Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Спортски ден во Велгошти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

ОО
media-library8kbkl1u3q8pd2dZdgam

Во Велгошти се одржа „Спортски ден“ по повод 145 години од раѓањето на Тодор Александров, во организација на ООУ „Живко Чинго“ и Сојузот за училишен спорт. Учесниците ги поздрави Катерина Стојаноска од Општина Охрид, нагласувајќи ја важноста на спортот за здрави навики и вредности и најавувајќи континуирана општинска поддршка. Организирани беа натпревари во фудбал (6–7 одд.), баскет машки и женски (8–9 одд.), шах (1–9 одд.) и пинг-понг (6–9 одд.), со награди за најуспешните.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

По повод 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров, денеска во Велгошти се одржа „Спортски ден“ во организација на ООУ„Живко Чинго“ и Сојузот за училишен спорт.

— реклама —

Во името на Општина Охрид учесниците ги поздрави Катерина Стојаноска, советник во Советот на Општина Охрид.

— реклама —

– Ми претставува особено задоволство што денеска сум дел од оваа спортска манифестација, со која се испраќа силна порака за афирмација на спортските дисциплини и промоција на здравите животни навики.

Од дополнително значење е што овој спортски собир се одржува во чест на 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров и тоа што е дел од една убава спортска приказна во Велгошти.

Општина Охрид како и до сега продолжува да дава голема поддршка во спортот. Континуирано се вложува во подобрување на условите за тренинг, во училишните спортски програми, во спортската инфраструктура и во поддршка на младите таленти. Веруваме дека вложувањето во спортот е вложување во здрави генерации, во дисциплина, во тимски дух и во вистински вредности.

Ваквите настани имаат особено значење, затоа што спортот не е само натпревар, спортот е училиште за животот. Овој спортски ден е можност да се дружите, да создавате пријателства и да ги покажете своите способности во фудбал, баскет, пинг-понг и шах.

Секој од вас што денес е на теренот е победник, затоа што избрал активност и здравје. Секако, најуспешните ќе бидат наградени со пехари и медали, но најголемата награда е искуството и радоста што ги носи спортот.

Драги ученици, продолжете да спортувате, да сонувате и да верувате во себе. Општина Охрид ќе продолжи да биде ваш партнер и поддржувач на секој чекор од вашиот спортски и личен развој.

Во мое лично име и во името на Општина Охрид, ви посакувам успешни натпревари, фер игра и многу насмевки, истакна Стојаноска во своето обраќање.

— реклама —

Во рамки на спортската манифестација беа организирани натпревари во следните дисциплини: фудбал за 6-то и 7-мо одделение; баскет во женска и машка конкуренција, за 8-мо и 9-то одделение; шах за ученици од 1-во до 9-то одделение и пинг-понг за ученици од 6-то до 9-то одделение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања