Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Честитка на градоначалникот Пецаков за Рамазан Бајрам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

ОО
media-librarynjens3bq7oh69MZmiPW

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до  Муфтијата Самет Ајдари, до членовите  на Исламската верска заедница во градов   и до  сите граѓани    од исламска вероисповед.

— реклама —

– Ова се денови од неизмерно големо значење за Вашата заедница и духовна посветеност. Честитајќи Ви го празникот, Ви посакувам и сите други месеци од годината да ви бидат исполнети со вредностите и благодетите на најблагородниот и најсреќниот месец за Вас, месецот Рамазан. Вербата во Бога да нè води кон вистинскиот пат и постојано меѓу луѓето да владее слога и почитување без разлика на  верската или каква било друга определба.

Рамазан Бајрам е празник кој нè потсетува на важноста на солидарноста, толеранцијата и заедништвото. Чествувајќи го празникот ја потврдуваме  столетната традиција на пријателство, единство и хармонија во нашава татковина.

Посакувам празничните денови да ги поминете во мир и хармонија исполнети со среќа и радост,  споделувајќи љубов со ближните. Во духот на Рамазан да даруваме, помагаме и шириме добра волја. Без разлика на верската, етничката и политичката припадност да имаме разбирање и почит кон сите наши сограѓани. Заедно, сплотени и солидарни да работиме на напредокот и благосостојбата на Охрид и Македонија – стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања