Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Известувачот на ЕП за Македонија: Уставните измени се непроменлив услов за преговори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library27qhdkq78eah9hdb95W

Томас Вајц изјави дека уставните измени се непроменлив услов за почеток на вистинските преговори на Македонија со ЕУ и дека без нив нема напредок. Според него, тоа не е тема за дополнителни преговори и е утврдено со европските правила и заклучоци на Советот на ЕУ. ЕУ бара во уставот да се вклучат и други малцинства, а Вајц нагласи и потреба од поголеми напори за владеење на правото, борба против корупција, слобода на медиуми, улога на граѓанското општество и животна средина. Тој посочи дека земјата е усогласена со надворешната политика на ЕУ, но предупреди на влијанија од Русија и Кина.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Уставните измени се непроменлив услов за почеток на вистинските преговори за членство на Македонија во Европската Унија и без нив нема да има напредок на евроинтегративниот пат, изјави европратеникот и известувач за земјава во Европскиот парламент, Томас Вајц.

Во интервју за агенцијата БГНЕС, Вајц нагласи дека ова прашање не е предмет на дополнителни преговори и дека претставува јасно утврден услов во рамките на европското законодавство и заклучоците на Советот на ЕУ.

— реклама —

„Уставните промени се услов за започнување на вистински преговори за пристапување. Ова не е предмет на преговори. Доколку овие критериуми и услови не се исполнат, нема да има напредок на патот кон пристапување“, изјави Вајц.

Тој посочи дека Европската Унија бара во уставот да се вклучат и други малцинства и заедници, нагласувајќи дека почитувањето на правата на заедниците е фундаментален принцип за секоја држава што сака да стане членка на Унијата.

— реклама —

Вајц оцени дека Македонија има можност да постигне напредок во овој процес, имајќи предвид дека во наредниот период не се очекуваат избори во земјата.

Во интервјуто тој се осврна и на состојбата со владеењето на правото и борбата против корупцијата, посочувајќи дека се потребни дополнителни напори во овие области. Според него, извештајот на Европскиот парламент ја нагласува и важноста на слободата на медиумите, улогата на граѓанското општество и прашањата поврзани со животната средина.

Тој истакна дека Северна Македонија во голема мера е усогласена со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија, вклучително и во однос на поддршката за Украина.

Вајц предупреди дека во регионот постојат и надворешни влијанија, вклучително и од Русија и Кина, додавајќи дека Европската Унија мора да остане обединета и посветена на проширувањето за да спречи засилување на таквите влијанија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Аларм во Софија: Вајц повторно работи за Македонија

Македонија | пред 4 седмици

— реклама —
media-libraryqnkdf4mjj8ca0L7uOau

Силјановска за пораката на Вајц: Ние сме рекордери во уставни измени, потребни се гаранции дека нема да има нови барања

Македонија | пред 1 месец

media-libraryg0nggr8u5otk9VkhDKO

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Македонија | пред 2 месеци

media-librarys6v37c3und5s6cg749Y

Филипче - Вајц: Местото на Северна Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања