Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Човекот кој се закануваше кон Заев е осомничениот за убиството во Охрид, неофицијалниот мотив е побрзо стекнување со имот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Охрид
media-library9n20i3u77qh07k3S1s7

Жарко Гроздановски од Брвеница е уапсен под сомнение дека го убил 76-годишниот охриѓанец Климе Митрески. Според неофицијални информации, двајцата имале договор за доживотна издршка, по кој Гроздановски требало да го наследи имотот, а мотивот се поврзува со желба веднаш да го добие наследството. МВР соопшти дека против Гроздановски досега е евидентирано само едно дело – закани преку социјални мрежи (случај од 2019 со закани кон Зоран Заев). Тој бил познат и како „лидер“ на „Христијанско братство“. За Митрески се наведува дека во 2018 се претставувал како „Климе удбашот“ и како основач на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинителството најави детали подоцна.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Жарко Гроздановски од Брвеница е лицето уапсено под сомнение дека го убил пензионерот Климе Митрески во Охрид. Двајцата се познавале од претходно, а Митрески, според неофицијални информации од истрагата, склучил и договор за доживотна издршка со Гроздановски. Токму ова, според првичните информации од истрагата, е причината за Гроздановски да го убие Митрески. Од МВР, досега Гроздановски бил гонет за едно дело – закани преку социјални мрежи.

— реклама —

Според договорот, Гроздановски требало да се грижи за охриѓанецот Митрески, кој бил на возраст од 76 години. По смртта, требало да го наследи неговиот имот. Според истрагата и досегашните докази, Гроздановски го убил Митрески со цел веднаш да го наследи имотот.

— реклама —

Гроздановски во минатото, во јавноста беше познат како „лидер“ на организација наречена „Христијанско братство“. Тој беше апсен и во 2019 година кога преку „Фејсбук“ му се закануваше на тогашниот премиер Зоран Заев кому му порачуваше: „Немој да ми чепкаш ни еден од моите браќа по вера… Двапати те пуштив, ако не ми веруваш, прашај ги твоите луѓе во УБК. Првпат во Македонски Брод, вториот пат во Јасен и Козјак… Два пати имав прилика да ја запалам Македонија, но се повлеков затоа што дадов збор: На Македонец пушка не дигам… Жими еден крст и вера ќе ве снема и тебе и СДСМ и ДПМНЕ и сите лидери во Македонија… Јас сум Жарко Гроздановски. Момче, ти си предавник!“.

— реклама —

„Скопје1“ побара информации од МВР за криминалното досие на Гроздановски, од каде велат дека освен кривичното дело за загрозување на сигурност со заканите, нема друго дело.

„Според официјалните податоци и евиденциите на СВР Тетово, досега против лицето Ж.Г. е евидентирано само едно кривично дело „загрозување на сигурноста преку компјутерски систем“. Освен овој конкретен случај, за лицето не постојат записи за други претходни санкции или кривични постапки со правосилен исход“, велат од МВР за „Скопје1“.

Гроздановски е семеен човек, татко на три деца. Тој е магистер на медицински науки, дипломиран дефектолог.

Од друга страна, Митрески при гостување во „Јади Бурек“ во 2018 година, себеси се опишува како „Климе удбашот“ и „Климентов конак“. Посочува дека се занимавал со многу работи тука и во Австралија, а се претставува и како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Засега нема дополнителни информации од охридското Обвинителство, кои најавија детали за подоцна.

media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd

Убиство во Охрид: убиениот пронајден утрово, уапсен осомничен од Брвеница

Полицијата го приведе осомничениот за убиството на 76-годишен маж во Охрид, откако бил пронајден мртов во својот дом утрово.„Денеска (27.03.2026) во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, од слобода го лишија Ж.Г.(53) од истото село кој се сомничи за сторено кривично дело ‘убиство’ по член 123 од кривичниот законик“, соопшти МВР.Претходно, случајот бил пријавен утринава во Охрид.„Имено, денеска во 08:24 часот во СВР Охрид е пријавено дека во неговиот дом на улицата ‘Нада Филева’ во Охрид, без знаци на живот бил пронајден К.М.(76) од Охрид. На местото на настанот извршен е увид од надлежен јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатира смрт по што, по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција“, информираат од МВР.По преземените мерки и распишаната потерница, осомничениот бил лоциран и лишен од слобода во тетовско.„По целосно расчистување на случајот против Ж.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од полицијата.Истрагата за случајот е во тек.

Охрид | пред 3 дена

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryun5kpsb8ue559Ki37yl

Се огласи синот на осомничениот убиец: Наместо разбирање, медиумски линч! Македонија знае кој е мојот татко

Македонија | пред 1 ден

vojo-dimoski-696x401-1

Адвокат за убиството во Охрид: „Никој не заслужува ваков крај, којзне уште колку Палчовци има“

Македонија | пред 2 дена

media-libraryv56l2e6i41vp0V18zQz

Снимки го откриле осомничениот за убиството во Охрид, жртвата ја убил со бокс и задушување

Македонија | пред 2 дена

media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd

Убиство во Охрид: убиениот пронајден утрово, уапсен осомничен од Брвеница

Охрид | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања