Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОХРИД

Ilinden_pl_maraton_01082022001

Се е подготвено за одржување на Илинденскиот пливачки маратон

Илинденскиот пливачки маратон по 43ти пат ќе се одржи на 02 август. Маратонот ќе се одвива на патеката од Горица до Градското пристаниште во должина од 2,5 километри. Покровител на Илинденскиот пливачки маратон е Општина Охрид.– Илинденскиот пливачки маратон е настан кој Локалната самоуправа го подржува долги години, а тоа ќе го правиме и во иднина. Покрај тоа даваме поддршка и на други манифестации кои се поврзани со пливањето. Се надевам дека во иднина оваа поддршка ќе се зголеми, особено откако ќе го добиеме покриениот базен. Сето тоа очекуваме да резултира со градење на спортски личности кои што понатака ќе постигнуваат врвни резултати во пливањето. Охрид како туристички град, како град кој што има езеро, треба да вложува во овој спорт, затоа што минатото ни покажува дека големи имиња излегоа во овој спорт и се надевам дека во наредниот период со соодветна инфраструктура и со соодветно вложува од страна на Локалната самоуправа и приватниот сектор ќе добиеме повторно големи имиња во пливањето и кои ќе постигнат врвни резултати, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.Почетокот на трката е закажан за во 10 часот во категоријата мажи и 10:30 часот во категоријата жени.Катерина Стојаноска во име на организаторот на маратонот „Охридски бранови 2008“ истакна дека вкупно пријавени се 44, од кои 29 мажи и 15 жени. За регуларноста на трката ќе бидат ангажирани 10 судии, додека за безбедноста на пливачите и екипите ќе се грижи Црвен крст од Охрид.

Охрид | пред 3 години

Memorandum_kasarna_26072022002

Меморандум за стратешка соработка на општина Охрид и друштвото за истражување и развој „СЕФИДАНИС“

Градоначалникот Кирил Пецаков и проф.д -р Анис Сефиданоски денеска во просториите на касарна Хаб што ја опреми Општина Охрид преку проектот „Ohrid Gо“ ,потпишаа меморандум за стратешка соработка. Со тоа Локалната самоуправа и Друштвото за истражување и развој „СЕФИДАНИС“ ДООЕЛ – Охрид се обврзаа дека ќе работат на афирмација и поддршка на економскиот развој, креирање на услови за развој на паметни и зелени технологии, создавање на услови за развој и унапредување на претприемништвото и создавање на кадар. Заеднички ќе се настапува ѝ при подготовка и спроведување на активности и проекти пред македонските и меѓународните институции.Потписниците се обврзаа дека заеднички ќе делуваат и меѓусебно соработуваат преку размена на искуства и најдобри практики, како и учество во настани и активности од заеднички интерес. Подготовка, развивање и учество во заеднички проекти и истражувачки активности како и организирање обуки, советувања и други настани за развивање и промоција на општествената одговорност.– На оваа соработка гледам со радост затоа што истата нуди многу можности. Капацитетите на професорот Анис Сефиданоски за општината и за мене како градоначалник се добро познати. Сум имал можност да ги видам сите оние работи на кои што работи и ги развива своите умствени капацитети. Се надевам дека од оваа соработка ќе произлезат многу проекти и работи коишто како општина можеме да ги користиме, а благодетите покрај охриѓани ќе ги користат и туристите кои го посетуваат градот. Се надевам дека наскоро ќе ги видиме и првите плодови по потпишување на меморандумот за соработка – рече градоначалникот Кирил Пецаков.– Денес се наоѓаме во предвечерието на четвртата индустриска револуција каде што новите технологии како што се вештачката интелигенција, виртуелната реалност, роботиката ќе го трансформираат секој сегмент од животот, најмалку онолку колку што тоа го направи електричната енергија. Иднината која ни претстои е возбудлива. Ајти секторот е прв повикан да одговори на ризиците и предизвиците од дигиталната ера. Затоа соработката со Касарна Хаб и сите „актери“ кои се вклучени во неа почнувајќи од градоначалникот, а потоа експертизата е повеќе од важна– истакна проф. д-р Анис Сефиданоски од Друштвото за истражување и развој „СЕФИДАНИС“- ОхридЗаедничките активности и проекти ќе се реализираат на иницијатива и покана на една од страните потписнички на Меморандумот и секоја поединечна активност, доколку тоа е потребно ќе биде регулирана со посебни договори.Овој Меморандум не ги ограничува или строго утврдува начинот и видовите на соработка, туку ја насочува сферата на заеднички интерес која е во согласност со нивната мисија и визии.Страните потписнички се согласуваат на редовна меѓусебна размена на литература и други корисни материјали, со цел да им се овозможи на членовите слободен пристап до корисни информации поврзани со целеите на овој меморандум.Просториите на Касарна Хаб ќе бидат ставени на располагање за користење на Друштво за истражување и развој СЕФИДАНИС Дооел Охрид со цел остварување на претходно наведените цели согласно овој Меморандум. Друштво за истражување и развој СЕФИДАНИС Дооел Охрид се обврзува истите да ги користи уредно и домаќински, и во насока на реализирање на целите од овој Меморандум.Просториите на Касарната Хаб што ги опреми и уреди Општина Охрид ќе бидат наменети и за наредни соработки со правни субјекти кои обезбедуваат поголем економски развој на Охрид.

Охрид | пред 3 години

Svajcarska_donacija_Kosnozglobna_25072022005

Амбасадорката на Швајцарија во посета на Охрид

Денес, Амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник Улман Марти, беше во посета на Охрид. Заедно со градоначалникот Кирил Пецаков, директорката на Центарот за развој на Југозападен плански регион Мирјана Лозаноска и претставникот на Советот за развој на Југозападен плански регион, ја посетија ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. Директорот д-р Ацо Велески им го претсави базенот за физикална терапија, кој ЈЗПР во соработка со Општина Охрид во рамки на програмата за „Одржлив инклузивен рамномерен регинален развој“ го релизираа преку Минитерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.Од страна на стручните лица, Амбасадороката беше запознаена со досегашниот тек на работа на базенот и медицинските третмани кои се одвиваат тука. Дополнително беше разговарано и за потребите за дозаокружување на базенската опрема, која повторно би била финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.Градоначалникот Кирил Пецаков, изрази благодарност и задоволство за досегашната соработка со Швајцарската амбасада и Агенцијата за развој и соработка. Тој ги истакна проектите кои се реализираат со нивна соработка и потенцираше дека Општина Охрид подготвува нови проекти со кои ќе учествува на наредните повици за кои се надева дека повторно ќе бидат поддржани.Амбасадорката истакна дека до сега е задоволна од соработката и исполнителноста во реализацијата на проектите кои се одвиваат преку Центарот за развој на Југозападен плански регион и Општина Охрид. Таа поденцираше дека Охрид е високо во нивната агенда и дека во иднина се надева на повторна соработка во реализација на големи проекти кои се од интерес за градот.

Охрид | пред 3 години

IMG_20220723_110737-scaled-1

Отворен конзулат на Република Србија во Охрид

Со пригоден настан кој се одржа денеска, свечено беше отворен Почесениот Конзулат на Република Србија во Охрид. На отворањето на Конзулатот свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.-Чувствувам посебно задоволство и чест што како градоначалник на Охрид сум присутен на овој свечен настан, а како охриѓанец сум особено горд, што нашиот град добива конзуларно претставништво на уште една значајна пријателска земја, а тоа е Република Србија.Македонскиот и Српскиот народ имаат вековна поврзаност, која е втемелена на заедничка историја и затоа отсекогаш сме биле пример за взаемна доверба и добрососедство. Тоа особено се однесува на традиционалните партнерства во сите сфери на општественото живеење.Од денес, со отворање на почесниот конзулат на Република Србија во Охрид, создаваме нови можности за градење уште поцврсти мостови на заедништво и зближување меѓу нашите граѓани. Се надевам дека тука ќе се родат многу нови идеи и иницијативи за остварување на стратешки интереси и унапредување на економската и стопанската размена, особено во делот на туристичките дејности.Општина Охрид отсекогаш била дел од билатералните процеси помеѓу Македонија и Србија и одржува долгогодишно пријателство. Збратимени сме со градовите Крагуевац и Инџија, а имаме потпишано протоколи за соработка со Земун, Лесковац, Александровац и градската општина Медијана од Ниш. Се надевaм дека во наредниот период ќе воспоставиме официјална соработка и со други српски центри, со кои имаме заеднички интереси.Во мое лично име и во името на граѓаните на Охрид, упатувам срдечни честитки до почесниот конзул Михајло Филев и му посакувам многу успех во извршувањето на доверената функција. Убеден сум дека со менаџерските способности и неговиот креативен потенцијал ќе оствари конкретни резултати и достигнувања. Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена да го поддржи функционирањето на ова дипломатско претставништво и да даде придонес онаму каде што е потребно. Очекувам, во иднина да ги зачестиме нашите средби и да имаме плодна соработка, истакна градоначалникот Пецаков.Покрај грaдоначалникот Пецаков, на свеченоста присуствуваа Министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, Вицеперемиерот на Македонската Влада задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска, Министерот за правда, Никола Тупанчески, Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, Српскиот амбасадор во нашата држава, Невена Јовановиќ, почесниот конзул во Охрид, Михајлов Филев, претставници на дипломатскиот кор и бројни гости од политичкиот и јавниот живот на двете држави.Одлуката за отворање на свој Почесен Конзулат во Охрид, Република Србија ја донесе минатиот месец. Ова дипломатско претставништво ќе ги покрива општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Кичево, Дебар и Центар Жупа. Почесниот Конзулат е лоциран на улица „7-Ноември“ број 27 во непосредна близина на СВР Охрид.

Охрид | пред 3 години

Ambasador_Spanija_04082022004

Пецаков на средба со шпанскиот амбасадор

Денес во работна посета на Општина Охрид престојуваше амбасадорот на Шпанија во Република Македонија, Н.Е. Хосе Луиз Лозано Гарсија. На средбата со градоначалникот Кирил Пецаков, шпанскиот амбасадор истакна дека денешната посета на Охрид е дел од економскиот карван на амбасадорот низ Македонија, каде се бараат можности за поблиска соработка со општините во земјава. Високиот дипломат ја истакна добрата соработка на шпанската компанија “ИДОМ“ со ЈП “Колекторски систем“, што резултира со грант од еден милион евра за изработка на физибилити студија. Амбасадорот изрази подготвеност да посредува во остварување на поблиски врски и збратимување на шпански град со Охрид, кој дели исто или слично природно и културно наследство.Градоначалникот Пецаков ја изрази подготвеноста и отвореноста на Охрид за соработка, посебно во делот на заштитата на охридското природно и културно богатство и споделување на заедничи искуства од соработката со УНЕСКО.На средбата беше договорено, шпанскиот амбасадор во блиска иднина повторно да го посети Охрид со својот економски тим, на која би се конкретизирале идните заеднички проекти.

Охрид | пред 3 години

pecakov-4

Пецаков со честитка за празникот Илинден

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати честитка до охриѓани и останатите граѓани на Република Македонија по повод 2 Август – Илинден.– Нека ни е честит најголемиот македонски двоен празник. Двата Илиндена, 1903 и 1944, ја симболизираат нашата борба за сопствена држава, благодарение на што денес живееме во самостојна, демократска и независна Република Македонија.И денес гордо одиме по патот зацртан со Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ негувајќи ги идеалите за слободна, демократска и независна Република Македонија.Борбата на еден народ не престанува со еден историски чин. Тоа е процес, тоа е континуитет, тоа е чувство што треба да го има секој од нас. Илинден е ден кога славиме и се потсетуваме на голем број револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ. Празнувајќи го овој датум, да им се заблагодариме и да им оддадеме почит на сите знајни и незнајни херои од нашата историја, зошто врз темелите што тие ги поставија опстојува Република Македонија.Нивниот пример е обврска за секоја идна генерација безусловно да ја води својата борба, борба за напредна, поуспешна и просперитетна Македонија – се вели во честитката на градоначалникот Пецаков по повод националниот празник Илинден.

Охрид | пред 3 години

maraton

Богат викенд исполнет со настани во Охрид

Богат викенд исполнет со настани ни претстои во градот. Денес ова го најави градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.– Пред нас како град ни претстои продолжен викенд кој што ќе биде богат со содржни. Денес тука со мене се организаторите на тие настани кои што ќе го збогатат продолжениот викенд и за кој се надеваме дека многу луѓе од Македонија и странство ќе бидат наши гости и да поминат убави денови. На 8ми, 9ти и 10ти септември ќе се одржи Фестивалот на виното кој за првпат се организира во Охрид. Уште една содржина е Охридскиот пливачки маратон кој што ќе се одржи во сабота на 10ти за кој Локалната самоуправа вложи напор заедно со Пливачката федерација и охридските пливачки клубови за да имаме маратон. Во сабота имаме уште една содржина, а тоа е ракометниот натпревар помеѓу екипите на Охрид и Прилеп, а во недела како надополнување на продолжениот викенд е организацијата на финалето во Супер купот во ракомет помеѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер. Многу содржини ни претстојат во овие денови за кои се надеваме дека ќе привлечат многу гости и се надевам дека ќе биде пример за наредното лето како би се организираме за токму кога привршува туристичката сезона да привлечеме повеќе гости во нашиот град, рече градоначалникот Пецаков.За деталите на Охридскиот фестивал на виното зборуваше организаторот Пане Темов.– Нашата организација опфаќа повеќе фестивали во Скопје и Кавадарци и тоа значи дека веќе имаме доволно искуство со винската култура во Македонија. На Охридскиот фестивал на виното ќе донесеме десетина винарии, но штандови ќе имаат и неколку увозници на вино. На штандовите посетителите ќе може да вкусат вина и од Шпанија, така да ќе имаме голема понуда на вина. Очекуваме да ги задоволиме сите вкусови. Ќе имаме музичка програма за сечиј вкус, во четврток ќе бидат домашните бендови, Камелеон и Бекдор бенд и Фолтин за крај на првата фестивалска вечер, истакна организаторот Темов.Охридскиот пливачки маратон оваа година ќе се одржи на десети септември со почеток во 10 часот.– На патеката „Климе Савин“ во сабота ќе пливаат осум пливачи од пет различни држави. Во склоп на маратонот организираме и доплнителни содржини со цел да го вратиме препознатливиот сјај на маратонот од минатото. Во четврток на плоштадот кај Долна порта ќе се направи презентација на сите пливачи, понатака ќе имаме изложба на стари фотографии од минатото и проекција на документарниот филм „Охридски пливачки легенди“. Во петок овој документарен филм ќе се емитува за децата од основните и средните училишта во Охрид, во сабота покрај главниот настан, организираме и работилница заедно со децата од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и заедно со УНЕДП на тема „Заеднички преспективи, младите за Охридското Езеро“. Истиот ден ансамблот „Билјана“ ќе има одржи мал концерт, рече Ристе Јанкоски, координатор на организациониот одбор за организација на Охридскиот пливачки маратон.

Охрид | пред 3 години

Americka_delegacija_30082022006

Претставници на американскиот совет на млади политичк лидери во посета на општина Охрид

Претставници на Американскиот совет на млади политички лидери, денеска, беа во посета на Општина Охрид. Тие остварија средба со градоначалникот Кирил Пецаков, претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и секретарот, Александар Китески.На средбата градоначалникот ги запозна гостите со начинот на функционирање на Локалната самоуправа и нејзините надлежности. Исто така градоначалникот ги запозна и со културно историските знаменитости на градот, како и со предизвиците со кои се соочува во насока на статусот на УНЕСКО.Во рамки на програмата за размена на Американскиот совет на млади политики лидери, во мај годинава градоначалникот Кирил Пецаков престојуваше во Соединетите американски држави.

Охрид | пред 3 години

mkd-335175

Пецаков уверен дека ќе се одржи Охридскиот пливачки маратон

Денес градоначалникот Кирил Пецаков одржа координативен состанок со претставниците на пливачките клубови од градов, со цел надминување на проблемите околу одржувањето на Охридскиот пливачки маратон.На состанокот беше изнесено мислењето дека Општина Охрид заедно со пливачките клубови, може да одговори на предизвикот во однос на техничката организација на спортскиот настан, но останува на пливачката федерација и Агенцијата за млади и спорт да го понесат својот дел од одговорноста.– Општина Охрид ќе направи сè, односно 99 отсто, Охридскиот пливачки маратон да се одржи. Локалната самоуправа ќе стори сè од следната година да ја преземе организацијата на манифестацијата во свои раце, заедно со пливачките клубови. И оваа година ќе направиме сè што е и што не е во наша моќ за да го организираме Охридскиот маратон. Ја повикуваме и државата, на што веднаш добив одговор од Агенција за млади и спорт“, изјави по состанокот Пецаков.Се очекува во текот на денешниот и утрешниот ден градоначалникот да оствари средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовкси, по што ќе имаме појасна слика за одржувањето на маратонот.

Охрид | пред 3 години

thumbs_ZIvko_Cingo_20220813002

Охрид го чествува Живко Чинго

Во родното место на великанот Чинго, во атарот на манастирот Св. Петка, вечерва, се одржа традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“. Во рамки на одбележувањето беше доделена наградата за најдобар расказ на авторката Анита Велкоска – ОДА за расказот „Зошто роботите не умеат да љубат“.Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.Почитувано семејство на Живко Чинго, дами и господа, драги Велгоштани,Од година во година иста или слична сценографија за манифестацијата посветена на нашиот великан Живко Чинго. И верувајте навистина е тешко да се најдат зборови, фрази, метафори со кои секој 13ти август ќе се разликува од претходниот во изразувањето на нашата почит кон Живко Чинго. Но, зошто и би се разликувало. Едноставноста е одлика на совршенството, само патот да стигнете до совршенството е сложен. А, Чинго беше токму тоа – едноставен и совршен, со сите човечки доблести и маани. Тој беше полнокрвен човек, затоа беше и најголемиот раскажувач. Дозволете ми овде да истакнам дека тој беше и есенцијален Македонец. Зошто не можете да бидете Македонец – творец, а во својата уметност да ја немате планетарната универзалност. Таков беше и нашиот Чинго – Велгоштанец, Македонец и граѓанин на светот. Ние како политичка власт, отелотворена во Локалната самоуправа, имаме света должност да ја негуваме оваа традиција и засекогаш да го чуваме и негуваме споменот за Живко Чинго. Конкурсот за најдобар расказ е во самиот врв на македонските литературни манифестации, а со превод на повеќе странски јазици, зазема место и во светската литературна ризница.Почитувани присутни,Дозволете ми во мое име и во името на Општина Охрид да ги упатам најискрените честитки на годинашниот лауреат, Анета Велкоска – ОДА за нејзиниот расказ „Зошто роботите не умеат да љубат“ и да и посакам долга и плодна кариера. А што се однесува до нашиот безвремен Живко Чинго, покрај оваа манифестација, бројните семинари, истражувања за неговиот лик и творештво или последното монументално дело „Книга за Чинго“ на професорите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, најдобар начин да не се заборави е да се чита неговото творештво. Верувајте ми. Неговите дела сите нас не прават подобри луѓе. Да е вечен споменот на нашиот драг Живко Чинго, истакна во своето обраќање градоначалникот Пецаков.Годинешниот лауреат, Анета Велкоска – ОДА истакна дека за нејзе ова претставува огромна чест.Беседа за Живко Чинго држеше археологот Паско Кузман, кој изнесе бројни факти и случки од животот на Чинго, додека творечки опус за животот на Живко Чинго како инспирација држеше Гоце Џуклески. Манифестацијата беше збогатена со богата културно – уметничка програма.

Охрид | пред 3 години

Erasmus_19092022002

Професори од неколку европски земји во посета на општина Охрид

Основното училиште „Ванчо Николески“ од с. Лескоец деновиве е домаќин на наставници и професори од Турција, Словенија, Италија и Србија кои се дел од ЕРАЗМУС ПЛУС проектот „Стратегии и присуство во училиште и бегање од часови“.Целта на настанот е разменување идеи, мислења, ставови и стратегии за работата во училиште.Професорите од повеќето Европски држави вчера беа во посета на Општина Охрид каде ги прими раководното лице на Секторот за образование пред кого го образложуваа образовниот систем и начинот на функционирање на училиштата од матичната земја.

Охрид | пред 3 години

Forum_gradonacalnici_14092022013

Општина Охрид со висока оценка за општинското финансиско работење

Денеска во Охрид, се одржа Форум на градоначалници организиран од УСАИД Македонија, на кој беа презентирани резултатите од алатката за само-оценка. На форумот учествуваше и градоначаникот Кирил Пецаков, кој ги поздрави присутните.– Денес сме тука да најдеме начин да ги искористиме најдобрите можности за реализација на проекти од општ интерес. Заеднички ќе дискутираме за Подобрување на капацитетите на вработените во одделението за финансии и данок на имот при нашите општини. Развивање на ЛЕР планови по нова методологија, можност за за обучување на вработените од нашите општини кои би правеле внатрешна ревизија , како и разгледување на можностите за заеднички настап пред европските фондови и користење меѓународни средства за општествено корисни проекти, рече градоначалникот Пецаков.Согласно мерењата Општина Охрид доби оценка од 2,56, каде 1 е основно ниво на капацитет, а 3 високо ниво на капацитет. Проектот опфаќаше само-оценка на општините за општинското финансирање, во кои е вклучено управување со општинските јавни финасии, планирање и извршување на буџетот, фискална транспарентност и отчетност, планирање и прибирање на приходи од сопствени извори и пристап до надворешно финансирање.Настанот се реализира во рамки на проектот за “Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите”.

Охрид | пред 3 години

FTU_konferencija_16092022003-300x240-1

Охрид домаќин на меѓународни научни конференции за туризмот ОХРИД ДОМАЌИН НА МЕЃУНАРОДНИ НАУЧНИ КОНФЕРЕНЦИИ ЗА ТУРИЗМОТ

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска присуствуваше на отворањето на двете научни конференции „INSCOSES 2022“ и „EERIA“ што се одржуваат на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.На настаните учествуваат претставници од 20 Европски земји, а предавања од областа на туризмот и осигурувањето ќе одржат еминентни професори и научници од Светот.Во своето поздравно обраќање пред присутните градоначалникот, Кирил Пецаков, истакна:– Почитувани организатори и учесници на двете научни конференции „INSCOSES 2022“ и „EERIA“ ви посакувам топло добредојде , пријатен престој во Охрид и успешна работа на вашите два научни собири.Примете ја и мојата благодарност што го избравте Охрид , како место за одржување на конференциите , зошто со тоа ја потврдувате нашата стратешка определба за развој на научниот туризам.Импозантниот број на учесници од 20 Европски земји и еминентните предавачи од областа на туризмот и осигурувањето доволно говорат за тежината на овој настан со светско реноме.Туризмот е нашата стопанска гранка која целиме секогаш да ја усовршуваме и надополнуваме затоа што сме еден од најголемите туристички центри во државава и регионов. Научните сознанија се најмоќното оружје кое може да го промени Светот на подобро и токму затоа јас верувам дека овој настан на кој ќе се разменуваат ставови и искуства за Туризмот и Осигурувањето ќе бидат применети и во нашава високообразовна институција каде денес се наоѓаме, а подоцна и во пракса.Деновиве вие многу стручно и посериозно ќе разговарате на теми од областа на туризмот и осигурувањето. Но ви препорачувам да одвоите време за заедничко дружење и обиколка на нашиот град и да ја почувствувате неговата древност и сегашност.Во древниот Охрид свои траги оставиле многу цивилизации. 7 000 години на овие простори се градел вонвременскиот културен и духовен мозаик, кој дополнително ни дава сила полесно да ги прескокнуваме препреките на сегашноста и да ги прифаќаме предизвиците на иднината. Охрид плени со убавини на секој агол. Тој функционира како идеален склоп на традиционалното и модерно време со многу културно – историски знаменитости, цркви, археолошки локалитети и музеи и секако кафулиња и ресторани за сечија душа.Прошетајте во Охрид посетете ги неговите убави места и јас сум убеден дека повторно ќе сакате да се вратите кај нас – рече градоначалникот Пецаков.

Охрид | пред 3 години

Memorandum_Apostol_Pavle_19092022001

Меморандум за соработка помеѓу општина Охрид и Универзитетот „Св. Апостол Павле“

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, проф. д-р Иван Бимбиловски денес потпишаа меморандум за соработка.Со овој документ двете страни се обврзуваат на воспоставување заедничка соработка помеѓу двете институции, реализација на едукативна, научна, апликативна и соработка со користење на модерните трендови на информатичко- комуникациските технологии во работењето на Општина Охрид. Реализација на заеднички проекти од научен, административен и развоен карактер. Претставување и имплементација на знаењата кои ги поседуваат студентите од прв и втор циклус на студии. Имплементација на најразлични облици на научно- истражувачка, информатичка и техничка помош. Организација на конференции , научни советувања , семинари и обуки од двете договорни страни и издавање соодветни сертификати за истите. Воспоставување апликативни активности од взаемен карактер, кон подобрување на процесот на работа.Студентите од факултетите на овој Универзитет потписник на овој Меморандум, ќе можат да реализираат практична настава кај институцијата соработник. Практичната настава се состои од корисни и релевантни задачи и ангажмани во институцијата каде што истата се изведува. Соработката може да се прошири и продлабочува на предлог на секоја од договорените страни доколку за тоа постои заемен интерес.

Охрид | пред 3 години

uciliste-skolo-deca-ucenici-4

Партнерството и соработкаа меѓу јавните и приватните образовни институции клучен аспект во развојот на модерното образование

Градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков оствари работна средба со г-дин Ангел Јанев од Образовниот центар „ПИСИ„ од Охрид на која се разговараше за аспектите и можностите за идна тесна соработка помеѓу јавните и приватните образовни институции во општина Охрид.Градоначалникот ја истакна определбата на општина Охрид за силна поддршка на талентираните ученици од основните и средните училишта во општина Охрид и подобрување на условите за нивно учење како и постигнување на врвни резултати на натпреварите во знаење, преку мерки кои ќе го стимулираат тој процес.Ангел Јанев од Образовниот центар „ПИСИ„ Охрид кој долги години е поддршка во образовниот процес на учениците од општина Охрид искажа голема поддршка за мерките кои општина Охрид ги превзема во областа на образованието особено мерките за наградување на талентираните ученици.Го извести Градоначалникот дека образовниот центар ПИСИ во насока на поддршка на мерките на општината ќе овозможи бесплатно користење на тестовници по предметот математика за трето одделение кои родителите бесплатно ќе може да ги симнат од нивната веб страна: www.matematika.mk

Охрид | пред 3 години

Obrazovni_asistenti_02092022003

Ангажирани 10 образовни асистенти за помош на децата со полесна попреченост од школска возраст

Денеска, градоначалникот Кирил Пецаков, ги поздрави ангажираните образовни асистенти кои ќе даваат дополнителна помош на децата со полесна попреченост од школска возраст, за поефикасно спроведување на воспитно образовниот процес.– Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашата благородна работа што ја работите и да Ви посакам успех во новата учебна година. Нашата замисла како Локална самоуправа е квалитетно и модерно образование. Во таа насока е и реализацијата на програмата, Општинско Корисна Работа – од граѓаните за заедницата од заедницата за граѓаните, со налов на проектот ,,Отворени можности за еднакво образование за сите деца” која се реализира во текот на учебната година од 01.09.2022 до 10.06.2023. Целта на проектот е поефикасно спроведување на воспитно образовниот процес на децата со полесна попреченост од школска возраст. Со програмата се ангажираат соодветни стручни лица, образовни асистенти, со што ќе се овозможи дополнителна помош во совладување на наставата. Нашата цел е да се подобри квалитетот на живот посебно на децата со полесна попреченост кои имаат потешкотии во совладување на редовната настава , со тоа ќе им биде олеснета работата како на наставниците така и на родителите. Образовните асистенти ќе работат пола работно време, секој ден, во согласност со наставната програма и во соработка со стручната служба во училиштата како и со координаторот од Општина Охрид. Сакам да Ви порачам да бидете трпеливи и секогаш позитивни, бидејќи само со таков пристап ќе може да бидете сигурни дека ќе ги пренесете вистинските пораки за човечност и добро воспитување, истакна градоначалникот Пецаков.Со програмата се ангажираат 10 образовни асистенти во средните училишта ОСУ Климент Охридски – 1 образовен асистент, ОУТУ Ванчо Питошески – 4 образовни асистенти, ОЕМУЦ Наум Охридски – 4 образовни асистенти и СОСУ Кирил и Методиј – 1 образовен асистент.

Охрид | пред 3 години

thumbs_Prv_skolksi_cas_Prlicev_01092022011

Започна учебната година во охридските училишта

Градоначалникот Кирил Пецаков присуствуваше на пригодната свеченост за првооделенците по повод почетокот на новата учебна година, која се одржа во ООУ „Григор Прличев“ во Охрид. Во своето обраќање пред присутните градоначалникот рече:„Драги момчиња и девојчиња, драги наши првачиња, добре дојдовте во царството на буквите и бројките, царството на песничите и цртежите, царството на најубавите приказни и незаборавните игри.Особено ми е мило што имам можност да ги видам вашите весели очиња, да ја почувствувам радоста на вашиот прв училишен ден и да ви упатам најубави желби за успешен почеток. Неизмерно сум среќен што денес сум тука заедно со вас, во моето училиште, каде што пред 30 години и јас бев прваче како вас.Верувам дека сте возбудени и сигурно се прашувате што ли ќе се случува на овој ден. Се сеќавам колку трема имав и јас на мојот прв училишен ден, кога за прв пат се сретнав со другите првачиња, со кои во текот на годините што следуваа, делевме клупа, знаење и многу убави моменти, кои засекогаш се паметат. Тука ќе научите да читате и да пишувате, да броите и да сметате, но најважното нешто ќе го научите ќе биде способноста да споделувате, да бидете вешти и посветени.Училиштето ќе биде вашиот втор дом, место каде ќе ви биде убаво и каде што ќе се чувствувате сигурно, бидејќи вашите учителки ќе се грижат за вас исто како што тоа го прават и вашите родители. Тука ќе ги стекнете вашите први пријатели и ќе ги запознаете вашите први симпатии. Од денес па натаму, секој ден ќе ви биде поубав и поинтересен од претходниот и секој нов ден ќе откривате нови тајни и ќе станувате побогати со знаења.Бидете мирни, внимателни на часовите и решавајте ги училишните задачи. Само така ќе бидете примерни ученици кои ќе бидат пофалени и наградени со добри оценки. Вашиот училишен успех ќе ви овозможи да остварите високи цели со кои ќе бидете гордост на сите нас.Почитувани родители и ценети наставници „Најдобар начин да ги направите децата добри е да ги направите среќни“ рекол познатиот светски писател Оскар Вајлд, па токму затоа сакам да ви порачам да бидете трпеливи и секогаш позитивни, бидејќи само со таков пристап ќе може да бидете сигурни дека ќе ги пренесете вистинските пораки за човечност и добро воспитување.Како локална самоуправа во континуитет вложуваме во училишната инфраструктура и даваме поддршка за остварените успеси, а оваа година на мое големо задоволство за прв пат преку проектот „Нашите првачиња“ обезбедивме скромна помош за овие нови ученици.Радувајте се првачиња! Бидејќи овој ден е ваш ден, бидете ни секогаш здрави и насмеани и имајте многу многу петки!, истакна градоначалникот Пецаков.По повод првиот училишен ден, градоначалникот беше гостин и на пригодната свеченост во ООУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец, каде што исто така ги поздави присутните.

Охрид | пред 3 години

Maturanti_10082022001-1440x1080-1

Доделени дипломите на матурантите од гимназијата „Свети Климент Охридски“

На пригодна свеченост која се одржа вчера во Центарот за култура „Григор Прличев“ беа доделени дипломите на матурантите од гимназијата „Свети Климент Охридски“ од генерацијата 2021 – 2022 година.Свое обраќање пред присутните имаше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.– Голема е честа, на овој прекрасен празник, посветен на нашиот светител и најголем учител Свети Климент Охридски, да се биде вечерва овде, на оваа свечена церемонија, за да ја прославиме титулата на зрелоста и да отвориме нова страница oд животното патување на уште една генерација млади охриѓани.Среќен сум што заедно со сите вас можам да го почувствувам силниот интензитет на емоции, кои ја красат оваа неповторлива атмосфера.За матурантите тоа е возбудата пред новиот почеток, за родителите тоа е радоста да ги видат своите синови и ќерки во матурска наметка, а за наставниците тоа е гордоста што успеале да ги подготват своите ученици за иднината која ги очекува.Драги мои матуранти,Изминатите две години не научија да ги негуваме и да им се радуваме на малите, но сепак важни аспекти во животот. Вие сте младина која се соочи и успешно се бори со еден од најголемите предизвици во историјата на човештвото. Сигурен сум дека токму ова искуство ќе ви даде самодоверба, цврсто да чекорите напред и да ја надминувате секоја препрека.Со мојата искрена честитка за вашето матурирање, сакам да ве поттикнам неуморно да ја продолжите потрагата по знаење и да откривате нови и уникатни начини да станете најдобрата верзија од себе си. Искористете го ентузијазмот што ве опкружува и храбро осварувајте ги сите соништа. Нека вашата ѕвезда водилка биде сознанието дека сте позитивен пример и инспирација за другите. Затоа потрудете се да бидете добри луѓе, полни со човечност и вредни за почит.Од вас очекувам успешни професионалци во многу општествени области и верувам дека вашите имиња и презимиња ќе остават значаен печат во историјата на нашиот Охрид.Големиот писател Марк Твен рекол „Двата најважни денови во вашиот живот се денот кога сте родени и денот кога ќе сфатите зошто сте родени“. Токму затоа водете се од вашата желба и личното убедување кога ги носите сите одлуки. Нека сè во вашиот живот биде онака како што вие самите посакувате.Во мое лично име и во името на Локалната самоуправа уште еднаш ви упатувам најсредечни честитки за вашето матурирање и посакувам заедно да прославиме уште многу ваши значајни успеси.Нека е за многу години денешниот празник и нека е вечно името на Свети Климент!, истакна градоначалникот Пецаков во своето обраќање.

Охрид | пред 3 години

IMG_20220715_125411

Пецаков изврши увид на новите инвестициски ативности во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска изврши увид на новите инвестициски активности во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“.Во моментот се врши поставување и инсталирање на 14 смарт табли во училниците, кои значително ќе го подобрат квалитетот на наставната програма и ќе придонесат за поголема интеракција на часовите. За набавка на овие електронски уреди, од буџетот на Општина Охрид се издвоени 1.200.000 денари.Исто така, во моментот се изведуваат и градежни зафати за поставување на лифт во училишната зграда и се врши уредување на два тоалети кои ќе бидат наменети за лица со посебни потреби. Овие активности се дел од проектот на Министерството за образование финансиран од Европската Унија во вредност од 120.000 евра. Во рамки на истиот проект, ќе бидат поставени и пристапни рампи и соодветна сигнализација за лица со оштетен вид.Градоначалникот Пецаков во својата изјава за медиумите рече дека ова училиште во текот на изминатиот период значително го променило својот изглед и содржините кои ги нуди за учениците. Поради добрите резултати во работењето донел одлука менаџерскиот тим на училиштето да продолжи со својот мандат.Градоначалникот истакна дека Локалната самоуправа и во иднина ќе настојува да ја следи и да ја воведе напредната технологија во образовниот процес на локално ниво и да ги опремува училиштата согласно современите стандарди за настава. Тој најави дека во наредниот период ќе следуваат уште низа нови инвестиции и во останатите училишни објекти во општината.Во иднина, со средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид за ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ планирана е набавка на нов инвентар и опрема за училниците. Наскоро во истото училиште се очекува да започне и имплементацијата на проектот за опремување на сите кабинети за практична настава кој е финансиран преку гранд од од RCF-fond и Германската банка за обнова (KfW), во вредност од 580.000 евра.

Охрид | пред 3 години

Press_Gradonacalnik_13072022002

Нови мерки и проекти за поуспешен наставен процес за сите училишта во Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес одржа прес конференција на која ги претстави новите мерки и проекти, кои ќе бидат реализирани во новата учебна година.– На мое особено задоволство, сакам да ја информирам јавноста дека Советот на Општина Охрид на својата вчерашна седница донесе многу важна одлука со која се прецизираат сите мерки кои локалната самоуправа ќе ги преземе во насока на поддршка на учениците и студентите од општината.За првпат оваа година општина Охрид воведува: Проект „Нашите првачиња“ со кој предвидува финансиска поддршка од 3000 денари за секое запишано прваче во општинските основни училишта.Ја зголемуваме вредноста на стипендиите за ученици од основните и средните училишта за учебната 2022/2023 година од 1500 на 2000 денари. Стипендиите ќе се доделуваат за 9 месеци и ќе бидат наменети за талентирани ученици, ученици со посебни постигнувања и за ученици од ранливи семејства. Исто така врз основа на јавен повик ќе се доделуваат и стипендии во месечен износ од 3000 денари за редовни студенти во неколку категории.За прв пат се воведува нова мерка „Образовен додаток“ која е наменета за студенти кои студираат надвор од Охрид, а потекнуваат од семејства со социјален ризик, многудетни и еднородителски семејства. Со оваа мерка е предвидено е да бидат еднократно доделени по 6000 денари на најмногу 120 студенти.И во текот на наредната година, Општина Охрид ќе ја подолжу поддршката за ученици во основно и средно образование, студенти, магистранти и докторанти кои се лица со ретки болести и посебни потреби. За учениците е предвиден е зголемен износ од 2000 денари месечно за 9 месеци, а за студенти, магистранти и докторанти износ од 3000 денари месечно за 9 месеци.Обезбедивме зголемување на надоместокот за наставниците ангажирани во продолжен престој. Од оваа учебна година тој ќе изнесува 15.000 денари за пола работно време, наместо досегашните 10.000. Се прават и напори за решавање на проблемот со работниот стаж на овие наставници кој досега беше нерегулиран. Предвидено е сите основни училишта да организираат продолжен престој од 15 ти септември.Овозможуваме дополнително вреднување на постигнатиот успех на учениците на напреварите во знаење кои се организираат по наставните предмети. За таа цел, покрај доделување стипендии и традиционалното доделување признанија на денот на сесловенските просветители „ Св. Кирил и Методиј„ ќе се доделуват и парични награди за учениците и нивните ментори и тоа:– За освоено прво место на државен натпревар во знаење по наставен предмет ќе се доделува еднократно по 10.000 денари за ученикот и неговиот ментор; за освоено второ место ќе се доделува по 7000 денари, а за освоено трето место на државен натпревар ќе се доделува по 4000 денари;– За освоено прво место на меѓународни натпревари ќе се доделува еднократно по 18.000 денари за ученикот и неговиот ментор; за освоено второ место на меѓународни натпревари ќе се доделува по 15.000 денари, а за освоено трето место на меѓународни натпревари ќе се доделува по 12. 000 денари.Целта на овие мерки е да се поттикнат учениците и нивните ментори да учествуваат на натпреварите во знаење и да постигнуваат врвни резултати- истакна во своето излагање Пецаков.Градоначалникот подвлече дека од учебната 2022/2023 година за првапат во две основни училишта во Општина Охрид: ООУ „Св.Климент Охридски“ и ООУ „Христо Узунов“, ќе отпочне да се реализира пилот-проектот „Италијански јазик во основното образование“. Факултативно изучување на италијанскиот јазик ќе биде по два часа неделно за учениците од 5- то и 6 -то одделение. Со овој пилот –проект, на почеток ќе бидат опфатени само последната година од одделенска настава и првата година од предметна настава( во овие две училишта), а понатамошниот опфат ќе оди согласно потребите и интересот на учениците и родителите.За учебната 2022/2023 година општина Охрид за првпат ќе додели награда и за „Првенец на генерацијата“ во основните и средните општински училишта. По изборот согласно процедурите на училиштето, директорот на училиштето доставува известување до општина Охрид по што на ученикот ќе му биде исплатена награда во вредност од 10.000 денари.

Охрид | пред 3 години

Pozarna_20220704006

Противпожарната бригада во Охрид доби донација од Дирекцијата за заштита и спасување

Територијалната против пожарна единица од Охрид, од денес на располагање има и спасувачки систем за стабилизирање и подигнување при елементарни непогоди и комплексни сообраќајни незгоди и сет за спасување со поплави.Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување истакна дека со опремата се овозможува полесно справување со елементарните непогоди во општината.– При крај сме со набавка на теренски противпожарни возила заедно со пумпи, за 14-те републички сили за справување со пожари. Целта е да сме што поподготвени да се справуваме со пожарите кои секоја година се во поголем број, рече Максути.Градоначалникот Кирил Пецаков се заблагодари за донацијата и истакна дека таа е доста значајна за градот.– Верувам и убеден сум дека ова ќе ја зголеми ефикасноста противпожарната единица. Сметам дека во иднина треба многу повеќе да вложуваме за да имаме максимално спремни противпожарни единици, кои ќе можат да реагираат во истиот момент кога ќе е потребно. Како Општина Охрид во изминатиот период почнавме да вложуваме во пожарната посебно во оспособување на возила кои не функционирале претходно, а секако дека и во наредната година ќе го зголемиме тој дел од помошта за ТППЕ и зголемување на капацитетите и сите оние работи кои се потребни за нормално функционирање, рече Пецаков.Борко Јанкулоски командир на ТППЕ Охрид забележа дека донацијата ќе ја подобри технички институцијата, каде недостасувале седум пожарникари, како и дополнителна опрема, со која според него, ќе заличи на европска пожарна.Ваква опрема доби и Територијалната противпожарна единица од Струга.

Охрид | пред 3 години

dezinsekcija

Во понеделник ќе се прска против комарци во Охрид, општината апелира пчеларите да преземат мерки

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение:Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 11.07.2022 год. (понеделник) ќе се спроведе терестријална (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во понеделник до 06 часот во вторник.Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат.Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Охрид | пред 3 години

pecakov-4

Пецаков со честитка за празникот Курбан Бајрам

Градоначалникот Кирил Пецаков упати празнична честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам.-Со најискрени желби за добро здравје, мир и благосостојба на сите граѓани од муслиманска вероисповед им го честитам празникот Курбан Бајрам!Овој голем празник ги потврдува универзалните вредности на човекољубието, носи поголема солидарност, не учи да помагаме и простуваме.Посакувам вербата и љубовта кон Бога да ни даваат сила за да продолжиме да чекориме по патот на соживотот, како една од главните придобивки на нашето мултиетничко општество. Само сплотени и со заедничка желба можеме да го направиме Охрид подобро место за живеење.Нека овие празнични денови Ви поминат во радосна семејна атмосфера, со добра мисла и меѓусебна почит. Нека е за многу години!, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

Охрид | пред 3 години

neparkiraj

Ќе се врши хоризонтално обележување на улица во Охрид

Се известуваат сите жители и учесници во сообраќајот дека на улицата „Момчило Јорданоски“ – потег од кружна кртстосница ул. „Момчило Јорданоски“ со ул.„Марко Цепенков“ до населба Гоце Делчев – Бараки, Општина Охрид ќе врши хоризонтално обележување на ден 13.07.2022 година и 14.07.2022 година.Се молат сите учесници во сообраќајот да се отстранат сите моторни возила од коловозот со цел непречено одвивање на активностите.

Охрид | пред 3 години

Нема фотографија

Неколку улици во Охрид денес целосно затворени за сообраќај

Поради хоризонтално обележување на централното градско подрачје на ден 14.07.2022 година од период 18:00 ч. до 05:00 ч. целосно ќе бидат затворени за сообраќај улиците:Димитар Влахов – потег од раскрсницата на оваа улица со ул. Кузман Јосифоски Питу до раскрсница на ул. Димитар Влахов со ул. Македонски Просветители;Партизанска – потег од раскрсницата на оваа улица со ул. Кузман Јосифоски Питу до раскрсница на ул. Партизанска со ул. Македонски Просветители ;Македонски Просветители – потег од раскрсницата на оваа улица со ул. Даме Груев до кружна крстосница со ул. Кеј Македонија.(Во овој период сообраќајот за Стар Град ќе се одвива исклучиво преку Горна Порта).Се молат сите учесници во сообраќајот да се отстранат паркираните возила на наведениве улици со цел непречено одвивање на активностите.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања