Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОХРИД

media-libraryejbjkbqsdssb7iWOZzl

Кривична за фирмата и газдата на чиј објект загина младиот Кристијан Љушев во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“.Пријавениот С.М. во својство на сопственик и управител во правниот субјект, свесно не се придржувал кон одредбите од Законот за засновање на работен однос и во правното лице, уредно не го пријавил и не извршил работничко осигурување на сега починатиот работник К.Љ. од Охрид, со што му ги одзел и ограничил правата што му припаѓале.С.М. дозволил пристап на сега веќе починатиот работник, на работно место кое е изложено на сериозни и специфични опасности, без притоа да добие посебни упатства за работа, односно дозволил да извршува работни задачи како помошник монтер, без притоа да изврши основна обука од областа на безбедност и здравје при работа и без соодветен здравствен преглед во здравствена ординација по медицина на трудот.

Охрид | пред 1 месец

IMG_3421

Охридскиот Регион на дневен ред: Владина делегација на средби во Париз со УНЕСКО

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски; министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, денес и утре престојува во дводневна работна посета на Париз. Во рамки на посетата, делегацијата ќе оствари средби со Калед Ел-Енани, генерален директор на УНЕСКО, како и со други високи претставници на УНЕСКО. На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност. Делегацијата ќе се осврне и на мерките што Владата ги презема, како и на фактот дека преку надлежните институции се вложуваат максимални напори за спроведување на препораките од реактивните мисии (2020 и 2024) и Стратегискиот план за рехабилитација. Во рамки на посетата, денеска е планирана средба со Ернесто Отоне, помошник генерален директор на УНЕСКО задолжен за култура, потоа со Конгкер Мохамад Талха, претседател на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, а утре делегацијата ќе се сретне со Насер бин Хамад Ал Хинзаб, претседател на Извршниот одбор на УНЕСКО.

Македонија | пред 1 месец

media-library4j5144e8pfbi1FZzxCK

„Охридски комуналец“ ќе постави информативни табли на критичните локации за диви депонии

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ најавува поставување нови информативни табли на најкритичните локации низ Охрид, како дел од активностите за справување со дивите депонии и опасностите што тие ги претставуваат за здравјето на граѓаните и животната средина.Од претпријатието посочуваат дека значителни финансиски ресурси постојано се трошат за повторно подигање на нелегално одложен отпад, средства кои, доколку се користат рационално, можат да бидат насочени кон унапредување на услугите што им се нудат на граѓаните.„Охридски комуналец“ апелира до жителите да не создаваат диви депонии и доколку имаат потреба од одлагање отпад, навремено да го контактираат претпријатието на телефонскиот број 075 495 428, со цел отпадот да биде згрижен на соодветен и безбеден начин.

ОО | пред 1 месец

media-librarya5imi48rrj565A5XF2o

Тешко повредена жената во чија куќа утрово имаше експлозија

На 06.02.2026 година во 10.58 часот, во СВР Охрид е пријавено дека избувнал пожар во куќа во охридското село Велгошти при што, Е.Т.Ѓ.(44) од истото село се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид.Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот.

Македонија | пред 1 месец

media-librarykgppqkshil4a2TZjJxO

(Фото) Разорна експлозија во куќа во Охрид, поредена жена

Во текот на денешниот ден ТППЕ Охрид , интервенираше на санирање на последиците од разорна експлозија во куќа во Охрид,с.Велгошти.„Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови ( плин ) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност.Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е и 1 жена која е преземена од екипите на брза помош“, стои во објавата.

Македонија | пред 1 месец

media-librarys5a0ffnd3s2cdciThut

„Охридски комуналец“ со засилени активности за јавна чистота и уредување по повод чествувањето на Григор Прличев

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ информира дека оперативните служби задолжени за одржување на јавната чистота и зеленилото континуирано реализираат активности со цел обезбедување висок степен на хигиена и уреденост на јавните површини во градот и околината.Согласно програмата за чествување на ликот и делото на ловороносецот Григор Прличев, посебно внимание е посветено на локациите на кои ќе се одржуваат бројни настани и активности, при што јавната хигиена се одржува на највисоко ниво.Во рамки на тековните активности е спроведено одржување на јавната чистота на јавните површини во селата Горно Лакочереј и Долно Лакочереј, како и генерално чистење на улицата „15-ти Корпус“. Во населбата Видобишта, кај детското игралиште, извршена е замена на постоечките со нови садови за депонирање ситен отпад.Дополнително, реализирани се и активности за машинско миење на улицата „Димитар Влахов“, поради интензивни градежни зафати на оваа сообраќајница.Од ЈП „Охридски комуналец“ порачуваат дека активностите за одржување на чист и уреден јавен простор продолжуваат и во наредниот период, со цел создавање подобра и поздрава животна средина за сите граѓани.

ОО | пред 1 месец

media-library1kgufrfnv8q2bqlyk7p

ЈП „Охридски комуналец“ расчисти осум диви депонии и подигна 24 кубни метри кабаст отпад и градежен шут

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ информира дека дежурните служби мапирале осум диво создадени мини-депонии, формирани од несовесни граѓани, кои претставувале закана за животната средина и здравјето на околното население.Дивите депонии биле евидентирани на локалитетите Бејбунар и Мегдани, во населбите Даљан и Гоце Делчев – Бараки, на улицата „Галичица“, како и во близина на станбениот комплекс кај Општата болница.Од претпријатието соопштуваат дека во текот на вчерашниот ден биле целосно расчистени сите наведени локации, при што биле подигнати вкупно 24 кубни метри кабаст отпад и градежен шут.Од ЈП „Охридски комуналец“ апелираат до граѓаните да не создаваат диви депонии и отпадот да го одложуваат на соодветни места, нагласувајќи дека заштитата на животната средина е заедничка одговорност.

ОО | пред 1 месец

aerodrom

Аеродромот во Охрид доби Ниво 2 акредитација за управување со јаглеродни емисии

Аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид, управуван од „ТАВ Македонија“, подружница на „ТАВ аеродроми“ и членка на Групацијата ADP, постигна Ниво 2-акредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми, информираат од „ТАВ Македонија“.Охридскиот аеродром ја добил оваа акредитација за управување со емисии на јаглерод на Ниво 2 од Меѓународниот совет на аеродромите (Airports Council International-ACI) во рамките на нивната глобална програма за акредитации на аеродроми за управување со јаглеродни емисии (Airport Carbon Accreditation-ACA) како резултат на активностите преземени во процесот за намалување на емисиите на јаглерод во работењето на аеродромот.- Достигнувањето на акредитацијата Ниво 2 за управување со јаглеродни емисии на аеродромот претставува официјално признание дека аеродромот „Св. апостол Павле“ - Охрид систематски ги мери, анализира и активно работи на намалување на своите емисии на јаглерод. Оваа акредитација ја потврдува нашата посветеност како „ТАВ Македонија“ на меѓународните стандарди за одржливост и испраќа јасна порака дека заштитата на животната средина е стратешки приоритет во работењето на аеродромите што ги управуваме. Преку вакви конкретни чекори ние продолжуваме да придонесуваме за поодговорен развој на воздухопловството и за долгорочни придобивки за заедницата и идните генерации - вели Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.Акредитацијата Ниво 2 за охридскиот аеродром директно, според „ТАВ Македонија“, покажува дека аеродромот не само што го разбира своето јаглеродно влијание туку и имплементирал ефикасни стратегии за активно намалување.- Ова значи дека аеродромот во Охрид воспоставил јасни и мерливи цели за намалување на емисиите и од Опсег 1 и од Опсег 2, кои вклучуваат емисии од потрошувачката на енергија на самиот аеродром, греењето, ладењето и возилата во сопственост на аеродромот. Клучните иницијативи што придонесуваат за постигнување на ова ниво се - транзиција на возниот парк, зголемување на уделот на опрема за копнена поддршка на батериски или хибриден погон, оптимизација на потрошувачката на енергија, користење обновливи извори на енергија и инвестирање во инфраструктура за полнење на електрични возила (EV), унапредување на управувањето со отпад, програми за ефикасно користење на водата, обуки на персоналот и иницијативи за подигање на свеста со цел вградување на одржливоста во секојдневното работење, како и формирање комитет за одржливост за надзор и управување со еколошките ризици и обезбедување дека намалувањето на јаглеродните емисии останува стратешки приоритет - се вели во соопштението од „ТАВ Македонија“.Акредитацијата за управување со емисии на јаглерод на аеродроми е единствената институционално одобрена, глобална програма за сертификација за управување со емисии на јаглерод за аеродромите, која им помага да управуваат и да ги намалат своите емисии на јаглерод во согласност со меѓународните стандарди. Независно ги проценува и признава напорите на аеродромите за управување и намалување на нивните емисии на јаглерод преку 7 нивоа на сертификација: Ниво 1, Ниво 2, Ниво 3, Ниво 3+, Ниво 4, Ниво 4+ и Ниво 5.Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International - ACI) е глобална трговска организација, која ги претставува аеродромите во светот и работи на подобрување на безбедноста, ефикасноста и одржливоста во воздухопловството.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrq56g9drjlgkaJO6cYX

ЈП „Охридски комуналец“ апелира за селекција на метален отпад поради заштита на животната средина

Металниот отпад не го губи својот квалитет и може да се рециклира бескрајно, поради што неговото правилно селектирање има значајна улога во намалувањето на загадувањето и заштитата на животната средина, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.Од претпријатието посочуваат дека користењето рециклирано железо придонесува за намалување на аерозагадувањето за дури 86 проценти, загадувањето на водата за 76 проценти, како и за намалување на употребата на вода за 40 проценти на глобално ниво. Селекцијата на металниот отпад, како што нагласуваат, значително го намалува и испуштањето на штетни материи во природата.Воедно, од „Охридски комуналец“ предупредуваат дека неселектираните лименки, конзерви и други метални елементи кои завршуваат на депонијата Буково често претставуваат зголемен ризик од пожари, најчесто предизвикани од човечки фактор при нелегално собирање метален отпад.Граѓаните на Охрид металниот отпад можат да го одложуваат во жолтите канти каде што е започната селекцијата, како и во жолтите контејнери поставени од „Пакомак“. Како и кај другите рециклирачки материјали, особено е важно металните конзерви и лименки да бидат чисти пред одложување.Од јавното претпријатие порачуваат дека отпадот е прашање кое ги засега сите и упатуваат апел за одговорно однесување и правилна селекција, со цел почист и побезбеден Охрид.

ОО | пред 1 месец

media-libraryo7pvb4cucrdm31gTGn3

Охридски комуналец ќе подига селектиран отпад од повеќе охридски улици

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ ги информира корисниците на услугите дека во петок, на 6 февруари 2026 година, согласно Календарот за подигнување селектиран отпад за 2026 година, ќе се врши подигнување на отпад од пластика и хартија од кантите за селекција.Акцијата ќе биде реализирана на улиците „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Крали Марко“ и „8-ми Март“, при што ќе се собира пластика од жолтите садови, како и хартија и картон од сините садови.Од ЈП „Охридски комуналец“ апелираат до граѓаните од наведените улици да го почитуваат утврдениот календар за селекција и подигнување отпад, нагласувајќи дека правилното одвојување на отпадот е клучно за заштита на животната средина и за одржлива иднина.Селектирањето на отпадот, како што потенцираат од претпријатието, е одговорност на секој поединец и значаен чекор кон почист и поздрав Охрид.

ОО | пред 1 месец

media-libraryooa6qk51d0j693IBSQ6

(Видео) Одземањето на возила на тие кои немаат возачки донесе блокирање на патот Битола-Охрид со запален отпад

Со палење пластика и ѓубре, група граѓани од ромската заедница организираа протест и го блокираа регионалниот пат Битола–Охрид, поради што сообраќајот беше привремено прекинат. Протестот беше проследен со извици „нема правда, нема мир“ и „бараме правда“, а чад од запалениот отпад се забележуваше и од поголема оддалеченост.Според неофицијални информации, причината за протестот е одземањето на возилата на лица кои управувале без положен возачки испит, мерка што стапи во сила со последните измени на Законот за прекршоци. Дел од присутните јавно негодуваа поради, како што велат, високата вредност на одземените автомобили, а на една од снимките од настанот се слуша извикување „5.000 евра кола ми земавте“.Присутните се жалеа на дискриминација, објаснувајќи дека тие немаат завршено училиште за да полагаат за возачка.На местото на протестот биле присутни и полициски службеници, кои ја следеле состојбата. Засега нема официјална информација за приведени лица или за времетраењето на блокадата, ниту пак за евентуални понатамошни мерки.

Настани | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-50-7110PM

Пијан возач удрил во друго возило на кејот во Охрид, полицијата го уапсила со 2,48 промили алкохол

Полициски службеници од СВР Охрид на 31 јануари 2026 година, во 02:55 часот, го лишиле од слобода Л.С. (52) од Охрид, поради сомнение дека сторил кривично дело „безобѕирно управување моторно возило“ по член 297 од Кривичниот законик.Според информациите од полицијата, на пресекот на кејот „Македонија“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, Л.С., управувајќи патничко возило „нисан“ со охридски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „голф“, исто така со охридски регистарски таблици, кое го управувала Г.А. (22) од Охрид.По извршеното алкотестирање, полициските службеници кај Л.С. констатирале 2,48 промили алкохол во крвта, по што веднаш му биле одземени возачките документи и бил исклучен од сообраќај.По целосно документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 1 месец

media-libraryp24ke1v5ijk0aUMB2oQ

Охридски Комуналец со интензивни активности за уредување и одржување на јавното зеленило

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ во текот на изминатата недела реализираше низа активности насочени кон уредување и одржување на јавното зеленило во градот, во рамки на редовната програма на секторот „Паркови и зеленило“.Како што информираат од претпријатието, беше спроведено интензивно кроење на дрвја, сечење на оштетени делови, како и целосно отстранување на одредени дрвја каде што тоа беше неопходно. Овие активности се изведени врз основа на претходно добиени решенија за сечење и кроење од Општина Охрид.Покрај тоа, екипите на „Охридски Комуналец“ работеа на детално расчистување на просторот околу дрвјата од дрворедите на улиците „Македонски Просветители“, „Димитар Влахов“ и Булевар „Туристичка“, со цел подобрување на изгледот и функционалноста на јавните површини.Во рамки на сезонските активности, беше извршено и зимско шишање на одредени растенија и украсни форми, со што се создаваат услови за нивен здрав раст и уреден изглед во претстојниот период. Од претпријатието најавуваат дека ваквите активности ќе продолжат и во наредните недели, согласно програмата за одржување на јавното зеленило.

ОО | пред 2 месеци

media-library1jsujr6vk9o66QBUsTx

ЈП „Охридски Комуналец“ расчисти диви депонии од потегот Лагадин – Пештани

Дежурните екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ повторно расчистија депонии на потегот од Лагадин до село Пештани, каде често се одлага кабаст и градежен отпад од страна на околното население.Овие локации се добро познати и редовно се злоупотребуваат, поради што претпријатието апелира до граѓаните: доколку имаат кабаст или зелен отпад, да се јават на дежурниот телефон 075-397-945 за правилно одложување.ЈП „Охридски Комуналец“ истакнува дека правилното одлагање на отпадот е одговорност на сите и е клучно за зачувување на животната средина и убавината на охридското крајбрежје.

ОО | пред 2 месеци

media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd

Кривична пријава за обид за убиство во Охрид: со пиштол пукал во автомобил и тешко повредил возач

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т. (40) од охридското село Лескоец, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“, казниво по член 123 од Кривичниот законик.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 30 декември 2025 година, околу 01:00 часот, на локален пат во близина на струшкото село Ливада. Осомничениот со огнено оружје – пиштол, пукал кон паркирано патничко возило „Голф“, при што на возачот Џ.Д.П. (40) од Охрид му нанел тешки телесни повреди.Повредениот бил пренесен и згрижен во Општата болница во Струга, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди. По пукањето, осомничениот со сериозни закани кон сопатничката во возилото ја принудил да влезе во неговиот автомобил.По преземените истражни дејствија и прибирањето на доказите, СВР Охрид поднело кривична пријава до надлежното обвинителство, а против осомничениот ќе се води понатамошна постапка.

Охрид | пред 2 месеци

media-librarygpqv5pdgp77j4qpKFwC

Дежурните екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ мобилизирани за дејствување во зимски услови

По синоќешните снежни врнежи, дежурните екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ се целосно мобилизирани, со целокупната расположлива механизација и човечки ресурси, за расчистување на снежната покривка.Интервенциите се изведуваат според приоритет: повисоки населени места, главни сообраќајници, пешачки зони и пристапни патеки до објекти од витално значење. Состојбата ќе се следи будно во текот на денот, а екипите ќе интервенираат каде што наметнуваат потребите.ЈП „Охридски Комуналец“ апелира до граѓаните да ја почитуваат обележаната инфраструктура и препораките за безбедно движење во зимски услови.

ОО | пред 2 месеци

media-library3b6b4kd9rgua7ZKQ65A

(Фото) Од синоќа се расчистува снегот во Охрид

По синоќешните снежни врнежи, дежурните екипи на ЈП Охридски Комуналец се целосно мобилизирани и од раните утрински часови дејствуваат на терен со целокупната расположлива механизација и човечки ресурси.Од јавното претпријатие информираат дека расчистувањето на снежната покривка се одвива согласно утврдените приоритети, при што најнапред се интервенира во повисоките населени места, на главните сообраќајници, пешачките зони, како и на пристапните патеки до објекти од витално значење.Состојбата на теренот, како што наведуваат од „Охридски Комуналец“, будно се следи во текот на целиот ден, а екипите ќе продолжат да интервенираат секаде каде што ќе се појави потреба, со цел да се обезбеди безбедно и непречено функционирање на градот во зимски услови.

Охрид | пред 2 месеци

bazen-1

Четири лица се затруле во хотелски базен во Охрид

Продорен мирис на хлор и зголемено испарување од базенот почувствувале четири лица кои вчера се затруле во базен на хотел во Охрид.Како што информираат од СВР Охрид, случајот бил пријавен вчера попладне, околу 17:31 часот. Поради силната миризба и густата пареа, гостите почнале интензивно да кашлаат, по што биле пренесени во Општата болница во Охрид. Од таму е потврдено дека тие се во стабилна состојба и се надвор од животна опасност.Од преземените мерки било утврдено дека дошло до технички проблем во системот за циркулација на водата во базенот, по што овластена фирма извршила замена на неисправниот дел од системот.„Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следува соодветна пријава“, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysn5vj0tmjf10aUZDOlx

ЈП „Охридски Комуналец“ активно во подготовките за Богојавление-Водици 2026

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ е активно вклучено во подготовките за одбележување на најмасовната културно-верска манифестација Богојавление-Водици 2026.Дежурните екипи со максимален ангажман го одржуваат јавниот простор на локациите каде ќе се одвиваат празнувањата. Градското пристаниште, од каде ќе биде положен Светиот крст, е украсено, а улиците во централното градско подрачје се обоени со верски знамиња. Јавните површини се одржуваат со машинска и рачна обработка со највисок степен на чистота.Согласно богатата програма организирана од Организацискиот одбор, екипите на претпријатието ќе бидат во мобилна состојба за обезбедување квалитетна и навремена услуга на сите локации.

ОО | пред 2 месеци

media-libraryjdpklgg6o3kn2wUuggu

Охрид започна со селекција на текстилен отпад

Градот Охрид започна со селекција на текстилен отпад, апелирајќи до граѓаните да не фрлаат стара облека или друг вид текстил во обичниот отпад. Наместо тоа, текстилот треба да се одложи во контејнерот на „Тексомак“, кој се наоѓа на задниот влез од Охрид мол.ЈП „Охридски Комуналец“ потсетува дека отпадот е прашање кое нѐ засега сите и ги охрабрува граѓаните да селектираат правилно, со цел зачувување на животната средина и повторна употреба на материјалите.

ОО | пред 2 месеци

media-libraryano34m249etg6EultSm

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ангажирани на одржување јавна чистота по снежните врнежи

Од раните утрински часови, сите расположиви екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ се ангажирани на критичните точки во градот за одржување на јавна чистота. Покрај дежурните тимови кои интервенираа со абразивни средства со специјална механизација, рачно се нанесуваат абразивни средства на тесни улици, скали во стариот дел од градот, тротоари и други јавни површини за непречено движење на пешаците.Исто така, екипите го расчистија кејот, каде што брановите натрупаа големи количини разновиден отпад.ЈП „Охридски Комуналец“ останува мобилно и подготвено да интервенира при секоја потреба за одржување на чистотата и безбедноста на граѓаните.

ОО | пред 2 месеци

media-librarypca088gnnpep0wD0tSZ

Дежурните екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ интервенираа по снежните врнежи во повисоките населени места

По интензивните снежни врнежи во охридскиот регион, особено во повисоките населени места, дежурните екипи и целокупната расположлива механизација на ЈП „Охридски Комуналец“ ноќеска интервенираа за да се овозможи нормално движење на возилата и функционирање во зимски услови.Во текот на ноќта и раното утро, со абразивни средства се чистеше во Стар Град, населбата Гоце Делчев – Бараки, како и во селата Велестово, Елшани и Горно Коњско.Претпријатието апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за безбедно движење во зимски услови и ветува дека дежурните екипи остануваат мобилни и подготвени за интервенции.

ОО | пред 2 месеци

media-librarynjrrs1kmbllp2R5ckdw

Дежурните екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ интервенираа по пад на дрво на ул. „Никола Карев“

Обилните врнежи од дожд во охридскиот регион предизвикаа проблеми и материјални штети на повеќе локации во градот. На улицата „Никола Карев“ падна скршено дрво кое го зафати тротоарот и предизвика материјална штета на паркирани автомобили.Дежурните екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ веднаш излегоа на терен и стручно го отстранија паднатото дрво, обезбедувајќи безбедност за граѓаните и нормализирање на сообраќајот.„Остануваме мобилни во служба на граѓаните, следејќи ја состојбата на терен и интервенирајќи каде е потребно“, соопштија од претпријатието.

ОО | пред 2 месеци

media-librarye7aio570f23g9vppxNg

Ј.П.„Охридски Комуналец” донираше огревно дрво на 11 семејства од социјално ранливи категории

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ ја изрази својата грижа за граѓаните на Охрид со донација на огревно дрво за единаесет семејства од социјално ранливи категории.„Водени од определбата за хуманост и грижата за секој поединец во нашиот град, се надеваме дека со оваа наша донација ќе ги затоплиме домовите на овие семејства во периодот на поларни денови со многу ниски температури“, велат од претпријатието.Со оваа акција, ЈП „Охридски Комуналец“ повторно ја потврдува својата посветеност кон поддршка на граѓаните и зајакнување на заедничката солидарност во градот.

ОО | пред 2 месеци

media-libraryi6fgq9cvg7okejUzZI2

Хартијата и картонот можат да се рециклираат до седум пати

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ потсетува дека правилната селекција на хартија и картон во домаќинствата и бизнисите овозможува нивна повторна употреба за создавање на нови производи. Хартијата треба да биде чиста и уредно спакувана за да може да се рециклира, а истата може да се обработува и до седум пати.Рециклирањето на хартијата ја намалува загаденоста, го олеснува оптеретувањето на депониите и ѓубришта, штеди енергија и природни ресурси, ги намалува емисиите и ја намалува потребата од сечење дрвја.ЈП „Охридски Комуналец“ апелира до сите граѓани дека отпадот е прашање кое нѐ засега сите и охрабрува правилна селекција за зачувување на животната средина.

ОО | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања