Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Охрид во чест на Григор Копров: музичка вечер со емоции, хитови и хуманитарна мисија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

ОО
media-libraryhd1q4485pracaOA39pm

На концертот „Охрид знае љубов што е“ публиката уживаше во дел од опусот на Григор Копров, автор на над 500 композиции, со изведби на негови хитови познати од Тоше Проески, Каролина, Маја Оџаклиевска, Калиопи и Владо Јаневски. Настапија повеќе музичари и вокални солисти, а Општина Охрид му додели плакета за придонесот во македонската музика. Настанот беше и хуманитарен, со донации за лекување на малата Ева, и е замислен како платформа за почит кон охридските музички имиња.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

На концертот со наслов „Охрид знае љубов што е“, охридската публика уживаше во дел од богатиот музички опус на еден од најзначајните македонски автори – Григор Копров. Со оваа концертна вечер, Охрид уште еднаш ја потврди својата посветеност кон негувањето на вредностите на македонската музика и оддавањето почит на уметниците чие творештво оставило неизбришлива трага.

Григор Копров е автор на повеќе од 500 композиции, а присутните имаа можност да се потсетат на незаборавните хитови што ги изведуваа најголемите музички имиња од македонската сцена. Меѓу нив беа песните на Тоше Проески: „Усни на усни“, „Во коси да ти спијам“, „Излажи ме“, како и дуетот со Каролина „Немир“, потоа хитовите на Маја Оџаклиевска „Сребрени улици“ и „Лидуду“, Калиопи – „Остани во мене“, Владо Јаневски – „Не зори зоро“, „Црно тиквешко“ и „Чаирска романтика“.

— реклама —

На сцената настапија: проф. Љупчо Аслимоски, Андреј Нически, Јане Тодороски, Мартин Мацкоски, како и вокалните солисти Исабела Димовска, Анастасија Таневска, Фросина и Деспина Белистојаноски и Димитар Веслиевски, кои со своите интерпретации донесоа силни емоции и вистинска музичка магија.

За неговите извонредни музички достигнувања и значајниот придонес во македонската музичка култура, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски, му врачи плакета на Григор Копров.

— реклама —

Настанот имаше и хуманитарен карактер. Во Центарот за култура беа поставени кутии за донации, а собраните средства беа наменети за лекување на малата Ева, која се бори со тешка болест.

„Охрид знае љубов што е“ не е само концертен наслов, туку и идеја што ќе продолжи да живее и понатаму – како музичка платформа посветена на големите музички имиња од Охрид, кои со своето творештво оставиле траен белег врз охридската и македонската музичка сцена. Преку вакви вечери, Охрид со љубов и почит ќе се сеќава, ќе слави и ќе им оддава заслужено признание на своите уметници, чие дело останува како културно наследство за идните генерации.

Проектот е целосно финансиран од Општина Охрид!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library73c2f0shcf622ssIiF6

Охрид СОС алармира: Сеча во зона на строга заштита кај изворите на Црн Дрим

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-librarylg7ffncrm6avdmj2b2S

(Видео) Охрид доби нов скејт-парк крај „Студенчишта“

Настани | пред 1 седмица

pecakov

Охрид со највисок резултат за интегритет меѓу 44 општини

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Ешерихија коли и недостиг на хлор – забрана за пиење вода во осум охридски села

Охрид | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања