Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Настани
media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

ТАВ Македонија инвестира 2,7 милиони евра во неколку клучни подобрувања на Аеродром Свети Апостол Павле Охрид, со цел зголемување на капацитетите и подобрување на условите за патниците и вработените.

Како што соопшти генералниот директор Неџат Курт на ТАВ Македонија, проектот предвидува проширување на патничкиот капацитет, зголемување на просторот за безбедносна контрола на патници и багаж, како и проширување на административната зграда.

— реклама —

Во рамки на инвестицијата ќе бидат изградени нови канцеларии за граничната полиција, паркинг за вработените и кафетерија, со што значително ќе се подобрат условите за работа и престој на аеродромот.

„Оперативноста на аеродромот ќе продолжи додека се изведуваат градежните работи, а се очекува тие да завршат кон крајот на мај. Овој проект ќе му даде сосема нов лик на охридскиот аеродром и ќе овозможи подобро секојдневие за сите што се дел од воздушниот сообраќај“, изјави Курт.

— реклама —

Дополнително, беше најавено дека Визер започнува со нова авиолинија од Охрид до Милано, што го означува почетокот на летната сезона. Со ова се надополнуваат постојните линии кон европските дестинации, меѓу кои и Братислава и Виена.

Инвестицијата доаѓа во период кога се очекува зголемен број патници во текот на летната туристичка сезона, при што модернизацијата на инфраструктурата треба да одговори на растечките потреби на воздушниот сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library73c2f0shcf622ssIiF6

Охрид СОС алармира: Сеча во зона на строга заштита кај изворите на Црн Дрим

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-librarylg7ffncrm6avdmj2b2S

(Видео) Охрид доби нов скејт-парк крај „Студенчишта“

Настани | пред 1 седмица

pecakov

Охрид со највисок резултат за интегритет меѓу 44 општини

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Ешерихија коли и недостиг на хлор – забрана за пиење вода во осум охридски села

Охрид | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања