Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Литературна манифестација во чест на Тоде Илиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

ОО
media-libraryfot6pe9i6pgp57KNObi

Во Општина Охрид се одржа литературна манифестација во чест на поетот и детски писател Тоде Илиевски, на која беа доделени наградите од конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“. Советничката Билјана Коталески истакна дека делото на Илиевски е трајно наследство што инспирира и ја поттикнува детската љубопитност и љубов кон пишаниот збор, честитајќи им на наградените и учесниците. Настанот го организира „Креативна верига“ со поддршка на Општина Охрид.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Во чест и сеќавање на охридскиот поет и писател за деца, Тоде Илиевски денеска во Општина Охрид се одржа литературна манифестација на кој беа доделени наградите од распишаниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“.

— реклама —

Во името на Локалната самоуправа присутните ги поздрави Билјана Коталески, советничка во Советот на Општина Охруид.

— реклама —

– Ми претставува големо задоволство што денеска имам можност да ви се обратам во името на Општина Охрид и да бидам дел од оваа убава културна средба посветена на ликот и делото на Тоде Илиевски, автор кој со своето творештво остави значајна трага во македонската литература за деца.

Творештвото на Тоде Илиевски претставува вредно наследство кое и денес инспирира. Неговите песни, создадени со искрена љубов кон детскиот свет, носат пораки за добрина, надеж и верба во убавината на соништата.

Токму преку таквите дела детската литература ја исполнува својата најважна улога, да ги поттикне детското љубопитство, фантазијата и љубовта кон пишаниот збор.

Оваа манифестација има двојно значење. Со неа се одбележува споменот на еден истакнат автор, а воедно се остава простор за создавање на нови дела со кои се збогатува детската литература.

Упатувам искрени честитки до наградените автори на објавениот конкурс, како и до сите учесници кои со своите творби ќе придонесат оваа манифестација да добие посебна вредност. Вашата инспирација и љубов кон творештвото се доказ дека детската поезија продолжува да живее и да се развива.

Воедно, сакам да им се заблагодарам на организаторите и на сите кои вложуваат труд, оваа манифестација да продолжи да се одржува и да прерасне во една убава традиција. Ваквите настани се важни за културниот живот на нашиот град и за унапредување на литературната дејност.

Општина Охрид секогаш ќе биде подготвена да ги поддржи ваквите проекти и да даде свој придонес за развој на ново книжевно творештво.

Нека делото на Тоде Илиевски продолжи да биде поттик за нови генерации поети и писатели за деца и за сите оние кои веруваат во силата на вредните литературни дела!, истакна советничата Коталески.

— реклама —

Организатор на настанот е Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“ со поддршка на Општина Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања