Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОХРИД

263953705_245365050997953_3220740599356562784_n

Прегазен велосипедист во Охрид, однесен во болница со тешки повреди

На 21.05.2022 година во 10.50 часот на крстосницата од бул. Туристичка со ул. Аџи Мустафа во Охрид патничко моторно возило „фолксфаген артеон“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(42) од Охрид, удрило во велосипедист Х.А.(78) од Охрид.Со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Х.А. кој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. За настанот е известен јавен обвинител а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Охрид | пред 3 години

272460415_1404278773336696_2465730208885557802_n

Трговците во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници

Министерството за економија веќе предложи до Собранието измени и дополнувања на Законот за трговија со кои се овозможува работа во недела и празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, кажа Министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на охридско-струшкиот регион.Бектеши при обиколката на Охридската чаршија каде оствари средба со стопанствениците истакна деке законските измени се веќе во собраниска процедура и во зависност од работата на Собранието очекува најмногу за две недели овие законски измени да бидат изгласани и да стапат на сила со почетокот на туристичката сезона.„Измените на Законот за трговија во делот на „Недела неработен ден“ се во собраниска процедура, со нив им се дава можност на сите трговци во туристичките места да можат да работат и во недела и празници преку целата година. Овие измени дополнително ќе ја поттикнат економската активност во земјата, посебно во туристичките места“ кажа Бектеши и потенцираше дека измените се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, а работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела ќе добијат дневница поголема за 100 проценти, а останатите во дејностите кои се определени согласно Законот за работни односи ќе добијат дневници поголеми за 50%.“Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи во првиот квартал, а и очекувањата за бројот на туристи согласно веќе направени резервации за странски туристи кои ќе ја посетат Северна Македонија оваа летна сезона, посебно Охрид и Струга овие законски измени очекуваме дека ќе придонесат за уште поуспешна сезона. Министерството за економија и Владата ќе продолжат со креирање на мерки за поттикнување на домашниот туризам со цел за зголемување на бројот на домашни и странски туристи во земјата“ кажа Бектеши.Како дел од мерките кои што и оваа година ќе се реализираат за поддршка на домашниот туризам како што истакна министерот е и мерката за ваучери за одмор во домашните туристички капацитети на работници со ниски приходи.“Со Ребалансот на буџетот се предвидени 15 милиони денари за да продолжиме со мерката за ваучери за туризам за работници со ниски приходи, согласно предвидените средства проекциите се дека ќе се обезбедат ваучери за 1.500 до 2.000 семејства“ кажа Бектеши.

Македонија | пред 3 години

280761394_420390856767601_9040086720438447235_n

Од улиците - писти: Пецаков го спрема Охрид за летово, но и за подобар живот на охриѓани

Започнаа активностите за асфалтирање на трите краци од улицата „Даме Груев“. За ова информираше охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.„Претходно овој дел беше партерно уреден и се изведе нова атмосферска канализација. Вкупната должина на асфалтираната и партерно уредена површина изнесува 677 метри. Овој проект се реализира преку соработка со Центарот за развој на југозападниот плански регион. Општина Охрид во реализацијата на целосното уредување на трите краци од улицата „Даме Груев“ учествува со 10.471.036 денари“, вели Пецаков.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-05-07-at-12.53.19

„Годинава ќе измине со сериозно добри проекти“, охридскиот градоначалник најави решавање на проблемите на жителите

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков пред јавноста и Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, презентираше што е започнато, што сработено, а што ќе се сработи во Охрид. Тој посочи дека посетиле четири локации каде интензивно се работи. Додаде и дека се решаваат проблемите на граѓаните. Според Пецаков, се спроведуваат сериозно добри проекти.„Ќе посетиме неколку локации каде има градежни активности. Првата ја поминавме во селото Лесковец, каде 40 семејства ќе имаат можност да бидат приклучени на фекална канализација. Втората локација е оваа, улицата Момчило Јордановски и тртите краци на Даме Груев заедно со паркингот се проект ко финансиран од Општина Охрид и Бирото за регионален развој. Третата е булеварот Македонски просветители каде веќе започнавме како локална самоуправа третата фаза, а тој дел е финансиран лично до Охрид, со дополнителни средства. Рокот за завршување на тој проект е 1 јуни. А едната локација која ќе ја посетиме е завршена“, кажа Пецаков.Тековно се работи на четири улици во стариот дел од градот.„При крај е економското училиште, енергетско ефикасни фасади, секако реновирање на кров и менување на електрична инсталација. Плоден ден и почеток на неколку и завршување на неколку проекти кои ги започнавме изминатиот период. Тековно ќе имаме уште неколку активности за кои ќе информираме. Годинава ќе измине со сериозно добри проекти за кои што долг период граѓаните имале проблем, а ние го решаваме“, додаде Пецаков.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-05-07-at-12.54.08

„Охрид почна повторно да се гради“, Мицкоски импресиониран од Пецаков

„Следните предвремени парламентарни избори многу брзо ќе се случат“, кажа Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ откако беше да погледне што се работи во Охрид.„Она што можам да го заклучам по разговорот со Пецаков, Охрид повторно почна да се гради и работите ќе се движат во таа насока. Беше замрено, а сега градежната офанзива е дел од Охрид и ова што се случува во Охрид“Мицкоски им честиташе на Пецаков неговиот тим.„Можеби ќе биде малку посложено за градежна офанзива, бидејќи доаѓаат туристичките месеци во Охрид. Пецаков покажува дека ние сме различни, па се ќе продолжи пред и по туристичката сезона“, додаде Мицкоски.Задоволен е поради тоа што има разлика и од тоа што граѓаните се задоволни.„Можам да кажам дека сегде каде имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, впечатокот е позитивен, многу подобар од оној пред да се случат изборите. Одлично е ова што се работи“, додаде Мицкоски.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-05-03-at-19.55.19

Дефекти на тринаесет улици санираше охридски „Водовод“

Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 25ти април до 1ви мај, покрај редовните проверки и теренски активности, интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.🛠 Отстранети беа дефекти на следните улици:- "Гоце Делчев"- "Дејан Војвода" (ф 2")- "Коста Абраш" (ф 3/4)- "Никола Карев"- "Петар Поп Арсов" бр.23- "Железничка" (ф 3/4)- "Питу Гули " (ф 2")- "Даме Груев" бр. 78 (ф 3/4)- " Бистрица" (ф 150)- "Дејан Војвода" ( ф 100)- "Македонски Просветители" (ф100)🛠 Приклучен во мрежа е објект - зграда на ул. "Железничка".🛠 Извршена е замена на шибер со профил ф 200 на ул."Дејан Војвода".

Охрид | пред 3 години

271837595_519305872857905_3533568932593628447_n

Кончено: Иницијатива за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III - споменик на природата

На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III - споменик на природата.Како заклучок со оваа Информација Владата донесе Одлука за прифатливост на предлогот и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе јавна расправа по предлогот до 30 јуни 2022 година, врз основа на што ќе се изготви конечен предлог за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III-споменик на природата.Оваа иницијатива доаѓа согласно препораките на УНЕСКО за заштита на Охридското Езеро за да се овозможи: заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности, назначување на субјект за управување кој ќе се грижи за заштитеното подрачје и донесување на План за управување согласно одредбите од Законот за заштита на природата.Со прогласувањето ќе се постигне прогрес во однос на имплементација на националната легислатива за заштита на природата, Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027), Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски План за период (2018-2023), како и прогрес во имплементација на обврските од ЕУ директивите за живеалишта и птици, обврските од меѓународни конвенции, кои се ратификувани од нашата држава, како што се Конвенцијата за биолошка разновидност, Бернската Конвенција, CITES, Бонската Конвенција, Рамсарската Конвенција и други.

Охрид | пред 3 години

279678932_408147217991965_2859478653616373027_n

ФОТО: Почнале да уништуваат плажа во Охрид, градоначалникот во викенд ги најде и им поднесе кривични

Познатиот охридски нуркач Никола Паскали откри дека со ситен песок се уништува автентичноста на плажата „Сараиште“ во Охрид, а градоначлникот Кирил Пецаков експресно реагираше. Откако се откри дека некој си донел песок на плажата, која всушност како сите други има свој автентичен изглед и е прекриена со камења, Паскали напиша:„Активностите за уништување на се што е автентично околу Охридско Езеро. Значит на толку многу потрошени пари за комисии, правилници, состаноци, консултации и да донесиш ваква песок... Ова е веќе проблем и тоа голем“, напиша нуркачот.Охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, иако викенд, веднаш побара и испрати инспектори кои направиле увид. Тој констатира дека е истурена истурена ситна песок при тоа уништувајќи ја автентичноста на плажата.„Инспекторите изготвија записник за затекнатата состојба и на сторителите кои ја поставиле песокта им поднесе соодветни пријави, додека песокта во краток временски период ќе би биде отстранета. Заштитата на Охридското езеро и неговата автентичност треба да биде обврска на секој поединец, а не само на надлежните институции“, напиша Пецаков.

Актуелно | пред 3 години

278620032_439334514661044_2935866166371195354_n

(ФОТО) Плаошник исчистен и подготвен за празнување на Велигден

По повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден, ЈП Охридски Комуналец во соработка со Дебарско-кичевската епархија, хортикултурно го разубавија манастирот Св.Климент и Пантелејмон - Плаошник.

Охрид | пред 3 години

278475861_435456938382135_2891790123688371680_n

Охридски Комуналец до Левица: Ако сте загрижени, вклучете се волонтерски во нашите акции

„Општата економската состојба во државата која предизвика пад на економската моќ и стандардот на правните и физичките лица во општина Охрид, кои ги користат услугите на ЈП “Охридски Kомуналец“ Охрид доведувајќи ги во ситуација воопшто да не можат или навремено да ги сервисираат своите обврски кон претпријатието, а од друга страна зголемувањето на цената на струјата и водата, доведе до потреба од привремен принуден одмор“, реагира ЈП “Охридски Kомуналец“ Охрид.Оттаму на објава од партијата „Левица“ односно огранокот во Охрид додаваат:„Ваквата состојба и покрај максималните заложби на вработените предизвикува отежнување и неможност да се приберат планираните средства и приходи за нормално реализирање на Планот и Програмата за работа за 2022 година.По направената сеопфатната анализа од страна на ВД Директорот и стручниот колегиум одлучи за ублажување на ситуацијата и припремите за тековната година да ја примени мерката Привремен принуден одмор согласно одредбите од Колективниот договор за комунални дејности на РМ и Колективниот договор на ЈП “Охридски Комуналец“ Охрид.Со Програмата за привремен принуден одмор се има за цел да се намалат трошоците во јавното претрпијатие во извесен период, а при тоа да се овозможи непречно извршување на дејностите на претрпијатието кои се од јавен интерес.Програмата за привремен принуден одмор е од времен карактер, односно се воведува за период од шест месеци и тоа во период од месец април 2022 до јуни 2022 година и од месец октомври до месец декември 2022 година.Со оваа мерка ќе бидат опфатени оние вработени во ЈП кои не ќе можат да бидат оптимално ангажирани, со исклучок на оние кои се потребни за обезбедување техничка сигурност и физичко-техничко обезбедување на објектите и средствата, и непречен тек на работите во претрпијатието.Во овој контекс сакаме да истакнеме и појасниме дека ново вработени лица се во најголем дел сезонски работници во сектор “Коминална хигиена“ и сектор “Паркови и зеленило“ кои се неопходни за редовно извршување на работните задачи.Мерката ППО ќе ја користат вработени лица кои не се во сектор “Коминална хигиена“ и сектор “Паркови и зеленило“ односно лица кои се распоредени во другите сектори на ЈП, а притоа се работи за работно место на кои не се примени работници на определено време.Имајќи ја во предвид економската состојба на ЈП од една страна, а од друга страна туристичката сезона која набрзо доаѓа, јавно ги повикуваме Левица – Охрид кои се “загрижени за заштеди на средства“ на ЈП “Охридски Комуналец“ Охрид истите волонтерски да се приклучат во секојдневните активности во одржување на комуналната хигиена и јавната чистота во градот Охрид“.

Охрид | пред 3 години

pecak-1

Пецаков „удри“ по СДСМ: Уште еднаш го докажавте вашиот аматеризам

Ме повикале од ОО СДСМ Охрид во соопштение во врска со информацијата дека се потребни околу 50 милиони денари плус од предвидените за реализација на проектот за реконструкција на булеварот „Македонски просветители", вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.„Господо од СДСМ,Со ова уште еднаш го докажавте аматеризмот и класичното непознавање на работоте, па вие додека ја раководевте Локалната власт немавте никаков есап и ете затоа сега се соочуваме со проблеми.Да, за жал затоа што не се испланирало како што треба сега Општината веќе обезбедува и ќе мора да обезбеди дополнителни средства за реализација.Не знам каде биле вашите советници на денешната 10-та седница на Советот кои требало да ви пренесат, но како и секогаш во интерес на сите мои сограѓани транспарентно посочувам за што се потребни дополнителни трошоци:- Улично осветлување, посебен тендер каде е избран економски оператор- Канални водови во должина од 1,4 км- Дренажна цефка- Поставување странично водовод- Нова водоводна линија со нови приклучоци- Измешана канализација, потребно беше девијација односно одвојување на водоводна и канализациона мрежа- Дислокација на ЕВН високонапонски кабел по цела должина- Уште 800 метри од трасата не се влезени во целиот проект, односно е потребна нова траса- Обврска за нови садници- Армирана бетонски плочи на тротоарите кај Рамстор, кај Судот, кај Стоковна куќа Билјана и кај пресекот за Чинарот- Нови сливници кои се поправени- Сигнализација за паркинзи, систем кој не беше решен- Осветлување и хортикултурно уредување- Дополнителен паркинг простор...Ех, мои драги од СДСМ,Сето ова требало да биде решено, но за жал не се сработило, па затоа само досега се платени 15 милиони денари. Иако проектот е со финансиска поддршка од Светска банка тоа не значи дека обврските на Општината не треба да се спроведат.Заврши времето на крадење на парите од граѓаните и времето кога граѓаните беа манипулирани и излажани од СДСМ.Сега е време на јавно, отчетно и транспарентно работење во интерес на сите охриѓани“, вели Певаков.

Македонија | пред 3 години

278293031_435342918393537_5724543489596612859_n

Со цистерна исчистени улиците низ Охрид

ЈП Охридски Комуналец синоќа со цистерна ги чистеше улиците низ градот Охрид.„ЈП Охридски Комуналец синоќа беше на терен. Со цистерната се чистеа улиците низ градот со цел обезбедување на чисти, проодни и пред се, безбедни улици за одвивање на сообраќајот и непречено движење на пешаците“, велат од претпријатието.

Македонија | пред 3 години

272460415_1404278773336696_2465730208885557802_n

Извлечено мртво тело од Охридското Езеро

На 11.04.2022 околу 10 часот во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското езеро, кај комплексот „Св.Наум“, забележано е безживотно машко тело.-Јавен обвинител и полициски екипи извршија увид, а лекар од итна медицинска помош констатирал дека нема видливи траги на насилство, информираат од СВР Охрид.Безживотното тело е пренесено во Општата болница во Битола каде денеска ќе биде извршена обдукција.СВР Охрид презема мерки за утврдување на идентитетот.

Актуелно | пред 3 години

278118471_432256518702177_3423686386003279099_n

Засадени 160 декоративни грмушки на кружни токови во Охрид

Екипите на ЈП Охридски Комуналец на терен. Во изминатите денови беа посадени вкупно 160 декоративни грмушки.„Хортикултурно уредување на кружни токови од Бул.Туристичка до спојувањето со ул.Бистрица и од Бул.Туристичка до спојување со ул.Стив Наумов посадени вкупно 160 декоративни грмушки од сопствено производство од Расадникот при ЈП Охридски Комуналец кои ќе формираат зелен ѕид од видот "viburnum", "eleagnus", "pirokanta" и "tisa".Косење на тревата во градскиот парк и Бул.Туристичка“, се вели во објавата.

Македонија | пред 3 години

zaedno-7-tima

Младинската заедница од ОСУ „Св. Климент Охридски“ доби грант од 10 000 денари

Младинската заедница од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид е прогласена за една од трите најгласни во земјава и доби грант од 10 000 денари за спроведување на нивната иницијатива - културата меѓу младите.Од 29 до 31 март во Велес, Наталија Танеска, Димитар Назифовски и Љубица Јованоска од Младинската заедница, под менторство на педагогот Кристина Танеска, беа дел од натпреварот „НајГЛАСНИ!“ организиран од Фондација Конрад Аденауер и LEAD (Лидери за едукација, активизам и развој). Во конкуренција од уште шест Младински заедници од Радовиш, Скопје, Прилеп, Велес и Крива Паланка тимот од Охрид ја претстави работата на својата заедница и иницијативата за одржување на манифестацијата „МАНИКУЛТ“ планирана за мај, годинава.„Се чувствувам исполнето и задоволно како ментор на исклучително амбициозни, активни, талентирани и мотивирани ученици со цел да направат некоја позитивна промена која ќе придонесе за доброто на сите во нашето училиште. Желбата и мотивот кај учениците да се активира младинската заедница беше резултат на затвореноста и изолираноста на учениците во време на Ковид пандемијата и онлајн учењето со што беше оневозможено нивното меѓусебно дружење. Воедно, од големо значење за нивниот социјален и интелектуален развој се активностите и настаните од културно-забавен и едукативен карактер, кои за жал како воннаставни активности, многу ретко се одржуваа. Поради оваа причина, сегашната генерација на средношколци, пројави интерес кај голем бројиницијативи со кои овозможивме вклучување на младите во одредени активности од различен карактер“, вели Кристина Танеска, педагог во охридската гимназија. ладинската заедница во гимназијата беше обновена пред околу четири месеци како желба на најголем дел од средношколците за проактивност и можност да си ги покажат своите способности надвор од училишните клупи.Претставниците на тридневниот настан, кои го посетија и Собранието на Република Северна Македонија, се здобија со многу нови искуства кои ќе им помогнат да ја развијат младинската иницијативност во училиштето. ДимитарНазифовски, претседател на Младинската заедница, вели: „Во ова невреме во кое монотоното образование преовладува, овој настан ни претставуваше едно многу корисно и одлично искуство реализирано во различна насока од самата формална едукација. Споделувањето на практики, начинот на функционирање и самите активности кои другите младински ги имаат ни овозможија да размислуваме во повеќе правци, да ги прошириме нашите видици и да ја зголемиме амбициозноста за нешто повеќе.“Слично размислува и ученичката Наталија Танеска, која беше дел од тимот: „Овој настан ми беше позитивно искуство, овозможи да имам посебна перспектива кон ваквите настани како и за тоа како е да се прави нешто ново и предизвикувачко. Не само што ми овозможи да се надоградам себеси, туку и да стекнам нови познанства, да слушнам различни мислења и конструктивни критики.“Натпреварот заврши и во рамките на календарот на активности е вметната и наградената инцијатива.„Од самиот почеток па до денес, раководството на Младинската заедница вешто се обидува да ги лоцира проблемите и недостатоците кај средношколците. Надвор од забавата и неформалната едукација, она што навистина не засега енедостатокот на културниот дух кај младите. Токму поради тоа, добиениотпаричен фонд ќе го искористиме за одржување на нашиот еднодневен настан „Маникулт“ преку кој Охрид ќе слушне за квалитетите на гимназијалците и уште еднаш ќе се докаже дека нашите средношколци умеат да иницираат, креираат и организираат. Вклучувањата во проекти налик на овој и очекуваната поддршката од младите активисти и возрасни од Охрид, ќе се мотив плус да продолжиме со остварување на нашите цел“, објаснува Љубица Јованоска, координатор на делот за промоција во наградениот тим.

Охрид | пред 3 години

277579131_282267920758017_5971345330965646024_n

(ФОТО) Кровови „летаа“ низ Охрид, силниот ветер направи хаос

Силниот ветар откорна кров од зграда на улица „Галичица“ во Охрид.За среќа во моментот кога кровот паднал долу немало минувачи. Оштетен е само еден паркиран автомобил.Под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели, а ќе дува и умерен до засилен, на некои места СИЛЕН ветер од јужен правец со брзина од над 80 км/час.

Актуелно | пред 3 години

Нема фотографија

Пецаков го уредува Охрид: Дворед, велосипедска патека, ново осветлување на „Македонски просветители“

Утрово започна поставувањето на гранитни камени коцки со димензии 10/10/10 см, на улицата „Македонски просветители“ чија реконструкција е во тек. Гранитни камени коцки ќе бидат поставени и на тротоарите со димензии 5/5/8см.„Веќе е поставена атмосферска канализација, а според планираното, улицата ќе има две одвоени коловозни ленти, со тротоари од двете страни, велосипедска патека и ново улично осветлување. Во должина на улицата планирано е изведување на среден разделен цветен појас, а ќе биде подигнат и нов дрворед од двете страни“, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Охрид | пред 4 години

181257320_817311222207816_3725446425244184758_n

Започнува вакцинацијата во Охрид, пунктот доби вакцини

Во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“ утре ќе започне масовна вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево. Вакцинирањето ќе се одвива според протоколот за имунизација утврден од страна на Министерството за здравство и согласно закажаните термини.„Денеска пристигна првата пратка од 7200 вакцини од производителот "Синофарм". Дистрибуцијата на предвидените дози наменети за регионалниот центар ќе се одвива последователно во зависност од капацитетот и условите за чување. Регионалниот центар во Охрид располага со 14 приемни пунктови и 28 вакцинални места. Опремен е со 14 паравани, ладилник за вакцините, нов агрегат за ладилникот, комплетна компјутерска опрема и оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар за евиденција на граѓаните. Упатувам посебна благодарност до вработените во Локалната самоуправа кои ќе бидат ангажирани во редарската служба и ќе бидат задолжени за логистичка поддршка на компјутерскиот центар, како и до сите здравствени работници кои ќе работат во центарот“, пишува градоначалникот Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

media-librarytegs74i4s6rr3POiSnq

ЈП „Охридски комуналец“ апелира за правилно одлагање на картонски отпад

ЈП „Охридски комуналец“ упати апел до правните субјекти и домаќинствата за правилно одлагање на картонските кутии, особено кај оние кои произведуваат големи количини од овој тип на отпад. Претпријатието предупредува дека некоректното одлагање доведува до побрзо полнење и често преполнување на контејнерите, расфрлување на отпад околу нив и усложнување на процесот на собирање на материјалот за рециклирање.„Нашите служби добиваат повици за подигање на отпад надвор од планираните денови, што финансиски го оптеретува претпријатието“, истакнуваат од ЈП „Охридски комуналец“. Голем дел од правните лица и домаќинствата веќе располагаат со соодветни садови за одлагање на картон и хартија, како оградени метални или сини контејнери, и апелираат картоните секогаш да се одлагаат спакувани.„Отпадот е прашање кое нѐ засега сите. Селектирај правилно!“, велат од претпријатието, потсетувајќи на важноста од одговорно одлагање за почист и поуреден Охрид.

ОО | пред 2022 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања