Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОХРИД

media-librarydpkfpn096n44eNtugGZ

Ј.П.„Охридски Комуналец" денес го одбележа својот патронен празник ,,7-ми Ноември"

На присутните им се обрати Директорот м-р Сашо Најдески кој во своето обраќање истакна:„ Почитувани присутни,Дозволете ми на почетокот на сите да Ви го честитам денот на ослободувањето на градот Охрид, а на вработените воедно им го честитам патрониот празник на Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид.Од далечната 1952 година започнува приказната за една мисија — да го направиме Охрид поубав, почист и поуреден град.Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ со децении е дел од секојдневието на охриѓани. Од раното утро до доцна навечер — наши екипи се грижат за чистите улици, зелените паркови и здравата околина.Формирано од страна на Советот на општина Охрид, Ј.П.„Охридски Комуналец"-Охрид денес е единствен извршител на комуналните услуги на територијата на Општина Охрид:-Собирање, транспорт и депонирање на комунален отпад-Одржување на јавна чистота-Одржување на градските паркови и зеленило, на целата територија на општина Охрид.Но нашата работа не е само чистење — таа е грижа, одговорност и љубов кон градот.Во периодот што следи, Ј.П.„Охридски Комуналец“ заедно со општина Охрид започнува нова етапа –Обновување и модернизација на возниот парк!Со нови, еколошки возила и современа опрема, ќе обезбедиме поекономично, поефикасно и еколошки одржливо работење.Нашата цел е едноставна, но голема: Чист Охрид. Зелен Охрид. Охрид на кој сите се гордееме. ”Како благодарност за континуиран допринос и непрекинат работен стаж за 30, 20 и 10 години во претпријатието, доделени се награди на 28 (дваесет и осум) вработени.

ОО | пред 4 месеци

media-librarym7k0ch3nhvin1wll82L

Свежо цвеќе во чест на ослободувањето на Охрид

По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, делегација на општината предводена од градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на хероината Јасна Ристеска во село Рамне, каде што се одржа панихида и културен настан подготвен од најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.Градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе и пред спомен обележјата на борците во Спомен паркот на револуцијата и го проследи краткиот историски час, подготвен од Сојузот на борци од Охрид и Дебрца.Делегации на Општина Охрид предводени од советниците во општинскиот Совет положија свежо цвеќе пред спомен обележјата од НОБ кај Градски гробишта, Градски парк, Основен суд, двор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

Охрид | пред 4 месеци

media-library6k6ddhhirp3n3Mb1QyS

Одбележан 7-ми ноември – Денот на ослободувањето на Охрид

Со свечена академија „Охридска музичка антологија“ што се одржа во ЦК „Григор Прличев“ вчеравечер започнаа чествувањата по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид.Пред своите сограѓани се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.– Во предвечерието на 7 Ноември по 81 пат прославуваме за слободата на нашиот чудесен Охрид, славиме за едно големо време и едни големи луѓе кои со живот ја заработија слободата во која денес ние живееме.Чествувајќи го денешниот ден, како празник на нашиов Охрид, уште еднаш го исполнуваме аманетот со крв испишан од партизаните.Славејќи ја нивната жртва  за слободен  град , уште еднаш потврдуваме дека нашиот народ има сила да чекори кон вечноста! Денеска срцaтa на охриѓани  чукаат  посилно од кога и да е, кога можеме гордо, во слобода, да се сетиме на заветот на младите борци срочен во синтагмата: „СЛОБОДА ИЛИ СМРТ!“.Ваквиот цврст став на нашите борци е клучот за опстанокот и надминувањето на сите обиди за згаснување на македонскиот национален идентитет.Херојската и безрезервна борба за основни права и светла иднина не познава никакви граници.Денес славиме за хероите  на претходното, наше и идно време.  Јасна Ристеска, Андон Дуков, Петре Пирузе,  Момчило Јорданоски, Кирил Главинчев се само дел од плејадата млади охриѓани кои никогаш нема да бидат однесени во заборав, затоа што нив им ја должиме слободата. На овој ден, славиме и  за   оние без кои големите револуционери не би можеле да ја водат битката за Охрид. Тоа семажите, жените, па дури и децата, кои со својот придонес ја поддржале македонската борба за права и еднаквост со останатите народи, со кои рамо до рамо се боревме во антифашистичката војна.Само синови и ќерки на Македонија можат да истраат тогаш кога е тешко. Само тие можат да дадат се од себе, бидејќи станува збор за нивните домови и семејства, за нивната земја!Новото време раѓа нови борци кои со интелект и ителектуалност војуваат за подобар економски статус, живот и напредок на своите сограѓани.Денеска во слободен Охрид се бориме за подобар животен стандард  на сегашните и идни генерации. Инфраструктурно го разубвуваме градот. Градиме нови детски градинки, училишта плоштади. Се грижиме да го сочуваме и разубавиме она што во традиција се предавало од поколенија во поколенија.Нашиот чудесен Охрид, градот на УНЕСКО со прекрасното езеро, со климентова и самоилова традиција, одамна е мека за илјадници туристи од цел Свет, а работиме нивниот број постојано да расте.Ние сме еден прекрасен мозаик на добри луѓе со различна етничка и верска припадност кои негуваме прекрасен соживот и и уживаме во различностие кои ја градат нашата целина. Ншите херои од НОВ  се добар пример кој не води во животот. Сеќавајќи се за сите оние кои не прашувале за цена, за ризик или за смрт сваќаме во колку подобра положба сме биле од нив.Затоа на овој ден, им изразуваме почит и се поклонуваме  пред нивните дела, кои ја овозможија иднината која ние ја живееме, а за која тие сонуваа.На знајните и незнајни херои од епската ера од Народно ослободителната ера- Слава им!Нека е вечен и од Бога благословен нашиот убав град Охрид!- рече градоначалникот Пецаков.На свеченоста се обрати и Претседателот на охридскиот музички еснаф, Венко Пашоски по што следеше културно –уметничка програма. Актерот Жарко Спасовски изведе монолог „Гласот на борците“, а се одржа и концерт на охридскиот музички еснаф „Охридски музички времеплов“. Настапија музичките изведувачи Ефто Пупиноски, Митко Колјушевски, Мишко Србиноски, Ристе Наумовски, Петар Трајановски, Милован Секулоски, Кирил Белистојановски, Владо Костоски, Игор Бежаноски, придужувани од оркестарот на Ангел Трајковски –виолина, Ристе Довлев- Виолина, Бранко Тасески –виолина, Петар Паскали –виолина, Тони Вретоски –прим, Венко Пашоски –прим, Скендер Дучи –ут, Петар Кочовски –хармоника, Кирче Аслимоски-хармоника, Климент Петрески –гитара, Климент Малчески –контрабас, Јован Пазаркоски- акустична гитара, бас, Христијан Чавкоски –бас,  Вања Танкоски –перкусии, Оливер Костевски-перкусииВо рамки на свечената програма вчера попладне во куќата на Робевци беа отворени уметничките изложби на слики и мозаици од академските уметници Славко и Никола Упевче.Чествувањата за празникот продолжуваат денеска со полагање цвеќе пред спомен обележјата на борците во дворот на  СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и пред спомен обележјето на Јасна Ристеска во с. Рамне. Утре  со свеченост своите патрони празници ќе ги одбележат ЈП „Охридски Комуналец“ и детската градинка „Јасна Ристеска“.

ОО | пред 4 месеци

media-libraryfcj91vkrg0dn7AtzUR7

Конкурс за доделување општинска награда – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“

Врз основа на член 16 и 18 од Одлуката за доделување општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, градоначалникот на Општина Охрид распишува:КОНКУРСЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ По повод 8-ми Декември – „Св. Климент Охридски“-градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2025 година.Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид  и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот.Право на учество на Конкурсот  имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор.Исто така, кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурура.Наградата „Патрон на градот “Св. Климент Охридски” се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.Конкурсот трае 15 календарски дена сметано од денот на објавувањето.Пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.Пријавите да се достават на адреса: ул. „Димитар Влахов” бр.57, за градоначалник на Општина Охрид (со назнака: ЗА КОНКУРС ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”).ОПШТИНА ОХРИДГрадоначалник,Кирил Пецаков

ОО | пред 4 месеци

media-libraryfcj91vkrg0dn7AtzUR7

Конкурс за доделување повелба – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“

Врз основа на член 36  од Законот за локална самоуправа и член 18 од Статутот, Советот на општина Охрид распишуваКОНКУРСЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” По повод 8-ми Декември – „Св.Климент Охридски”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2025 година.Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година.Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања се конкурира и најмалку барем една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.Повелбата може да се додели максимум на пет добитници.Конкурсот трае 15 календарски дена од денот на објавувањето.Пријавите коишто ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.Пријавите да се достават во затворен плик на адреса: ул.„Димитар Влахов” бр.57, со назнака:За Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија (со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”.)                                               Совет на општина ОхридПретседател,Перчо Божиновски

ОО | пред 4 месеци

media-library5cmotg1rivj3czsIWpa

Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба

По повод 8-ми Декември – Св.Климент Охридски – Патрон на градот, Општина Охрид распишува:НАГРАДЕН УЧЕНИЧКИ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБАТемата на Конкурсот треба да  се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент ОхридскиПо овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории:I За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);II За ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение);III За ученици во средно образование (од прва до четврта година).Износот на наградата за првата категорија е 2.000,оо денари;Износот на наградата за втората категорија е 3.000,оо денари;Износот на наградата за третата категорија е 4.000,оо денари.Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири – комисија, формирана од градоначалникот  на Општина Охрид.Право на учество на овој Конкурс имаат сите редовни ученици  од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид.Творбите, во три примероци, во затворен плик, под шифра, најдоцна до 30.11.2025 година, треба да се доставуваат  на следната адреса: Општина Охрид, – ул.”Димитар Влахов“бр.57 (со назнака: За Конкурсот за наградени творби и со наведена категорија за која се конкурира).Творбите пристигнати по наведениот датум нема да се разгледуваат.Авторството се докажува со четвртиот примерок.Наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод 8-ми Декември – Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид.

ОО | пред 4 месеци

markica

Јавен повик за членови на Локалното собрание на млади на Општина Охрид

Врз основа на член 74 став 2, 3 и 4 од Статутот на Општина Охрид, како и член 17 од законот за младинско учество и младински политики, Локалното младинско собрание на Општина Охрид објавува:ЈАВЕН ПОВИКЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИЗа остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Охрид, согласночлен 17 од Законот за младинско учество и младински политики објавен во Службен весник на РМ бр. 10 од 16.01.2020 година, се наметнува потреба од поголема функционалност на локално младинско собрание, како форма за зголемено учество на младите во локалната заедница.Целтта на реализација на оваа активност е вклучување на младите во спроведување на политиките и креирање на младинските програми. Тоа е можно единствено преку институционализирање во тело кое формално правно ќе ги претставува и застапува младите во Општина Охрид.Локалното Собрание на Млади ги известува заинтересираните дека објавува Повик за членови на Локално Собрание на Млади на Општина Охрид.2. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИКЈавниот повик е отворен за претставници на: младински организации, организации на млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и другиоблици на младинско здружување кои се активни на територијата на Општина Охрид кои ги исполнуваат следните критериуми:Да имаат активности на територијата на општина Охрид;Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој јавен повик;Делегатот и заменик делегатот кои ќе бидат номинирани требада се: жители на општина Охрид и да бидат на возраст од 15-29 години;3. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕАплицирањето по однос на јавниот повик се врши електронски со поднесување на пријава која е составен дел на овој јавен повик во PDF формат на следната емаил адреса: sovetnamladiohrid@yahoo.comАпликантите задолжително треба да ги достават следните документи:Унифицирана пријава;Резиме од работата на организацијата; (не се однесува за политички подмладоци)Мотивационо писмо за учество во Локалното собрание на млади;Годишен извештај за работата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или со млади во Општина Охрид; (не се однесува за политички подмладоци)Доставените пријави нема да бидат разгледувани по истекот на рокот на Јавниот повик.Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.Јавниот повик трае 10 дена од денот на објавувањето по што следува оддржување на седница на локалното собрание на млади.Апликациите ќе бидат разледани од членовите на постоечкото Локалното младинско собрание на Општина Охрид, а мандатите на делегатите ќе бидат верифицирани на самото Собрание.4. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИДополнителни информаци и во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел. 046 262 492/262 493 (во Одделение за млади и невладини организации).

ОО | пред 4 месеци

markica

Свикана втората седница на Советот на Општина Охрид – со дополнување

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14,14/14, 10/19 и 15/20), Претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ВТОРАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ втората седница на Советот на општина Охрид на ден 12.11.2025 година (среда) со почеток во  09,00 часот.  Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н   Р Е ДУсвојување на Записникот од првата конститутивна седницаПредлог Решение за формирање Статутарно-правна Комисија.Предлог Решение за формирање Комисија за финансии и буџет.Предлог Решение за формирање Комисија за јавни и комунални дејности.Предлог Решение за формирање Комисија за урбанизам.Предлог Решение за формирање Комисија за општествени дејности.Предлог Решение за формирање Комисија за туризам и локален економски развој.Предлог Решение за формирање Комисија за заштита на животната средина.Предлог Решение за формирање Комисија за млади и спорт.Предлог Решение за формирање Комисија за месна самоуправа.Предлог Решение за формирање Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија.Предлог Решение за формирање Комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените.Дополнување на дневниот ред за 2-рата седница на Советот на општина Охрид со следните две точки:Предлог одлука за констатирање престанок на мандат на член во Советот на општина Охрид.Предлог одлука за верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид.СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИДПретседателПерчо БожиновскиОПШТИНА ОХРИДЛОКАЛНА САМОУПРАВАБрој 08-14956/105.11.2025 год.О х р и д

ОО | пред 4 месеци

media-librarylfquvfmpp6eqeMdeCoA

Општинската изборна комисија му го врати уверението за вториот мандат на градоначалникот Кирил Пецаков

Претседателката на Општинската изборна комисија Антигона Сионов, денеска официјално му го врачи Уверението за избор на градоначалник на Општина Охрид, на досегашниот градоначалник Кирил Пецаков, за претстојниот четиригодишен мандат.– Од денeска започнува мојот втор мандат, заедно со мојот тим и администрацијата и секако на сите јавни претпријатија, основни и средни училишта, кои се дел од локалната самоуправа. Реализиравме многу проекти кои што значат за Охрид и стратешки го менуваат, а така продолжуваме и во вториот мандат. Имаме 10 нови капитални проекти на кои ќе се надополни и финиширањето на четири проекти, кои беа ветени во претходниот мандат. Станува збор за сериозна промена на сето она што ние го перцепираме во Охрид, првично за охриѓани и за сите оние кои што доаѓаат и уживаат во неговите убавини. Пред нас следува инвестициски период кој верувам дека ќе заврши успешно, односно за многу работи за кои што охриѓани разговарале, побарувале и било како насушна потреба во изнинативе 30 години, ќе се остварат, ќе се завршат и сметам дека Охрид не само што ќе изгледа поинаку, ќе има и многу подобри услови за сите жители и сите туристи кои го посетуваат, истакна градоначалникот Пецаков во својата изјава за медиумите.На свеченото доделување на Уверението за избор на градоначалник присуствуваа сите членови на Општинста изборна комисија од Охрид кои упатија искрени честитки до градоначалникот Пецаков.Изборна комисија – општина Охрид

ОО | пред 4 месеци

media-librarycls4raddimm4eBrGBPF

Општинската изборна комисија му го врачи уверението за вториот мандат на градоначалникот Кирил Пецаков

Претседателката на Општинската изборна комисија Антигона Сионов, денеска официјално му го врачи Уверението за избор на градоначалник на Општина Охрид, на досегашниот градоначалник Кирил Пецаков, за претстојниот четиригодишен мандат.– Од денeска започнува мојот втор мандат, заедно со мојот тим и администрацијата и секако на сите јавни претпријатија, основни и средни училишта, кои се дел од локалната самоуправа. Реализиравме многу проекти кои што значат за Охрид и стратешки го менуваат, а така продолжуваме и во вториот мандат. Имаме 10 нови капитални проекти на кои ќе се надополни и финиширањето на четири проекти, кои беа ветени во претходниот мандат. Станува збор за сериозна промена на сето она што ние го перцепираме во Охрид, првично за охриѓани и за сите оние кои што доаѓаат и уживаат во неговите убавини. Пред нас следува инвестициски период кој верувам дека ќе заврши успешно, односно за многу работи за кои што охриѓани разговарале, побарувале и било како насушна потреба во изнинативе 30 години, ќе се остварат, ќе се завршат и сметам дека Охрид не само што ќе изгледа поинаку, ќе има и многу подобри услови за сите жители и сите туристи кои го посетуваат, истакна градоначалникот Пецаков во својата изјава за медиумите.На свеченото доделување на Уверението за избор на градоначалник присуствуваа сите членови на Општинста изборна комисија од Охрид кои упатија искрени честитки до градоначалникот Пецаков.Изборна комисија – општина Охрид

ОО | пред 4 месеци

markica

Свикана првата конститутивна седница на Советот на општина Охрид

Врз основа на член 37 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20) и член 4 од Деловникот за работа на Советот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.16/2014), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ПРВАТА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА    НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ првата конститутивна седница на Советот на општина Охрид на ден 03.11.2025 година (понеделник) со почеток во 13,00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот: Д Н Е В Е Н   Р Е ДИзбор на Комисија за верификација, избори и именувања.Верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Охрид.Избор на Претседател на Советот на општина Охрид.ОПШТИНА ОХРИДЛОКАЛНА САМОУПРАВАБрој 08-14739/131.10.2025 год.О х р и д

ОО | пред 4 месеци

media-libraryr5htpapf5vmveIK5rsR

Неделен преглед од активностите на ,,Паркови и зеленило"

Се припремаат леите каде ќе се засадува цветниот расад кој ќе ги краси парковите до пролетниот период. цветните леи се прекопуваат, а земјата се рамни, со што се спремни за засадување на цветниот расад виола (очиња) од сопствено производство.Се отстрани суво дрво во близина на С.Р.Ц.,,Билјанини Извори" кое беше многу оштетено и како такво претставуваше опасност по околината и минувачите .Се интервенираше за отстранување неуредна вегетација и косење на тревни површини вдолж пешачката патека до локалитет Горица.Од тековните активности издвојуваме: редовно косење на тревни површини во градски парк, собирање на сувиот лист во градски парк, ул.,Булевар Туристичка", ул.,,7-ми Ноември" и ул.,,Јане Сандански".

ОО | пред 4 месеци

media-library5e799lfkf631azzliA0

Свежо цвеќе во чест на македонската револуционерна борба

Делегација на Општина Охрид предводена од раководители во локалната администрација, положи цвеќе пред спомен обележјата на охридските револуционери во градскиот парк, по повод 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.Цвеќе положија и пратениците во македонското собрание, делегација од Сојузот на Борци  и останати претставници од политичкиот и општествениот живот од Охрид.

ОО | пред 5 месеци

media-librarybee4hv4mnots2x8bFER

Неделен преглед од активностите на ,,Паркови и зеленило"

Во есенскиот период доминантна активност е редовно собирање на суви лисја во градски парк и другите зелени површини.Се реализира тековно есенско одржување -оформување на крошните и кратење на гранки од дрворедите по ул.,,Димитар Влахов" и ул.,,Партизанска", со што се обезбеди непречено минување на пешаците.Се режат ружите во градскиот парк и на тој начин се подготвуваат да блеснат со својата убавина за следната пролет.Се уредуваше зеленилото околу детските игралишта на ул.,,Радојца Новичиќ" и ул.,,Булевар Туристичка", како и отстранување на дива вегетација околу речно корито вдолж ул.,,Мирка Гинова".Редовно косење на тревни површини на улици:,,7-ми Ноември", ,,Ариф Мустафа" и ,,Аџи Мустафа", како и отстранување на ниска вегетација од тротоари вдолж ул.,,Булевар Туристичка".

ОО | пред 5 месеци

media-libraryfh1m46aq1utv1cM3bzJ

Свеченост по повод 11 Октомври

Во пресрет на 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ во втората светска војна, денеска во Општина Охрид се одржа пригодна свеченост во чест на големиот празник. Пред присутните свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.‎‎– Народоносолободителната борба претставува симбол на непокорот, достоинството и вековната борба за мир и правдина. Преку пожртвуваноста на нашите херои се изгради темелот на македонската државност и идентитет.‎Револуционерната борба на Македонскиот народ е доказ дека слободата не се подарува, таа се заслужува преку единство, визија и храброст.‎11-ти октомври е жива меморија, тој ја претставува свесноста и сплотеноста на една  генерација која избрала да не молчи, со решителност, поголема од стравот и со силна идеја, посветла од темнината на ропството.‎Охрид и Дебрца дале многу храбри луѓе за оваа слобода која ја живееме денес. Тоа не се само имиња на споменици, тоа се нашите предци, нашите роднини, соседи и пријатели, чии животи се вткаeни во слободна Македонија. Нивната жртва е темелот врз кој е изградена нашата држава.‎Денес ја имаме честа да им оддадеме достојна почит, но не само со зборови, туку и со ветување дека нивната борба нема да биде заборавена и дека ќе го чуваме нивното големо дело како аманет за идните поколенија.‎Почитувани, Слободата која ја имаме денес не е само привилегија, таа е наша одговорност, па затоа треба да ја вредуваме со знаење, љубов и решителност. Да продолжиме да бидеме свои на своето и горди на се што е македонско! Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на народното востание! Нека живее нашиот Охрид, нека живее Македонија, слободна, достоинствена и сплотена!, истакна Пецаков во своето обраќање.‎‎Во името на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, пред присутните се обрати претседателот на организацијата Гоце Георгиески.‎‎Програмата беше збогатена со културно уметничка програма во која учествуваа Андријана Билаловиќ – Тодороска со изведба на делови од „Пиреј“ на Петре М. Андреески, академските музичари Мила Тренеска и Билјана Буџакоска и членовите на КУД  “Гердан од бисери“.

ОО | пред 5 месеци

media-library4j1aann6vpdb8JWRtLF

Одржана 63-та, последна седница на Советот на Општина Охрид во овој мандат

Денеска се одржа 63-тата свечена седница на Советот на Општина Охрид, со што официјално беше заокружен мандатот на актуелниот советнички состав.‎‎Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков изрази задоволство од соработката со Советот, нагласувајќи дека заеднички биле донесени многу значајни одлуки во интерес на општината и нејзините граѓани. Тој им се заблагодари на сите советници за нивниот ангажман и посветеност.‎‎Зборувајќи пред присутните, благодарност за досегашната соработка искажаа и претседателот на Советот, Перчо Божиновски, како и координаторот на советничката група на опозицијата, Живка Ангелеска.

ОО | пред 5 месеци

media-libraryrt4i2s6brcib99d1oFa

Апел до граѓаните за почитување на законските обврски за чистење на оџаците

Денеска во просториите на Општина Охрид се одржа состанок посветен на спроведувањето на законските обврски за редовно чистење на оџаците во индивидуални и колективни станбени објекти.На состанокот присуствуваа претставници од Одделението за животна средина, Одделението за заштита и спасување и  управување со кризи,  Инспекторатот при Општина Охрид, како и претставници на Територијалната противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи од Охрид. Поканети беа претставници на агенциите кои управуваат со станбени згради и претставници на месните и урбаните заедници.Присутните разговараа за значењето на редовното чистење на оџаците како законска обврска, но и како клучна мерка за заштита на животната средина преку спречување на дополнително загадување на воздухот. Беше истакната и важноста на оваа активност како превентивна мерка за заштита од пожари, особено во зимскиот период кога ризикот од настанување на пожари поради неисчистени оџаци е значително зголемен.Општина Охрид ги повикува сите граѓани и управувачи на станбени објекти да постапат согласно законските обврски и навремено да преземат мерки за чистење на оџаците, со цел зголемување на безбедноста и заштита на животната средина.

ОО | пред 5 месеци

markica

Свикана 63-та свечена седница на Советот на Општина Охрид

Ве известуваме дека на ден  09.10.2025 година  (четврток) со почеток во  09.00 часот ќе се одржи 63-та свечена седница на Советот на општина Охрид.СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИДПретседателПерчо БожиновскиБр. 08-13782/106.10.2025 година

ОО | пред 5 месеци

media-library7q5t479lk51scbtA6nt

Словачката амбасадорка Хрицова во посета на Општина Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска во својот кабинет  ја прими новоименуваната амбасадорка на Република Словачка во државава,  Ивета Хрицова.Соговорниците ги разгледуваа можностите за  потпишување Меморандум за соработка  помеѓу  Охрид и Нитра,градовите од Македонија и Словачка  кои  ги обединува наследството на Светите браќа Кирил и Методиј, а имаат и приближно ист број на жители и изобилие од културни знаменитости. Се разговараше и за учество на словачки уметници и словачка ноќ на најпрестижната културна манифестација кај нас, фестивалот Охридско Лето. Беа разменети мислења и за актуелните политиччки случувања во земјава и регионов.Словачка е силен и искрен поддржувач на евроинтеграцискиот пат на  Македонија. Македонската амбасада во  словачкиот град Братислава  е отворена во  2021 година и е  важен придонес за унапредување на билатералното партнерство помеѓу двете држави.

ОО | пред 5 месеци

media-library1unblo68fd5m4dD2qoL

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз  на Македонија, д-р Венко Филипче на граѓанската трибина во Охрид, порача дека оваа општина заслужува посветена, чесна и одговорна локална власт, со Охрид повторно ќе биде бисер на Македонија.„Сега имаме можност заедно да го направиме Охрид повторно бисер на Македонија. За нас и за нашите поколенија. Сега е време за промени во Охрид, време е општината да добие градоначалник како д-р Шајн”, порача д-р Филипче.Лидерот на СДСМ го претстави кандидатот за градоначалник, д-р Асен Шајн, како човек со визија, искуство и посветеност кој ќе ги заврши проектите, ќе го врати редот и ќе се грижи за охриѓани со чесност и посветеност.„Тој е тука за да го врати редот, да ги заврши проектите и да го врати Охрид на граѓаните. Асен е вреден човек, чесен човек. Човек кој ќе работи во интерес на Охриѓани и ќе се грижи за нив исто како што се грижи за нивното здравје. Кај него нема ароганција, нема непристапност, тој ќе биде човек на народот”, посочи д-р Филипче.Тој се осврна на моменталната состојба во општина Охрид, посочувајќи дека реалноста покажува сериозни проблеми: непланско ширење на градот, зголемени цени на јавни услуги, недовршени капитални проекти и сообраќаен хаос, што го намалува квалитетот на животот на охриѓани.„Охрид стана симбол на урбанистички хаос, со рекорден број дозволи за градба и недовршени проекти како плоштадот „Крушевска Република“, велосипедската патека до Св. Стефан и катната гаража. Локалната власт е фокусирана на фамилијарни вработувања и тендери, додека граѓаните се соочуваат со секојдневни проблеми“, нагласи Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”.На крајот од своето обраќање лидерот на СДСМ повика граѓаните на 19-ти октомври да излезат и да гласаат за бројот 5 и за кандидатската листа на СДСМ, за да се овозможи враќање на довербата, редот и развојот во Охрид.

Македонија | пред 5 месеци

markica-1

„Културата расте со децата – за сите деца“ се сели во Ohrid Mall

Проектот на Општина Охрид „Културата расте со децата – За сите деца“ од месец Октомври до месец мај ќе се реализира во Ohrid mall.Почетокот на театарските претстави и останати културни содржини за деца е најавен за 19:00 часот.Станува збор за настан кој се реализира втора година по ред и е дел од програмата за култура на Општина Охрид.

ОО | пред 6 месеци

information

Утре затворен за сообраќај дел од ул. „Димитар Влахов“

Поради неодложни активности кои се однесуваат  на фекалната канализација,  утре – 27. 09 2025г.  дел од улицата „Димитар Влахов“ од пред зградата на Општина Охрид до пресекот со улица „Македонски Просветители“ ќе биде затворена за сообраќај.Се замолуваат охриѓани да ги почитуваат времените сообраќајни правила и мерки. Градежните активности ќе ги реализираат надлежните служби на ЈП „Нискоградба“.

ОО | пред 6 месеци

B9C0CB28-3AE1-4302-8A4F-CE2D67BC22E5_1_105_c

Ученик на пракса паднал од 7 метри на градилиште во Охрид, кривична за сопственикот на фирмата

Ученик на пракса во охридска фирма заврши во болница откако паднал од седум метри височина на градилиште во населбата Бејбунар – сопственикот на фирмата се соочува со кривична пријава за повреда на работничките права и непреземање мерки за заштита при работа, соопшти МВР.-СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и сопственикот П.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „непреземање мерки за заштита при работа“. П.С. како сопственик на правното лице, не се придржувал кон Законот за засновање и престанок на работниот однос кон малолетник-ученик од Охрид, кој изведувал пракса во правното лице, не се придржувал кон Законот и колективниот договор за мерките за заштита при работа, односно не му обезбедил заштита при извршување на работните ангажмани на практикантот, поради што малолетникот паднал од околу седум метри висина на објект во изградба во охридската населба Бејбунар, вела од МВР.

Охрид | пред 6 месеци

media-library3islrm5r51m6dNWc749

Нов асфалт на „Дејан Војвода“, „Сатеска“ и „Петар Поп Арсов“

Со финансиска поддршка на Општина Охрид , денеска се асфалтираа околу 1 700 м2 од улица „Дејан Војвода“.Во текот на утрешниот ден нов асфалт ќе биде поставен и на делови од улиците „Сатеска“ и „Петар поп Арсов“.Овие активности се дел од годишната програма за уредување на градежно земјиште на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид.

ОО | пред 6 месеци

media-libraryi3j76dbstu712eMyYLs

Нов асфалт на неколку улици во градов

Согласно годишната програма за уредување на градежно земјиште на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, деновиве  се работи на неколку локации во градов .Нов асфалт е поставен на  крак  од улицата „Гоце Делчев“ со површина од околу  1 600м2.Надлежните служби на општината работат и во населба Воска, се асфалтираат три краци од улицата „Васил Стевоски“.

ОО | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања