Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Николоски: Следната година таргет – 4 милиони патници од двата аеродрома

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Настани
media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски најави сериозна надградба и реконструкција на Аеродром Свети Апостол Павле Охрид, оценувајќи дека станува збор за значаен чекор кон зголемување на туристичкиот и транспортниот капацитет на земјата.

Тој посочи дека по претходната модернизација на пистата по доделувањето на концесијата на ТАВ Македонија, сега следува нова фаза на развој со проширување од околу 2.500 квадратни метри.

— реклама —

„Ова ќе значи повеќе патници, подобра поврзаност и директен поттик за туризмот“, истакна Николоски, додавајќи дека паралелно се реализираат и други инфраструктурни и безбедносни проекти.

Во таа насока, ги посочи активностите на М-НАВ во делот на воздушната безбедност, како и изградбата на патниот правец Охрид–Кичево, со што се подобрува пристапноста до аеродромот.

— реклама —

Според него, целта е веќе следната година двата македонски аеродроми да достигнат над 4 милиони патници, што би претставувало значителен раст на воздушниот сообраќај.

Николоски најави дека реконструкцијата треба да заврши во текот на летото, со очекување во јули да биде организирано и свечено отворање, по што охридскиот аеродром ќе функционира со „комплетно нова приказна“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye4sqjhohae8e2vvzffD

(Фото) Непрописно паркирање блокира сообраќај во Аеродром, жителите алармираат дека ова е ризик и за децата

Скопје | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Кои градови се најлоши во авиосообраќајот по времето на доцнење за полетување

Свет | пред 1 седмица

media-librarygo06d592e1a2dVFVvR4

Аеродром добива нова урбана оаза за рекреација и дружење

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryc5t3pc64o1g2bUk3oSV

Oпштина Aеродром со 138 милиони денари инвестиција за реконструкција на 5.4 километри улици

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања