Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Охрид со највисок резултат за интегритет меѓу 44 општини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
pecakov

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, информира дека општината е рангирана како најуспешна во државата според Извештајот за 2025 година на Државната комисија за спречување на корупција, во делот на примената на системот за интегритет.

Според објавените податоци, Општина Охрид постигнала исполнетост од 87,87%, со што е сместена во категоријата „многу добра усогласеност“ и е на прво место меѓу сите општини во државата.

— реклама —

„Овој резултат е највисок што Општината го има постигнато досега и претставува јасен показател за континуираното унапредување на транспарентноста, отчетноста и одговорното управување“, наведува Пецаков.

Проценката на Комисијата се темели на три клучни сегменти: воспоставување на систем за интегритет, спроведување на мерките и механизмите, како и следење и известување за нивната примена.

— реклама —

Во анализата биле опфатени 44 единици на локалната самоуправа, што, според Пецаков, дополнително ја потврдува тежината на постигнатиот резултат.

Тој додава дека ваквиот успех е резултат на посветена работа и најавува дека општината ќе продолжи со унапредување на стандардите за интегритет и транспарентно управување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library73c2f0shcf622ssIiF6

Охрид СОС алармира: Сеча во зона на строга заштита кај изворите на Црн Дрим

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-librarylg7ffncrm6avdmj2b2S

(Видео) Охрид доби нов скејт-парк крај „Студенчишта“

Настани | пред 1 седмица

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Ешерихија коли и недостиг на хлор – забрана за пиење вода во осум охридски села

Охрид | пред 2 седмици

media-librarym6q2tkg92krv5HM1s5T

Диви депонии низ Охрид: Камери, казни и нови мерки во најава

Охрид | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања