Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОХРИД

IMG-7dcc188fc2902c3aab5fdcb285c1453a-V

Кампањата „Подај рака и промени живот, стани згрижувач“ – утре во Охрид

Кампањата ,,Подај рака и промени живот, стани згрижувач”, која е наменета за промоција на згрижување, а има за цел да се зголеми бројот на згрижувачки семејства во земјата, утре, петок, 14.10.2022 година во Охрид, на Градскиот плоштад, пред заинтересираните граѓани, ќе ги презентира придобивките од згрижување и начинот на кој можете да станете згрижувач.Националната кампања се спроведува од страна на СОС Детско село, во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства ,,11 Октомври” и ,,Битола” , Министерството за труд и социјална политика и локалните самоуправи, а овозможена е од страна на Германското министерство за економски развој и соработка.Бројот на деца без родителска грижа и оние во ризик да го изгубнат сопственото семејство, е голем и потребни се повеќе згрижувачки семејства, за секое дете да може да биде заштитено од насилство и злоупотреба, да има стабилно домување и згрижувач.Настанот првенствено е наменет за сите заинтересирани граѓани , со потенцијал да станат згрижувачи, кои преку промотивни материјали и директни консултации со стручни лица, како и самите згрижувачи, можат да се информираат, повеќе за згрижуваањето.Згрижувачите добиваат услуга на стручна помош и поддршка преку цетри за поддршка за згрижувачки семејства, но и месечен надомест за згрижено дете, надомест за згрижувач, како и други придобивки, согласно потребите на децата за кои се грижат.За сите кои се заинтересирани да станат згрижувачи, а немаат можност да присуствуваат на настанот, повеќе информации за тоа како да станат згрижувач, можат да добијат на телефонскиот број 075/277-477 и веб страната http://www.zgrizuvanje.mkПОВЕЛЕТЕ, ПОСЕТЕТЕ ГО НАСТАНОТ, УТРЕ, НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО ОХРИД, ВО ПЕРИОДОТ ОД 11:00 ДО 15:00 ЧАСОТ И ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ КАКО МОЖЕ ДА СТАНЕТЕ ЗГРИЖУВАЧ.

Охрид | пред 3 години

310343854_534635948676424_7903018967917953872_n

Отворен Младинскиот Центар – Охрид, прв во Македонија и во согласност со стандардите на европските центри за млади

Денес со пригодна свеченост во просториите на некогашната касарна го отворивме Младинскиот Центар – Охрид, прв во Македонија и во согласност со стандардите на европските центри за млади, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.„Денешниот ден ме исполнува со искрена радост, затоа што успеавме по подолго време, конечно да го отвориме Младинскиот Културен Центар во Охрид. Ова покажува дека како Локална власт, покрај законските обврски, ние искрено сме посветени да го подобриме животот на младите.Верувам дека младите од Охрид со нивната енергија и елан, овде ќе имаат оптимални услови за развивање на креативни идеи и реализација на проекти од најразлични области, а со тоа ќе имаат лична и професионална сатисфакција за својот ангажман.Во името на Општина Охрид упатувам искрена благодарност до USAID за несебичната помош и поддршка за реализација на овој проект и до Младинската организација СЕГА и извршниот директор Зоран Илиески за нивниот ангажман.Ве уверувам дека во Општина Охрид, Младинскиот Центар, секогаш ќе има доверлив партнер и поддржувач на сите активности.Коалицијата на младински организации СЕГА во наредниот тригодишен период ќе раководи со центарот.Свеченоста беше збогатена со музички перфоманс на Арбен Бајрам и Христијан Томевски и изложба на фотографии од Анастасија Стојаноска, Никола Ставрески, Ива Јовановиќ, Ана Марија Момировска и Христијан Јанкуловски“, додава тој.

Охрид | пред 3 години

adsfasdgasdfghas

ВИДЕО: Бугарскиот клуб во Охрид се демолира со јајца

Седиштето на бугарскиот клуб именуван по контроверзниот цар Борис Трети, е демолирано со јајца. Демонстрантите ја заострија својата реторика и фрлаат со предмети кој новоотворениот клуб. Тие извикуваат: „АСНОМ живее“, а веат знаме од Југославија, знамето од Вергина и македонското државно знаме. Откако се фрлаше кон терасата на клубот и прозорците, полицијата се качи на спратот од Амамот во Охрид.Претходно, обидот за првото апсење на демонстрант во Охрид заврши со судир помеѓу полицијата и демонстрантите. Демонстрантот фрлаше со предмет кон клубот.Атмосферата во центарот на Охрид станува се потензична. Демонстрантите се се понервозни, а пцовките доаѓаат од двете страни, како од демонстрантите така и од гостите во бугарскиот клуб каде има низа провокации.

Охрид | пред 3 години

Cistenje_Ezero_12092022001

Исчистено дното на Охридското езеро кај Трпејца

Согласно годишната програма за 2022 на Секторот за заштита на животната средина и управување со отпад, со одвиваше акција за чистење на дното на Охридското езеро кај Трпејца. Чистењето го реализираше „Клубот за подводни активности“.Од дното на езерото беше извадена поголема количина на отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња, шпорети бојлери, телевизори и покуќнина.Целта на акцијата е заштита на Охридското езеро и подигање на јавната свест.

Охрид | пред 3 години

Cinar_2_12092022010

Се отстранува паднатата гранка од чинарот кај Кошишта

Во текот на изминатата вечер, напукна голема гранка од чинарот во наслебата Кошишта. Поради постоење опасност по минувачите и околните објекти теренот во вечерните часови беше затворен за сообраќај.Екипи од ЈП „Охридски комуналец“ од рано утринава започнаа со санација на оштетениот дел. Големата и сува гранка која претставуваше опасност за минувачите и околните објекти беше отстранета.Предвидено е после завршување на вегетацискиот период, есенва да продолжи санацијата на чинарот која ќе се изведува под надзор на стручни лица.Проценетата старост на чинарот е 300 години. Претходно Општина Охрид во соработка со стручни лица изврши санација и ревитализација на чинарите во Охридската чаршија и населбата Воска.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-09-14-104540

Се одржа 16-та седница на советот на општина Охрид

Заврши шеснаесеттата седница на Советот на Општина Охрид . Советниците дадоа „зелено светло“ за 42-те точки на дневен ред,а се однесуваа на работата и функционирањето на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ како и точки од урбанистичката сфера.Советниците дадоа можност за формирање групи во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“- Охрид, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број, зависно од потребите и барањата на родителите, а меѓу повеќето точки беа изгласани и Предлог Одлуките за разрешување и именување членови во управниот и надзорниот одбор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Со мнозинство гласови беше изгласана и Предлог Одлуката за давање согласност на годишен план за вработување на ЈП „Билјанини Извори“ за 2023 година. Станува збор за лица кои повеќе години се работно ангажирани во ова претпријатие со договор на дело односно имаат нерешен статус.Беа изгласани и Предлог одлуките кои беа на дневен ред од урбанистичката сфера меѓу кои беше и Предлог Одлука за утврдување начин на применување на „План за управување со светско природно и културно наследство на Охридскиот регион со акциски план (2020-2029)“ при донесување и спроведување на генерален урбанистички план, детален урбанистички план, урбанистички план за вон населено место, урбанистички план за село и урбанистички проект вон опфат на урбанистички план при планирање на намена е 1.13-фотоволтаични електрани. Беа изгласани и точките кои се однесуваа на Предлог Одлуките за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за поместување на границата на неколку градежни парцели поради неусогласеност на градежната со катастарката парцела.Советниците едногласно ги поддржаа и Предлог Одлуките за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти на неколку Катастарски Парцели во различни Ктастарски Општини.

Охрид | пред 3 години

Komunalec_higiena_28072022009-1440x1080-1

ЈП „Охридски комуналец“ ги интензивира активностите за одржување на јавната чистота

Поради зголемениот број на туристи и гости кои го посетуваат охридското крајбрежје ЈП „Охридски комуналец“ ги интензивира активностите за одржување на јавната чистота. Ангажирани се две цистерни за миење на улици, а како дополнување на тековните активности ангажирана е и метачка.Со големата цистерна се врши миење на јавните површини согласно Програмата за работа, на локациите каде има поголема фрекфенција на луѓе и автомобили и на местата каде се одржуваат манифестации. Со малата цистерна се врши миење на површините каде пристапот е ограничен, односно потесни улици. Интензивно се врши и машинско метење на јавните површини, тротоари и коловози, со цел за одржување на јавната чистота на повисоко ниво.

Охрид | пред 3 години

Komunalec_cistenjes-star-grad_18082022005.jpg-nggid03730-ngg0dyn-300x300x100-00f0w010c011r110f110r010t010

ЈП „Охридски Комуналец“ со активности за миење на улиците во Стариот дел на градот

Со цел да се подигне нивото на јавна чистота, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ рано утринава спроведоа активности за миење на улиците во Стариот дел на градот.Заради специфичноста на теренот, тешката пристапност и тесните улици, чистењето било извршено со мала цистерна.Како дел од програмата за одржување на јавна чистота, ЈП „Охридски Комуналец“ врши секојдевно миење на улиците во централното градско подрачје, чаршијата и градскиот кеј, како и на улиците во сите населби, по претходно утврдена динамика.

Охрид | пред 3 години

294191184_502279788366516_4223917623100494049_n

Се врши дезинфекција и миење на контејнерите во Охрид

ЈП Охридски Комуналец во текот на минатата вечер извршија миење и дезинфекција на контејнерите во градот.„Согласно програмата за работа на ЈП Охридски Комуналец синоќа во вечерните часови кога е намален интензитетот на сообраќај извршивме миење и дезинфекција на контињерите и локациите каде што се поставени!Ќе продолжиме до зацртаната динамика и во наредниот период со цел да не се јавува непријатен изглед и миризба“, се вели во објавата.

Охрид | пред 3 години

Komunalec_higiena_28072022005

ЈП „Охридски комуналец“ ги интезивира активностите за одржување на јавната чистота

Поради зголемениот број на туристи и гости кои го посетуваат охридското крајбрежје ЈП „Охридски комуналец“ ги интензивира активностите за одржување на јавната чистота. Ангажирани се две цистерни за миење на улици, а како дополнување на тековните активности ангажирана е и метачка.Со големата цистерна се врши миење на јавните површини согласно Програмата за работа, на локациите каде има поголема фрекфенција на луѓе и автомобили и на местата каде се одржуваат манифестации. Со малата цистерна се врши миење на површините каде пристапот е ограничен, односно потесни улици. Интензивно се врши и машинско метење на јавните површини, тротоари и коловози, со цел за одржување на јавната чистота на повисоко ниво.

Охрид | пред 3 години

FB_IMG_1660904838695

Екипите на Охридски Комуналец на терен во градот и приградските населби

Голем број активности на оперативните служби задолжени за јавното зеленило и јавната чистота, велат од Охридски Комуналец"Екипите на „Паркови и зеленило„ го расчистуваат патниот правец од с.Лескоец до с.Скребатно. Се отстрануваат гранките од дрвјата и жбунестата вегетација која го попречува нормалното движење на пешаците и возилата, а тревата се коси.Во с.Пештани активности за тековно хортикултурно одржување на училишниот двор од О.У.„Наум Охридски” и детското игралиште.Во централното градско подрачје (градски парк, парк Мазија и „Булевар Туристичка” ) активности за тековно одржување на јавното зеленило и хортикултурните содржини.Продолжуваат секојдневните активности за подигање на наталожениот отпад (реса, муљ, тешко разградлив отпад и др.) од езерските води по градскиот кеј", велат од претпријатието.

Охрид | пред 3 години

301958903_527650012496160_6725263955592260609_n

ЈП Охридски Комуналец редовно го средува јавното зеленило во градот

ЈП Охридски Комуналец преку социјалните мрежи информираше за активностите во изминатиот период. Тие велат дека редовно се работи на косење на тревниците и средување на зеленилото во градот.„-Редовно косење Градски парк и Скејт парк-Редовно косење ул.Гоце Делчев-Редовно косење ул.Јане Сандански-Чистење зеленило Бул.Македонски Просветители-Редовно косење и шишање грмушки на Бул.Туристичка-Средување на паднати гранки од невреме-Редовно косење на каналот Студенчишта-Чистење и косење зеленило ул.Железничка“, стои во објавата.

Охрид | пред 3 години

Saem_socijalna_politika_26092022002-1440x1080-1

Во Охрид се одржа Саем на социјални претпријатија

Денеска во Охрид, се одржа Саем на социјални претпријатија, каде учество зедоа социјални претпријатија од југозападниот регион на Македонија.Во име на Општина Охрид пристуните ги поздрави советникот Перчо Божиновски, кој истакна дека социјалната економија е нов тренд во светската економија чиј фокус е насочен кон подобрување на егзитенцијалните услови на ранливите категории на граѓани.– Самото работење на ваквите компании треба да послужи и како пример и да ги охрабри останатите економски чинители да се приклучат и да дадат свој придонес во овој процес. Секоја поддршка е ветер во грб, особено кога таа доаѓа од институции кои се докажан партнер во соработката и поддршка на самиот процес на развој на иницијативите за социјално претприемништво. Токму во Општина Охрид може да гледате таков партнер, бидејќи Локалната самоуправа не само што е отворена за изразување поддршка, туку и е спремна во секој поглед да ги поддрши и промовира таквите иницијативи, рече Божиновски.На настанот беа присутни претставници на општини од Унгарија, Полска и Словенија, кои споделија свои искуства во оваа област. Саемот е во организација на Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија при Фондацијата за поддршка на претпријатија во Охрид и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“.facebookShare on FacebookTwitterTwe

Охрид | пред 3 години

Karate_240922003

Карате куп се одржа во Охрид

Денес во Охрид се одржа карате куп на Македонија за кадети, јуниори и сениори до 21 година. На купот се врши селекција на репрезентацијата во категории кадети, јуниори и сениори, која што ќе ја претставува Македонија на Светското првенство кое ќе се одржи на во Октомври 2022 година во Република Турција.Исто така, сите освојувачи на медали на Купот ќе ја претставуваат Македонија на Балканското првенство во Црна Гора.На купот учество зедоа карате клубови од Македонија.

Охрид | пред 3 години

Edrilicarska_regata_240922003

Охрид домаќин на меѓународна едриличарска регата

Викендов во Охрид се одржува второто издание на меѓународната едриличарска регата „International Ohrid regatta“ што е во организација на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг“ од Охрид, а со поддршка на Општина Охрид и ЕФМ.На настанот ќе земат учество едриличари од Е.К. „Акватика Јахтинг“ и Е.К. „Снегар“ од Македонија , клубовите Ј.К. „Палиќ“, Ј.К. „Панонија 1975“, Ј.К.„Смедерово“ од Србија, Централен Софиски Јахт Клуб од Бугарија и останати клубови од соседството.Во има на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков на почетокот на регатата се обрати советникот од Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски.– Дозволете да го изразам моето задоволство што денес сум меѓу вас на ова големо спортско случување со кое се продолжува туристичката сезона во Охрид. Ви блaгодарам на сите Вас мајстори на едриличарството, верни на стрмниот бран и налетот на ветрот што ни подарувате вакво спортско случување кое ги оживува нашите чувства дека летото е се уште тука и убавите сончеви денови нема да заминат.На јужен начин, насмеани и силни , вешто напрегајќи ги платната со едра и фаќајќи го „чистиот“ ветер, секогаш создавате чувство дека сте „ кралеви на снежно-бела јахта“ и успеваате преку овој спорт да го поставите Охрид високо на меѓународната спортска карта. Јахтaрањето е сериозна активност, чини скапо во однос на вложување на труд и пари, а со самото тоа што сте одлучиле да се занимавате со него создавате услови за развој на спортскиот туризам кај нас. Токму затоа ние како локална самоуправа секогаш ќе ги поддржуваме ваквите случувања.Почитувани учесници од Македонија, Србија, Бугарија имајте успешни натпреварувачки денови. Сите вие сте добри „акробати на вода“ но нека победи највештиот од вас.Драги мои. Вас ви треба езерото како воздухот, како можност за вистински живот, а вие ни требате нас, затоа што вие сте двигатели на вака убави спортски настани кои и во иднина ќе ги поддржуваме.Ви посакувам успешни спортски денови со желба до година да бидете побројни– рече Божиноски.

Охрид | пред 3 години

Evropska_nedela_sport_20220920006-1440x1080-1

Општина Охрид се вклучи во европската недела на спортот

Општина Охрид активно се вклучи во одбележувањето на Европската недела на спортот. Фокусот е даден на обезбедување можности за сите да бидат активни преку спортско – рекреативни активности.Одбележувањето започна во ООУ „Св. Климент Охридски“ преку организирање на спортско –рекреативни активности. Во наредните денови вакви активности ќе се организираат и во другите училишта.

Охрид | пред 3 години

Maraton_20220909004

Претставени учесницие на Охридскиот пливачки маратон

На пригодна свеченост синоќа, пред охриѓани и гостите беа претставени пливачите кои ќе учествуваат на 35то издание на Охридскиот пливачки маратон. Во машка категорија ќе се натпреваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, од Словенија доаѓаАрне Фурлан Штулар, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единствената девојка на годинашниот маратон ќе биде аргентинката Рита Ванеса Гарсија.– На прагот сме на еден исклучитено богат викенд со спорстки и културнинастани, во чиј центар несомнено е најзначајната спортска манифестација– Охридскиот пливачки маратон. Настан кој годинава одбележува 60годишен јубилеј,манифестација која Охрид го стави на светската пливачкамапа, како една од најпрестижните и најпосакуваните дестинации запливачките витези, рече во своето обраќање пред пристуните градоначалникот Кирил Пецаков и додаде, Охрид и охриѓани знаат и умеат да ги почитуваат и одржуваат традициите и покрај сите искушенија, кој и покрај сите потешкотиите со кои се соочуваше, ќе се одржи в сабота.Охридскиот пливачки маратон не би опстоил сите овие години доколку тука не биле плејада заслужни охриѓани кои го поддржувале, афирмирале и помагале. За таа цел Општина Охрид додели благодарници за маратонците, кои дале придонес во организацијата на Охридскиот пливачки маратон, Дики Бојаџи, Ристе Савин и Насте Јончески. Постхумно благодарници беа доделени и на Климе Савин, Леко Радиќ, Славе Филев, Нико Нестор и Атина Бојаџи.Во рамки вечерашната манифестација беа промовирани фотографии од првиот пливачки маратон организирана и документарниот филм „Охридски пливачки легенди“.Maraton_20220909001Maraton_20220909002Maraton_20220909003Maraton_20220909004Maraton_20220909005Maraton_20220909006Maraton_20220909007

Охрид | пред 3 години

DSC0270

Општина охрид покровитал на турнирот во фудбал за деца од охридските фудбалски клубови

Денес во просториите на Општина Охрид се одржа координативен состанок поврзан со Фудбалскиот турнир за деца.Турнирот ќе се одржи на први и втори октомври, а учество ќе земат деца кои активно тренираат во охридските фудбалски клубови.Покровител на фудбалскиот турнир е Општина Охрид.

Охрид | пред 3 години

Drzavno_prvenstvo_plivanje_20220716008

На отворениот базен започна летното државно првенство во пливање

По пауза од две децении, Охрид повторно е домаќина на пливачки натпревар. Вчера на СРЦ “Билјанини извори“ започна Летното државно првенство во пливање, во организација на Пливачката федерација на Македонија и Пливачкиот Клуб “Акваспирит“ од Охрид, а под покровителство на Општина Охрид. Во името на градот домаќин, пред присутните пливачи и гости се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.– Искрено сум возбуден што можеме да присуствуваме на првенство во пливање во Охрид, кој покрај сите епитети кои ги заслужува, сеуште како ехо на минатото го носи и епитетот како пливачки град. Дозволете ми да ги упатам најискрените честитки на организаторите, на сите помагатели и вљубеници во пливањето, а посебна благодарност до компанијата КОСТАЛ за несебичната донација за овој спортски настан.Јас како некогашен ракометар, знам што значеше да се има соодветна спортска сала и уште повеќе ми е јасно, што значи за пливачите да имаат свој затворен базен. Но, состојбата е таква што ние се уште сме во очекување тој да биде конечно целосно завршен. И во такви услови, локалната самоуправа со искрената посветеност кон спортот, се потруди да овозможи оптимални услови за одржување на првенството.Почитувани присутни, ве уверувам дека во моментот кога Охрид конечно ќе го добие толку посакуваниот затворен базен, нашиот град повторно ќе изнедри врвни пливачи, идни олимпијци, а Охрид за секогаш ќе стане симбол на македонското пливање – истакна во своето обраќање Пецаков.На првенството ќе земат учество 300 пливачи од 17 клубови од Скопје, Охрид, Штип, Куманово и Битола.Првенството е поделено во 22 дисциплини, во пет категории, во машка и женска конкуренција.

Охрид | пред 3 години

Italianski_ambasador_13072022005

Италијанскиот амбасадор во посета на Охрид

Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, денес беше во протоколарна посета на Општина Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков и италијанскиот дипломат, разменија мислења за повеќе прашања кои ги допираат двете земји. Силвестри, посебно беше заинтересиран за проектите кои се однесуваат на заштитата на Охридското Езеро и подготвеноста на Италија да ги помогне истите, како и за соработка на културно поле.Амбасадорот Силвестри не ја криеше својата воодушевеност, кога градоначалникот Пецаков го информира за проектот на локалната самоуправа – “Италијански јазик во основното образование“, што ќе се имплемантира од следната година во основните училишта “Св.Климент Охридкси“ и “Христо Узунов“.Градоначалникот Пецаков, беше поканет на манифестацијата “Вечер на Италија“, што ќе се одржи на 29 јули во Охрид.

Охрид | пред 3 години

Germanski_ambasador_13072022006

Средба на Пецаков со германската амбасадорка Холштајн

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес оствари средба со германската амбасадорка во нашата земја, Анке Холштајн. На средбата градоначалникот Пецаков ја запозна високата гостинка со актуелниот миг од функционирањето на Општина Охрид и предизвиците со кои се соочува. Во таа насока посебно беа потенцирани активностите во однос на исполнувањето на критериумите за зачувување на статусот во УНЕСКО, како светско природно и културно наследство. Градоначалникот ја информираше својата соговорничка, за отворањето на Старт Ап Центарот, со помош на европските фондови, како и за одличната соработка со фирмите КОСТАЛ и ОДВ и проектите кои овие фирми ги реализираат со ОСУ “Св. Наум Охридски“.Од своја страна германската претставничка во Македонија, ја изрази подготвеноста амбасадата да помогне во реализацијата на одреди проекти, посебно кои се однесуваат на трансграничната соработка со Албанија за заштита на езерото.

Охрид | пред 3 години

DSC0260

Презентација на вториот повик за социјални услуги за југозападниот регион

Денес во големата сала на Општина Охрид, се одржа презентација на вториот повик за социјални услуги за југозпадниот регион. Пред присутните се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.– Одржливи и квалитетни социјални услуги во локалните заедници според потребите на граѓаните може да се реализираат со размена на искуства и практики меѓу општините, како даватели на социјални услуги, но неопходна е и соработка помеѓу централната и локалната власт , но и граѓанскиот сектор во унапредување на квалитетот на животот на граѓанитеРазвојот на локалните социјални услуги е модел кој ги обединува сите чинители на локално ниво да се вклучат во градењето на заедницата. Затоа, локалните самоуправи како први меѓу еднаквите на подрачјето на кое делуваат заедно со своите партнери од граѓанските организации се исправени пред обврската да обезбедат социјални услуги за своите граѓани.Социјалните услуги играат клучна улога во јакнење на отпорноста кај поединците, семејствата и заедниците , како и при поддршка на човековиот и економскиот развој во земјата. Секој поединец или семејство заслужуваат шанса за подобри услови за живот во заедницата. Затоа како Локална власт постојано работиме на унапредување на социјалните услуги и активности. Отворена е сензорна градина во ООУ „Григор Прличев“. Го поддржуваме првиот регионален саем на социјални претпријатија од југозападниот регион. Општина Охрид додели стипендии на редовни ученици, студенти, магистранти и докторанти на лица со ретки болести и посебни потреби. Објавивме повик за финансиска поддршка за центар кој згрижува и третира деца со атипичен развој. Поддршката е наменета за деца кои потекнуваат од социјално загрозени семејства. Објавен и спроведен е јавен повик за прибирање проектни идеи на здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита. Тековен е проектот што општината го работи заедно со УНДП преку кој се ангажирани 9 образовни асистенти во рамки на средните училишта. И понатака ќе работиме на унапредување на социјалната политика на општина Охрид, за чија успешност е неопходна соработка со централната власт и граѓанскиот сектор – истакна во своето обраќање Пецаков.На презентацијата беше претставен Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) како еден од инструментите на поддршка во успешното реализирање на сеопфатна социјална реформа, која има за цел зајакнување на човечкиот капитал, намалување на сиромаштијата и подгнување на квалитетот на животот во земјата.Носител на проектот е Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка.

Охрид | пред 3 години

Atina_Bojadzi_04072022005

Од денес започнува со работа Градскиот базен „Атина Бојаџи“

Од денес започнува со работа Градскиот базен „Атина Бојаџи“, на кој неодамна се изврши реконструкција. На пригодната свеченост свои обраќања пред приустните имаа градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и директорот на ЈП „Блијанини Извори“ , Теодор Андоноски.– Навистина е неописливо чувството повторно да се слушне детски џагор на Градскиот базен „Атина Бојаџи“. Денеска сме овде присутни да го означиме почетокот на функционирањето на градскиот базен, каде охридските пливачки школи ќе одржуваат часови за најмладите. До овој момент пријавени се околу 300 деца, од кои едни ќе се учат да пливаат, додека други ќе ги усовршуваат пливачките техники. Како Локална самоуправа успеавме за кратко време да го санираме базените, односно да се обојат коритата на олимпискиот и детскиот базен. Реконструкцијата на базенот е инвестиција на Општина Охрид и ЈП „Билјанини извори“, следната година ќе има дополнителни инвестиции во уредувањето на просторот околу базенот. Уредени се и трибините кои беа во распаѓање. Сето ова се прави првенствено за пливачките школи да може да тренираат бидејќи пливањето е еден од најдобрите спотови за развој на нашите деца. Охрид порано бил расадник на млади и успешни пливачи, а нашата цел е тоа да се возобнови. За прв пат Охрид после 20 години ќе биде домаќин на Државно првенство во пливање на кое покровител е Општина Охрид. Од 15 до 18 јули ќе се организира првенство на кое ќе настапат најдобрите пливачи од Македонија, за сите генерации. На тоа првенство ќе можат да остваруваат резултати кои во иднина ќе може да ги користат за добивање стипендии и тајминзи за настапи на европски и светски првенства. Во јули отворениот базен „Атина Бојаџи“ ќе биде домаќин и на Меѓународен митинг на кој ќе настапат пливачи од Србија, Бугарија и Македонија, во организација на Пливачкиот клуб „Аква спирит“, рече градоначалникот Пецаков.На крај од своето обраќање, градоночалникот испрати порака до пливачите.– За крај, како долгогодишен спортист, сакам да испратам една порака до сите оние кои денес за прв пат ќе се сретнат со пливањето, но и до оние поискусните.„Никогаш, ама никогаш немојте да се плашите да изгубите. Единствен начин да докажете дека сте добри во спортот е да изгубите и со кренати глави да го поднесете поразот. Бидејќи тоа ќе ви укаже каде грешите и каде треба да се подобрите. Надградувајте се постепено и успехот ќе биде неизбежен“, заврши градоначалникот.Директорот на ЈП „Билјанини извори“ , изрази благодарност до Локалната самоуправа и градоначалникот што пронајдоа можност за краток временски период да се изврши неопходната реконструкција на градскиот базен и им посака успешно фунцкионирање на пливачките школи.

Охрид | пред 3 години

Mostovi_20220703001

Одржана конференција „Градиме мостови кон заедничка иднина од соседи кон стратешки партнери“

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков денеска во Општина Охрид ги прими и им се обрати на учесниците на конференцијата „Градиме мостови кон заедничка иднина: од соседи кон стратешки партнери“ што изминативе неколку денови се одржуваше во Охрид во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“ , а со поддршка на Општина Охрид и Центарот за европски студии „Филфрид Мартенс“ од Брисел.Учесниците на конференцијата беа млади, талентирани, општествено одговорни лица кои дискутираа и разменуваа искуства на теми од заеднички интерес: Регионални предизвици од влијание на надворешни актери; Дезинформации односно справување со лажни вести; Важност од целосна евро- интеграција на земјите од регионот во насока на обезбедување регионална стабилност.Градоначалникот Пецаков објасни зошто е потребно одржување настани од таков тип.– Ми причинува особено задоволство, што денес сум меѓу Вас и имам можност да ги поздравам младите, талентирани и општествено активни луѓе, стипeндисти на фондацијата „Конрад Аденауер“ кои учествуваа на конференцијата „Градиме мостови кон заедничка иднина: од соседи кон стратешки партнери“ што деновиве се одржуваше во Охрид. Ме радува фактот што младите дискутираа и разменуваа искуства на теми кои се од заеднички интерес, како регионални предизвици од влијание на надворешни актери, дезинформации односно справување со лажни вести, како и важноста од целосна евро- интеграција на земјите од регионот во насока на обезбедување регионална стабилност. Ваквите средби се доказ дека и покрај одредени политички прашања, научните и образование достигнувања не познаваат граници и ги рушат сите бариери. Младите се тие на кои иднината и Светот остануваат и вакви средби се од големо значење во надминување на различностите и градење Европска иднина. Јас се надевам дека прошетавте и ги видовте убавините на Охрид, градот кој заедно со Охридското Езеро како ретко и светски важно културно наследство е под заштита на УНЕСКО. Овде, во Охрид , на секој чекор може да се почувствува чудесниот спој на остатоците на цивилизациите и природните реткости, амбиент кој континуирано опстојува 7 илјади години. Тука ве поздравувам и се надевам дека ќе има и наредни убави поводи повторно да дојдете и да бидете гости во нашиот убав Охрид—рече градоначалникот Пецаков.На настанот се обрати и директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер “во Македонија, Даниел Браун.Учесниците на конференцијата се стипендисти на фондацијата, а предавачи беа докажани експерти во релевантните области.

Охрид | пред 3 години

Zamenik_ambasador_Avstralija_22062022004

Протоколарна средба меѓу Пецаков и заменик амбасадорот на Австралија Андерсон

Заменик амбасадорот на Австралија во Амбасадата во Белград, што ја покрива и Македонија, Филип Андерсон заедно со почесниот конзул на Австралија во Македонија, Зоран Костовски остварија протоколарна средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.На средбата разговараа за интензивирање на соработката, особено со збратимениот град Волонгог и со Квинбеин со кого Охрид има потпишано протокол за соработка. Заменик амбасадорот изрази задоволство да учествува во процесот на интензивирање на комуникацијата и соработката.Градоначалникот Пецаков, ги запозна гостите со културно – историските знаменитости на градот и со богатата историја со што се отвора поле за соработка во повеќе области помеѓу Охрид и Австралија. Заменик амбасадорот Андерсон го увери градоначалникот дека е заинтересиран да придонесе во развој на соработката во бизнис сферата, образованието и туризмот, со оглед на фактот дека во охридскиот регион има многу бизнисмени повратници од Австралија, но и жители од регионот кои мигрирале во Австралија. Како идеја произлезе отворањето на канцеларија за комуникација и соработка со Австралија која би се отворила во Охрид.Градоначалникот и Заменик амбасадорот се обврзаа активно да учествуваат во стимулирањето на невладините организации од Охрид што помасовно да испраќаат проекти за финансирање на повикот што во следниот период ќе го објави Амбасадата.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања