Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кончено: Иницијатива за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III - споменик на природата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
271837595_519305872857905_3533568932593628447_n

На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III - споменик на природата.

— реклама —

Како заклучок со оваа Информација Владата донесе Одлука за прифатливост на предлогот и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе јавна расправа по предлогот до 30 јуни 2022 година, врз основа на што ќе се изготви конечен предлог за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III-споменик на природата.

— реклама —

Оваа иницијатива доаѓа согласно препораките на УНЕСКО за заштита на Охридското Езеро за да се овозможи: заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности, назначување на субјект за управување кој ќе се грижи за заштитеното подрачје и донесување на План за управување согласно одредбите од Законот за заштита на природата.

— реклама —

Со прогласувањето ќе се постигне прогрес во однос на имплементација на националната легислатива за заштита на природата, Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027), Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски План за период (2018-2023), како и прогрес во имплементација на обврските од ЕУ директивите за живеалишта и птици, обврските од меѓународни конвенции, кои се ратификувани од нашата држава, како што се Конвенцијата за биолошка разновидност, Бернската Конвенција, CITES, Бонската Конвенција, Рамсарската Конвенција и други.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања