Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

УБИСТВО

policija-ubistvo-pishtol

Убиство во Топанско: едно лице однесено мртво во болница, а второто е погодено со два куршуми и преживеал

Едно лице е убиено вчеравчер во Топанско поле во Скопје, а друго е повредено но во сатбилна состојба. Од Универзитетската клиника „св. Наум Охридски“ за „Скопје1“ велат дека кај нив, двете лица биле донесени на полноќ.„На полноќ се донесени двајца пациенти, едниот без знаци на живот. Другиот со две прострелни рани, едната во лумбална регија, другата во подлактица и е во стабилна состојба“, вели доктор Ристо Пејков од „св. Наум Охридски“ за „Скопје1“.Пријава до МВР дошла докму од болницата. Детали се очекуваат.ДОПОЛНЕТО:

Македонија | пред 1 година

ubistvo

Обвинение за убиство за 33-годишник од Штип

Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт против 33-годишник против кого се спроведуваше истрага за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Во текот на истрагата се обезбедија докази според кои обвинетиот на 1 ноември, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на ЈП Исар за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија, по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и започнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој започнал силно да ја стега во пределот на вратот додека не дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот, како резултат на што жената починала. Кога се уверил дека не дава знаци на живот тој го напуштил местото и сам се пријавил во полициска станица.Јавниот обвинител до Основниот суд во Штип достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-01-at-19.00.04

Двајца браќа осомничени за убиство и обид за убиство во Арачиново

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од Арачиново на возраст од 23 и 30 години, кои се осомничени дека како соизвршители сториле по едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 и по едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Тие заеднички и со умисла на подмолен начин лишиле од живот едно лице, а се обиделе да го лишат од живот и неговиот син,  поради нерасчистени должничко доверителски односи, односно поради долг од 7.000 евра, кој сега починатиот го имал кон покојниот татко на осомничените.Двајцата браќа се договориле да се најдат со таткото и синот, при што постариот брат тргнал кон нив физички да се пресмета, а помладиот извадил огнено оружје – пиштол и испукал неколку пати кон оштетените, нанесувајќи им повеќе прострелни рани. Кај нападнатиот татко настапила смрт, додека неговиот син се здобил со тешки телесни повреди. Двајцата осомничени со автомобил веднаш го напуштиле местото.Подоцна постариот брат е пронајден и лишен од слобода, а по помладиот се трага.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за двајцата достави предлог за определување мерка притвор, со тоа што за лицето во бегство таа ќе се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.  До Судот е доставено и барање за издавање наредба за приведување на осомничениот кој е недостапен на органите на прогонот.

Скопје | пред 1 година

slovenija

Маж од Македонија убил жена, па се самоубил во Словенија

Маж по потекло од Македонија пукал во 40-годишна жена, по што се самоубил. Ова се случувало во Словенија, односно градот Градац во текот на вчерашниот ден. „Скопје1“ дознава дека македонскиот државјанин е по потекло од прилепскиот регион и има околу 30 години.Словенечката полицика посочува дека мажот починал на лице место, додека жената во тешка здравствена состојба е пренесена во Општата болница на градот Градец, каде што починала.Неофицијално, пукањето се случило во индустриската зона Памече, објавија словенечките медиуми.На местото имало истражен судија и јавен обвинител. Детали се очекуваат од Одделот за криминалистичка полиција при полициската управа Цеље.

Свет | пред 1 година

IMG_6633

(Видео) Напад со нож во Ротердам: Едно лице е убиено, а две се тешко повредени

Најмалку едно лице е убиено во напад со нож, а две се тешко повредени во нападот кој се случи во Ротердам. Осомничениот напаѓач е уапсен. Тој е повреден и е ппренесен во болница, соопшти полицијата, додавајќи дека ги истражува причините за нападот кај мостот Еразмо.Идентитетот на жртвите и на осомничениот се уште не се соопштени.Холандскиот медиум De Telegraaf, повикувајќи се на сведоци на местото на настанот, објави дека човекот по случаен избор ги нападнал луѓето со два ножеви додека викал Алах егбер, арапска фраза што значи Бог е голем.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Мајката, вујкото и братот се главни осомничени за смртта на девојчето кое се бараше низ цела Турција: Ова се потенцијалните мотиви на злосторството

Поминаа четири дена откако телото на малата Нарин Гуран беше пронајдено во потокот, а по сторителот на ова злосторство што ја потресе Турција и целиот свет се уште се трага.Нејзиниот вујко Селим е именуван како главен осомничен за убиството на девојчето, а очите на јавноста се вперени и кон нејзината мајка и постариот брат.Турските власти сега се фокусирани на три можни мотиви за убиството на девојчето.Како најверојатен мотив за убиството со денови се зборува за љубовната врска меѓу мајката на Нарина, Јуксел и вујко Селим. Се сомневаат дека малата Нарин можеби ги видела мајка си и вујко во непријатна ситуација и затоа била убиена.Сепак, чичко Селим, кој инаку е во притвор, ја негираше врската со Јуксел.Според медиумите, се верува дека ситуацијата околу љубовната врска ќе се разреши кога експертите ќе ги вратат избришаните пораки од телефонот на мајката и вујкото.Кога било пронајдено телото на девојчето, прво бил приведен братот на Нарина, Енес, бидејќи на неговата рака биле пронајдени отпечатоци од заби, пренесува Телеграф.Многумина во селото тврдат дека таткото на Нарина Ариф и вујко Селим имале многу лоши односи.Наводно, Селим еднаш напишал на една социјална мрежа: „Ќе те натерам да доживееш таква болка...“ и дека пораката била наменета за неговиот брат Ариф.

Свет | пред 1 година

srbija

Се огласи обвинителството по грозоморното убиство во Ниш: Ќерка ја заклала мајка си, таа е во бегство

Вишото јавно обвинителство во Ниш денеска соопшти дека е наредена обдукција на телото на З.Ц. (69) за која постои сомнение дека е убиена и дека се преземени сите потребни дејствија за расветлување на околностите под кои се случил настанот и за пронаоѓање на сторителот.„Вишото јавно обвинителство Ниш е известено дека на 8 септември во вечерните часови во куќата на адресата во Ниш било пронајдено безживотното тело на З.Ч.(1955) и дека постојат основи на сомнение дека е лишена од живот“, соопштија од обвинителството.Дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Ниш заедно со полициските службеници на ПУ Ниш изврши увид на местото на инцидентот, дадена е наредба телото на З.Ц. е пренесен во Институтот за судска медицина во Ниш, а на таа институција и е наложено да се изврши обдукција.Обвинителството наведува дека е наложено и преземање на сите потребни дејствија за расветлување на околностите под кои се случил настанот и за пронаоѓање на сторителот.

Свет | пред 1 година

Hrvatska-policija

Ужас во Хрватска: Приведена е жена осомничена дека ја убила својата неподвижна сестра

Истарската полиција во средата наутро приведе 66-годишна жена осомничена за убиство на постара неподвижна жена во Медулин на крајот на минатиот месец.Се сомнева дека таа убила 68-годишна жена и полесно се повредила попладнето на 24 август во куќа во Медулин. Подоцна неофицијално се дознало дека се работи за две сестри.Осомничената била хоспитализирана со полесни повреди во болницата во Пула, а полицијата најавила дека ќе разговара со неа кога ќе закрепне, пишува Нет.хр.Во меѓувреме заврши кривичната истрага против 66-годишната жена, која заработи кривична пријава, која е поднесена до надлежното државно обвинителство.

Свет | пред 1 година

anglija-pozar

Хорор во Велика Британија: Двајца тинејџери обвинети за убиство на 13-годишноng

Британската полиција уапси двајца тинејџери осомничени дека со нож избоделе 13-годишно момче во Олдбери, во англискиот Вест Мидлендс, објави денеска Скај њуз.Полицијата соопшти дека тинејџерите биле приведени во врска со смртоносниот напад.Од полицијата додаваат дека за апсењата било информирано семејството на 13-годишното момче.Полицискиот надзорник Ким Мадил во четвртокот изјави дека болничарите направиле „залудни напори да го спасат животот“ на ранетото момче.„Имаме тим од детективи кои истражуваат што точно се случило и ја следиме истрагата за да ги откриеме осомничените“, додаде таа во петокот, пред апсењето на тинејџерот.За помагање е обвинет и 40-годишен маж.На сите тројца им е одреден полициски притвор и денеска ќе се појават пред судот во Бирмингем.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Трагедија во Србија: Татко со нож го избодел синот, па се обесил, ранетото момче искрварило додека се обидувал да се сокрие од својот татко

Ф.Д.(20) од Крушевац почина откако, како што се сомнева, татко му го избодел со нож, а татко му потоа се самоубил.„Пред два дена во близина на перална во Крушевац, пронајден е младиот човек Ф.Д. (20) со убодна рана и за жал без знаци на живот. Брзата помош можела само да констатира смрт на младиот човек, со оглед на тоа што тој искрварил до смрт“, вели изворот, додавајќи дека набрзо се испоставило дека смртните повреди на младиот човек ги нанел сопствениот татко по жестока расправија.Според изворот, таткото со нож го нападнал својот син во семејната куќа каде што живееле.„Ранетиот млад човек по повредата побегнал од куќата и за жал починал на местото каде што се сокрил од својот татко насилник. Кога дознал дека неговиот син починал, таткото си пресудил. Сцените беа страшни, го најдоа обесен“, додал изворот.Телата се испратени на обдукција, по што ќе се знаат повеќе детали, а она што засега е познато е дека досега немало пријави за насилство во ова семејство, каде сега се случила двојна трагедија.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-08-20-at-17.38.54

Убиениот кај Мавровка не носел злато, МВР потврдува дека сите убијци се со криминално досие

Во возилото на 60-годишниот скопјанец Васил Ефтимов кој вчера беше убиен кај Мавровка, не било пронајдено злато. Ова го потврдуваат и од Министерството за внатрешни работи. Оттаму посочуваат дека се спроведуваат активности за апсење на третиот осомничен кој учествувал во ликвидацијата.„Во возилото не беше пронајдено злато, извршено е вештачење на сите предмети кои се од интерес на истрагата. Лицата кои беа инволвирани во убиството извршено на паркинг простор пред ТЦ “Мавровка”, каде беше застрелан В.Е.(59), се со криминално досие“, велат од МВР за „Скопје1“.„Скопје1“ веќе во детали објави за профилот на убијците. Причината за убиството е изнуда, според првичните информации.

Скопје | пред 1 година

mavrovka1111

„Скопје1“ дознава: Осомничените убијци се од исто семејство од Чаир, еден е затвореник кој од април е во бегство

Изнуда е причината за убиството кај Мавровка, каде убиен е 60-годишниот Васил Ефтимов, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Осомничени остануваат три лица, од кои две се уапсени и се на распит, по што Обвинителството ќе одлучи дали ќе се бара притвор.„Скопје1“ дојде до детали околу уапсените лица, осомничени дека го извршиле убиството. Тројцата осомничени доаѓаат од исто семејство, кое живее во Чаир. Неофицијално, еден од осомничените по кој е во бегство и по кој се трага е затвореник, кој порано извршил тешки кражби. Станува збор за лице кое издржува затворска казна во „Идризово“, а кое од април е во бегство.Друг од осомничените, кој веќе е уапсен, е негов внук од брат, додека третиот е нивни роднина. Според непотврдени информации, станува збор за група која и претходно била во судир со законот. Фамилијата е озогласена како склона кон криминални активности.Дел од медиумите објавија дека иницијалите на убиеното лице е В.Е. и дека се работи за адвокат, што набргу беше демантирано. Станува збор за скопјанец кој имал своја фирма, со седиште во скопски Аеродром.По убиството МВР затвори дел од градското подрачје, изврши преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила. Во операцијата беа вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови.Иако дел од медиумите објавија дека возилото со убијците, со белгиски регистерски таблици е пронајдено во Гази Баба, МВР соопшти дека на подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило со лица во обид да побегнат, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје.Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода.При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Скопје | пред 1 година

0_THP_CHpP_031118SLUG_1889JPG

Напад со нож во Манчестер: Убиена жена, ранети тинејџерка и маж

Едно лице е убиено, а две се тешко ранети во напад со нож во Манчестер, Англија, денеска нешто по полноќ, пишува Daily Mail.Полицијата и медицинските екипи биле повикани во станбена зона во Гортон околу 12.20 часот по дојава за прободување.Една жена (43) е убиена, додека девојка (17) и маж (64) се пренесени во болница со повреди опасни по живот.Маж (22), за кој се верува дека им е познат на жртвите, е уапсен под сомнение за напад и ќе остане во притвор.Полициската управа на Манчестер денеска потврди дека жената починала од повредите.„Три лица беа избодени со нож во Бернард Роуд, во областа Гортон, по што следеа бројни повици од луѓето од областа. По пристигнувањето, полицајците, вклучително и специјалните сили, пронајдоа три лица со тешки повреди. За жал, жената починала на лице места, а останатите двајца со повреди опасни по живот се пренесени во болница“, се вели во соопштението на полицијата.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-04-01-at-19.00.04

Го убиле со калашников, по кратка караница - страотни детали за крвопролевањето во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица затоа што постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.Тројцата браќа од селото Дебреше, на 23 јули, со умисла и од безобзирна одмазда лишиле од живот еден соселанец со кого имале подолготрајни недоразбирања.На критичниот ден, најпрво настанала физичка пресметка меѓу еден од браќата и жртвата. По тепачката, осомничениот ги повикал и своите браќа, кои револтирани од домовите зеле огнено оружје – калашников и пиштол. Сите тројца со автомобил “Волво” со швајцарски регистарски таблички се упатиле кон куќата на оштетениот.Кога го пронашле, пукале кон него и со пиштолот и со автоматската пушка, нанесувајќи му повеќе огнострелни повреди од кои жртвата веднаш починала.По настанот тројцата осомничени беа задржани во краткотраен 48-часовен притвор со цел да се извршат сите вештачења. Со поведувањето на истрагата, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и основан страв дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците кои евентуално би било потребно да се сослушаат.Categories

Македонија | пред 1 година

policija-srbija

Вака фатен Фатон Хајризи: Мајстор го забележал на надзорна камера, па повикал полиција

Убиецот на младиот полицаец од Лозница, Никола Крсмановиќ (34), Фатон Хајризи денеска е ликвидиран од страна на МУП во околината на Лозница. Тој бил забележан од локал кој веднаш ја известил полицијата.Како што дознава Телеграф.рс од местото на настанот, жител на Лозница кој е сопственик на автомеханичарски дуќан го забележал Фатон Хајризи на надзорната камера од неговиот дуќан, по што за тоа ја известил полицијата.Исто така, според жителите на Лозница, тој вчера бил виден на патот Шабац како поминува луѓе низ дворовите на куќите, пишува Телеграф.Потсетуваме, Албанецот Хајризи Артан, осомничен за убиството на полицаецот Никола Крсмановиќ (34) и ранувањето на неговиот колега Вјекослав Илиќ (50), денеска беше убиен во околината на Лозница.

Свет | пред 1 година

srbija

Убиен Фатон Хајризи: Српската полиција го ликвидирала убиецот на полицаецот

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека убиецот на полицаецот е ликвидиран.,,Припадниците на полицијата убиле полицаец во околината на Лозница“, изјави Дачиќ.Министерот Дачиќ излезе на местото на настанот.Фатон Хајризи е осомничен за убиството на Никола Крсмановиќ.Фатон Хајризи пред една недела побегнал од затворот на Косово и Метохија каде ја отслужувал казната за убиство на руски војник на КФОР и други злосторства. Не е прв, туку дури деветти пат Хајризи да избега од затвор. Тој, наводно, избегал меѓу пет и седум часот наутро.

Свет | пред 1 година

Apsenje-1

Уапсен маж за убиство на полицаецот во Лозница: Фатен во Бјелина

Денеска во Бјелина е лишено од слобода лице кое е поврзано со осомничениот за убиството на еден и ранувањето на друг полицаец во Лозница, неофицијално дознава БН ТВ.Како што неофицијално дознава БН ТВ, осомничениот бил уапсен во угостителски објект на улицата Рачанска.Улицата „Рачанска“ во Бјелина претходно беше блокирана од полицијата, односно воспоставен е пункт каде се проверуваат возило и лице.Да потсетиме, МУП на Српска утрово соопшти дека и во Српска активно се трага по сторителот на убиството на полицаецот во Лозница.Како што се наведува во соопштението, полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Република Српска преземаат низа мерки и дејствија во врска со потрагата по лице кое синоќа извршило кривично дело тешко убиство, при што полицијата офицер на Министерството за внатрешни работи на Република Србија е убиен во Лозница.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Се огласи осомничениот за убиството на полицаецот во Лозница

Артан Хајризи, кој е осомничен за убиство на српски полицаец, негираше дека има врска со тој настан.На Дукаѓини му рекол дека е во Германија и тврди дека му биле украдени документите.„Јас сум во полиција во Хановер, Германија, ја известив дека ми е украден документот“, изјави Артан Хајризи за Дукаѓини.Артан Хајризи, кој српските власти го бараат за убиство на српски полицаец, изјави дека кај него престојувал неговиот брат Фатон Хајризи и дека му ги зел документите.„Ми ги земаа документите затоа што ги оставив на масата во ходникот со клучевите, брат ми направи се“, рече тој.

Свет | пред 1 година

atina-ubistvo

Убиство кај Видиковац: Сопругот до смрт ја претепал сопругата

Утринава се случи убиство во Видиковац.Според неофицијални информации, мажот чиј идентитет не се соопштува, до смрт ја претепал сопругата.Информацијата за убиството се уште не е официјално потврдена. Полициски екипи се на терен и истрагата е во тек.

Свет | пред 1 година

srbija

Засилени безбедносни мерки во Република Српска поради пукањето кај Лозница

Полицијата на Република Српска ги засили безбедносните мерки во граничниот појас кон Србија по престрелката во која загина српскиот граничен полицаец Никола Крсмановиќ, а Вјекослав Илиќ беше тешко ранет.Престрелката се случила во полициската станица во градот Липнички Шор, кај Лозница, кога двајца гранични полицајци запреле возило со турски регистарски таблички чии сопатници, двајца мажи, биле сомнителни. Се било во ред додека полицајците не побарале од едно од лицата да ја отвори торбата, при што тој извадил пиштол и пукал кон полицајците.Полицаецот Никола Ксмановиќ бил застрелан во градниот кош и од здобиените повреди починал во болница, а неговиот колега Вјекослав Илиќ бил тешко ранет и бил примен во Општата болница во Лозница.На местото на настанот се пронајдени документи на име на Артан Хајризи и постои сомневање дека тој е лицето кое пукало во полицајците.Се претпоставува дека Хајризи, Албанец од Косово, се обидел илегално да ја помине границата и не се знае дали успеал да ја помине Дрина. Поради престрелката во која загина еден српски полицаец, зголемени се безбедносните мерки и во Шемберија во Република Српска.„Полицајците се вооружени со долги цевки и се во процес на проверка на зградите покрај Дрина каде што е можно да се сокрие осомничениот, иако засега нема информации дека ја преминал границата“, изјави извор од Република Српска за порталот Нова.рс.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Се започнало кога полицаецот побарал да ја прегледа чантата, па напаѓачот почнал да пука: Вака се случил нападот на полицајците на МВР во Лозница

Во нападот што се случи синоќа во Лозница загина полицаецот Никола Крсмановиќ (34), а неговиот колега Вјекослав Илиќ (50) е ранет. Сè започнало час по полноќ кога полицајците кои биле на должност на контролниот пункт запреле такси со турски регистарски таблички кое им изгледало сомнително, а во кое имало двајца мажи, возачот и сопатникот.Полицијата ги идентификувала патниците кои им изгледале сомнително, па еден од полицајците, како што неофицијално дознава порталот Нова.рс, побарал еден од мажите во автомобилот да им покаже торба. Тој одбил, а потоа пукал во полицијата.Во престрелката смртно е ранет полицаецот Никола Крсмановиќ, кој бил застрелан во градниот кош, а неговиот колега Вјекослав Илиќ бил погоден во рамото.Напаѓачите побегнале од местото на настанот.Ранетите полицајци биле префрлени во Општата болница во Лозница, каде Крсмановиќ им подлегнал на повредите.На местото на престрелката полицијата пронашла патни исправи од таканареченото Косово како и германска лична карта на име Артан Хајзири, а се претпоставува дека тој е лицето кое пукало во полицајците.Потрагата по напаѓачот е во тек.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Откриен идентитетот на убиениот полицаец во Лозница: Напаѓачот излегол од „мерцедесот“ и го застрелал Никола во градите

Полицаецот Никола Крсмановиќ (1990) е убиен во престрелката што се случила синоќа во Лозница кога сообраќајната полиција запрела такси за рутинска проверка, додека неговиот колега Вјекослав Илиќ (1974) бил ранет во рамото, соопшти министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ. утрото.Како што изјави Дачиќ, Крсмановиќ бил застрелан во градите кога напаѓачот излегувал од „мерцедесот“. Потоа бил префрлен во Општата болница во Лозница, каде им подлегнал на повредите.Како што пренесува Новости.рс, починатиот полицаец е од селото Јаребица каде решил да се врати, а до неодамна бил припадник на Жандармеријата. Има мајка, татко и сестра.Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека синоќа во Лозница е убиен еден полицаец, додека друг е тешко ранет.„Околу 00:55 часот во Лозница, при контрола на возило на пункт во Липнички Шор, полициски службеници од Граничната полициска станица Трбушница запреле мерцедес со регистерски таблички Тутина во кој имало две лица. При излегувањето од возилото, едно лице испукало од пиштол, удирајќи го полицаецот Никола Крсмановиќ (1990) во градите и полицаецот Вјекослав Илиќ (1974) во рамото, по што побегнал.Двајцата полицајци биле пренесени во Општата болница Лозница, каде Крсмановиќ им подлегнал на повредите. На лице место полицијата го пронашла пасошот на осомничениот, издаден од привремените институции на т.н. Косово на име Хајзири Артан (1991).Силни полициски сили интензивно трагаат по напаѓачот, полициски службеници од полициската управа Шабац, а на терен се и Управата за криминалистичка полиција, Управата за гранична полиција и припадници на Специјалната антитерористичка единица, подигнати се беспилотни летала и хеликоптери. Истрагата на вишиот јавен обвинител од Шабац и припадници на полицијата е во тек. Во име на МВР и од мое лично име упатувам најдлабоко сочувство до семејството на убиениот полицаец“, рече Дачиќ.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Убиен 19-годишниот Палестинец кој избоде израелски полицаец на Западниот Брег

Денеска израелски полицајци убија Палестинец кој избоде полицаец на окупираниот Западен Брег.Полицијата соопшти дека полицаецот бил полесно ранет во нападот и го идентификувала Палестинецот како 19-годишник од Појасот Газа.Не е познато што правел на Западниот Брег.Израелската армија објави и дека Палестинците отвориле оган врз автомобил на Западниот Брег и лесно раниле голем број цивили.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2021-09-18-at-16.32.03

Австралиец обвинет за убиство на своите три деца во пожар што го подметнал

Мaж (28) од Австралија е обвинет за убиство на три негови деца и обид за убиство на остатокот од семејството во пожар во куќа.Во пожарот загинаа петмесечно девојче, двегодишно момче и шестгодишно момче. Преживеаја три момчиња - на возраст од четири, седум и 11 години - и едно деветгодишно девојче, како и мајката, јавува Би-Би-Си.Човекот се соочува со три обвиненија за убиство, пет обвиненија за обид за убиство и една точка за уништување имот. Тој е под полициско обезбедување во болница.Таткото - кој полицијата вели дека го предизвикал пожарот, а потоа ги спречил напорите за спасување - ќе се соочи со суд во четврток и ќе се појави на интернет од неговиот болнички кревет за сослушувањето.Нападот се случил час по полноќ во неделата. Соседите и првите екипи помогнаа да се спасат четирите преживеани деца и нивната мајка. Двегодишните и шестгодишните момчиња излегле од куќата во критична состојба, но по кратко време починале во болница. Петмесечно девојче е пронајдено мртво.Мајката и четирите преживеани деца се во стабилна состојба, соопшти полицијата.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-57-4930PM

Убиецот не се знае се уште, земен е видео надзор за да се најде - детали за убиството во Тетово

Тетовското обвинителство работи на расчистување на вчерашното убиство, уверуваат оттаму. Досега не е откриен сторителот.„Извршен увид на лице место. Јавен обвинител ги издава сите потребни наредби, меѓу кои наредба за обдукција и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор. Возилото и други траги се подигнати за вештачење. МВР постапува за откривање на сторител“, велат од Обвинителство.Убиството се случило после населбата Мема. Ова е продолжение на неодамнешното пукање кај тетовската болница.Причините кои довеле до престрелката се уште не се познати, но според неофицијални информации што ги има Tetova Sot, починало едно лице со иницијали Р.Т., на возраст од околу 40 години.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања