Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Владата уверува во Париз: Македонија останува посветена на заштитата на Охридскиот Регион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Охрид
media-libraryqsrf3nak5oa20XMhDDI

Владина делегација составена од Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт и врски, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Муамет Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање, како и градоначалниците на Охрид и Струга, Кирил Пецаков и Менди Ќира, вчера и денес престојуваше во работна посета на Париз, каде беа остварени средби со високи претставници на УНЕСКО.

Делегацијата одржа разговори со генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани, со претседателот на 43-тата Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, како и со претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал Хинзаб. На средбите било разговарано за улогата и значењето на УНЕСКО во современиот свет, како клучна мултилатерална организација која промовира дијалог и меѓународна соработка во областите на образованието, науката, културата и комуникациите.

— реклама —

Посебен акцент во разговорите бил ставен на состојбата на Охридскиот Регион како природно и културно светско наследство. Притоа била нагласена важноста од континуирана, систематска и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на статусот на регионот на Листата на светско наследство.

Од Владата информираат дека за време на средбите била потврдена јасната определба на државата за доследно спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион. Истовремено, била изразена подготвеност за продолжување и унапредување на соработката со Република Албанија во рамки на постојните билатерални и меѓународни механизми, со цел обезбедување долгорочна и одржлива заштита на овој исклучително значаен природен и културен простор.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library73c2f0shcf622ssIiF6

Охрид СОС алармира: Сеча во зона на строга заштита кај изворите на Црн Дрим

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-librarylg7ffncrm6avdmj2b2S

(Видео) Охрид доби нов скејт-парк крај „Студенчишта“

Настани | пред 1 седмица

pecakov

Охрид со највисок резултат за интегритет меѓу 44 општини

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Ешерихија коли и недостиг на хлор – забрана за пиење вода во осум охридски села

Охрид | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања