Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОХРИД

media-librarymebm9cekr5j3areMsP6

Коце Трајановски го потпиша анексот со кој автопатот Кичево - Охрид поскапува за 186 милиони евра

По претходно потпишување на Анексот бр. 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид од страна на заменик претседател на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски, и од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, потпис на Анексот 8 ставија и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и генералниот претставник на Синохидро во Македонија г-дин Чен Чен.Со Анексот бр. 8 од Договорот треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра, и краен рок за завршување 31 мај 2027 година. Ова е потребно заради непредвидени и дополнителни нови градежни работи кои се нужни и неопходни за целосно и квалитено завршување на проектот и на активности поврзани со:1. Санација на 14 свлечишта и обезбедување на глобална стабилност2. Еластична Одбојна Ограда со примена на EN 1317 Стандард,3. Изградба на контролен центар,4. Дополнителните работи за изградба на паралелни патишта.Со ова се надминати проектните предизвици со косините и свлечиштата и може да се продолжи поинтензивно со градежните активности.Инаку, во изминатиот период, посебно во минатата година, со силна поддршка на Владата се забрза напредокот на проектот па така на 13 јули, 7 септември и 31 декември 2025 година предвремено се овозможи пуштање во сообраќај на 13,5 км, 12,34 км и 2,12 км од првите делови од главната траса на потегот од Врбјани до Ботун, како и Климештани-Охрид, со вкупна должина на двата коловоза од 27,96 км. Исто така, беа изградени и дел од пристапните патишта за околните села, при што се постигнаа значајни резултати во текот на различните фази на изградбата“, информираат од ЈПДП.

Македонија | пред 2 седмици

media-library44146go2c0g42J5DBsL

ЈП „Охридски комуналец“ интензивно ја одржува јавната хигиена и миење на улиците

ЈП „Охридски комуналец“ продолжува со активности за одржување на јавната чистота и уредување на јавните површини во рамки на Програмата за работа за оперативната 2026 година. Деновиве, екипите на претпријатието работеле во селата Трпејца и Елшани, каде се собирал расфрлан ситен отпад, се метеле јавните површини и се отстранувала ниската вегетација од пешачките патеки.Во градот, темелно биле исчистени улиците „Димитар Влахов“, „Македонски Просветители“ и „Партизанска“. Активностите вклучувале метење на коловозните ленти и тротоарите од наноси од песок, земја и друг отпад, а потоа следело рачно и машинско миење на улиците, со цел подобрување на хигиената и естетскиот изглед на јавниот простор.Овие активности се дел од континуираните заложби на ЈП „Охридски комуналец“ за чист и уреден Охрид.

ОО | пред 2 седмици

ohridsko-ezero

Од 17 март нов директен лет меѓу Охрид и Братислава

 Од 17 март Македонија и Словачка ќе се поврзат со нов директен лет меѓу Охрид и Братислава.Отворањето на директната авио-линија е уште еден чекор напред кон зајакнување на контактите меѓу нашите две држави, пред се во туризмот и во бизнисот. Веруваме дека тоа ќе придонесе за натамошно јакнење на соработката и пријателските односи меѓу Словачка и Северна Македонија, се наведува во објавата на Фексбук на Амбасадата на Словачка во земјава.Од Амбасадата посочуваат дека директната авио-линија отвора нови можности за туристите од Македонија кои ќе имаат можност да ја посетат Братислава и Словачка, да ги запознаат нејзините историски градови, природата, културата и гастрономијата.Воедно, се додава во објавата, новата авио-линија ќе им овозможи на посетителите од Словачка да ги откријат убавините на Охрид и неговото уникатно езеро, кое е едно од најзначајните природни и културни богатства во регионот.Воведувањето на новата авио-линија пред околу два месеци ја најавија министерот за транспорт Александар Николоски и словачката амбасадорка во земјава Ивета Хрицова на средба во Скопје.

Македонија | пред 2 седмици

media-library8k4ll8n346kfcCMeIRf

Ј.П. „Охридски комуналец“ интервенираше со механизација и цистерни

Пожарот на депонијата во Буково е локализиран, а екипите на Ј.П. „Охридски комуналец“ заедно со противпожарната единица интервенираа со специјална механизација, цистерни со вода и посипување со земја. Во изминатите три дена на локацијата се посипани околу 400 м³ земја со цел целосно гаснење на пожарот и спречување повторно разгорување.

ОО | пред 3 седмици

media-libraryfot6pe9i6pgp57KNObi

Литературна манифестација во чест на Тоде Илиевски

Во чест и сеќавање на охридскиот поет и писател за деца, Тоде Илиевски денеска во Општина Охрид се одржа литературна манифестација на кој беа доделени наградите од распишаниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“.Во името на Локалната самоуправа присутните ги поздрави Билјана Коталески, советничка во Советот на Општина Охруид.– Ми претставува големо задоволство што денеска имам можност да ви се обратам во името на Општина Охрид и да бидам дел од оваа убава културна средба посветена на ликот и делото на Тоде Илиевски, автор кој со своето творештво остави значајна трага во македонската литература за деца.Творештвото на Тоде Илиевски претставува вредно наследство кое и денес инспирира. Неговите песни, создадени со искрена љубов кон детскиот свет, носат пораки за добрина, надеж и верба во убавината на соништата.Токму преку таквите дела детската литература ја исполнува својата најважна улога, да ги поттикне детското љубопитство, фантазијата и љубовта кон пишаниот збор.Оваа манифестација има двојно значење. Со неа се одбележува споменот на еден истакнат автор, а воедно се остава простор за создавање на нови дела со кои се збогатува детската литература.Упатувам искрени честитки до наградените автори на објавениот конкурс, како и до сите учесници кои со своите творби ќе придонесат оваа манифестација да добие посебна вредност. Вашата инспирација и љубов кон творештвото се доказ дека детската поезија продолжува да живее и да се развива.Воедно, сакам да им се заблагодарам на организаторите и на сите кои вложуваат труд, оваа манифестација да продолжи да се одржува и да прерасне во една убава традиција. Ваквите настани се важни за културниот живот на нашиот град и за унапредување на литературната дејност.Општина Охрид секогаш ќе биде подготвена да ги поддржи ваквите проекти и да даде свој придонес за развој на ново книжевно творештво.Нека делото на Тоде Илиевски продолжи да биде поттик за нови генерации поети и писатели за деца и за сите оние кои веруваат во силата на вредните литературни дела!, истакна советничата Коталески.Организатор на настанот е Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“ со поддршка на Општина Охрид.

ОО | пред 3 седмици

media-libraryssvot36tfskh57oPNX1

Со програмата „Создадена да создава“, Општина Охрид го одбележа 8-ми Март

По мотото „Создадена да создава“, Општина Охрид организираше празнична програма во чест на Меѓународниот ден на жената 8-ми Март.Во рамки програмата доцна попладнево во „Арт Тераса“ се одржа изложбата на фотографии  „Жени  во фокусот“, каде што пригодно обраќање имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.– Самиот мотив на овој прекрасен настан „Создадена да создава“ ја носи во себе суштината на една жена. Таа отсекогаш била и останува извор на живот, на инспирација, на создавање, не само во семејството, туку и во општеството, во културата, во науката, во уметноста и во секое поле каде што човечноста остава трага.Осми Март е ден кога симболично им оддаваме почит на жените, но вистинската почит кон жената не смее да биде ограничена само на еден датум во календарот.Таа треба да се препознава секој ден, во начинот на кој го вреднуваме нејзиниот труд, во поддршката што и ја даваме и во можностите што ги обезбедуваме таа слободно да напредува, да твори и да го остварува својот потенцијал.Жената е сила и нежност во исто време. Со својата посветеност, мудрост и трпение таа создава вредности што го обликуваат општеството и го прават похумано и побогато.Но денес, е многу важно да споменеме и за заштитата на жената и нејзиното достоинство. Нашата заедничка обврска е да градиме средина во која секоја жена ќе се чувствува безбедна, почитувана и ценета. Средина, во која жените ќе имаат простор да ја изградат својата среќа.Особено ми е чест што вечерва имаме можност да ја погледнеме иложбата „Жени во фокусот“, дело на младата фотографка Нина Ангелоска. Преку нејзиниот објектив се претставени 12 охриѓанки кои со својата работа, знаење и талент оставаат длабока трага во нашата заедница. Овие фотографии се повеќе од уметнички портрети, тие се приказни за посветеност, храброст и инспирација.Охрид отсекогаш имал силни и успешни жени. Во минатото, но и денес, нашиот град бил и е дом на жени кои се вистински пример за достигнување и чест. Верувам дека така ќе биде и во иднина, затоа што нашата средина отсекогаш знаела да препознае, поддржи и изгради жени кои создаваат историја.Да бидеме горди на нивните успеси, да ја поддржиме нивната визија и да продолжиме да градиме општество во кое жената ќе биде охрабрена да го даде најдоброто од себе. Верувам дека оваа манифестација ќе продолжи да се развива и да биде постојан потсетник за значењето на една жена!На крајот, дозволете ми во мое лично име и во името на градоначаникот Кирил Пецаков, да Ви го честитам Меѓународниот ден на жената – Осми Mарт.Нека секој ден ви донесе почит, љубов и мотив да создавате и да го менувате светот на подобро, истакна Божиновски во своето обраќање.Како дел од празничната програма беше одржан и концерт на естрадните уметници Ѓорѓи Ѓорчев и Кате Танева.Исто така, во чест на празникот на жената вечерва беше организирана изложбата на фотографии „Жени зад објективот“ од Фото куб Охрид и изложба на дела од жени сликарки во органзиација на Женски центар „Бисера“.

ОО | пред 3 седмици

media-libraryfue89kkid8ug57lEMZD

Втора седница на Советот на Југозападниот плански регион

Денеска, во просториите на Општина Охрид, се одржа втората седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион.Во рамки на седницата, со која претседаваше градоначалникот Кирил Пецаков, беа разгледани и усвоени 22 точки од дневниот ред.Беа усвоени Предлог-одлуката и Одлуката за усвојување на Акцискиот план за спроведување на Програмата за развој на Југозападниот плански регион во 2026 година, како и Предлог-одлуката и Одлуката за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2025 година, со интегриран Финансиски извештај за 2025 година.Беа разгледани годишните сметки за работењето на Центарот за развој на Југозападниот плански регион за 2025 година, како и за проектите „Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза“ и „Подготовка на техничка документација за приоритетни инфраструктурни проекти“, како и проектите од програмите на МЛС за намалување на диспаритетите. Беше донесена и Одлука за усвојување на Приоритетната листа на регионални проекти за 2026 година.Исто така, беа усвоени повеќе одлуки за преотстапување на работи и стоки на сите општини од Југозападниот регион, за набавка на нови машини и комунална опрема.Во однос на Општина Охрид беа донесени следните одлуки: Одлука за преотстапување на стоки – набавка на апарат за детекција на дефекти во водоводните цевки; Одлука за преотстапување на стоки – набавка на електричен ударен чекан и Одлука за преотстапување на стоки – набавка на режач за пилинг (Ф110–500 и Ф63–110).

ОО | пред 3 седмици

markica-1

Свикана осмата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ОСМАТА СЕДНИЦА   НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ осмата седница на Советот на општина Охрид на ден 13.03.2026 година (петок) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н   Р Е ДПредлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Христо Узунов“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Григор Прличев“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Братство – единство“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Кoчо Рацин“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Живко Чинго“ с.Велгошти.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООУ„Св.Наум Охридски“ с. Пештани.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ООМУ„Методи Патче“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ОСУ„Св. Климент Охридски“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2025 година на ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Годишниот извештај за работа на ОЈУ Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2024/2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот финансиски извештај и завршна сметка на ЈОУДГ за деца „Јасна Ристеска“ – Охрид за периодот 01.01.-31.12.2025 година.Предлог-одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Годишната сметка за работата на ЈП„Билјанини извори“ Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната сметка и Годишниот извештај за работењето на ЈП„Водовод“ – Охрид за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето и завршната сметка на ЈП „Градски Пазар“ Охрид за периодот од 01.01 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид за периодот од 01.01 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на годишната сметка и Извештајот за работењето на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид за 2025 година за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за распределба на добивката остварена во работењето на ЈП Водовод Охрид за период 01.01. – 31.12.2025 година.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменет Годишен план за вработување за 2026 година на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.07. до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на годишниот извештај за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од 01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за финансиските потреби на ТППЕ Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025-2027 година за периодот од 01.01. до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Oдделението за даноци за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за комунални такси за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за заштита на животната средина и природата за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за спорт и рекреација за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за млади и невладини организации за 2025 година за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната Програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2025 година (Н1) за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Развојната Програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2025-2027 година (НА) за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната Програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2025 година (Н2) за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Развојната Програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2025-2027 година (НБ) за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната Програма на општина Охрид за детска заштита за 2025 година (В1) за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Развојната Програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2025-2027 година (ВА) за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за здравствена и социјална заштита за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за безбедност и здравје при работа на општина Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасувањето, управување со кризи и ревитализација по елиминирање на кризи за 2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работа на општинскиот совет за превенција на детско престапништво на општина Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за еднакви можности помеѓу мажите и жените за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот Извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата други комунални услуги за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за енергетска ефикасност за 2025 година за периодот од 01.01. до 12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата урбана опрема – изградба и одржување за 2025 година за периодот од 01.01. до 12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за одржување јавна чистота за 2025 година за периодот од 01.01. до 12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување за 2025 година за периодот од 01.01. до 12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2025 година за периодот од 01.01. до 12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2025 година за периодот од 01.01. до 12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2025 година за периодот од 01.01. до 12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште во 2025 година за период од 01.01. до 31.12.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈМ капитални расходи за паркови и зеленило за 2025 година – Подпрограма ЈМА – реализација на проект „Проект за употреба и одржување на урбан простор и парк на дел од Кеј Македонија“.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈE изградба на простор за паркирање за 2025 година – Подпрограма ЈЕА – реализација на основен проект „Изградба на катна гаража во општина Охрид“.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈИ изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води за 2025 година – Подпрограма ЈИА – реализација на проектот „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за фекална и атмосферска канализациона мрежа за дел од улици Малесија, Александар Гушо, Трајче Дојчиноски, Први мај, Вангел Николоски, Дебарца и Момчило Јорданоски“.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈГ изградба на системи за водоснабдување за 2025 година – Подпрограма ЈГЦ – реализација на „Основен проект за мониторинг и управување СКАДА (SCADA) систем за водоснабдителен систем на град Охрид и изработка на ГИС систем со интеграција на двата системи“.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈГ изградба на системи за водоснабдување за 2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година (прв повик).Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година (втор повик).Предлог-одлука за усвојување на годишниот извештај и завршната сметка на буџетот на единицата на локална самоуправа Општина Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за отстапување на времено користење недвижен имот – зграда на старото училиште во село Долно Лакочереј на Здружение за заштита на природното и националното богатство „Енхелеус – Лихнид“.ОПШТИНА ОХРИДЛОКАЛНА САМОУПРАВАБрој 08-3025/106.03.2026 год.О х р и д

ОО | пред 3 седмици

media-library97390g7p20nh33tzuU3

Известување за градежни активности УЗ Стар Град

Се известуваат жителите на УЗ Стар Град, дека активностите за санација на ул. Цар Самоил продолжуваат. Поради тоа во периодот додека траат активностите на овој дел ќе има посебен режим на сообраќај.

ОО | пред 3 седмици

media-library8kbkl1u3q8pd2dZdgam

Спортски ден во Велгошти

По повод 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров, денеска во Велгошти се одржа „Спортски ден“ во организација на ООУ„Живко Чинго“ и Сојузот за училишен спорт.Во името на Општина Охрид учесниците ги поздрави Катерина Стојаноска, советник во Советот на Општина Охрид.– Ми претставува особено задоволство што денеска сум дел од оваа спортска манифестација, со која се испраќа силна порака за афирмација на спортските дисциплини и промоција на здравите животни навики.Од дополнително значење е што овој спортски собир се одржува во чест на 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров и тоа што е дел од една убава спортска приказна во Велгошти.Општина Охрид како и до сега продолжува да дава голема поддршка во спортот. Континуирано се вложува во подобрување на условите за тренинг, во училишните спортски програми, во спортската инфраструктура и во поддршка на младите таленти. Веруваме дека вложувањето во спортот е вложување во здрави генерации, во дисциплина, во тимски дух и во вистински вредности.Ваквите настани имаат особено значење, затоа што спортот не е само натпревар, спортот е училиште за животот. Овој спортски ден е можност да се дружите, да создавате пријателства и да ги покажете своите способности во фудбал, баскет, пинг-понг и шах.Секој од вас што денес е на теренот е победник, затоа што избрал активност и здравје. Секако, најуспешните ќе бидат наградени со пехари и медали, но најголемата награда е искуството и радоста што ги носи спортот.Драги ученици, продолжете да спортувате, да сонувате и да верувате во себе. Општина Охрид ќе продолжи да биде ваш партнер и поддржувач на секој чекор од вашиот спортски и личен развој.Во мое лично име и во името на Општина Охрид, ви посакувам успешни натпревари, фер игра и многу насмевки, истакна Стојаноска во своето обраќање.Во рамки на спортската манифестација беа организирани натпревари во следните дисциплини: фудбал за 6-то и 7-мо одделение; баскет во женска и машка конкуренција, за 8-мо и 9-то одделение; шах за ученици од 1-во до 9-то одделение и пинг-понг за ученици од 6-то до 9-то одделение.

ОО | пред 3 седмици

media-libraryrv405b7uc33laCBlNXR

Младиот маратонец со нова битка: „Божјите планови се поголеми од моите“

Младиот маратонец и хуманист Марко Пејчиновски откри дека ги започнал своите дваесетти години со нова операција, овојпат на рамото, како последица на сообраќајна незгода што ја доживеал во 2024 година.По година и пол, како што наведува, конечно била утврдена точната дијагноза – хронична AC дијастаза во четврт стадиум, односно скинати лигаменти кои ја држат клучната коска на место. Претходно, дијагнозата била дека рамото е само потечено, што, според неговите зборови, довело до дополнително одложување на соодветниот третман.Ова е шеста операција за Пејчиновски, кој во јавноста е познат по своите хуманитарни подвизи и пливачки маратони. Во својата објава тој искрено проговори за личната борба и за моментите на сомнеж.„Зошто мене? До кога ќе треба да се мачам?“, прашува Пејчиновски, додавајќи дека сепак сфатил дека додека тој е оној што се соочува со болката, а не некој негов близок, треба да биде благодарен. „Сè додека има нов ден за да се борам, треба да сум среќен“, наведува тој.Пејчиновски порачува дека верува оти најтешките битки им се даваат на најсилните борци, истакнувајќи дека животната приказна не може да биде целосна без болка, препреки и искушенија. Пред него, како што вели, следува тежок период, но тоа е пат по кој веќе многупати чекорел.„Господе, нека биде волјата Твоја“, завршува младиот спортист, испраќајќи порака на истрајност, вера и надеж, карактеристична за неговите досегашни животни и спортски предизвици.

Медиасет | пред 1 месец

media-libraryfp80et17sieg1hAK9yu

„Паркови и зеленило“ продолжуваат со одржување на зелените површини во Охрид

Екипите на „Паркови и зеленило“ интензивно го одржуваат зеленилото во Охрид. Активностите вклучуваат кроење на дрвја и дрвореди по претходно добиени решенија за сечење, како и кроење на дрворедот на потегот од старата чаршија до вториот чинар. Дополнително, се врши хортикултурно одржување пред пролетната вегетација на украсните форми и други садници во паркот Мазија, како и плевење на цвеќето во градскиот парк и околу дрворедите на улиците „Македонски Просветители“ и „Булевар Туристичка“.

ОО | пред 1 месец

media-libraryl8587rj4cv7obxWLKk5

ЈП „Охридски комуналец“ интензивира машинско одржување на јавните површини

ЈП „Охридски комуналец“ интензивно го одржува јавниот простор со новите метачки. Во насока на подобрување на јавната чистота и подигнување на степенот на хигиената, оперативните служби на претпријатието спроведуваат машинско метење на тротоари, коловози, пешачки зони и други површини од јавен интерес.Редовното метење е надополнето со машинско метење, со што се очекува поефикасно и поквалитетно извршување на активностите на ЈП „Охридски комуналец“.

ОО | пред 1 месец

media-library5ls2du9pj6qu2EFP4Eo

Одбележана годишнина од смртта на Марко Бошњаков

Делегација на Општина Охрид, положи свежо цвеќе и се поклони пред спомен обележјето  кај родната куќа на гемиџијата, охриѓанецот Марко Бошњаков, а по повод 118 години од неговата смрт.На настанот присуствуваа и претставници од  Подрачната единица на Историскиот архив како и делегации од политичкиот и јавниот живот во Охрид.Марко Бошњаков е роден во Охрид во 1874-та година. Основното образование го стекнал во родниот град, а како средношколец учел во Солунската Гимназија. Бил сведок на создавањето на Македонскиот револуционерен комитет во Солун со што се означи почетокот на македонската револуционерна борба во 1893 година. Се вклучил во движењето на Гемиџиите (Солунските атентатори) издавајќи им ја и својата бакалница во Солун. Бил заробен од аскерот во Солун и осуден на смрт. Смртната казна му била заменета со доживотна робија што ја отслужувал во тогашниот злогласен затвор Музрул во Африка, каде и умрел на 27-ми февруари 1908 година, само неколку месеци пред да се прогласи амнестијата од страна на Младотурците.Марко Бошњаков во својот претсмртен час на неговите другари Павел Шатев и Ѓорѓи Богданов им оставил аманет: „Ако телото се тркала, не дозволувајте истото да се случи и со главата“.Единствените преживеани гемиџии, Шатев и Богданов го исполниле аманетот на Бошњаков така што ја отсекле главата од беживотното тело и ја донеле во неговиот роден град.

ОО | пред 1 месец

media-libraryhe6nbcbadfdt7FXuIA0

„Емшири“ во Велгошти е жив сведок на традицијата и заедништвото

Традицијата не е само спомен од минатото, туку жив дух што се негува и се пренесува од генерација на генерација, порача претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, по повод одбележувањето на Велики Поклади – Прочка.Тој истакна дека маскенбалот „Емшири“ во Велгошти претставува симбол на заедништво, духовно прочистување и почит кон вековните обичаи поврзани со овој голем христијански празник. Според него, Прочка е ден кога луѓето си простуваат и ги отвораат срцата за помирување, љубов и нов почеток.Божиновски нагласи дека ваквите манифестации имаат посебно значење, бидејќи го одржуваат живиот дух на традицијата и ги потсетуваат граѓаните на вредностите што ја обликуваат заедницата. Тој повика духот на Прочка да биде потсетник дека најголемата сила лежи во човечноста и во способноста искрено да се изговори „Прости ми“ и „Простено ти е“.

Охрид | пред 1 месец

media-librarya1js5s5r50mo0W1vsJE

Пецаков во официјална посета на Стар Град Белград, најавена продлабочена соработка

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, заедно со делегација од Општина Охрид, оствари официјална посета на Општина Стар Град Белград, каде што одржа работна средба со претседателот на општината Радослав Марјановиќ.На средбата се разговарало за официјализирање и продлабочување на меѓуопштинската соработка, со акцент на размена на искуства во областа на локалниот економски развој, туризмот, промоцијата на културното наследство, урбанистичкото планирање и образованието.Пецаков изразил подготвеност за воспоставување долгорочни партнерски односи насочени кон размена на добри практики и реализација на заеднички проекти од значење за граѓаните на двете општини.Во рамки на посетата, делегацијата од Охрид ги посетила и капиталните инфраструктурни проекти што се реализираат во Стар Град Белград, при што се запознала со современите пристапи во развојот на урбаната средина.Од Општина Охрид оценуваат дека ваквите средби се значајни за унапредување на меѓуинституционалната соработка и отворање нови можности за развој на градот.

Охрид | пред 1 месец

media-libraryar4d41elpgv0as14oek

Пецаков: Охрид ја претставува туристичката понуда на саемот во Белград

Кирил Пецаков истакна дека и оваа година Општина Охрид е дел од Меѓународниот саем за туризам во Белград, кој се одржува под слоганот „Едно патување, илјада приказни“. „Заедно со Министерството за култура и туризам, ХОТАМ и други туристички чинители, ја презентираме нашата богата туристичка понуда“, изјави Пецаков.Тој додаде дека имал чест да оствари средби со туроператори, пријателски општини, медиумски претставници и со амбасадорот на Република Северна Македонија во Србија, Никола Тупанчески, со цел да ја зајакнат соработката и да привлечат нови туристи во Охрид.Во рамки на програмата вечерва ќе се одржи и традиционалната „Охридска вечер“, на која се поканети претставници на туристичкиот сектор од регионот. Белградскиот саем се одржува по 47-ми пат, а на него учествуваат повеќе од 350 излагачи од 18 држави.

ОО | пред 1 месец

orce-nikolov-maloletnicki-tepacka

Три лица приведени по тепачка во Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид соопшти дека на 18 февруари 2026 година во 21 часот на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид биле приведени И.Д. (50), Ј.Н. (35) и Ф.Д. (43), сите од Охрид.Полициските службеници постапиле по претходна пријава за нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна расправија, при што, според информациите, Ф.Д. физички го нападнал Б.Д. (21) од Охрид.По целосно документирање на настанот, против инволвираните ќе следува соодветна пријава.

Охрид | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-1800PM

Возач од Струга приведен со 1,61 промили алкохол, му е одземено возилото

Секторот за внатрешни работи Охрид информира дека на 18 февруари 2026 година во 22 часот, на магистралниот пат Струга–Вевчани, во близина на Струга, полициски службеници го лишиле од слобода Т.К. (54) од Струга.При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал приведениот. По преземените мерки било утврдено дека управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,61 промили алкохол во крвта.По насоки на јавен обвинител, лицето било исклучено од сообраќај, возилото му било одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување моторно возило“.

Охрид | пред 1 месец

media-library53crsqm1kck32deeTEm

ЈП „Охридски комуналец“ интензивно работи на одржување на јавната чистота и зеленилото во градот

Теренските екипи на ЈП „Охридски комуналец“ продолжуваат со активности за одржување на јавната чистота и уредување на зеленилото на повеќе локации во Охрид.Специјално внимание се посветува на крајбрежниот појас, каде се подигнува тешко разградлив отпад од локалитетите Сараиште, Канео со Мостот на желбите, Лабино, Градска плажа, до населба Даљан и Холандски Парк. Патеките и околниот шумски дел околу основното училиште „Климент Охридски“ се темелно исчистени, а на улицата „Железничка“ се отстранети наноси од земја и песок, ниска дива вегетација и расфрлани отпадоци.Покрај тоа, се врши уредување на крошните на дрвјата по улицата „АСНОМ“ за непречено движење на пешаци и возила, кроење на дрвја по улицата „Кеј Македонија“ по добиено решение, како и постапување со паднати дрвја од невреме на јавни површини.ЈП „Охридски комуналец“ апелира до граѓаните за соработка во одржувањето на чистотата и зачувување на јавните зелени површини.

ОО | пред 1 месец

media-librarycc773iu2qt3f5AdCrRJ

Пецаков: Охрид бил и ќе остане светски, започнуваме нова ера на засилена грижа

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, информираше дека вчера и денес во Париз бил дел од државната делегација која остварила клучни средби во седиштето на УНЕСКО. Според него, посетата е од исклучително значење, бидејќи за првпат градоначалник на Охрид остварува директна средба со генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани.Покрај оваа средба, делегацијата разговарала и со претседателот на 43-тата Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, како и со претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал Хинзаб. Пецаков посочи дека како градоначалник негова должност е гласот на Охрид да се слушне директно таму каде што се носат одлуките за светското наследство.Тој нагласи дека на средбите јасно биле пренесени позициите на локалната и централната власт, дека Охрид претставува врвен приоритет и дека во тесна соработка со Владата се останува целосно посветен на спроведување на препораките за заштита. Според него, се работи на долгорочна и одржлива стратегија која ќе обезбеди зачувување на статусот на Охридскиот Регион на Листата на светско наследство.Пецаков истакна и подготвеност за продолжување на соработката со Република Албанија, нагласувајќи дека заштитата на езерото и регионот бара заеднички пристап и координирано делување. „Охрид бара лидерство и конкретни дела“, порача градоначалникот, додавајќи дека посетата на Париз е почеток на нова ера на транспарентна и засилена грижа за природното и културното наследство.„Охрид бил и ќе остане светски“, заклучи Пецаков, најавувајќи продолжување на активностите со конкретни чекори во насока на заштита и унапредување на регионот.

Охрид | пред 1 месец

media-libraryqsrf3nak5oa20XMhDDI

Владата уверува во Париз: Македонија останува посветена на заштитата на Охридскиот Регион

Владина делегација составена од Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт и врски, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Муамет Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање, како и градоначалниците на Охрид и Струга, Кирил Пецаков и Менди Ќира, вчера и денес престојуваше во работна посета на Париз, каде беа остварени средби со високи претставници на УНЕСКО.Делегацијата одржа разговори со генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани, со претседателот на 43-тата Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, како и со претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал Хинзаб. На средбите било разговарано за улогата и значењето на УНЕСКО во современиот свет, како клучна мултилатерална организација која промовира дијалог и меѓународна соработка во областите на образованието, науката, културата и комуникациите.Посебен акцент во разговорите бил ставен на состојбата на Охридскиот Регион како природно и културно светско наследство. Притоа била нагласена важноста од континуирана, систематска и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на статусот на регионот на Листата на светско наследство.Од Владата информираат дека за време на средбите била потврдена јасната определба на државата за доследно спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион. Истовремено, била изразена подготвеност за продолжување и унапредување на соработката со Република Албанија во рамки на постојните билатерални и меѓународни механизми, со цел обезбедување долгорочна и одржлива заштита на овој исклучително значаен природен и културен простор.

Охрид | пред 1 месец

media-library68lqudr5j7e8cXu0JBy

Студентите во студ, струја и натаму нема: што го предизвика прекинот кој трае повеќе од 24 часа?

И по повеќе од едно деноноќие, во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид сè уште нема електрична енергија, а студентите остануваат без основни услови за престој. Од управата на домот нема конкретни информации за причините за прекинот, ниту пак одговор на телефонските повици и барањата за појаснување од јавноста.Единствената достапна информација е јавната објава дека проблемот треба да биде решен во текот на денешниот ден, но без прецизирање кога настанал дефектот, зошто дошло до прекин и во кој термин се очекува нормализација на снабдувањето со струја. Тие решението го чекаат од Министерството за образование и наука.Во меѓувреме, студентите и натаму престојуваат во студени простории, без греење и топла вода, во услови на целосна неизвесност и без навремено институционално информирање.

Охрид | пред 1 месец

media-libraryo8g513bvtg5j65OMfE2

Струја во охридскиот студентски дом нема да има до сабајле, студентите добија извинување, решение чекаат од Министерството за образование

Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид со кратко соопштение им се извини на студентите прекинот на електричната енергија кој трае од 10 часот утрото (на 09 февруари), поради кој тие останаа без струја, греење и топла вода.Од управата на домот информираат дека биле известени од Министерството за образование и наука дека проблемот со снабдувањето со електрична енергија ќе биде решен во текот на утрешниот ден.„Им се извинуваме на студентите кои се сместени во Д.С.Д. ‘Никола Карев’ за прекинот со електрична енергија. Од МОН не известија дека во текот на утрешниот ден проблемот ќе биде решен“, се наведува во соопштението.Прекинот на струјата предизвика силни реакции кај студентите, кои повеќе од 12 часа поминаа во мрак и студ, без основни услови за престој, за што јавно реагираа преку сведоштва и поплаки. До овој момент не се соопштуваат дополнителни детали за причините за прекинот, ниту за тоа дали ќе се преземат мерки за да не се повторат вакви ситуации.

Охрид | пред 1 месец

media-library68lqudr5j7e8cXu0JBy

(Видео) Свеќи наместо светло, без греење, со конзерви за вечера: Студентите од „Никола Карев“ без струја повеќе од 12 часа

Повеќе од 12 часа студентите кои престојуваат во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид се без електрична енергија, со што се соочија со целосен прекин на греењето, немање топла вода и услови за нормално функцонирање.Според сведоштвата, струјата била исклучена околу 10 часот наутро, а и до моментот на објавување на овој текст се уште е во мрак. Студентите велат дека биле принудени да користат свеќи и блицеви од мобилни телефони за најосновно движење низ просториите, додека ниските температури дополнително го отежнале престојот во објектот поради немање греење.Поради прекинот на електричната енергија, студентите немаат ниту топла вода, што целосно се оневозможени основните хигиенски потреби. Како што наведуваат, за вечера им била поделена конзервирана храна, која ја јаделе во мрак, на свеќи, без никакво дополнително објаснување или алтернативно решение од страна на управата. Особено револтирачки за студентите е, како што велат, целосниот молк од надлежните. Тие тврдат дека не добиле никаква официјална информација за причините за прекинот на струјата, ниту пак колку време ќе трае проблемот.До управата на студентскиот дом, „Скопје1“ упати прашања за тоа зошто е прекинато снабдувањето со електрична енергија, дали постои план за итно решавање на проблемот, зошто студентите не се навремено информирани и зошто во вакви услови не е обезбедено поадекватно решение за исхрана и престој. До моментот на објавување на текстот, одговор од надлежните не е добиен.Студентите бараат итна интервенција и јасна комуникација, предупредувајќи дека ваквите услови не само што го нарушуваат нивниот секојдневен живот и студирање, туку претставуваат и сериозен ризик по здравјето, особено во зимски услови.

Настани | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања