Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Втора седница на Советот на Југозападниот плански регион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

ОО
media-libraryfue89kkid8ug57lEMZD

Во Општина Охрид се одржа втората седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион, со која претседаваше градоначалникот Кирил Пецаков. Беа разгледани и усвоени 22 точки. Усвоени се Акцискиот план за 2026 и Годишниот извештај за 2025 со финансиски извештај, разгледани се годишните сметки и повеќе проекти, и донесена е приоритетна листа на регионални проекти за 2026. За Охрид: набавка на апарат за детекција дефекти, електричен ударен чекан и режач за пилинг.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Денеска, во просториите на Општина Охрид, се одржа втората седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион.

— реклама —

Во рамки на седницата, со која претседаваше градоначалникот Кирил Пецаков, беа разгледани и усвоени 22 точки од дневниот ред.

— реклама —

Беа усвоени Предлог-одлуката и Одлуката за усвојување на Акцискиот план за спроведување на Програмата за развој на Југозападниот плански регион во 2026 година, како и Предлог-одлуката и Одлуката за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2025 година, со интегриран Финансиски извештај за 2025 година.

— реклама —

Беа разгледани годишните сметки за работењето на Центарот за развој на Југозападниот плански регион за 2025 година, како и за проектите „Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза“ и „Подготовка на техничка документација за приоритетни инфраструктурни проекти“, како и проектите од програмите на МЛС за намалување на диспаритетите. Беше донесена и Одлука за усвојување на Приоритетната листа на регионални проекти за 2026 година.

Исто така, беа усвоени повеќе одлуки за преотстапување на работи и стоки на сите општини од Југозападниот регион, за набавка на нови машини и комунална опрема.

Во однос на Општина Охрид беа донесени следните одлуки: Одлука за преотстапување на стоки – набавка на апарат за детекција на дефекти во водоводните цевки; Одлука за преотстапување на стоки – набавка на електричен ударен чекан и Одлука за преотстапување на стоки – набавка на режач за пилинг (Ф110–500 и Ф63–110).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања