Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ информира дека дежурните служби мапирале осум диво создадени мини-депонии, формирани од несовесни граѓани, кои претставувале закана за животната средина и здравјето на околното население.
Дивите депонии биле евидентирани на локалитетите Бејбунар и Мегдани, во населбите Даљан и Гоце Делчев – Бараки, на улицата „Галичица“, како и во близина на станбениот комплекс кај Општата болница.
Од претпријатието соопштуваат дека во текот на вчерашниот ден биле целосно расчистени сите наведени локации, при што биле подигнати вкупно 24 кубни метри кабаст отпад и градежен шут.
Од ЈП „Охридски комуналец“ апелираат до граѓаните да не создаваат диви депонии и отпадот да го одложуваат на соодветни места, нагласувајќи дека заштитата на животната средина е заедничка одговорност.





