Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Претставени учесницие на Охридскиот пливачки маратон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Maraton_20220909004

На пригодна свеченост синоќа, пред охриѓани и гостите беа претставени пливачите кои ќе учествуваат на 35то издание на Охридскиот пливачки маратон. Во машка категорија ќе се натпреваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, од Словенија доаѓаАрне Фурлан Штулар, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единствената девојка на годинашниот маратон ќе биде аргентинката Рита Ванеса Гарсија.

— реклама —

– На прагот сме на еден исклучитено богат викенд со спорстки и културнинастани, во чиј центар несомнено е најзначајната спортска манифестација– Охридскиот пливачки маратон. Настан кој годинава одбележува 60годишен јубилеј,манифестација која Охрид го стави на светската пливачкамапа, како една од најпрестижните и најпосакуваните дестинации запливачките витези, рече во своето обраќање пред пристуните градоначалникот Кирил Пецаков и додаде, Охрид и охриѓани знаат и умеат да ги почитуваат и одржуваат традициите и покрај сите искушенија, кој и покрај сите потешкотиите со кои се соочуваше, ќе се одржи в сабота.

— реклама —

Охридскиот пливачки маратон не би опстоил сите овие години доколку тука не биле плејада заслужни охриѓани кои го поддржувале, афирмирале и помагале. За таа цел Општина Охрид додели благодарници за маратонците, кои дале придонес во организацијата на Охридскиот пливачки маратон, Дики Бојаџи, Ристе Савин и Насте Јончески. Постхумно благодарници беа доделени и на Климе Савин, Леко Радиќ, Славе Филев, Нико Нестор и Атина Бојаџи.

— реклама —

Во рамки вечерашната манифестација беа промовирани фотографии од првиот пливачки маратон организирана и документарниот филм „Охридски пливачки легенди“.

Maraton_20220909001

Maraton_20220909002

Maraton_20220909003

Maraton_20220909004

Maraton_20220909005

Maraton_20220909006

Maraton_20220909007

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања