Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Годинава ќе измине со сериозно добри проекти“, охридскиот градоначалник најави решавање на проблемите на жителите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Screenshot-2022-05-07-at-12.53.19

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков пред јавноста и Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, презентираше што е започнато, што сработено, а што ќе се сработи во Охрид. Тој посочи дека посетиле четири локации каде интензивно се работи. Додаде и дека се решаваат проблемите на граѓаните. Според Пецаков, се спроведуваат сериозно добри проекти.

— реклама —

„Ќе посетиме неколку локации каде има градежни активности. Првата ја поминавме во селото Лесковец, каде 40 семејства ќе имаат можност да бидат приклучени на фекална канализација. Втората локација е оваа, улицата Момчило Јордановски и тртите краци на Даме Груев заедно со паркингот се проект ко финансиран од Општина Охрид и Бирото за регионален развој. Третата е булеварот Македонски просветители каде веќе започнавме како локална самоуправа третата фаза, а тој дел е финансиран лично до Охрид, со дополнителни средства. Рокот за завршување на тој проект е 1 јуни. А едната локација која ќе ја посетиме е завршена“, кажа Пецаков.

— реклама —

Тековно се работи на четири улици во стариот дел од градот.

— реклама —

„При крај е економското училиште, енергетско ефикасни фасади, секако реновирање на кров и менување на електрична инсталација. Плоден ден и почеток на неколку и завршување на неколку проекти кои ги започнавме изминатиот период. Тековно ќе имаме уште неколку активности за кои ќе информираме. Годинава ќе измине со сериозно добри проекти за кои што долг период граѓаните имале проблем, а ние го решаваме“, додаде Пецаков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања