Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ја обвинила свекрвата за разводот, па ја избодела со нож и се сокрила во хотел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Бајра Лакота (66) од село кај Сјеница синоќа била убиена по расправија со снаата Љ.А., која потоа крвава избегала во хотел во Ужице, каде набрзо била уапсена.

— реклама —

Осомничената синоќа бил приведен во хотел во близина на автобуската станица. Расправијата меѓу снаата и свекрвата наводно кулминирала откако осомничената ја обвинила жртвата дека е причина за разводот со нејзиниот син.

— реклама —

„Осомничената Л.А.А синоќа по расправија грабнала нож и ја избодела нејзината свекрва Бајра во семејниот дом. Несреќната жена имала неколку убодни рани по целото тело. Насекаде имаше крв. „Бајра лежеше во локва крв, а нејзината луда снаа истрча од дома облеана во крв“, вели изворот и додава:

— реклама —

„Во меѓувреме Бајра им подлегна на тешките повреди кои ги доби од снаата. Л.А. побегнала во непознат правец, а осомничената била уапсена во хотел во Ужице со брза и ефикасна полициска акција“.

Истрагата е во тек и ја води Вишото јавно обвинителство во Нови Пазар кое ќе ги утврдува сите детали за грозоморното злосторство.

Осомничената дошла во Србија неколку дена пред злосторството со женско лице“, пишува Санџак.

Синот на убиената Бајра Лакота, Амел Лакота, кој е поранешен сопруг на осомничената, е во Германија и во тек се подготовките за негово враќање во Србија. Инаку, Амел Лакота е успешен бизнисмен и поседува неколку фирми во Германија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

noz-ubistvo-napad

Хрват во Линц со нож уби Авганистанец и рани друг по расправија на улица

Свет | пред 2 седмици

media-library6vvs5bqpc9ib048vNwb

(Видео) Од погреб за „природна смрт“ до ексхумација: Марија е втора жртва во случајот од Драгоманце, таткото сведочеше јавно дека се плаши

Македонија | пред 1 месец

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Пет години затвор и трајно протерување за помагачите во убиството во Штип

Македонија | пред 1 месец

media-library0vobi9l4vm2abKJJoNO

(Видео) Преживеана жена сведочи како била давена во Челопек: Ме гушеше за да не викам, но не се давав

Настани | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања