Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ ги информира корисниците на услугите дека во петок, на 6 февруари 2026 година, согласно Календарот за подигнување селектиран отпад за 2026 година, ќе се врши подигнување на отпад од пластика и хартија од кантите за селекција.
Акцијата ќе биде реализирана на улиците „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Крали Марко“ и „8-ми Март“, при што ќе се собира пластика од жолтите садови, како и хартија и картон од сините садови.
Од ЈП „Охридски комуналец“ апелираат до граѓаните од наведените улици да го почитуваат утврдениот календар за селекција и подигнување отпад, нагласувајќи дека правилното одвојување на отпадот е клучно за заштита на животната средина и за одржлива иднина.
Селектирањето на отпадот, како што потенцираат од претпријатието, е одговорност на секој поединец и значаен чекор кон почист и поздрав Охрид.