Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Охридската полиција со засилени контроли: Малолетници возеле без дозвола, одземени им се возилата, ќе има и кривични

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Охрид
media-librarydqjqh0dult3r9QFfhty
Илустрација / Скопје1

СВР Охрид најави интензивни сообраќајни контроли, особено кон возачи на мотоцикли, мопеди и други лесни моторни возила, со репресивни мерки за прекршителите. Полицијата потсетува дека возење без положен возачки испит е кривично дело, ќе се поднесуваат пријави и ќе се одземаат возила во соработка со ОЈО. Предупредуваат на случаи со малолетници без дозвола кои предизвикале тешки незгоди и апелираат до родители и наставници, како и на носење шлем. Вчера (31.03.2026) од 11–17 часот, одземени се три мопеди и ќе следат кривични пријави.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Сектор за внатрешни работи Охрид најави засилени контроли во сообраќајот, со фокус на возачите на мотоцикли, мопеди и други лесни моторни возила, со цел подобрување на безбедноста на патиштата.

Од полицијата информираат дека ќе се преземаат репресивни мерки против сите кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

— реклама —

„СВР Охрид ја известува јавноста дека, со цел подобрување на безбедносната состојба во сообраќајот, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, ќе ги интензивира контролите кон сите возачи на моторни возила а посебно кон возачите на моторцикли, мопеди, велосипеди со помошен мотор, трицикли и четирицикли и према оние возачи кои, не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, ќе презема репресивни мерки согласно законските овластувања“, соопшти СВР Охрид.

Полицијата потсетува дека управувањето возило без положен возачки испит претставува кривично дело.

— реклама —

„Согласно Кривичниот законик, управување моторни возила без положен возачки испит ќе се санкционира согласно членот 297-А и возилата, во содејство со ОЈО-Охрид ќе се одземаат согласно член 300-Б по што, против возачите ќе биде поднесена кривична пријава“, соопшти СВР Охрид.

Од таму предупредуваат дека во изминатиот период биле затекнати малолетници и млади лица кои управувале мопеди и мотоцикли без дозвола, при што предизвикувале сообраќајни незгоди со сериозни последици.

„При сообраќајните контроли извршени во изминатиот период, затекнати се малолетници и младинци како управуваат мопеди и моторцикли без положен соодветен возачки испит и учествуваат во сообраќајот а неретко, поради невнимание предизвикале сообраќајни незгоди кои завршиле со смрт или тешки телесни повреди“, соопшти СВР Охрид.

Полицијата апелира до родителите и наставниците да влијаат врз младите за почитување на правилата.

„Апелираме до родителите или старателите во семејната заедница, како и од страна на наставниот кадар во средните и основните училишта, на младите лица да им се укаже на последиците од непочитувањето на сообраќајните правила и прописи, односно децата да не управуваат моторни возила, моторцикли и мопеди без да имаат положено возачки испит“, соопшти СВР Охрид.

Воедно, се потенцира и задолжителното користење заштитна опрема.

„Тие што имаат положено возачки испит да ги управуваат моторциклите и мопеди со носење на заштитен шлем кацига, со почитувањето на сообраќајните правила и прописи“, соопшти СВР Охрид.

Во рамки на контролите спроведени вчера, полицијата веќе презела конкретни мерки.

„При сообраќајни контроли извршени вчера (31.03.2026) од 11 до 17 часот, СВР Охрид, согласно членовите 297 и 300 од Кривичниот законик, одзеде три мопеди а против возачите ќе поднесе кривични пријави“, соопшти СВР Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library73c2f0shcf622ssIiF6

Охрид СОС алармира: Сеча во зона на строга заштита кај изворите на Црн Дрим

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-librarylg7ffncrm6avdmj2b2S

(Видео) Охрид доби нов скејт-парк крај „Студенчишта“

Настани | пред 1 седмица

pecakov

Охрид со највисок резултат за интегритет меѓу 44 општини

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Ешерихија коли и недостиг на хлор – забрана за пиење вода во осум охридски села

Охрид | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања