Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Противпожарната бригада во Охрид доби донација од Дирекцијата за заштита и спасување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Pozarna_20220704006

Територијалната против пожарна единица од Охрид, од денес на располагање има и спасувачки систем за стабилизирање и подигнување при елементарни непогоди и комплексни сообраќајни незгоди и сет за спасување со поплави.

— реклама —

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување истакна дека со опремата се овозможува полесно справување со елементарните непогоди во општината.

— реклама —

– При крај сме со набавка на теренски противпожарни возила заедно со пумпи, за 14-те републички сили за справување со пожари. Целта е да сме што поподготвени да се справуваме со пожарите кои секоја година се во поголем број, рече Максути.

— реклама —

Градоначалникот Кирил Пецаков се заблагодари за донацијата и истакна дека таа е доста значајна за градот.

– Верувам и убеден сум дека ова ќе ја зголеми ефикасноста противпожарната единица. Сметам дека во иднина треба многу повеќе да вложуваме за да имаме максимално спремни противпожарни единици, кои ќе можат да реагираат во истиот момент кога ќе е потребно. Како Општина Охрид во изминатиот период почнавме да вложуваме во пожарната посебно во оспособување на возила кои не функционирале претходно, а секако дека и во наредната година ќе го зголемиме тој дел од помошта за ТППЕ и зголемување на капацитетите и сите оние работи кои се потребни за нормално функционирање, рече Пецаков.

Борко Јанкулоски командир на ТППЕ Охрид забележа дека донацијата ќе ја подобри технички институцијата, каде недостасувале седум пожарникари, како и дополнителна опрема, со која според него, ќе заличи на европска пожарна.

Ваква опрема доби и Територијалната противпожарна единица од Струга.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања