Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Отворен Младинскиот Центар – Охрид, прв во Македонија и во согласност со стандардите на европските центри за млади

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
310343854_534635948676424_7903018967917953872_n

Денес со пригодна свеченост во просториите на некогашната касарна го отворивме Младинскиот Центар – Охрид, прв во Македонија и во согласност со стандардите на европските центри за млади, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

— реклама —

„Денешниот ден ме исполнува со искрена радост, затоа што успеавме по подолго време, конечно да го отвориме Младинскиот Културен Центар во Охрид. Ова покажува дека како Локална власт, покрај законските обврски, ние искрено сме посветени да го подобриме животот на младите.

— реклама —

Верувам дека младите од Охрид со нивната енергија и елан, овде ќе имаат оптимални услови за развивање на креативни идеи и реализација на проекти од најразлични области, а со тоа ќе имаат лична и професионална сатисфакција за својот ангажман.

— реклама —

Во името на Општина Охрид упатувам искрена благодарност до USAID за несебичната помош и поддршка за реализација на овој проект и до Младинската организација СЕГА и извршниот директор Зоран Илиески за нивниот ангажман.

Ве уверувам дека во Општина Охрид, Младинскиот Центар, секогаш ќе има доверлив партнер и поддржувач на сите активности.

Коалицијата на младински организации СЕГА во наредниот тригодишен период ќе раководи со центарот.

Свеченоста беше збогатена со музички перфоманс на Арбен Бајрам и Христијан Томевски и изложба на фотографии од Анастасија Стојаноска, Никола Ставрески, Ива Јовановиќ, Ана Марија Момировска и Христијан Јанкуловски“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања