libraryjnv0ee90ju848iMOaZx

Израел воведува смртна казна за Палестинци кои сториле смртоносни напади, Европа најавува можни санкции

Свет | пред 1 ден

media-librarygutech5lf6iicgoIt6C

Израелскиот министер за одбрана се закани: „Шефот на Хезболах ќе плати со живот“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања