Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Убиство во Охрид: убиениот пронајден утрово, уапсен осомничен од Брвеница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Охрид
media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd
Скопје1.мк

Полицијата го приведе осомничениот за убиството на 76-годишен маж во Охрид, откако бил пронајден мртов во својот дом утрово.

— реклама —

„Денеска (27.03.2026) во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, од слобода го лишија Ж.Г.(53) од истото село кој се сомничи за сторено кривично дело ‘убиство’ по член 123 од кривичниот законик“, соопшти МВР.

— реклама —

Претходно, случајот бил пријавен утринава во Охрид.

— реклама —

„Имено, денеска во 08:24 часот во СВР Охрид е пријавено дека во неговиот дом на улицата ‘Нада Филева’ во Охрид, без знаци на живот бил пронајден К.М.(76) од Охрид. На местото на настанот извршен е увид од надлежен јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатира смрт по што, по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција“, информираат од МВР.

По преземените мерки и распишаната потерница, осомничениот бил лоциран и лишен од слобода во тетовско.

„По целосно расчистување на случајот против Ж.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од полицијата.

Истрагата за случајот е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryun5kpsb8ue559Ki37yl

Се огласи синот на осомничениот убиец: Наместо разбирање, медиумски линч! Македонија знае кој е мојот татко

Македонија | пред 1 ден

vojo-dimoski-696x401-1

Адвокат за убиството во Охрид: „Никој не заслужува ваков крај, којзне уште колку Палчовци има“

Македонија | пред 2 дена

media-libraryv56l2e6i41vp0V18zQz

Снимки го откриле осомничениот за убиството во Охрид, жртвата ја убил со бокс и задушување

Македонија | пред 2 дена

media-library9n20i3u77qh07k3S1s7

Човекот кој се закануваше кон Заев е осомничениот за убиството во Охрид, неофицијалниот мотив е побрзо стекнување со имот

Охрид | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања