Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

УБИСТВО

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Расчистено вчерашното убиство во Виница, кривична пријава за осомничениот 80 годишен грчки државјанин, лишени од слобода четири лица

На 28 март, во близина на градските гробишта во Виница, е пронајден починат Д.А.(56) од село Липец, виничко, соопшти МВР. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.Во врска со настанот, полициски службеници ги лишија од слобода И.Л.(24), Г.П.(80) и С.Р.(55), сите од Република Грција, како и С.З.(57) од село Жабени, битолско.Во рамките на истрагата, извршени се претреси во возилата што ги управувале и во апартманите каде што престојувале, при што биле пронајдени четири ловни пушки, околу 800 парчиња ловечка муниција и друг доказен материјал од интерес за истрагата.Против Г.П.(80) ќе биде поднесена кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик, а против останатите лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до ОЈО Кочани.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryun5kpsb8ue559Ki37yl

Се огласи синот на осомничениот убиец: Наместо разбирање, медиумски линч! Македонија знае кој е мојот татко

По убиството на Климе Митревски во Охрид, случај кој предизвика силни реакции во јавноста, се огласи Божидар Грозданоски, син на осомничениот Жарко Грозданоски, упатувајќи јавна поддршка за својот татко.Во објава на социјалните мрежи, тој реагира на, како што вели, односот кон неговото семејство во јавноста.„Во овие исклучително тешки моменти за моето семејство, чувствувам потреба јавно да изразам целосна поддршка за мојот татко, кој со години совесно, чесно и пожртвувано ја извршува својата лекарска професија. За жал, наместо разбирање и достоинство, сведоци сме на медиумски линч кој е најмалку потребен токму сега, кога поминуваме низ сериозна и чувствителна ситуација. Притоа, неправедно се занемаруваат стотиците луѓе на кои им помогнал, грижата што им ја пружил и животите кои ги спасил“, напиша Божидар Грозданоски.Тој во пораката истакнува дека, според него, јавноста има поинаква перцепција за неговиот татко.„Брвенчани, тетовчани, но и граѓаните низ цела Македонија многу добро знаат кој е Жарко – не само како доктор, туку и како човек“, наведува тој.

Македонија | пред 1 ден

vojo-dimoski-696x401-1

Адвокат за убиството во Охрид: „Никој не заслужува ваков крај, којзне уште колку Палчовци има“

Адвокатот Војо Димоски, кој во минатото бил правен застапник на убиениот Климе Митрески, остро реагираше по трагичниот настан во Охрид, посочувајќи на сериозни системски слабости и небезбедност во општеството.„Покојниот Климе Митрески, жртвата на убиството во Охрид, ми беше клиент уште од првите денови на мојата адвокатска пракса. Никој не заслужува да го заврши животот на таков начин“, напиша Димоски.Тој во својата реакција посочува дека состојбите во државата се загрижувачки, обвинувајќи за отсуство на систем и институционален капацитет.„Чудо едно е во каква средина се има претворено оваа наша Македонија, која наизменично им ја доверуваме на владеење на луѓе на кои не би им ја довериле ни главата на шишање“, наведува адвокатот.Димоски тврди дека поради нефункционалноста на системот, опасни лица не само што остануваат на слобода, туку и се организираат.„Поради отсуството на систем, не само што психопатите се на слобода, туку истите се организираат во полулегални милитантни секти. Којзнае уште колку Палчовци чучат во темни подруми“, пишува тој.Во реакцијата, тој упатува критика и кон институциите, посочувајќи дека постои недостиг на јасни приоритети во борбата против криминалот.„Листата на задачи кои Премиерот му ги издиктира на Државниот обвинител укажува на немањето компас за приоритетите на борбата со криминалот“, наведува Димоски.Сепак, тој завршува со порака дека одговорноста не е само кај поединците.„Ама пак ќе речам: не се тие криви“, напиша адвокатот Војо Димоски по убиството на Климе Митрески.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryv56l2e6i41vp0V18zQz

Снимки го откриле осомничениот за убиството во Охрид, жртвата ја убил со бокс и задушување

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истражна постапка против 53-годишен маж од тетовска Брвеница, осомничен дека од користољубие го убил охриѓанецот Климе Митрески, со кого имал договор за доживотна издршка.Според обвинителството, делото било извршено на 25 март во домот на жртвата во Охрид, откако осомничениот сакал да го спречи Митрески да го раскине договорот склучен кај нотар во февруари 2025 година, со кој по неговата смрт требало да стекне значителен имот.По вербална расправија, осомничениот го нападнал жртвата од зад грб.„По вербална расправија околу одлуката на оштетениот да го раскине договорот, осомничениот од зад грб физички го нападнал, го совладал на подот и го удрил со бокс неколку пати во главата. За цело време го држел оштетениот со едната рака преку устата и носот со што му го спречил дишењето и кај него предизвикал смрт“, соопштува обвинителството.Откако се уверил дека жртвата не дава знаци на живот, осомничениот го напуштил местото на настанот.Неговото присуство и движење се документирани преку видео надзор.„Присуството и дејствијата на осомничениот во критичниот период се евидентирани на снимки од видео надзор поставен во куќата на оштетениот, а во текот на претходната постапка обезбедени се и други снимки од видео надзор за неговото движење, како и други материјални докази“, информираат од обвинителството.Станува збор за особено тешко кривично дело – убиство од користољубие, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.Поради сериозноста на делото и ризикот од бегство, како и можноста осомничениот да влијае врз сведоци или да прикрие докази, јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка за определување мерка притвор.

Македонија | пред 2 дена

media-library9n20i3u77qh07k3S1s7

Човекот кој се закануваше кон Заев е осомничениот за убиството во Охрид, неофицијалниот мотив е побрзо стекнување со имот

Жарко Гроздановски од Брвеница е лицето уапсено под сомнение дека го убил пензионерот Климе Митрески во Охрид. Двајцата се познавале од претходно, а Митрески, според неофицијални информации од истрагата, склучил и договор за доживотна издршка со Гроздановски. Токму ова, според првичните информации од истрагата, е причината за Гроздановски да го убие Митрески. Од МВР, досега Гроздановски бил гонет за едно дело – закани преку социјални мрежи.Според договорот, Гроздановски требало да се грижи за охриѓанецот Митрески, кој бил на возраст од 76 години. По смртта, требало да го наследи неговиот имот. Според истрагата и досегашните докази, Гроздановски го убил Митрески со цел веднаш да го наследи имотот.Гроздановски во минатото, во јавноста беше познат како „лидер“ на организација наречена „Христијанско братство“. Тој беше апсен и во 2019 година кога преку „Фејсбук“ му се закануваше на тогашниот премиер Зоран Заев кому му порачуваше: „Немој да ми чепкаш ни еден од моите браќа по вера… Двапати те пуштив, ако не ми веруваш, прашај ги твоите луѓе во УБК. Првпат во Македонски Брод, вториот пат во Јасен и Козјак… Два пати имав прилика да ја запалам Македонија, но се повлеков затоа што дадов збор: На Македонец пушка не дигам… Жими еден крст и вера ќе ве снема и тебе и СДСМ и ДПМНЕ и сите лидери во Македонија… Јас сум Жарко Гроздановски. Момче, ти си предавник!“.„Скопје1“ побара информации од МВР за криминалното досие на Гроздановски, од каде велат дека освен кривичното дело за загрозување на сигурност со заканите, нема друго дело.„Според официјалните податоци и евиденциите на СВР Тетово, досега против лицето Ж.Г. е евидентирано само едно кривично дело „загрозување на сигурноста преку компјутерски систем“. Освен овој конкретен случај, за лицето не постојат записи за други претходни санкции или кривични постапки со правосилен исход“, велат од МВР за „Скопје1“.Гроздановски е семеен човек, татко на три деца. Тој е магистер на медицински науки, дипломиран дефектолог.Од друга страна, Митрески при гостување во „Јади Бурек“ во 2018 година, себеси се опишува како „Климе удбашот“ и „Климентов конак“. Посочува дека се занимавал со многу работи тука и во Австралија, а се претставува и како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.Засега нема дополнителни информации од охридското Обвинителство, кои најавија детали за подоцна.

Охрид | пред 2 дена

media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd

Убиство во Охрид: убиениот пронајден утрово, уапсен осомничен од Брвеница

Полицијата го приведе осомничениот за убиството на 76-годишен маж во Охрид, откако бил пронајден мртов во својот дом утрово.„Денеска (27.03.2026) во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, од слобода го лишија Ж.Г.(53) од истото село кој се сомничи за сторено кривично дело ‘убиство’ по член 123 од кривичниот законик“, соопшти МВР.Претходно, случајот бил пријавен утринава во Охрид.„Имено, денеска во 08:24 часот во СВР Охрид е пријавено дека во неговиот дом на улицата ‘Нада Филева’ во Охрид, без знаци на живот бил пронајден К.М.(76) од Охрид. На местото на настанот извршен е увид од надлежен јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатира смрт по што, по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција“, информираат од МВР.По преземените мерки и распишаната потерница, осомничениот бил лоциран и лишен од слобода во тетовско.„По целосно расчистување на случајот против Ж.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од полицијата.Истрагата за случајот е во тек.

Охрид | пред 3 дена

noz-ubistvo-napad

Хрват во Линц со нож уби Авганистанец и рани друг по расправија на улица

Австриската полиција во Линц уапси 34-годишен хрватски државјанин осомничен дека со нож усмртил еден и тешко повредил друг авганистански државјанин.Според информациите на австриската агенција APA, нападот се случил во саботата навечер во центарот на градот. Осомничениот најпрво ранил еден Авганистанец, а потоа нападнал и втор, кој подоцна починал во болница од здобиените повреди.Полицијата соопшти дека на нападот му претходела вербална расправија меѓу осомничениот и тројца Авганистанци. По кавгата, тој се вратил дома и ѝ најавил на сопругата дека ќе направи масакр. Таа веднаш ја известила полицијата, но во меѓувреме осомничениот го извршил нападот.Според сведоштва што ги пренесува весникот Кронен Цајтунг, конфликтот започнал кога постар возач му затрубил на осомничениот откако тој ненадејно излегол на коловозот. Тројца Авганистанци кои случајно се нашле таму му притекле на помош на возачот.Осомничениот им се заканил дека ќе ги доведе своите пријатели, а кратко потоа ги нападнал одзади. Едниот го пробол во врат, по што другите двајца се обиделе да побегнат. Едниот се сопнал и паднал, по што осомничениот му нанел смртоносни убоди со нож.По апсењето, осомничениот го признал делото и како мотив навел психичко заболување. Полицијата соопшти дека за време на расправијата тој извикувал ксенофобични и расистички навреди, но засега нема информации дека е поврзан со екстремистички или радикални групи.Според медиумите, хрватскиот државјанин е роден во Австрија и претходно бил осудуван за насилство и кражби.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryp9ro8oceu4e47Pij6PW

(Видео) На 79-годишен маж ќе му се суди за убивањето на жената која е најдена закопана во двор во Штип

Во Основниот суд Штип денеска почнува судењето против 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за убиство на 79-годишната Б. Н. од Штип. Обвинетиот Асанов не признава вина за делото што му се става на товар.Убиството се случи лани, а дел од трупот на починатата жена беше пронајден закопан во дворот на куќата на обвинетиот. Според исказот што го дал пред Основното јавно обвинителство Штип, мотивите биле љубомора и љубовни недоразбирања. По убиената жена се трагаше неколку дена, а исчезнувањето го пријавила сестра ѝ.Според податоците од МВР, на 24 октомври 2025 година 84-годишната сестра на жртвата пријавила дека Б. Н. се оддалечила од домот. На 10 ноември, по судска наредба, бил извршен претрес во домот на обвинетиот Асанов, при што биле пронајдени траги од крв и други предмети поврзани со убиството.По претресот, обвинетиот бил лишен од слобода и му била изречена мерка притвор. Дополнителните вештачења и разговори со обвинетиот довеле до детаљно објаснување на начинот на извршување на кривичното дело, се наведува во соопштението на МВР, објавено на 16 ноември 2025 година.

Настани | пред 3 седмици

media-libraryfcbo9161blm9cNMmFC7

Трајко ја убил Марија од Куманово покажа истрагата откако телото беше откопано, ќе се ексхумира телото на уште една жена

Кумановката Марија Мартиновска (35) била убиена од Трајко Бојковски, потврдила ДНК анализата, откако телото беше ексхумирано. Нејзината смрт била насилна, потврдила обдукцијата.Обвинителството посочува дека меѓу 16 и 17 јануари осомничениот влегол во домот на жртвата и со удари по главата ѝ го одзел животот. Обвинителот Љубомир Лапе кој ја води истрагата изјави дека форензичките траги упатуваат оти делото е извршено од истото лице кое се поврзува и со друг случај.Паралелно е издадена наредба за ексхумација на тело на постара жена која, според првичните информации, одговара на профилот на првата жртва.Бојковски веќе е осомничен дека во периодот од 27 јануари до 12 февруари, на засега точно неутврден датум, во селото Челопек, Општина Старо Нагоричане, со умисла и на свиреп и подмолен начин ја убил 78-годишната Мира С.Обвинителството издаде наредби за психијатриско вештачење на осомничениот, како и за проверка на евентуална вмешаност на други лица, иако во овој момент тој е единствениот осомничен. Се испитува и евентуална одговорност на полициски службеници.Истрагата започна по пријава од преживеана жртва, 83-годишната Слободанка Арсовска од Куманово, која пред шест месеци успеала да се спаси. По нејзината пријава, истражителите започнале проверка и на претходни сомнителни случаи.Мотивот на сторителот засега не е утврден. Се очекуваат наоди од повеќе стручни лица кои треба да ја проценат неговата психичка состојба. Осомничениот во моментов е изолиран во притвор во кумановскиот затвор „К’шање“.Во фокусот на истрагата се и околностите под кои првично кај една од жртвите била констатирана природна смрт. Адвокатот на семејствата, Александар Симоновски од Куманово, изјави дека во случајот со помладата жртва првично било утврдено дека станува збор за природна смрт, но последното вештачење покажало постоење на повреди.Ќе се проверува и одговорноста на полициски службенци во делот на евентуални пропусти.

Македонија | пред 4 седмици

media-library6vvs5bqpc9ib048vNwb

(Видео) Од погреб за „природна смрт“ до ексхумација: Марија е втора жртва во случајот од Драгоманце, таткото сведочеше јавно дека се плаши

Стравот бил последното чувство што го споделила 35-годишната Марија Маринковска со своето семејство. Во последниот телефонски разговор, исполнет со паника и претчувство за најлошото, таа му рекла на својот брат дека некој ѝ тропа на вратата и дека многу се плаши.Ова се деталите од потресното сведоштво на нејзиниот татко, Зоран Маринковски, чие семејство поминало низ двоен шок – од погреб со уверување дека станува збор за природна смрт, до страшната вистина откриена по ексхумацијата.„Ја баравме на телефон на 18 јануари, не се јави. Последен жив ја слушна нашиот син. Му кажала дека некој ѝ тропа на врата и дека многу се плаши“, раскажува низ солзи Маринковски.Семејството првично верувало дека причината за смртта се здравствени компликации поврзани со алкохол. Сепак, по сомнежите што се појавиле и текот на истрагата, било наредено телото да биде ексхумирано 40 дена по погребот.Обдукцијата покажала дека Марија не починала природно, туку станува збор за насилна смрт. Со тоа, таа се вбројува како втора жртва во истрагата поврзана со 25-годишниот осомничен од Драгоманце, за кого се води постапка под надлежност на Основно јавно обвинителство Куманово.Според тврдењата на таткото, Марија подолго време живеела во страв. Таа им се доверила на родителите дека осомничениот ја следи, а случајот бил пријавен и во полиција.Марија живеела во Старо Нагоричане, кај својот вујко, каде му помагала на братучед ѝ во земјоделските работи. Пред неколку години работела како пастирка кај семејството на осомничениот – познанство што, според семејството, оставило трагични последици.Случајот отвори сериозна јавна дебата за безбедноста на жените во руралните средини, како и за тоа дали институциите соодветно реагирале на претходните пријави за демнење и закани.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Пет години затвор и трајно протерување за помагачите во убиството во Штип

Правдата доби судска разрешница во Основниот суд во Штип, каде што беа изречени пресуди за помагачите на Кадир Кара, вмешани во крвавиот инцидент што го потресе градот во мај минатата година. Судијката Јулијана Недкова објави дека тројца турски државјани се осудени на повеќегодишни затворски казни, како и на трајна забрана за влез во државата.Рамазан Аџет, Селахадин Арслан и Осман Метихан-Кулдруд добија по пет години затвор за помагање при извршувањето на убиството на градскиот плоштад „Слобода“. Покрај затворската казна, судот изрече и мерка трајно протерување, со што на осудените засекогаш им се забранува повторно да влезат во Македонија.Во изречената казна ќе им биде пресметано и времето поминато во притвор, каде што се наоѓаат од почетокот на мај 2025 година. По издржувањето на затворската казна, тие ќе бидат депортирани, а мерката протерување ќе стапи во сила без можност за нивно враќање.Четвртообвинетата во постапката беше осудена на три месеци затвор, но со оглед дека веќе поминала значителен период во притвор и куќен притвор, судот утврди дека казната е веќе издржана.Судскиот процес претставува продолжение на случајот откако директниот извршител Кадир Кара ја призна вината и претходно беше осуден на 17 години затвор за убиството извршено во штипско кафуле.Со денешната пресуда, Основниот суд во Штип го заокружи еден од најтешките кривични случаи во изминатата година, испраќајќи порака дека секој облик на соучесништво во насилство ќе биде строго санкциониран.

Македонија | пред 1 месец

media-library0vobi9l4vm2abKJJoNO

(Видео) Преживеана жена сведочи како била давена во Челопек: Ме гушеше за да не викам, но не се давав

Сведоштвото на 85-годишната Росанка од селото Челопек за „Сител“ ја открива драмата што ја преживеала кога во нејзиниот дом упаднал насилникот кој се сомничи за убиството на нејзина сосетка. Додека полицијата и обвинителството истражуваат дали во регионот дејствува серија напади врз стари и немоќни жени, таа пред камерата на телевизија Сител го опиша кошмарот што, како што вели, ѝ го променил животот.Во мирното село, на околу 500 метри од главниот пат, се наоѓа домот на Росанка, која успеала да го преживее нападот и да сведочи за случувањата. Нападот се случил минатиот понеделник околу 14 часот, кога, според нејзините зборови, непознато лице влегло во куќата и без да каже збор почнало да ја напаѓа.„Ми фрли ќебе преку глава. Викам – кој е овој? Не збори ништо, само почна да ме удира. Прво ме фати за гуша, силно, за да не можам да викам“, раскажува Росанка, покажувајќи ги повредите на лицето.И покрај возраста, таа се обидела да се одбрани додека напаѓачот ја пребарувал по телото и низ собата, најверојатно во потрага по пари. Во еден момент, според нејзиното сведоштво, се обидел и сексуално да ја нападне, по што избегал.„Дојдов малку до здив и си велам – Боже, која е оваа будала? 85 години имам… што сака од мене?“, вели таа.Нападот врз Росанка се случил неколку дена пред во селото да биде пронајдено телото на 78-годишна жена, за чие убиство е приведен 25-годишен жител од соседното село Драгоманце. Локалното население стравува дека станува збор за поврзани случаи и дека само случајност и нејзината борбеност ја спасиле Росанка од фатален исход.Обвинителството и полицијата работат на утврдување дали овие настани се дел од серија напади врз стари жени во кумановскиот регион. Истрагата е во тек.

Настани | пред 1 месец

media-libraryp7ec24q8rcgk8fc5lJl

Тинејџери во Велика Британија осудени за убиство на 49-годишник

Тројца тинејџери во Велика Британија се прогласени за виновни за убиството на 49-годишниот Александар Кешфорд, кој беше намамен на осамена плажа во Лејсдаун-он-Си, Кент, и нападнат со камења и шише. Кешфорд беше пронајден како лежи со лицето во калта по бруталниот напад.Судот судеше на 16-годишно девојче и две момчиња на возраст од 15 и 16 години. Девојчето и помладиот тинејџер негираа вина, но поротата ги прогласи виновни, додека постариот тинејџер претходно ја призна вината.На судот беше кажано дека Кешфорд ѝ дал својот број на девојчето на 8 август, откако се запознале во детски забавен центар, а таа му дала визит-картичка со лажно име „Сиена“. Тројцата тинејџери разменувале пораки со него и закажале средба кај морскиот ѕид, каде што дошло до нападот.Нападот е снимен со мобилен телефон, а постариот обвинет признал дека го удрил Кешфорд со шише во главата, тврдејќи дека не очекувал да му нанесе посериозна повреда. Полицијата истакна дека целта на нападот била снимката да се објави на социјалните мрежи, што дополнително ја нагласува предаторската природа на делото.Покрај тоа, повисоката обвинителка Натали Смит го опиша злосторството како „внимателно испланиран, прецизен и брутален напад“ врз беспомошен човек, додека главниот инспектор Нил Кимбер истакна дека жртвата била намамена на осамена локација и прогонета и нападната дури и кога лежела на земја.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn2ihqgs4iuc8bCfm37k

(Видео) Македонски државјанин осомничен за три убиства уапсен во Тирана

⚡#Скопје1 • Македонски државјанин, Бесим Шерифи (52) од селото Копаница, Општина Сарај, кој бил баран со меѓународна потерница за три убиства извршени пред повеќе од 18 години, е уапсен денеска во Тирана. Албанската полиција соопшти дека Шерифи подолг период се криел во албанската престолнина, користејќи фалсификувани лични документи на име на државјанин од Косово.По повеќемесечни истраги, Специјалната оперативна единица го лоцирала осомничениот во реонот на Суво Езеро во Тирана, каде што бил уапсен со цел екстрадиција во Македонија. Проверките покажале дека против него постоела меѓународна потерница од Интерпол Скопје, поради извршено убиство на 5 октомври 2007 година во селото Копаница, кога биле убиени тројца луѓе.При претресот кај него биле пронајдени и одземени фалсификуван косовски пасош, лична карта и возачка дозвола. Процедуралните материјали за кривичното дело „Фалсификување исправа“ се предадени до Обвинителството при Основниот суд во Тирана, а постапката за екстрадиција во Македонија е започната.

Македонија | пред 2 месеци

sad-policija

Трагедија во САД: Дете пукало во таткото откако му бил одземен „Нинтендо свич“

Единаесетгодишно момче од американската сојузна држава Пенсилванија е обвинето за убиство откако, според истрагата, со огнено оружје го застрелало и усмртило својот татко, револтирано затоа што му била одземена играчката конзола „Нинтендо свич“. Трагедијата се случила на 13 јануари во семејната куќа во населбата Данканон Боро.Полицијата била повикана околу 3:20 часот по полноќ, по пријава за „онесвестен маж“. По пристигнувањето, полициските службеници го пронашле 42-годишниот Даглас Диц без знаци на живот, легнат во кревет со прострелна рана во главата. Тој бил во спалната соба што ја делел со сопругата, а која, според судските документи, била поврзана со собата на детето преку плакар.По спроведената истрага, како осомничен бил идентификуван неговиот 11-годишен син. Според полицискиот извештај, момчето, на кое тој ден му бил роденден, влегло во собата извикувајќи дека татко му е мртов, а пред полицајците и мајката рекло: „Јас го убив тато“.Истражителите утврдиле дека пукањето се случило откако родителите легнале да спијат по полноќ. Детето во изјава навело дека денот го поминале убаво, но се налутило кога таткото му рекол дека е време за спиење. На прашањето што се случило, тој им рекол на полицајците: „Пукав во некого“, додавајќи дека целта му бил токму татко му.Според судските документи, момчето објаснило дека клучот од сефот со оружје го нашло во фиока во родителската спална соба, додека го барало „Нинтендо свич“, кој претходно му бил одземен. Откако го отклучило сефот, внатре пронашло пиштол.Во изјавата до полицијата, детето признало дека го извадило оружјето, ставило куршуми, се доближило до креветот од страната каде што лежел таткото и пукало. На прашањето што мислело дека ќе се случи, одговорило дека било лути и дека не размислувало за последиците.На момчето му е одбиена кауција, а судското рочиште е закажано за 22 јануари. Случајот предизвика силни реакции во американската јавност и повторно го отвори прашањето за безбедноста на оружјето во домовите со деца.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryrgu2akk2b9abcWoHRXf

Откриени нови детали за убиството на Рене Гуд од страна на агент на Службата за имиграција на САД

Нови полициски и медицински документи откриваат дека Рене Никол Гуд, 37-годишна мајка на три деца, била погодена со најмалку три, а можеби и четири куршуми откако агент на американската Служба за имиграција и царина (ICE) пукал во неа додека била во автомобил во Минеполис. Извештаите на итните служби и транскриптите од повиците на 911 детално ја опишуваат хаотичната ситуација по пукањето и состојбата во која ја затекнала брзата помош.Според извештајот на градската противпожарна служба, брзата помош пристигнала неколку минути по првите повици и ја затекнала Гуд без свест, без здив и со многу слаб, неправилен пулс. Имала крв по лицето и горниот дел од телото. Кога била извадена од автомобилот, пулсот ѝ бил „нееднаков, неправилен и едвај опиплив“.Документите покажуваат дека Гуд имала две прострелни рани на десната страна од градниот кош, една на левата подлактица и можно прострелно повредување на левата страна од главата. Крв излегувала од левото уво. Итните служби веднаш започнале реанимација и продолжиле со обиди за спасување за време на транспортот до болница, но околу 10:30 часот лекарите се откажале од обидите за оживување.Пукањето се случило на 7 јануари во 9:38 часот, додека агентите на ICE биле присутни на терен како дел од федералните имиграциски активности во градот. Од достапните податоци не произлегува дека Гуд била цел на планирана операција или дека против неа се спроведувала конкретна акција.Снимките и сведочењата покажуваат дека повеќе агенти се приближиле до автомобилот Honda Pilot кој го управувала Гуд. Додека седела на возачкото место и се обидувала да се помести, агентот Џонатан Рос пукал повеќе пати преку стаклото на автомобилот.Повиците на 911 започнале веднаш и продолжиле повеќе од еден час. Еден сведок изјавил: „Група агенти на ICE пукале во една жена, од непосредна близина, додека била во автомобилот. Пукале бидејќи не сакала да ги отвори вратите. Сè е снимено.“Друг сведок рекол дека автомобилот по пукањето удрил во паркирано возило. Сведоците исто така навеле дека на местото биле правни набљудувачи кои ја следеле работата на федералните агенти.Еден од повиците на 911 дошол и од лице што се претставило како службеник на Министерството за внатрешна безбедност, кој рекол дека „службениците биле заглавени во возилото“ и дека на местото имало „агитатори“, додека пукало од нивните луѓе.Документите покажуваат дека агентот кој пукал го напуштил местото веќе околу 10:04 и бил превезен во федерална зграда. До тој момент локалните власти не знаеле кој ја води истрагата. Сите агенти на ICE ја напуштиле областа до 11:20, а FBI пристигнал десетина минути подоцна и ја презел истрагата.Федералните власти тврдат дека агентот пукал во самоодбрана, наведувајќи дека Гуд се обидела да повреди или да прегази агенти со автомобилот. Министерството за внатрешна безбедност потврдило дека агентот бил повреден во инцидентот.Овие наводи предизвикале силни реакции во јавноста и повеќедневни протести во Минеполис и други американски градови. Демократски политичари и локални власти побарале повлекување на агентите на ICE од градот, предупредувајќи за прекумерна употреба на сила за време на федералните имиграциски операции.Недела дена по смртта на Рене Гуд, друг федерален агент убил маж од Венецуела за кој властите рекле дека побегнал од сообраќаен надзор и физички нападнал агент, што дополнително ја заострило дебатата за употребата на смртоносна сила од страна на федералните служби.

Свет | пред 2 месеци

media-librarye7ufkpc8daig3zGgkHR

Сопствената мајка почнал да ја боде со нож, па потоа со ножици: Жител на Богданци е под истрага за свирепо убиство

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Богданци за кривично дело Убиство од член 123 став 2 точка 1 и 2 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 11 јануари, при вршење семејно насилство, на свиреп начин ја лишил од живот сопствената мајка.Во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на осомничениот. Во еден момент тој зел нож од кујната со кој и нанел повеќе убоди на мајката во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да и задава убоди, па откако и тие се свиткале од кујната зел друг нож за сечење зеленчук со шилест дел со кој ја прободел во вратот. Од бројните убоди жената искрварела и починала.Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство или ќе влијае врз сведоците кои ќе бидат испитувани во текот на кривичната постапка, јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4s83ii19s4ni5A8aajh

Син си ја убил мајката во Богданци, со повеќе убоди во пределот на главата

Маж од Богданци е лишен од слобода поради сомнение дека со остар предмет ја усмртил својата мајка, а по извршувањето на делото самиот се пријавил во полиција.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 12 јануари 2026 година, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го уапсиле П.С. (39) од Богданци. Според првичните сознанија, претходната вечер околу 21 часот, во станот каде што живееле, избувнала расправија меѓу него и неговата мајка М.С. (58), која ескалирала во физичка пресметка. Во текот на конфликтот, осомничениот со остар предмет ѝ нанел повеќе убодни рани во пределот на главата.Жената починала од здобиените повреди, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош во Гевгелија.Од МВР дополнуваат дека утрото, во 07:05 часот, осомничениот сам се пријавил во Полициската канцеларија во Богданци и го признал настанот.Увид на местото на злосторството извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија. По наредба на обвинителот, телото на починатата е предадено на обдукција, а против осомничениот во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело убиство.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryr92i0v62lapc3yGp0Ga

(ВИДЕО) Трамп тврди дека убиената жена се обидела да прегази агент на ИЦЕ, но снимките од повеќе агли покажуваат поинаква слика

По пукањето во кое агент на Имиграциската и царинска служба (ИЦЕ) во средата уби жена во Минеаполис, претседателот Доналд Трамп во објава на интернет тврдеше дека видеоснимката од инцидентот покажува како жената „насилно, намерно и свирепо“ се обидела да прегази агент.Министерството за внатрешна безбедност на САД Министерство за внатрешна безбедност на САД (DHS) веднаш по пукањето соопшти дека жената се обидела со автомобилот да ги прегази агентите „со намера да ги убие“.Американската сенаторка од редовите на демократите, Тина Смит, подоцна ја идентификуваше жената како 37-годишната Рени Никол Гуд.Секретарката на DHS, Кристи Ноем, во средата на прес-конференција во Тексас изјави дека „жената ги нападнала“ агентите и „се обидела да ги прегази и удри со своето возило“, откако тие наводно останале заглавени во снегот.Сепак, три видеоснимки од местото на настанот, кои ги прегледа Си-Ен-Ен, покажуваат посложена ситуација. Она што точно се случило непосредно пред пукањето, според достапните снимки, останува нејасно.

Свет | пред 2 месеци

media-library86q0ro3t99i9bMZWUIa

(Многу вознемирувачко видео) Имиграциски агент убива жена, испукува неколку куршуми дирекно во глава: „Убијци, убијци!“, извикуваат бројни сведоци

Американски имиграциски агент уби 37-годишна жена во Минеаполис, што предизвика силна јавна реакција и остри политички судири, откако локалните власти ги отфрлија тврдењата на администрацијата на Доналд Трамп дека станувало збор за самоодбрана, пренесува Би-Би-Си.Инцидентот се случил во средата околу 10:25 часот по локално време. Според Министерството за внатрешна безбедност на САД, жената, идентификувана како Рене Никол Гуд, била „насилна демонстрантка“ која се обидела со возилото да ги прегази агентите на Имиграциска и царинска служба. Од друга страна, градските власти тврдат дека станува збор за прекумерна и неодговорна употреба на сила.Снимки објавени на социјалните мрежи прикажуваат напната сцена на улица, со теренско возило што ја блокира сообраќајницата и присуство на демонстранти и полициски возила. На видеата се гледа како агентите се приближуваат до автомобилот, по што следува пукање. Воопшто не се гледа дека возилото навистина го удира агентот.Американската секретарка за внатрешна безбедност Кристи Ноем изјави дека жената со часови ги следела и попречувала службениците и дека се обидела да го „претвори возилото во оружје“, оценувајќи го инцидентот како чин на „домашен тероризам“. Таа наведе дека агентот испукал „одбранбени истрели“ и дека бил повреден, но по укажаната лекарска помош бил пуштен од болница.Спротивно на тоа, градоначалникот на Минеаполис Џејкоб Фреј остро ја осуди постапката, нарекувајќи ја „безобѕирна употреба на моќ која завршила со смрт на лице“, и јавно побара федералните агенти да го напуштат градот.Градскиот совет соопшти дека убиената жена само „се грижела за своите соседи“. И гувернерот на Минесота, Тим Волз, ја оспори официјалната верзија на федералните власти, порачувајќи дека државата ќе спроведе целосна, брза и независна истрага за да се утврди одговорноста.Трамп: агентот бил прегазенПретседателот Трамп на својата платформа Truth Social напиша дека агентот на ИЦЕ бил „брутално прегазен“ и дека е чудо што преживеал. За инцидентот ја обвини „радикалната левица“, тврдејќи дека таа систематски ги напаѓа припадниците на службите за спроведување на законот.Водечки демократи, меѓу кои и поранешната потпретседателка Камала Харис и лидерот на демократите во Претставничкиот дом Хаким Џефрис, изјавите на администрацијата ги оценија како манипулација.Сведоштво и протестиСведок на настанот, Емили Хелер, за Си-Ен-Ен изјави дека видела расправија меѓу агентите и демонстрантите, по што агент се обидел да ја отвори вратата од автомобилот на жената. Според неа, кога возилото почнало да се оддалечува, агентот пукал од непосредна близина.Смртта на жената предизвика масовни протести во Минеаполис и во други американски градови, меѓу кои Њу Орлеанс, Мајами, Сиетл и Њујорк. Дел од протестите се одржаа во близина на местото каде што во 2020 година беше убиен Џорџ Флојд.Јавните училишта во Минеаполис ја откажаа наставата до крајот на неделата поради безбедносни причини, откако федерални агенти наводно извршиле апсење во близина на едно средно училиште.Зошто ИЦЕ е во МинеаполисВо последните недели администрацијата на Трамп распореди дополнителни 2000 федерални агенти во регионот, како дел од операција поврзана со сомнежи за злоупотреби на социјална помош. Градоначалникот Фреј тврди дека присуството на ИЦЕ не ја зголемува безбедноста, туку создава страв и хаос и доведува до разделување на семејства.Операцијата е дел од поширока кампања за спроведување на имиграциските закони, насочена кон лица со налози за депортација, меѓу кои и припадници на големата сомалиска заедница во градот, која Трамп и претходно јавно ја критикуваше.

Свет | пред 2 месеци

media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

МВР со детали за апсењето на убиецот на Тучинот во скопската чаршија

Полициски службеници од  Единица за насилен криминал, Одделение за крвни деликти при СВР Скопје, врз основа на наредби од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје презедоа повеќе дејствија за обезбедување докази со кои целосно беше расчистен настанот кој се случи за време на новогодишната ноќ пред угостителски објект во Старата скопска чаршија, при кој со остар предмет беше лишен од живот А.М.Д.(22) од Турција, а Ч.Е.(23) од Турција беше повреден.Врз основа на обезбедените докази, Министерството за внатрешни работи денеска поднесе кривична пријава против М.Т. (25) од Република Турција со престојувалиште во Тетово бидејќи постои основано сомнение дека е извршител на кривично дело – Убиство од член 123, како и едно кривично дело Убиство во обид односно согласно член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Во рамките на преземените дејствија јавен обвинител нареди обдукција на починатиот, беа подигнати траги за вештачење, беа извршени разговори со повеќе лица, а беа обезбедени и снимки од видео надзор преку кои беше извршена идентификација на осомничениот.Имено, М.Т. на критичната ноќ во кафе бар во чаршијата започнал расправија со А.М.Д. и Ч.Е., по што двајцата оштетени заедно со други лица заминале кон плоштадот. Меѓутоа бидејќи не успеале да најдат такси повторно се вратиле кон чаршијата и поминале во близина на истиот кафе бар. При повторна средба со осомничениот, расправијата продолжила, а М.Т. извадил нож со кој му нанел четири удари во градниот кош и срцето на оштетениот А.М.Д., кој починал на лице место. Со еден удар му нанел телесна повреда – убодна рана во грбот и на Ч.Е., со намера и него да го лиши од живот, по што побегнал од местото на настанот.По преземени оперативно-тактички мерки од страна на органите на прогонот добиени се сознанија дека осомничениот М.Т. се наоѓа во Косово, каде е лишен од слобода од страна на косовските органи.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

(Видео) Убиство во Старата чаршија за време на новогодишната ноќ: Турски државјанин загина, убиецот во бегство

Едно лице e убиено, а друго се здоби со тешки телесни повреди при инцидент што се случил во скопската Стара чаршија, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според неговите изјави, жртвата е турски државјанин, а кривичното дело било извршено со остар предмет.„Имаме едно лице кое е починато и едно лице со тешки телесни повреди. И убиството и тешката телесна повреда се извршени со остар нож. Постојат осомничени лица, но во овој момент не можам да изнесам повеќе детали, бидејќи едно од нив е во бегство“, изјави Тошковски.Министерот посочи дека во настанот учествувале повеќе лица и дека сите инволвирани биле странски државјани. Истрагата е во тек, а Министерството за внатрешни работи презема мерки за пронаоѓање на осомниченото лице.Покрај убиството, во текот на новогодишната ноќ во Скопје биле регистрирани и седум лица повредени при употреба на пиротехнички средства.Тошковски информираше дека во истиот период на територијата на главниот град се случиле вкупно 23 сообраќајни несреќи, од кои две завршиле со тешки телесни повреди.

Настани | пред 2 месеци

media-library2ci4vlv47sf3fGDmWWq

(Видео) Турскиот државјанин го призна убиството во центарот на Штип: пукал оти се бранел, не го планирал ама шетал со оружје без дозвола

Кадир Кара го призна убиството на турскиот државјанин Енес Оздемир, кое беше извршено на 8 мај годинава во кафе-бар на градскиот плоштад во Штип. На денешното судско рочиште, обвинетиот пред судот изјави дека убиството не било однапред планирано и дека на средбата во кафулето дошол со намера да разговара со жртвата.Под силно полициско обезбедување, денеска продолжи судењето против 21-годишниот турски државјанин, обвинет за убиство со умисла. По изведувањето на доказите од страна на обвинителството и распитот на сведоци, Кара ја призна вината, но тврдеше дека дејствувал во самоодбрана.Според неговото сведочење, откако пристигнал во кафулето во центарот на Штип, забележал дека околу жртвата имало уште седум лица, блиски до сега убиениот. Во тој момент, како што изјави, почувствувал дека му се подготвува заседа, по што реагирал и го сторил убиството.Освен Кара, на обвинителна клупа седнаа уште четири лица, кои се товарат за помагање при извршување на кривичното дело. Според обвинението, сите инволвирани се товарат дека на 8 мај извршиле дрско и организирано убиство со логистичка поддршка, во јавен објект во центарот на градот.Обвинетиот за убиството престојувал нелегално во земјава, а оружјето со кое го извршил делото го поседувал без дозвола. Тој претходно бил осудуван и во Турција за слични кривични дела. Двајца од обвинетите за помагање, исто така, имаат пресуди во Турција, додека во Македонија се претставувале со лажен идентитет.Судскиот процес продолжува со изведување на дополнителни докази и сослушување на останатите обвинети и сведоци. Дел од сведоците, поради безбедносни причини, побарале да сведочат без присуство на обвинетите во судницата.СНИМКА ОД ПУКАЊЕТО:Снимка од бегањето:

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryug1skbfgbr15eHb0NSS

Покрената истрага и побаран притвор: Октирено како мажот и партнерката од гостиварско го сториле грозоморното убиство

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени за сторување на кривично дело убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.Според обвинителството, осомничениот и осомничената, дејствувајќи како соизвршители, на особено свиреп начин ја лишиле од живот Хавва Азизи од селото Здуње. На 7 декември, тие ја земале жртвата пред нејзиниот дом и ја однеле во нивната куќа во гостиварско Неготино, каде започнала расправија поради претходни недоразбирања.По расправијата, жртвата била затворена во помошна просторија во сопственост на лице кое престојува во странство. Осомничената донела пиштол, по што осомничениот ја усмртил Хавва Азизи со еден истрел од огнено оружје.По убиството, двајцата осомничени заедно го ставиле телото на жртвата во количка, го внеле во автомобил и го однеле во атарот на селото Неготино. Таму телото било спуштено во претходно ископана дупка, запалено и покриено со земја, гранки и други предмети, со цел да се прикрие злосторството.Јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Македонија | пред 3 месеци

crna-gora-policija

Безживотни тела на маж и жена пронајдени во заклучен стан во Никшиќ, двојно убиство во Црна Гора, се трага по сторителoт

Безживотните тела на маж и жена биле пронајдени во понеделникот навечер во стан во центарот на Никшиќ, а се сомнева дека станува збор за двојно убиство. Телата биле пронајдени во стан на улицата „Пека Павловиќ“ во центарот на градот. По сторителот се трага, објави „Тeлеграф“.„Полициските службеници од Регионалниот центар за безбедност, Никшиќ, вчера околу 19:20 часот биле известени од член на семејството дека лицето М. П. (74) не одговара на телефонските повици и дека два дена не успеале да воспостават контакт со него“, се наведува во соопштението. Како што информира полицијата, веднаш биле преземени мерки за лоцирање на М. П.Лоцирање на сторителот„Во согласност со законските овластувања, полициските службеници влегле во станот, каде што го затекле безживотното тело на М. П., како и телото на М. В. (41) со видливи повреди за кои се сомнева дека се нанесени со остар предмет, поточно нож. Изнајмениот стан го користела М. В.“, додава полицијата.„Со настанот веднаш бил запознаен обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, кој заедно со полициските службеници извршил увид на местото на настанот. Во текот на спроведените полициско-обвинителски активности, полицијата дошла до сознанија за идентитетот на сторителот на ова кривично дело и интензивно се работи на негово лоцирање и апсење“, се наведува понатаму.Како што додава полицијата, мотивот на тешкото кривично дело им е познат на надлежните. „Имајќи ја предвид тежината на делото, но и приватните околности поврзани со оштетените и сторителот, во оваа фаза од постапката не можеме да објавиме повеќе детали,“ соопшти полицијата.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања