Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Израелски „Ер Форс Уан“ со часови кружел над Медитеранот, префрлен е на безбедно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

„Крилја на Сион“ (Wings of Zion), официјалниот авион што го користат и израелскиот премиер и претседател, се наоѓа во одвоен дел од комплексот на аеродромот Berlin Brandenburg Airport. Новинар на германската агенција DPA лично се уверил дека леталото, популарно нарекувано израелски „Ер Форс Уан“, се наоѓа во североисточна Германија, пишува Deutsche Welle.

— реклама —

Според DPA, израелскиот државен авион, по нападите на Израел и Соединетите Американски Држави врз Иран во саботата, полетал од аеродромот во Беершеба. Потоа, како што пренесува интернет-страницата Flightradar24, со часови кружел над Средоземното Море, за на крајот да слета на аеродромот Берлин/Бранденбург, југоисточно од германската престолнина.

— реклама —

Ниту аеродромот, ниту израелската амбасада во Германија не одговориле на прашањата на медиумите за целта на престојот на државното летало од типот Boeing 767, кое официјално е дел од Израелските воздухопловни сили.

— реклама —

Префрлањето на авионот надвор од Израел е дел од стандардна безбедносна процедура што се применувала и при претходните судири со Иран, кога ракети и дронови паѓале врз израелска територија. Боингот 767 е во сопственост на Израел од 2016 година, кога леталото било купено од австралиската компанија Qantas, која претходно го користела 20 години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 10 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 10 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 10 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања