Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Убиство во Топанско: едно лице однесено мртво во болница, а второто е погодено со два куршуми и преживеал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
policija-ubistvo-pishtol

Едно лице е убиено вчеравчер во Топанско поле во Скопје, а друго е повредено но во сатбилна состојба. Од Универзитетската клиника „св. Наум Охридски“ за „Скопје1“ велат дека кај нив, двете лица биле донесени на полноќ.

— реклама —

„На полноќ се донесени двајца пациенти, едниот без знаци на живот. Другиот со две прострелни рани, едната во лумбална регија, другата во подлактица и е во стабилна состојба“, вели доктор Ристо Пејков од „св. Наум Охридски“ за „Скопје1“.

— реклама —

Пријава до МВР дошла докму од болницата. Детали се очекуваат.

— реклама —

ДОПОЛНЕТО:

pukanje-ubistvo

Детали за пукањето во Топанско: Двајца повредени, еден загинат, тројца уапсени

Маж на возраст од 35 години е лицето кое почина откако кон него било пукано на подрачјето во Чаир, велат од МВР. Второто лице кое било со загинатиот, е исто така повредено но во стабилна состојба. И трето повредено лице побарало лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. За настанот има повеќе уапсени лица.„На 11.02.2025 во 00.06 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени Х.Б.(35) и А.Д.(35), двајцата од Скопје, и дека подоцна Х.Б. починал, а над А.Д. била извршена интервенција и бил задржан на лекување. По преземени мерки било утврдено дека тие претходно учествувале во вооружена престрелка на подрачјето на Чаир. Поради повреди од огнено оружје, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил пренесен и Н.Д. од Скопје.Исто така, по преземени мерки, а поради сомнение дека учествувале во престрелката, полициски службеници од СВР Скопје околу 01.40 часот во болницата го лишиле од слобода Б.Б.(39) од Скопје, на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Скопје, додека, подоцна биле пронајдени и лишени од слобода Р.Р.(41) и К.Т.(28), двајцата од Скопје. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.

Скопје | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

noz-ubistvo-napad

Хрват во Линц со нож уби Авганистанец и рани друг по расправија на улица

Свет | пред 2 седмици

media-library6vvs5bqpc9ib048vNwb

(Видео) Од погреб за „природна смрт“ до ексхумација: Марија е втора жртва во случајот од Драгоманце, таткото сведочеше јавно дека се плаши

Македонија | пред 1 месец

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Пет години затвор и трајно протерување за помагачите во убиството во Штип

Македонија | пред 1 месец

media-library0vobi9l4vm2abKJJoNO

(Видео) Преживеана жена сведочи како била давена во Челопек: Ме гушеше за да не викам, но не се давав

Настани | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања