Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Јаневска: Автономијата на универзитетите не е чепната, но треба да бидат отчетни кон Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryuk2hccu240u42Ht8UqN

Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека новиот закон за високото образование не ја загрозува автономијата на универзитетите, туку воведува обврска за отчетност кон Владата за средствата што ги добиваат.

— реклама —

„Автономијата на универзитетите со овој закон никако не е чепната, но универзитетите треба да се свесни дека голем дел од нив треба да бидат отчетни кон Владата за средствата кои ги примаат од Владата. Ние во автономијата воопшто не навлегуваме но од сега натаму ќе бараме отчетност. Тоа било предвидено со претходниот закон од 2018 година, но никогаш не заживеало. ние во моментов бараме да заживее отчетноста без никако мешање во нивната академска слобода“, изјави Јаневска

— реклама —

„Треба да кажат што тоа замераат, затоа што ниедно тело предвидено во законот не е зависно ниту од Владата, освен од Собранието кое е основач. Јас не гледам дека Владата многу се меша, повторно ќе кажам имаат обврска за отчетност и не гледам дека тука би се појавил било каков проблем, но доколку конкретно се обратат, кој член, кој став, ќе размислиме секако и ќе дискутираме“, додаде Јаневска.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0c9g0dk0km986QLJ4du

Јаневска: Со поголема академска соработка, малите држави од Западен Балкан можат да го отклучат големиот регионален потенцијал

Македонија | пред 3 дена

media-libraryvdv8h00fdtp7aDD6sl6

Јаневска: Не зависи од мене тоа дали ќе ме сменат, секојдневно работам колку што е можно повеќе

Македонија | пред 4 дена

media-library9rp5mfm93lu2eviHL9i

Јаневска: Најголема пречка е ризикот од заминување на најталентираните студенти и истражувачи

Македонија | пред 4 дена

media-librarycrpmp4lpnu7218CuUPB

Јаневска: Воспитанието почнува од дома и од најрана возраст

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања