Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Младиот маратонец со нова битка: „Божјите планови се поголеми од моите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Медиасет
media-libraryrv405b7uc33laCBlNXR

Младиот маратонец и хуманист Марко Пејчиновски откри дека ги започнал своите дваесетти години со нова операција, овојпат на рамото, како последица на сообраќајна незгода што ја доживеал во 2024 година.

— реклама —

По година и пол, како што наведува, конечно била утврдена точната дијагноза – хронична AC дијастаза во четврт стадиум, односно скинати лигаменти кои ја држат клучната коска на место. Претходно, дијагнозата била дека рамото е само потечено, што, според неговите зборови, довело до дополнително одложување на соодветниот третман.

— реклама —

Ова е шеста операција за Пејчиновски, кој во јавноста е познат по своите хуманитарни подвизи и пливачки маратони. Во својата објава тој искрено проговори за личната борба и за моментите на сомнеж.

— реклама —

„Зошто мене? До кога ќе треба да се мачам?“, прашува Пејчиновски, додавајќи дека сепак сфатил дека додека тој е оној што се соочува со болката, а не некој негов близок, треба да биде благодарен. „Сè додека има нов ден за да се борам, треба да сум среќен“, наведува тој.

Пејчиновски порачува дека верува оти најтешките битки им се даваат на најсилните борци, истакнувајќи дека животната приказна не може да биде целосна без болка, препреки и искушенија. Пред него, како што вели, следува тежок период, но тоа е пат по кој веќе многупати чекорел.

„Господе, нека биде волјата Твоја“, завршува младиот спортист, испраќајќи порака на истрајност, вера и надеж, карактеристична за неговите досегашни животни и спортски предизвици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања