Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОХРИД

media-library5qhgafnpcvl3emIIScV

ЈП „Охридски Комуналец“ најавува подигнување на селектиран отпад

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ информира дека на 9 јануари 2026 година (петок) ќе се врши подигнување на селектиран отпад од пластика и хартија од кантите за селекција на корисниците од улиците „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Крали Марко“ и „8-ми Март“.Според Календарот за 2026 година за подигнување отпад од пластика и хартија, претпријатието апелира граѓаните да ги почитуваат датумите за селекција, со цел правилно управување со отпадот и заштита на животната средина.ЈП „Охридски Комуналец“ ги потсетува граѓаните дека иднината зависи од правилното селектирање на отпадот и ги охрабрува сите да учествуваат активно во процесот.

ОО | пред 2 месеци

media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

Вонредна состојба на повеќе локации: Поплави и евакуации по обилните врнежи, најкритично во Охрид, Кичево и Битола

Обилните врнежи од дожд предизвикаа сериозни проблеми на повеќе локации низ државата, информира Центарот за управување со кризи во вонредна информација за состојбата до 13:00 часот.Во Охрид и околината регистрирани се поплавени подрумски простории, дворови и неколку објекти во градот. Поради излевање на дел од водотеците, на терен се ангажирани локалната самоуправа и Кризниот штаб, додека екипите на јавните претпријатија „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“ интервенираат за отстранување на водата и санација на последиците.Во Кичево и околните населени места, водата навлегла во подрумските простории и на дел од јавните и приватните површини. Дел од жителите се евакуирани и сместени во привремени објекти, каде им се обезбедени храна, лекови и здравствена заштита. Поплави се забележани и на одредени водотеци и земјоделско земјиште. Општината, Црвениот крст и ЈП „Комуналец“ се вклучени во згрижување на населението и во интервенции на критичните точки, додека екипи на итната медицинска помош ја следат здравствената состојба на евакуираните лица.Во битолскиот регион е забележано значително зголемување на водостојот на локалните реки, со појава на излевања на повеќе места. Поплавени се куќи, дворишта и дел од земјоделските површини. Механизацијата на општините е на терен, а Кризниот штаб ги координира активностите и ги утврдува приоритетите за санација на штетите.Во Тетово и околината има пријави за уривање на потпорни ѕидови, како и локални излевања на водотеци. Полициски екипи вршат увид на погодените локации, додека општинската механизација интервенира за расчистување на свлечиштата и спречување на понатамошни штети.Поплави на локални патни правци и во неколку населени места се регистрирани и во Гостивар и околината. Екипите на ЈП „Комуналец“ работат на санација на поплавената инфраструктура, а механизацијата на Водостопанство е ангажирана за чистење на свлечишта и стабилизирање на теренот.Од ЦУК информираат дека состојбата постојано се следи и дека надлежните служби остануваат на терен сè додека не се нормализира состојбата.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryk2rhrdf4kass4CNcJgW

Охридскиот аеродром конечно легализиран по повеќе од шест децении

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ по повеќе од 60 години конечно е впишан во катастар и доби имотен лист, со што официјално е завршен процесот на негово легализирање. Оваа информација ја соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на последниот ден од 2025 година.Како што наведува Николоски, аеродромот кој функционира уште од 1970-тите години, досега немал регулиран имотно-правен статус, што претставувало долгогодишен проблем и пример за негрижа кон државниот капитал.Во текот на изминатата година, тимови од Министерството за транспорт, АД „Аеродроми“, ТАВ, како и од Агенцијата за катастар на недвижности, Државното правобранителство, Управата за имотно-правни работи и други надлежни институции, интензивно работеле на решавање на овој процес и на впишување на аеродромот во катастарските евиденции.Николоски потенцира дека иако во нормални услови ваква постапка не би била вест, поради долгогодишното запоставување, јавноста заслужува да биде информирана за овој значаен чекор.Тој најави дека во наредниот период ќе следат активности за модернизација и реконструкција на Охридскиот аеродром, со цел зголемување на туристичкиот потенцијал и привлекување нови авиолинии и посетители.На крајот, Николоски упати честитка до граѓаните, посакувајќи убава и среќна 2026 година.

Македонија | пред 2 месеци

media-library7ln54h3l9j5e9Y8Y1AA

ЈП „Охридски Комуналец“ ги стави во функција новите метачки за одржување на јавната хигиена

Во пресрет на новогодишните празници, ЈП „Охридски Комуналец“ го подигнува нивото на одржување на јавната хигиена со ангажирање на новите комунални машини – метачки, набавени со поддршка на Општина Охрид.Новите метачки веќе се ставени во функција и активно се користат за чистење на јавните површини низ градот. Електричната метачка е наменета за одржување на хигиената во старото градско јадро и централното подрачје на Охрид, додека дизел метачката се користи за чистење на останатите делови од градот.Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека со оваа инвестиција значително се подобрува ефикасноста во одржувањето на јавната чистота, со цел граѓаните и туристите празниците да ги дочекаат во почиста и уредена животна средина.

ОО | пред 2 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Слаб земјотрес од 2,2 степени регистриран во охридскиот регион

Земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утрово во охридскиот регион, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот бил лоциран во непосредна близина на Охрид, а потресот е регистриран на длабочина од околу 15 километри.Податоците се означени како автоматски и неофицијално потврдени, што значи дека можна е минимална корекција на параметрите по деталната анализа.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес го стресе Охрид

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во Охрид и околината. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2,2, а е почувствуван во 03:18 часот.Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга на околу 105 километри југозападно од Скопје.Нема информации за повредени и за материјална штета.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygli7pcbcf2ga0dDkxai

ЈП „Охридски комуналец“ апелира: Пријавете отпад и спречете создавање диви депонии

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ упати апел до граѓаните доколку имаат отпад за кој не знаат каде соодветно да го одложат, да го пријават на телефонскиот број 075 397 944, со цел да се спречи појавата на диви депонии.Од претпријатието предупредуваат дека дивите депонии не се само естетски проблем, туку сериозна закана за здравјето на граѓаните и животната средина. Нелегалното одлагање отпад доведува до загадување на почвата и подземните води, ширење токсични материи и создавање услови за појава на штетници и зарази.Воедно, „Охридски комуналец“ посочува дека екипите секојдневно излегуваат на терен за чистење на вакви локации, при што се трошат значителни јавни средства кои би можеле да се насочат кон други приоритетни активности доколку отпадот се одлага на дозволени и соодветни места.Од јавното претпријатие нагласуваат дека одговорноста за чиста и здрава животна средина е заедничка и апелираат граѓаните со правилно одлагање на отпадот да придонесат за заштита на просторот во кој живеат и за спречување долгорочни последици врз животната средина.

ОО | пред 3 месеци

media-libraryrdgmg5lm9i96adiKjZv

Охридска новогодишна приказна

Со внимателно креирана и богата програма, градот нуди незаборавна новогодишна атмосфера во која ќе уживаат сите генерации.Ги покануваме сите охриѓани и гости да уживаат во новогодишната програма, да создадеме заеднички спомени и заедно да ја дочекаме Новата година на градскиот плоштадВе очекуваме во МАГИЧНИОТ Охрид!

ОО | пред 3 месеци

media-library2a575gj1005bf6ZRm9z

Цела програма за празниците во Охрид: Меморија, Пупиноски и десетици настани за Нова 2026

Општина Охрид подготви богата и разновидна забавна програма по повод претстојните новогодишни и божиќни празници, со бројни музички, културни и детски настани кои ќе се одржуваат од 27 декември до крајот на јануари. Како што информира градоначалникот Кирил Пецаков, целта е Охрид и оваа година да понуди неповторлива празнична атмосфера за граѓаните и туристите од земјата и странство.Централниот настан е дочекот на Новата 2026 година на 31 декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, каде од 20 часот ќе настапат македонската поп-ѕвезда Влатко Лозановски, охридската фолк икона Ефто Пупиноски, Ѓоко Танески, како и диџеите Yuxell и Bagzi. Забавата продолжува и на 1 јануари, кога на плоштадот ќе настапат легендарната група „Меморија“ и музичкиот состав „Фузија“, исто така со почеток во 20 часот.Новогодишната програма и оваа година го вклучува проектот „Охридска новогодишна приказна“, кој започнува на 27 декември и нуди богата содржина за најмладите, но и за сите генерации. Во рамки на програмата се предвидени детски театарски претстави, музички фестивали, улични перформанси, концерти и хуманитарни настани, кои ќе се одржуваат и напладне и во вечерните часови.На 27 декември програмата започнува со хуманитарниот новогодишен базар „Вино и винил“ на Сараиште, детски театарски претстави на плоштадот и културно-забавниот настан „Зимска бајка“ во НУЦК „Григор Прличев“. На 28 декември следуваат детскиот музички фестивал „Поточиња“ и меѓународниот зимски фестивал на улична уметност „Баскер фест“. На 29 и 30 декември публиката ќе може да ужива во нови детски претстави, комичното шоу „Солзи и смеа“, како и настапи на Христијан Настески – Пајак, младинска рок група и „The Back Door Band“.На самиот 31 декември, покрај вечерниот дочек, во текот на денот ќе се одржат детска новогодишна претстава, концерт „Златни 80-ти“ во изведба на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ и диџеј настап.Богата музичка програма е подготвена и за празникот Богојавление – Водици. На 19 јануари на плоштадот ќе настапат фолк дивата Елена Велевска и младата пејачка Елена Андоновска, а на 20 јануари, по повод Денот на рибарите, во месноста Сараиште ќе настапат изведувачи од охридскиот еснаф.Од Општина Охрид упатуваат покана до сите граѓани и посетители да бидат дел од празничната магија и да ја почувствуваат новогодишната атмосфера во Охрид.

Охрид | пред 3 месеци

media-librarypp5c7o92blina0Fvnvx

Успешно реализирани: работилница за локална мобилизација и форум за Западен Балкан во рамки на проектот „Recircle Med“

Претставници од јавниот сектор, академски и истражувачки институции, претставници на бизниси, туристички организации и други релевантни чинители од целиот регион беа дел од Локалната мобилизациска работилница и Форумот за Западен Балкан, кои во текот на изминатите два дена се одржуваа во Охрид.Настаните ги организираше Општина Охрид како дел од проектот „RECIRCLE MED“, имплементиран преку Европската програма INTERREG EURO MED.Првиот ден беше посветен на анализа на локалните потреби, предизвици и можности на Охрид. Учесниците активно учествуваа во дискусии и ко-креативни сесии, придонесувајќи за дефинирање на соодветен пристап за градот.Вториот ден фокусот се прошири кон Западен Балкан, каде беа разгледани можностите за регионална соработка, финансирање и улогата на политичките рамки во поттикнување на син и кружен туризам. Панелистите ги истакнаа клучните предизвици, но и потенцијалот за заеднички иницијативи и одржлив развој. Настанот заврши со силна поддршка од учесниците, кои ја истакнаа важноста од континуирана соработка и стратешко планирање за создавање поотпорни и поконкурентни туристички дестинации.Успешното одржување на работилницата и форумот ја потврди решителноста на регионот да ги примени принципите на „RECIRCLE MED“ не само во Охрид, туку и во други дестинации ширум Западен Балкан. Овие активности претставуваат прв чекор кон создавање на Сини Акциски Планови за Кружен туризам во Охрид.

ОО | пред 3 месеци

media-librarytvjpmn3am0072AxEBCU

Познати добитниците на Повелбата – патрон на градот „Свети Климент Охридски“

НУ „Завод и Музеј“ Охрид, Јорданка Матова, „Силви Бенд“, Даниел Јовески и The Backdoor Band се годинешни добитници на Повелбата-Патрон на градот „Свети Климент Охридски“.Оваа одлука ја донесе Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Општина Охрид врз основа на Конкурсот за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски“ за 2025 година.-НУ „Завод и Музеј“ Охрид во своето речиси 70 годишно постоење се етаблира како една од најзначајните, најстручни и најпосветени културни интитуции во Охрид и државата. Музејот е наследник на најстарите музејски традиии во Европа. Со својата богата дејност, институцијата континуирано придонесува  за зачувување, истражување и промовирање на културното наследство на Охридскиот регион.-Јорданка Матова е историчар на уметност од Охрид. Нејзината посветеност кон уметноста и музеологијата опстојува повеќе од три децении. Таа има богата кариера со бројни истражувања, изложби и научни публикации.-„Силви Бенд“ се музичко брачно дуо на Силви и Влатко Плевнеш кои имаат значаен придонес за музичката култура во Охрид и државата. Нивната музика, нивните песни и нивниот партципативен дух ја надминуваат димензијата на естрадна забава. Во 2025 година, „Силви бенд“ го прослави својот 35-годишен јубилеј.-Даниел Јовески е режисер, продуцент и музичар. Продуцира музички видеа и аудио-визуелни проекти, со што ја промовира македонската музичка сцена во регионот и пошироко. Јовески е добитник на бројни меѓународни награди и признанија.-The Backdoor Band како музички состав со преку 1500 настапи редовно учествува на фестивали, концерти, останати културни настани во нашиот град. Тие се 15 години на музичката сцена и се редовни иницијатори и организатори на бројни хуманитарни настани.

ОО | пред 3 месеци

media-librarys81uou6j8n8adCPNUUJ

Владимир Ангеличин – Жура постхумно е добитник на највисоката општинска награда „Св. Климент Охридски – патрон на градот Охрид“

Познатиот охридски новинар, публицист и хроничар,  Владимир  Ангеличин – Жура постхумно е добитник на највисоката општинска  наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“.Одлуката е донесена едногласно од страна на петчлената комисија  во состав: Перчо Божиновски, претседател и членовите:  Горан Стојаноски, проф. д-р Татјана Димоска, Славе Ѓорѓо – Димоски и Горан Патчев.Владимир Ангеличин –Жура (1946- 2025)  во својата богата  професионална кариера бил  уредник на Радио Охрид (1961 -1975), а потоа уредник на весникот  на ГП „Трудбениик“ во Охрид (1975 – 1997). Автор е на голем број написи и во дневниот и во седмичниот печат, а посебно значајни се неговите истражувачки  радио и телевизиски емисии посветени на минатото на Охрид –врз основа на истражувањата низ архивите во Охрид, Скопје и во Софија, циклусот од 20 получасовни  радио емисии посветени на охридската староградска песна , циклус од 15 телевизиски емисии инспирирани од трубадурската охридска песна и друго. Исто така, особено значајни се и неговите истражувања во областа на генеалогијата на охридските фамилии.Автор е на повеќе книги од кои посебен интерес побудува „Жура за Жура“(1995, две изданија). Од рани години се занимава со документарна  и уметничка фотографија, познат е и како рецензент и промотор на бројни книги, фотоизложби и музички настани.Наградата Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид, општината ја доделува за животно дело односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид  и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и Светов.

ОО | пред 3 месеци

media-librarytaq64nq1rd7t7PCnEtx

Општина Охрид доби престижна награда на меѓународниот саем за туризам во Нови Сад

Општина Охрид доби престижна награда на 56-тиот Меѓународен саем за туризам кој од денес до сабота се одржува во Нови Сад, Србија. Наградата се доделува за перспективна и јасна визија за развојот на градот Охрид како актрактивна туристичка понуда. Ова признание претставува значајна потврда за континуираните напори на општината во унапредувањето и промовирањето на туристичките потенцијали на градот.На промотивниот штанд на Општина Охрид, посетителите имаат можност да дознаат повеќе информации за туристичките знаменитости на градот, сместувачките капацитети, туристичките настани, руралниот туризам и автентичната гастрономска понуда.На Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад, учествуваат повеќе од 250 излагачи од Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Словенија и Русија. Оваа година, Република Македонија е земја-партнер на настанот.На саемот се претставуваат туристички агенции, институции, туроператори, национални паркови, хотели, винарии, мали производители на храна и бројни други субјекти.

ОО | пред 4 месеци

media-libraryc0tllkkpvolqdEvhLFX

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво реализираше работилници за средношколците

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Охрид деновиве реализираше две едукативни работилници на тема „Да се ставиме во туѓи чевли“ во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Работилниците, на кои учествуваа ученици од втора година, беа насочени кон развивање емпатија, меѓусебна почит и ненасилно однесување.Активностите ги спроведоа стручните лица од училиштето, а преку интерактивни задачи учениците се запознаа со значењето на прифаќањето на различностите и позитивната комуникација. Целта беше подигнување на свеста и поттикнување создавање безбедна и прифатлива училишна средина.Работилниците претставуваат дел од континуираните активности на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во насока на поттикнување позитивни навики и развивање на здрави односи меѓу младите.

ОО | пред 4 месеци

media-library8vdh8nu11aib4lswbx4

Контролна листа на планот за управување со животната средина и социјалните прашања (ПУЖССП)

Министерство за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија го спроведува Вториот проект за подобрување на социјалните услуги (ППСУ2) (P180350) кој има за цел да го прошири пристапот и да го подобри квалитетот на социјалните и предучилишните услуги за ранливите групи. Проектот опфаќа две главни области за подобрување на пристапот до квалитетни социјални услуги и за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.

ОО | пред 4 месеци

media-library3gidb35tacvkaV1PXsC

Во Охрид одбележан Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на општина Охрид и Секторот за внатрешни работи Охрид во координација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот го одбележа 16-ти Ноември, „Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди”.На главните сообраќајници во Охрид, Бул. „Туристичка“ и Бул.„Железничка“, на возачите им беа поделени превентивно-едукативни летоци со порака секој да се присети на вредноста на човековиот живот и почитувањето на сообраќајните правила и прописи. Исто така, учесниците во сообраќајот беа информирани за бројот на жртви и повредени на годишно ниво од сообраќајни незгоди, во нашата држава и во светот.Статистички на светско ниво во 2024 година околу 1,35 милиони лица се загинати во сообраќајни незгоди, додека над 50 милиони лица биле повредени. Во Македонија во 2024 година 142 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, додека 7.156 лица биле повредени.Целта на спроведената активност е да се зголеми свеста за одговорно и безбедно возење со што ќе се даде придонес за намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди.

ОО | пред 4 месеци

nikoloski-2

Охрид СОС со остра реакција до Николоски: „Срамно е да повторуваме лекции од минатиот век – Охрид не е терен за бетонирање“

Граѓанската иницијатива Охрид СОС жестоко реагираше на неодамнешната изјава на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој изрази став дека поради статусот на заштитено подрачје, во Охридскиот Регион не можат да се градат хотели од висока категорија.Во реакцијата се наведува дека изјавата на Николоски е „неодговорна, нестручна и срамна“, особено во момент кога, и покрај формалната заштита, на теренот во Охрид „се градат десетици нелегални и полулегални хотели“.„Охридскиот Регион, де-факто светско наследство во опасност, министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски сакал да гради уште хотели. Но, му пречи тоа што Охридскиот Регион е сè уште на листата на светско наследство“, реагираат од Охрид СОС.Од иницијативата го потсетуваат Николоски дека неговата изјава — оти „практично невозможно е да се гради во заштитените подрачја“ — е целосна невистина:„Власта, особено кога е во рацете на ДПМНЕ, одамна докажа дека формалната заштита не е пречка за агресивна урбанизација. Хотели никнуваат во Мазија, Рамне, Лагадин, Горица, Св. Стефан и дури на 50 метри од брегот кај новиот ‘Парк’. Ако ова е ‘практично невозможно’, како би изгледало ‘можното’?“Тие потсетуваат дека состојбата со Охридското Езеро и Галичица е алармантна — изворите на Св. Наум се загадени со фекални бактерии, Студенчишко Блато се урбанизира, а старите јадра на Охрид и Струга го губат својот автентичен изглед.„Флагрантна некомпетентност е да не можете да овозможите развој што нема да значи уништување. Наместо да ги заштитите природните вредности, вие ги претворате во профитни парцели“, додаваат од Охрид СОС.Активистите остро го критикуваат Николоски што „воопшто не разбира“ дека економската корист може да произлезе и од заштита, а не само од уништување:„Министерот не знае дека вредноста на заштитените подрачја може да се изрази во пари. Губењето на тие ресурси ќе чини многу повеќе, само што сметката ќе ја платат идните генерации – не тие што денес градат и профитираат.“Охрид СОС го обвинува Николоски за недостиг на стручност и одговорност, потсетувајќи дека меѓународните институции одамна предупредуваат за состојбата со регионот:„Да имаше компетентност, ќе знаеше дека УНЕСКО веќе една деценија бара Охрид да се стави на листата ‘Светско наследство во опасност’, дека Бернската конвенција отвори случај за Охридско Езеро и Галичица, и дека Европската Комисија со години дава засрамувачки оцени за постигнувањата во доменот на животната средина.“Во завршницата, тие упатија јасна порака:„На власта ѝ пречи што Охрид е на листата на светско наследство, бидејќи така помалку пари можат да се слеат во приватни џебови. Но да ги потсетиме – тие имаат законска обврска да го штитат Охридскиот регион, не да го бетонираат.Срамно е во 25-тата година од 21 век да повторуваме лекции што требало да бидат научени во минатиот. Засукајте ги ракавите, вработете стручни лица и научете што значи одржлив развој.“

Македонија | пред 4 месеци

media-librarypeq31gmcjv3lbXCM7Zr

Стартуваа активностите за реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“

Денеска стартуваа подготвителните активности за реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“ со кој значително ќе се подобри изгледот на централниот дел на градот.‎‎Проектот за реконструкција предвидува ново партерно уредување со гранитни плочки. Ќе биде поставено модерно јавно осветлување и современа урбана опрема. Исто така, предвидено е и соодветно хортикултурно уредување.Во теренски увид на просторот каде што ќе се одвиваат градежните работи беше градоначалникот Кирил Пецаков заедно со дел од администрацијата која е задолжена за реализација и следење на проектните активности, како и директорите на јавните претпријатија.Вредноста на проектот е 45.000.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Изведувач на градежните работи е АД „Карпош“ од Скопје.

ОО | пред 4 месеци

markica

Одржана третата седница на Советот на Општина Охрид

Градските советници денес ја одржаа третата седница, од конституирањето на новиот совет. На дневен ред беше ребаланост на буџетот на локалната самоуправа, со измени на програмите за работа на општинската администрација.Советниците на почетокот од работата, усвоија уште три точки кои се однесуваа на измени на развојните програми за капитални инвестици во областа на детската заштита и основното и средно образование. Во продолжение на седницата, советниците ги усвоија следните измени и дополнувања на програмите:Програма за изменување и дополнување на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година; Програма за изменување и дополнување на годишната програма за спорт и рекреација за 2025 година; Програма за изменување и дополнување на програмата за млади и невладини организации за 2025 година; Програма за изменување и дополнување на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2025 година; Програма за изменување и дополнување на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2025 година; Програма за изменување и дополнување на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2025 година; Програма за изменување и дополнување на годишната програма на општина Охрид за детска заштита за 2025 година; Програма за изменување и дополнување на програмата за јавно осветлување за 2025 година; Програма за изменување и дополнување на програмата за одржување јавна чистота за 2025 година; Програма за изменување и дополнување на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2025 година; Програма за изменување и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште во 2025 година; Програма за изменување и дополнување на Развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2025 -2027 година; Програма за дополнување на Програмата ЈМ за капитални расходи за паркови и зеленило за 2025 година – подпрограма ЈМА реализација на „Проект за употреба и одржување на урбан простор и парк на дел од Кеј Македонија“; Програма ЈЕ изградба на простор за паркирање за 2025 година – подпрограма ЈЕА – реализација на основен проект „Изградба на катна гаража во Општина Охрид“; Програма ЈГ за дополнување на програмата за изградба на системи за водоснабдување за 2025 година подпрограма ЈГЦ – реализација на основен проект за мониторинг и управување СКАДА (SCADA) систем за водоснабдителен систем на град Охрид и изработка на ГИС систем со интеграција на двата системи;Програма за дополнување на Програмата ЈИ – изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води за 2025 година – подпрограма ФАЕ – реализација на Проектот „реконструкција на линиски инфраструктурен објект за фекална и атмосферска канализациона мрежа за дел од улици „Малесија“, „Александар Гушо“, „Трајче Дојчиноски“, „1-ви Мај“, „Вангел Николоски“, „Дебарца“ и „Момчило Јорданоски“; Програма за дополнување на Програмата ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДХ – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за постоечки локален пат од Камп Љубаништа до стационажа од км. 0+000,00 до км. 0+999,24“; Програма за дополнување на Програмата  ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДИ – реализација на основен проект „Реконструкција на потег дел од улица „Петрино“ до пресек со улица „Караорман“, село Лескоец-Охрид“; Програма за дополнување на Програмата ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДЈ – реализација на основен Проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект кој ги поврзува село Велгошти со село Лескоец“; Програма за дополнување на Програмата ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДК – реализација на основен Проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект, реконструкција на дел од улица „Даме Груев“ од кружна крстосница „Јане Сандански“ со улица „Питу Гули“ до пресек со „Булевар Туристичка“; Програма ЈД за дополнување на Програмата Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДЛ – реализација на основен Проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од улица „7-Ми Ноември“ од кружна крстосница „Охридска банка“ до пресек со улица „Егејска“ – Охрид“; Програма ЈД за дополнување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДМ – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за дел од улица „Кленоец“ и дел од улица „Петрино“; Програма ЈД за дополнување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДН – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за населба Бараки во град Охрид“; Програма ЈД за дополнување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДО – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект – локален пат за село Завој“; Програма ЈД за дополнување на прогтрамата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДП – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект – улица во село Долно Лакочереј (крак 2)“; Програма ЈД за дополнување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма JDQ – реализација на „Основен проект за линиски инфраструктурен објект – локален пат од село Лескоец до село Горно Лакочереј“. Програма ЈД за дополнување на Програмата за иградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДР – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од улица „Партизанска“ (населба Охридати) во град Охрид“; Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на ЕЛС Охрид за 2025 година; Одлука за донесување на буџетскиот календар и одлука за отпис на основни средства – лаптопи.

ОО | пред 4 месеци

markica

Одржана втората седница на новиот совет

Денес се одржа втората седница на новиот совет на Општина Охрид. Пред советниците беа единаесет точки, кои беа надополнети со уште две за прекинување на мандатот и верификација на нов мандат. Констатирана беше оставката на советничката Марина Ѓоргоска, а на нејзинот место беше верификуван мандатот на новата советничка Рита Неранџоска.Во продолжение советниците ги екипираа статутарно-правната комисија, комисијата за финансии и буџет, комисијата за јавни и комунални дејности, комисијата за урбанизаам,  комисијата за општествени дејности, комисијата за туризам и локален економски развој, комисијата за заштита на животната средина, комисијата за млади и спорт, комисијата за месна самоуправа, комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија и комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените.Честитатајќи им го изборот, претседателот на советот Перчо Божиноски, ги повика советниците совесно и ефикасно да работат и задолжително да присуствуваат  на сите комисиски расправи.

ОО | пред 4 месеци

media-library2urkm755po3r0QJlDE6

Четвртоодделенците од ООУ „Христо Узунов“ во посета на Општина Охрид

Во рамки на предвидениот план и програма за работа, денеска четвртоодделенците од ООУ „Христо Узунов“ беа во посета на Општина Охрид.Младите гости и одделенските наставници ги прими градоначалникот Кирил Пецаков во придружба на секретарот, Александар Китески. Тие ги инмформираа учениците за начинот на функционирање и надлежностите на локалната власт, за работата на општинската администрација и Советот на општината.Во пријатна атмосвера  градоначалникот Пецаков ги сослуша и одговараше на сите прашања што  му ги поставуваа децата.Денешната посета на учениците е во рамки на наставната програма за четврто одделение по предметот Историја и општество.

ОО | пред 4 месеци

media-libraryfknjiigriljjbL7JWgC

Широко-опфатни активности за одржување на јавната чистота и зеленило

Оперативните служби со интензивни активности за одржување на јавните површини во есенскиов период. Се собираат паднатите лисја од пешачките патеки, тротоари, велосипедски патеки, покрај коловозните ленти, од парковите и другите хортикултурни содржини во поширокото градско подрачје.Секојдневно се одржува јавната хигиена покрај крајбрежниот појас од кејот и градското пристаништеСе собира расфр.ланиот комунален отпад покрај коловозните ленти на патниот правец до Свети Наум.Се уредуваше дива вегетација во с. Велгошти и Стар Град.в

ОО | пред 4 месеци

media-librarym16eh3p31eodaO8WGPm

Оддржана конститутивна седница на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Охрид

Во просториите на Општина Охрид, денес, се одржа конститутивна седница на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Охрид.Советот го сочинуваат 13 членови:претставници од Општина Охрид, претставници од СВР Охрид и професори од сообраќајна струкаНа седницатат беше разгледан и усвоен Деловникот за работа, беше дискутирано за  тековните активности поврзани со безбедноста на сообраќајот, состојбата со инфраструктурата, како и предлози за  Годишната програма на Советот за 2026 год. која ќе биде усогласена во рамките на буџетот на Општина Охрид.

ОО | пред 4 месеци

markica-1

Свикана третата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14,14/14, 10/19 и 15/20), Претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРЕТАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ третата седница на Советот на општина Охрид на ден 13.11.2025 година (четврток) со почеток во 10:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н   Р Е ДПредлог-програма за изменување и дополнување на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на годишната програма за спорт и рекреација за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за млади и невладини организации за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на годишната програма на општина Охрид за детска заштита за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за јавно осветлување за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за одржување јавна чистота за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште во 2025 година.Предлог – програма за изменување и дополнување на Развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2025 -2027 година.Предлог-програма за дополнување на Програмата ЈМ за капитални расходи за паркови и зеленило за 2025 година – подпрограма ЈМА реализација на „Проект за употреба и одржување на урбан простор и парк на дел од Кеј Македонија“.Предлог-програма ЈЕ изградба на простор за паркирање за 2025 година – подпрограма ЈЕА – реализација на основен проект „Изградба на катна гаража во Општина Охрид“.Предлог-програма ЈГ за дополнување на програмата за изградба на системи за водоснабдување за 2025 година подпрограма ЈГЦ – реализација на основен проект за мониторинг и управување СКАДА (SCADA) систем за водоснабдителен систем на град Охрид и изработка на ГИС систем со интеграција на двата системи.Предлог-програма за дополнување на Програмата ЈИ – изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води за 2025 година – подпрограма ФАЕ – реализација на Проектот „реконструкција на линиски инфраструктурен објект за фекална и атмосферска канализациона мрежа за дел од улици „Малесија“, „Александар Гушо“, „Трајче Дојчиноски“, „1-ви Мај“, „Вангел Николоски“, „Дебарца“ и „Момчило Јорданоски“.Предлог-програма за дополнување на Програмата ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДХ – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за постоечки локален пат од Камп Љубаништа до стационажа од км. 0+000,00 до км. 0+999,24“.Предлог-програма за дополнување на Програмата  ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДИ – реализација на основен проект „Реконструкција на потег дел од улица „Петрино“ до пресек со улица „Караорман“, село Лескоец-Охрид“.Предлог-програма за дополнување на Програмата ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДЈ – реализација на основен Проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект кој ги поврзува село Велгошти со село Лескоец“.Предлог-програма за дополнување на Програмата ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДК – реализација на основен Проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект, реконструкција на дел од улица „Даме Груев“ од кружна крстосница „Јане Сандански“ со улица „Питу Гули“ до пресек со „Булевар Туристичка“.Предлог-програма ЈД за дополнување на Програмата Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДЛ – реализација на основен Проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од улица „7-Ми Ноември“ од кружна крстосница „Охридска банка“ до пресек со улица „Егејска“ – Охрид“.Предлог-програма ЈД за дополнување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДМ – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за дел од улица „Кленоец“ и дел од улица „Петрино“.Предлог-програма ЈД за дополнување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДН – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за населба Бараки во град Охрид“.Предлог-програма ЈД за дополнување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДО – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект – локален пат за село Завој“.Предлог-програма ЈД за дополнување на прогтрамата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДП – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект – улица во село Долно Лакочереј (крак 2)“.Предлог-програма ЈД за дополнување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма JDQ – реализација на „Основен проект за линиски инфраструктурен објект – локален пат од село Лескоец до село Горно Лакочереј“.Предлог-програма ЈД за дополнување на Програмата за иградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДР – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од улица „Партизанска“ (населба Охридати) во град Охрид“.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Буџетот на ЕЛС Охрид за 2025 година.Предлог-oдлука за донесување на буџетскиот календар.Предлог-одлука за отпис на основни средства – лаптопи.СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИДПретседателПерчо БожиновскиОПШТИНА ОХРИДЛОКАЛНА САМОУПРАВАБрој 08-15102/107.11.2025 год.О х р и д

ОО | пред 4 месеци

markica-1

Свикана втората седница на Советот на Општина Охрид – со дополнување

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14,14/14, 10/19 и 15/20), Претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ВТОРАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ втората седница на Советот на општина Охрид на ден 12.11.2025 година (среда) со почеток во  09,00 часот.  Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н   Р Е ДУсвојување на Записникот од првата конститутивна седницаПредлог Решение за формирање Статутарно-правна Комисија.Предлог Решение за формирање Комисија за финансии и буџет.Предлог Решение за формирање Комисија за јавни и комунални дејности.Предлог Решение за формирање Комисија за урбанизам.Предлог Решение за формирање Комисија за општествени дејности.Предлог Решение за формирање Комисија за туризам и локален економски развој.Предлог Решение за формирање Комисија за заштита на животната средина.Предлог Решение за формирање Комисија за млади и спорт.Предлог Решение за формирање Комисија за месна самоуправа.Предлог Решение за формирање Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија.Предлог Решение за формирање Комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените.Дополнување на дневниот ред за 2-рата седница на Советот на општина Охрид со следните две точки:Предлог одлука за констатирање престанок на мандат на член во Советот на општина Охрид.Предлог одлука за верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид.СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИДПретседателПерчо БожиновскиОПШТИНА ОХРИДЛОКАЛНА САМОУПРАВАБрој 08-14956/105.11.2025 год.О х р и д

ОО | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања