Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОХРИД

media-librarykj6n1m3depk8bloFG3Y

(Видео) „Христијанско братство“ застана зад осомничениот за убиство во Охрид: Не судете пред време

Од организацијата Христијанско братство, чиј член е Жарко Гроздановски, осомничен за убиство на охриѓанецот Климе Митрески поради користољубие, излегоа со јавна поддршка за него.Во кратко обраќање објавено на социјалните мрежи, член на организацијата порача дека тие „цврсто стојат зад братот Жаре“ и апелираше до јавноста да не носи заклучоци пред да се утврди вистината во постапката.„Ние како членови на Христијанско братство цврсто стоиме зад братот Жаре и ве молиме не го осудувајте човекот пред време, се додека не се докаже спротивното“, се наведува во објавата.

Македонија | пред 1 ден

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата е во напредна фаза на разговори со тур-оператори за значително зголемување на бројот на туристи на охридското крајбрежје, особено надвор од главната туристичка сезона.Според него, се работи на договор кој треба да донесе околу половина милион ноќевања во вонсезонскиот период, што би значело просечно околу 2.000 гости дневно.Анализите, како што посочи, покажуваат дека овие туристи трошат во просек по 170 евра дневно, вклучително и за сместување, што би генерирало приближно 85 милиони евра приходи надвор од сезоната.„Ова е сериозен економски импакт, но и можност за хотелиерите да го задржат персоналот во текот на целата година, наместо да се соочуваат со сезонски отпуштања“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека во наредниот период ќе се работи и на унапредување на сместувачките капацитети, со цел да се одговори на очекуваниот раст на побарувачката.Најавите доаѓаат паралелно со инвестициите во Аеродром Свети Апостол Павле Охрид, што треба дополнително да ја зајакне туристичката понуда и поврзаноста на регионот.

Настани | пред 1 ден

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

(Видео) Николоски: Следната година таргет – 4 милиони патници од двата аеродрома

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски најави сериозна надградба и реконструкција на Аеродром Свети Апостол Павле Охрид, оценувајќи дека станува збор за значаен чекор кон зголемување на туристичкиот и транспортниот капацитет на земјата.Тој посочи дека по претходната модернизација на пистата по доделувањето на концесијата на ТАВ Македонија, сега следува нова фаза на развој со проширување од околу 2.500 квадратни метри.„Ова ќе значи повеќе патници, подобра поврзаност и директен поттик за туризмот“, истакна Николоски, додавајќи дека паралелно се реализираат и други инфраструктурни и безбедносни проекти.Во таа насока, ги посочи активностите на М-НАВ во делот на воздушната безбедност, како и изградбата на патниот правец Охрид–Кичево, со што се подобрува пристапноста до аеродромот.Според него, целта е веќе следната година двата македонски аеродроми да достигнат над 4 милиони патници, што би претставувало значителен раст на воздушниот сообраќај.Николоски најави дека реконструкцијата треба да заврши во текот на летото, со очекување во јули да биде организирано и свечено отворање, по што охридскиот аеродром ќе функционира со „комплетно нова приказна“.

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

ТАВ Македонија инвестира 2,7 милиони евра во неколку клучни подобрувања на Аеродром Свети Апостол Павле Охрид, со цел зголемување на капацитетите и подобрување на условите за патниците и вработените.Како што соопшти генералниот директор Неџат Курт на ТАВ Македонија, проектот предвидува проширување на патничкиот капацитет, зголемување на просторот за безбедносна контрола на патници и багаж, како и проширување на административната зграда.Во рамки на инвестицијата ќе бидат изградени нови канцеларии за граничната полиција, паркинг за вработените и кафетерија, со што значително ќе се подобрат условите за работа и престој на аеродромот.„Оперативноста на аеродромот ќе продолжи додека се изведуваат градежните работи, а се очекува тие да завршат кон крајот на мај. Овој проект ќе му даде сосема нов лик на охридскиот аеродром и ќе овозможи подобро секојдневие за сите што се дел од воздушниот сообраќај“, изјави Курт.Дополнително, беше најавено дека Визер започнува со нова авиолинија од Охрид до Милано, што го означува почетокот на летната сезона. Со ова се надополнуваат постојните линии кон европските дестинации, меѓу кои и Братислава и Виена.Инвестицијата доаѓа во период кога се очекува зголемен број патници во текот на летната туристичка сезона, при што модернизацијата на инфраструктурата треба да одговори на растечките потреби на воздушниот сообраќај.

Настани | пред 1 ден

media-libraryun5kpsb8ue559Ki37yl

Се огласи синот на осомничениот убиец: Наместо разбирање, медиумски линч! Македонија знае кој е мојот татко

По убиството на Климе Митревски во Охрид, случај кој предизвика силни реакции во јавноста, се огласи Божидар Грозданоски, син на осомничениот Жарко Грозданоски, упатувајќи јавна поддршка за својот татко.Во објава на социјалните мрежи, тој реагира на, како што вели, односот кон неговото семејство во јавноста.„Во овие исклучително тешки моменти за моето семејство, чувствувам потреба јавно да изразам целосна поддршка за мојот татко, кој со години совесно, чесно и пожртвувано ја извршува својата лекарска професија. За жал, наместо разбирање и достоинство, сведоци сме на медиумски линч кој е најмалку потребен токму сега, кога поминуваме низ сериозна и чувствителна ситуација. Притоа, неправедно се занемаруваат стотиците луѓе на кои им помогнал, грижата што им ја пружил и животите кои ги спасил“, напиша Божидар Грозданоски.Тој во пораката истакнува дека, според него, јавноста има поинаква перцепција за неговиот татко.„Брвенчани, тетовчани, но и граѓаните низ цела Македонија многу добро знаат кој е Жарко – не само како доктор, туку и како човек“, наведува тој.

Македонија | пред 1 ден

vojo-dimoski-696x401-1

Адвокат за убиството во Охрид: „Никој не заслужува ваков крај, којзне уште колку Палчовци има“

Адвокатот Војо Димоски, кој во минатото бил правен застапник на убиениот Климе Митрески, остро реагираше по трагичниот настан во Охрид, посочувајќи на сериозни системски слабости и небезбедност во општеството.„Покојниот Климе Митрески, жртвата на убиството во Охрид, ми беше клиент уште од првите денови на мојата адвокатска пракса. Никој не заслужува да го заврши животот на таков начин“, напиша Димоски.Тој во својата реакција посочува дека состојбите во државата се загрижувачки, обвинувајќи за отсуство на систем и институционален капацитет.„Чудо едно е во каква средина се има претворено оваа наша Македонија, која наизменично им ја доверуваме на владеење на луѓе на кои не би им ја довериле ни главата на шишање“, наведува адвокатот.Димоски тврди дека поради нефункционалноста на системот, опасни лица не само што остануваат на слобода, туку и се организираат.„Поради отсуството на систем, не само што психопатите се на слобода, туку истите се организираат во полулегални милитантни секти. Којзнае уште колку Палчовци чучат во темни подруми“, пишува тој.Во реакцијата, тој упатува критика и кон институциите, посочувајќи дека постои недостиг на јасни приоритети во борбата против криминалот.„Листата на задачи кои Премиерот му ги издиктира на Државниот обвинител укажува на немањето компас за приоритетите на борбата со криминалот“, наведува Димоски.Сепак, тој завршува со порака дека одговорноста не е само кај поединците.„Ама пак ќе речам: не се тие криви“, напиша адвокатот Војо Димоски по убиството на Климе Митрески.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryv56l2e6i41vp0V18zQz

Снимки го откриле осомничениот за убиството во Охрид, жртвата ја убил со бокс и задушување

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истражна постапка против 53-годишен маж од тетовска Брвеница, осомничен дека од користољубие го убил охриѓанецот Климе Митрески, со кого имал договор за доживотна издршка.Според обвинителството, делото било извршено на 25 март во домот на жртвата во Охрид, откако осомничениот сакал да го спречи Митрески да го раскине договорот склучен кај нотар во февруари 2025 година, со кој по неговата смрт требало да стекне значителен имот.По вербална расправија, осомничениот го нападнал жртвата од зад грб.„По вербална расправија околу одлуката на оштетениот да го раскине договорот, осомничениот од зад грб физички го нападнал, го совладал на подот и го удрил со бокс неколку пати во главата. За цело време го држел оштетениот со едната рака преку устата и носот со што му го спречил дишењето и кај него предизвикал смрт“, соопштува обвинителството.Откако се уверил дека жртвата не дава знаци на живот, осомничениот го напуштил местото на настанот.Неговото присуство и движење се документирани преку видео надзор.„Присуството и дејствијата на осомничениот во критичниот период се евидентирани на снимки од видео надзор поставен во куќата на оштетениот, а во текот на претходната постапка обезбедени се и други снимки од видео надзор за неговото движење, како и други материјални докази“, информираат од обвинителството.Станува збор за особено тешко кривично дело – убиство од користољубие, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.Поради сериозноста на делото и ризикот од бегство, како и можноста осомничениот да влијае врз сведоци или да прикрие докази, јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка за определување мерка притвор.

Македонија | пред 2 дена

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ЈП „Охридски комуналец“ ги интензивира активностите за одржување на парковите и зеленилото во пролетниот период. Се врши тековно сезонско одржување на зелениот појас покрај магистралниот пат, на потегот Билјанини Извори – Свети Стефан.Во овој период се интензивира машинското косење на тревните површини во градскиот парк, на улицата „АСНОМ“ и на кружните сообраќајници на улицата „Јане Сандански“. Паралелно се одржуваат и другите хортикултурни уредени парковски содржини преку кроење, садење, наводнување и плевење.Со овие редовни активности, ЈП „Охридски комуналец“ го одржува уредениот и зелен изглед на јавните површини, обезбедувајќи пријатна средина за граѓаните и посетителите.

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

Со поддршка  на Општина Охрид денеска во Касарната „Михајло Апостолски“ беше свечено отворен Спомен паркот посветен на хероите од Шестата Македонска бригада и Генералот Михајло Апостолскии.На настанот присуствуваа Претседателите   на Здружението на ветерани од областа на одбраната и безбедноста на Р. Македонија и од охридскиот огранок проф. д-р Темелко Ристески и  Добре Велјаноски, Претседателот  на Генерал штабот на АРМ, претставници од  АРМ и МВР, од Воената академија, претставници од дипломатскиот кор и градоначалници од неколку македонски градови.Пред присутните се обрати Заменик градоначалникот на Охрид, Ана Крстеска.– Дозволете да го изразам моето огромно задоволство што денес сме домаќини на овој  настан после  кој важно катче  во Охрид   станува Спомен паркот посветен на хероите кои своите животи ги вградија во темелите на солободна и независна Македонија.  Спомен паркот ќе биде одраз на нашата почит кон историските горостаси кои беа дел од Шестата македонска бригада   и  генерал Михајло Апостолски.  На овој начин ние  постојано, а не само еднаш годишно   ќе се потсетуваме на  случувањата од далечната  1992 година кога се формира Генералштабот, Шестата  пешадиска бригада, касарната го доби името на  Генерал Михајло Апостолски, а пристигна и првиот регрут во Охридскиот Гарнизон од АРМ, велешанецот Панче Јамандиев. На ваков начин ја оддаваме нашата должн почит кон хероите кои ги испишаа најсветлите страни од нашата историја и станаа симбол за она што значи љубов и преданост кон својата татковина, верба дека она што сме го добиле од претходните генерации треба како светост и  светлина во очи да го чуваме и предаваме на идните генерации,  а тоа е слободна  суверена Македонија со свој јазик, култура и традиции.Денес сме слободни и чекориме напред под сино слободно небо, го градиме и разубавуваме Охрид, создаваме подобри услови за нас и нашите деца кои својата иднина треба да ја живеат и градат во  нашата држава. Горди на она што сме и кои сме цврсто чекориме во нашата убава татковина не заборавајќи на храброста на борците и безбедносните структури кои се бессмртен пример за патриотизам и светол потсетник за цената на слободата- подвлече Крстеска.Организатор на настанот беше Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Р. Македонија.

ОО | пред 2 дена

media-library9n20i3u77qh07k3S1s7

Човекот кој се закануваше кон Заев е осомничениот за убиството во Охрид, неофицијалниот мотив е побрзо стекнување со имот

Жарко Гроздановски од Брвеница е лицето уапсено под сомнение дека го убил пензионерот Климе Митрески во Охрид. Двајцата се познавале од претходно, а Митрески, според неофицијални информации од истрагата, склучил и договор за доживотна издршка со Гроздановски. Токму ова, според првичните информации од истрагата, е причината за Гроздановски да го убие Митрески. Од МВР, досега Гроздановски бил гонет за едно дело – закани преку социјални мрежи.Според договорот, Гроздановски требало да се грижи за охриѓанецот Митрески, кој бил на возраст од 76 години. По смртта, требало да го наследи неговиот имот. Според истрагата и досегашните докази, Гроздановски го убил Митрески со цел веднаш да го наследи имотот.Гроздановски во минатото, во јавноста беше познат како „лидер“ на организација наречена „Христијанско братство“. Тој беше апсен и во 2019 година кога преку „Фејсбук“ му се закануваше на тогашниот премиер Зоран Заев кому му порачуваше: „Немој да ми чепкаш ни еден од моите браќа по вера… Двапати те пуштив, ако не ми веруваш, прашај ги твоите луѓе во УБК. Првпат во Македонски Брод, вториот пат во Јасен и Козјак… Два пати имав прилика да ја запалам Македонија, но се повлеков затоа што дадов збор: На Македонец пушка не дигам… Жими еден крст и вера ќе ве снема и тебе и СДСМ и ДПМНЕ и сите лидери во Македонија… Јас сум Жарко Гроздановски. Момче, ти си предавник!“.„Скопје1“ побара информации од МВР за криминалното досие на Гроздановски, од каде велат дека освен кривичното дело за загрозување на сигурност со заканите, нема друго дело.„Според официјалните податоци и евиденциите на СВР Тетово, досега против лицето Ж.Г. е евидентирано само едно кривично дело „загрозување на сигурноста преку компјутерски систем“. Освен овој конкретен случај, за лицето не постојат записи за други претходни санкции или кривични постапки со правосилен исход“, велат од МВР за „Скопје1“.Гроздановски е семеен човек, татко на три деца. Тој е магистер на медицински науки, дипломиран дефектолог.Од друга страна, Митрески при гостување во „Јади Бурек“ во 2018 година, себеси се опишува како „Климе удбашот“ и „Климентов конак“. Посочува дека се занимавал со многу работи тука и во Австралија, а се претставува и како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.Засега нема дополнителни информации од охридското Обвинителство, кои најавија детали за подоцна.

Охрид | пред 2 дена

media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd

Убиство во Охрид: убиениот пронајден утрово, уапсен осомничен од Брвеница

Полицијата го приведе осомничениот за убиството на 76-годишен маж во Охрид, откако бил пронајден мртов во својот дом утрово.„Денеска (27.03.2026) во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, од слобода го лишија Ж.Г.(53) од истото село кој се сомничи за сторено кривично дело ‘убиство’ по член 123 од кривичниот законик“, соопшти МВР.Претходно, случајот бил пријавен утринава во Охрид.„Имено, денеска во 08:24 часот во СВР Охрид е пријавено дека во неговиот дом на улицата ‘Нада Филева’ во Охрид, без знаци на живот бил пронајден К.М.(76) од Охрид. На местото на настанот извршен е увид од надлежен јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатира смрт по што, по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција“, информираат од МВР.По преземените мерки и распишаната потерница, осомничениот бил лоциран и лишен од слобода во тетовско.„По целосно расчистување на случајот против Ж.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од полицијата.Истрагата за случајот е во тек.

Охрид | пред 3 дена

media-libraryv77jo2d1nloh5moX5YP

Градоначалникот Пецаков оствари средба со босанскиот амбасадор Јаќимовиќ

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со амбасадорот на Република Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.На средбата, градоначалникот Пецаков му додели Благодарница на амбасадорот Јаќимовиќ за неговиот посветен ангажман и значајниот придонес во продлабочувањето на соработката помеѓу Амбасадата на Босна и Херцеговина во Република Македонија и Општина Охрид.Градоначалникот Пецаков особено ја истакна улогата на амбасадорот во отворањето на Почесниот конзулат на Босна и Херцеговина во Охрид, како важен исчекор во унапредувањето на пријателските и билатералните односи помеѓу двете држави.На средбата градоначалникот и амбасадорот разговараа за заложбите за продлабочување на соработката во повеќе области, како и за промоција на потенцијалите на Охрид на туристичкиот пазар во Босна и Херцеговина.

ОО | пред 3 дена

information

Забрана за пиење вода од артериски чешми

Се известуваат граѓаните дека е забрането пиење вода од четири артерски чешми во градското подрачје. Според Агенцијата за храна и ветеринарство по извршениот инспекциски надзор, констатирана е микробиолошка контаминација, со зголемен вкупен број на колонии на 37 и 22 степени.Посочените артерски чешми се наоѓаат на следниве локации: На пресекот на Бул. „Туристичка“ и улицата „Даме Груев“, во близина на ОУ „Григор Прличев“, во населбата Воска и чешмата до градскиот пазар.

ОО | пред 6 дена

media-library97390g7p20nh33tzuU3

Започнува реконструкцијата на улица „Партизанска“ кај Охридати

Денеска започнаа градежните активности за реконструкција на линиски инфраструктурен објект  на дел од улица „Партизанска“ во населба Охридати.Надлежните општински служби упатуваат апел до  жителите од овој дел на градот да бидат повнимателни при сообраќање или движење во оваа патна и пешачка зона. Автомобилите уредно да се паркираат само на приватен простор  надвор од јавната површина што треба  да се реконструира.Изведувач на активностите е  ИНТ „Глобл Инженеринг“ од Битола.

ОО | пред 6 дена

media-library71v7eienrlvqd6eXeGu

Охрид SOS бара заштитни зони околу Билјанини извори: Ризикот по питката вода не е хипотетички - туку реален и растечки

Денес невладината организација Охрид SOS поднесе иницијатива до Министерството за животна средина и до Министерството за здравство за воспоставување санитарно-заштитни зони околу Билјанини извори – Беј бунар. Според организацијата, ова не е само апстрактно правно прашање, туку реална опасност за водата и здравјето на граѓаните.„Пред само неколку недели, во Струга, видовме што значи кога тие зони не постојат и зошто тие мора да постојат.Билјанини извори не се само симбол на Охрид. Тие се воден ресурс во чувствителен регион, жариште на биолошка разновидност, во простор кој граничи со заштитени подрачја како Студенчишко Блато и Охридско Езеро, а кој наместо да се штити, масовно и насилнички се урбанизира. Без јасно утврдени заштитни зони, ризикот по питката вода за Охрид не е хипотетички - туку реален и растечки.Законот е јасен: ваквите зони мора да постојат. Прашањето е зошто сè уште, со децении не се воспоставени. Со оваа иницијатива бараме итен ангажман на интитуциите, а не откако ќе има последици по здравјето на луѓето и животната средина. Заштитата на водата не смее да биде реакција - таа е должност“, се вели во објавата.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynjens3bq7oh69MZmiPW

Честитка на градоначалникот Пецаков за Рамазан Бајрам

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до  Муфтијата Самет Ајдари, до членовите  на Исламската верска заедница во градов   и до  сите граѓани    од исламска вероисповед.– Ова се денови од неизмерно големо значење за Вашата заедница и духовна посветеност. Честитајќи Ви го празникот, Ви посакувам и сите други месеци од годината да ви бидат исполнети со вредностите и благодетите на најблагородниот и најсреќниот месец за Вас, месецот Рамазан. Вербата во Бога да нè води кон вистинскиот пат и постојано меѓу луѓето да владее слога и почитување без разлика на  верската или каква било друга определба.Рамазан Бајрам е празник кој нè потсетува на важноста на солидарноста, толеранцијата и заедништвото. Чествувајќи го празникот ја потврдуваме  столетната традиција на пријателство, единство и хармонија во нашава татковина.Посакувам празничните денови да ги поминете во мир и хармонија исполнети со среќа и радост,  споделувајќи љубов со ближните. Во духот на Рамазан да даруваме, помагаме и шириме добра волја. Без разлика на верската, етничката и политичката припадност да имаме разбирање и почит кон сите наши сограѓани. Заедно, сплотени и солидарни да работиме на напредокот и благосостојбата на Охрид и Македонија – стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhd1q4485pracaOA39pm

Охрид во чест на Григор Копров: музичка вечер со емоции, хитови и хуманитарна мисија

На концертот со наслов „Охрид знае љубов што е“, охридската публика уживаше во дел од богатиот музички опус на еден од најзначајните македонски автори – Григор Копров. Со оваа концертна вечер, Охрид уште еднаш ја потврди својата посветеност кон негувањето на вредностите на македонската музика и оддавањето почит на уметниците чие творештво оставило неизбришлива трага.Григор Копров е автор на повеќе од 500 композиции, а присутните имаа можност да се потсетат на незаборавните хитови што ги изведуваа најголемите музички имиња од македонската сцена. Меѓу нив беа песните на Тоше Проески: „Усни на усни“, „Во коси да ти спијам“, „Излажи ме“, како и дуетот со Каролина „Немир“, потоа хитовите на Маја Оџаклиевска „Сребрени улици“ и „Лидуду“, Калиопи – „Остани во мене“, Владо Јаневски – „Не зори зоро“, „Црно тиквешко“ и „Чаирска романтика“.На сцената настапија: проф. Љупчо Аслимоски, Андреј Нически, Јане Тодороски, Мартин Мацкоски, како и вокалните солисти Исабела Димовска, Анастасија Таневска, Фросина и Деспина Белистојаноски и Димитар Веслиевски, кои со своите интерпретации донесоа силни емоции и вистинска музичка магија.За неговите извонредни музички достигнувања и значајниот придонес во македонската музичка култура, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски, му врачи плакета на Григор Копров.Настанот имаше и хуманитарен карактер. Во Центарот за култура беа поставени кутии за донации, а собраните средства беа наменети за лекување на малата Ева, која се бори со тешка болест.„Охрид знае љубов што е“ не е само концертен наслов, туку и идеја што ќе продолжи да живее и понатаму – како музичка платформа посветена на големите музички имиња од Охрид, кои со своето творештво оставиле траен белег врз охридската и македонската музичка сцена. Преку вакви вечери, Охрид со љубов и почит ќе се сеќава, ќе слави и ќе им оддава заслужено признание на своите уметници, чие дело останува како културно наследство за идните генерации.Проектот е целосно финансиран од Општина Охрид!

ОО | пред 1 седмица

ohrid-carsija-policija

Брутален напад во Охрид: 52-годишник претепан и ограбен

Полицијата приведе две лица осомничени за физички напад и грабеж врз 52-годишен охриѓанец, информира Министерството за внатрешни работи.Станува збор за Ј.М. (31) од Скопје и С.К. (30) од Охрид, кои биле лишени од слобода во 02:35 часот во населбата Плитишта во Струга.Според информациите од МВР, нападот се случил околу 00:20 часот на улицата „Момчило Јордановски“ во Охрид, по претходна расправија. Осомничените физички го нападнале А.К.С. (52) од Охрид.Жената В.М. (41) успеала да го заштити нападнатиот и да го внесе во својот стан, но напаѓачите повторно влегле и продолжиле со нападот, при што употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди.Повредите биле констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.Напаѓачите избегале откако била повикана полиција, а жртвата подоцна забележала дека му недостасуваат пари и личен накит од паричникот.Двете лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Охрид | пред 1 седмица

media-library7irtds89db2s1YxxcGg

Парковите и зеленилото во Охрид подготвени за пролетта

ЈП „Охридски комуналец“ продолжува со редовни и вонредни активности за одржување на парковите и зеленилото пред официјалниот почеток на пролетта. Во тек е подготовка за засадување на летната цветна реколта во расадникот, а поволните временски услови се искористени за кроење на дрворедот по улицата „7-ми Ноември“ и косење на зелениот појас.На „Булевар Туристичка“ е извршено тековно одржување на украсните форми во бетонските жардињери и косење на тревниот дел. Во зелениот дел кај Холандскиот Парк се спроведува адаптивно одржување и се нанесува плодна земја за унапредување на квалитетот на зеленилото.Со овие активности, ЈП „Охридски комуналец“ ги подготвува јавните површини за пролетната сезона, обезбедувајќи уреден и зелен град за граѓаните и посетителите.

ОО | пред 1 седмица

media-libraryjm294rdt110cd6HmbvC

Од денеска директни летови од Охрид до Братислава, од 29 март и до Милано

Од денеска граѓаните можат директно да летаат од Аеродром Св. Апостол Павле до Братислава, а веќе од 29 март ќе биде во функција и линија до Милано.Овие нови авиолинии значат зголемено присуство на туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата, соопшти на својот Фејсбук профил Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт.„Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации. Остануваме силно посветени на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри“, истакна Николоски.Новите линии се дел од стратегијата за континуирано развивање на авиосообраќајот, кој се смета за клучен фактор за економскиот развој и зголемување на туристичката понуда во земјата.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryk2rhrdf4kass4CNcJgW

Охрид добива нови авиолинии: директни летови до Братислава и Милано

Од денеска граѓаните ќе можат директно да летаат од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ до Братислава, а од 29 март ќе биде воспоставена и нова линија до Милано. Ова го соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски преку објава на социјалните мрежи.Тој нагласи дека развојот на авиосообраќајот е еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт, при што преку конкретни политики и мерки се работи на унапредување на цивилниот авиосообраќај и проширување на мрежата на дестинации.„Остануваме силно посветени на унапредување на авиосообраќајот, со цел развој и подобро поврзување на Македонија со големите европски центри“, посочи вицепремиерот.

Охрид | пред 1 седмица

media-library400cjis78ie01ZtxVoP

Се одржа осмата седница на Советот на Општина Охрид

Денес градските советници ја одржаа осмата седница од нивното конституирање. На дневен ред беа 65 точки, кои беа надополнети со уште една, за субвенционирање на јавните претпријатија.На дневниот ред преовладуваа годишни извештаи за финансиското работење на образовните институции и јавните претпријатија и годишните програми од сите сектори на јавната администрација.Во продолжение се сите точки кои денес беа усвоени на седницата:Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Христо Узунов“ – Охрид;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Григор Прличев“ – Охрид;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Братство – единство“ – Охрид;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Кoчо Рацин“ – Охрид;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Живко Чинго“ с.Велгошти;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Св.Наум Охридски“ с. Пештани;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООМУ„Методи Патче“ – Охрид;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ОСУ„Св. Климент Охридски“ – Охрид;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ – Охрид;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид;Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Годишниот извештај за работа на ОЈУ Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2024/2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Годишниот финансиски извештај и завршна сметка на ЈОУДГ за деца „Јасна Ристеска“ – Охрид за периодот 01.01.-31.12.2025 година;Предлог-одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид;Предлог-одлука за усвојување на Годишната сметка за работата на ЈП„Билјанини извори“ Охрид за 2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Годишната сметка и Годишниот извештај за работењето на ЈП„Водовод“ – Охрид за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето и завршната сметка на ЈП „Градски Пазар“ Охрид за периодот од 01.01 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид за периодот од 01.01 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на годишната сметка и Извештајот за работењето на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид за 2025 година за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за распределба на добивката остварена во работењето на ЈП Водовод Охрид за период 01.01. – 31.12.2025 година;Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменет Годишен план за вработување за 2026 година на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.07. до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на годишниот извештај за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од  01.01.2025 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за финансиските потреби на ТППЕ Охрид за 2025 година;Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025-2027 година за периодот од 01.01. до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Oдделението за даноци за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за комунални такси за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за заштита на  животната средина и природата за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за спорт и рекреација за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за млади и невладини организации за 2025 година за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната Програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2025 година (Н1) за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Развојната Програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2025-2027 година (НА) за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната Програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2025 година (Н2) за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Развојната Програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2025-2027 година (НБ) за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната Програма на општина Охрид за детска заштита за 2025 година (В1) за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Развојната Програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2025-2027 година (ВА) за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за здравствена и социјална заштита за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за безбедност и здравје при работа на општина Охрид за 2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасувањето, управување со кризи и ревитализација по елиминирање на кризи за 2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работа на општинскиот совет за превенција на детско престапништво на општина Охрид за 2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за еднакви можности помеѓу мажите и жените за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на Годишниот Извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2025 година;Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата други комунални услуги за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за енергетска ефикасност за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата урбана опрема – изградба и одржување за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за одржување  јавна чистота за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште во 2025 година за период од 01.01. до 31.12.2025 година;Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈМ капитални расходи за паркови и зеленило  за 2025 година – Подпрограма ЈМА – реализација на проект „Проект за употреба и одржување на урбан простор и парк на дел од Кеј Македонија“;Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈE изградба на простор за паркирање за 2025 година – Подпрограма ЈЕА – реализација на основен проект „Изградба на катна гаража во општина Охрид“;Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈИ изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води за 2025 година – Подпрограма ЈИА – реализација на проектот „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за фекална и атмосферска канализациона мрежа за дел од улици Малесија, Александар Гушо, Трајче Дојчиноски, Први мај, Вангел Николоски, Дебарца и Момчило Јорданоски“;Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈГ изградба на системи за водоснабдување за 2025 година – Подпрограма ЈГЦ – реализација на „Основен проект за мониторинг и управување СКАДА (SCADA) систем за водоснабдителен систем на град Охрид и изработка на ГИС систем со интеграција на двата системи“;Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈГ изградба на системи за водоснабдување за 2025 година;Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година (прв повик);Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година (втор повик);Предлог-одлука за усвојување на годишниот извештај и завршната сметка на буџетот на единицата на локална самоуправа Општина Охрид за 2025 година;Предлог-одлука за отстапување на времено користење недвижен имот – зграда на старото училиште во село Долно Лакочереј на Здружение за заштита на природното и националното богатство „Енхелеус – Лихнид“;

ОО | пред 2 седмици

media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd

Малолетник претепан од врсници во Охрид

На 14 март 2026 година во 10:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Охрид повеќе малолетни лица физички нападнале друг малолетник.Повредениот бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Општата болница во Охрид.Во врска со настанот, во СВР Охрид биле повикани неколку малолетници од градот, со кои во присуство на нивните родители биле извршени службени разговори. По целосно расветлување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Охрид | пред 2 седмици

galicica-pozar-3

Поради зачестени пожари, полицијата во Охрид ја засилува превенцијата

Поради зачестени пријави за пожари на отворен простор, СВР Охрид најави интензивирање на превентивните активности и контактите со граѓаните и институциите, со цел подигнување на јавната свест за заштита на шумите и спречување пожари.На 14 март 2026 година полициски службеници оствариле средби со претставници на месната заедница во селото Издеглавје, како и со жители на општината Дебрца. Преку кратки разговори тие биле информирани за општите и посебните превентивни мерки за заштита од пожари, за правилата при движење низ шумски појаси, како и за казнените одредби поврзани со предизвикување пожари.Полицијата особено ја нагласила потребата од итно пријавување на евентуални пожари, со цел надлежните служби навремено да реагираат и да ги локализираат и изгаснат.

Охрид | пред 2 седмици

media-library8ctk9p8hmipe9R2sAKM

ЈП „Охридски комуналец“: Континуирани мерки за стабилизација на депонијата Буково

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ информира дека надлежните служби континуирано преземаат конкретни активности за справување со состојбата на депонијата Буково, по реакциите од прес-конференција на политичка партија.„Станува збор за специфична состојба карактеристична за ваков тип депонии, бидејќи при распаѓањето на отпадот се ослободува метан, лесно запаллив гас кој може да предизвика тлеење или пожар. Затоа се потребни постојани активности за контрола и стабилизација на депонијата“, истакнуваат од претпријатието.Во изминатите денови на депонијата се однесени и распоредени околу 1000 м³ земја за покривање на опожарените делови и намалување на ризикот од повторно разгорување и ширење на чад. Дополнително, е изработен заштитен појас околу критичните делови за поголема контрола на состојбата. Во текот на 2025 година, рекордна количина од над 7000 м³ земја е распоредена за стабилизирање на отпадот, што значително ја намалило опасноста од пожари и непријатни миризби.„Депонијата Буково претставува децениски проблем кој долго не бил системски решаван, вклучително и во периодите кога истата политичка партија била на власт“, додаваат од ЈП „Охридски комуналец“.Претпријатието паралелно ја унапредува примарната селекција на отпадот од домаќинствата и хотелските капацитети за намалување на количините отпад што завршуваат на депонијата. Дополнително, во тек е проектот за регионална депонија во Новаци, кој ќе овозможи постепено затворање на Буково и долгорочно решение за управување со отпадот во регионот.„Апелираме ова прашање да не се користи за дневно-политички цели, туку сите чинители да придонесат со конструктивни предлози за трајно решавање на долгогодишниот проблем, во интерес на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните“, велат од претпријатието.

ОО | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања