Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Брутален напад во Охрид: 52-годишник претепан и ограбен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Охрид
ohrid-carsija-policija

Полицијата приведе две лица осомничени за физички напад и грабеж врз 52-годишен охриѓанец, информира Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за Ј.М. (31) од Скопје и С.К. (30) од Охрид, кои биле лишени од слобода во 02:35 часот во населбата Плитишта во Струга.

— реклама —

Според информациите од МВР, нападот се случил околу 00:20 часот на улицата „Момчило Јордановски“ во Охрид, по претходна расправија. Осомничените физички го нападнале А.К.С. (52) од Охрид.

Жената В.М. (41) успеала да го заштити нападнатиот и да го внесе во својот стан, но напаѓачите повторно влегле и продолжиле со нападот, при што употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди.

— реклама —

Повредите биле констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Напаѓачите избегале откако била повикана полиција, а жртвата подоцна забележала дека му недостасуваат пари и личен накит од паричникот.

Двете лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 14 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 15 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 16 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања