Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Пецаков: Охрид бил и ќе остане светски, започнуваме нова ера на засилена грижа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Охрид
media-librarycc773iu2qt3f5AdCrRJ

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, информираше дека вчера и денес во Париз бил дел од државната делегација која остварила клучни средби во седиштето на УНЕСКО. Според него, посетата е од исклучително значење, бидејќи за првпат градоначалник на Охрид остварува директна средба со генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани.

Покрај оваа средба, делегацијата разговарала и со претседателот на 43-тата Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, како и со претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал Хинзаб. Пецаков посочи дека како градоначалник негова должност е гласот на Охрид да се слушне директно таму каде што се носат одлуките за светското наследство.

— реклама —

Тој нагласи дека на средбите јасно биле пренесени позициите на локалната и централната власт, дека Охрид претставува врвен приоритет и дека во тесна соработка со Владата се останува целосно посветен на спроведување на препораките за заштита. Според него, се работи на долгорочна и одржлива стратегија која ќе обезбеди зачувување на статусот на Охридскиот Регион на Листата на светско наследство.

Пецаков истакна и подготвеност за продолжување на соработката со Република Албанија, нагласувајќи дека заштитата на езерото и регионот бара заеднички пристап и координирано делување. „Охрид бара лидерство и конкретни дела“, порача градоначалникот, додавајќи дека посетата на Париз е почеток на нова ера на транспарентна и засилена грижа за природното и културното наследство.

— реклама —

„Охрид бил и ќе остане светски“, заклучи Пецаков, најавувајќи продолжување на активностите со конкретни чекори во насока на заштита и унапредување на регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library73c2f0shcf622ssIiF6

Охрид СОС алармира: Сеча во зона на строга заштита кај изворите на Црн Дрим

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-librarylg7ffncrm6avdmj2b2S

(Видео) Охрид доби нов скејт-парк крај „Студенчишта“

Настани | пред 1 седмица

pecakov

Охрид со највисок резултат за интегритет меѓу 44 општини

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Ешерихија коли и недостиг на хлор – забрана за пиење вода во осум охридски села

Охрид | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања