Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВЕСНА ЈАНЕВСКА

media-library0c9g0dk0km986QLJ4du

Јаневска: Со поголема академска соработка, малите држави од Западен Балкан можат да го отклучат големиот регионален потенцијал

Регионалната конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“ имаше јасна цел: да ја постави академската соработка како стратешки приоритет за регионот и да ги позиционира шесте држави повисоко во европските и глобалните мрежи на високото образование, зголемувајќи ја нивната видливост и влијание. Тоа е важно затоа што се соочуваме со реални демографски предизвици кои бараат нови модели за привлекување и задржување студенти и кадри. Недостатокот на вештини и иселувањето на талентите не можат да се решаваат изолирано, туку преку мобилност, циркулација на идеи и, пред сè, преку заеднички решенија.Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на затворањето на конференцијата, на која во изминатите два дена беа презентирани бројни идеи, искуства и насоки за унапредување на интернационализацијата и засилување на регионалната соработка во делот на високото образование.Беше потенцирана важноста на инвестирањето во знаење, иновации и врски со индустријата, како и усогласување на студиските програми со потребите на пазарот на труд, како основа за создавање конкурентен и иновативен систем на високо образование.„Ние сме мали држави во регион со огромен потенцијал. Зголемените вложувања во високото образование, засновани на регионална соработка и размена на искуства во рамки на европските мрежи и иницијативи, но и пошироко, ќе ни помогнат да споделуваме ресурси, да креираме заеднички проекти и да изградиме хабови за иновации кои ќе го забрзаат економскиот и општествениот развој на сите нас“, рече Јаневска.Во следниот период претстои сумирање на сугестиите и предлозите, како и нивно преточување во приоритети и конкретни мерки кои ќе го придвижатрегионот кон поголема мобилност, соработка и иновации.

Македонија | пред 3 дена

media-librarybulilffi6knd7h5mCTd

Студентските домови „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ готови до 1 октомври – Јаневска најави реновирање на сите останати од септември

На новинарско прашање кога очекува да заврши реновирњето на студентските домови, министерката Весна Јаневска изјави дека домовите „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ треба да бидат подготвени за прием на студенти од 1 октомври.„Очекувам двата студентски дома да бидат подготвени и студентите да можат да влезат во „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ веќе од 1 октомври. Очекувам и до септември да ги почнеме сите други студентски домови во Македонија и во исто време да ги реконструираме и реновираме“, изјави Јаневска.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryvdv8h00fdtp7aDD6sl6

Јаневска: Не зависи од мене тоа дали ќе ме сменат, секојдневно работам колку што е можно повеќе

Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека нејзиниот ангажман во Владата зависи од одлуката на премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека таа секојдневно работи посветено на развојот на државата.„Она во што сум сигурна е дека секојдневно работам колку што е можно повеќе, за да придонесам за развој на оваа држава. Многу пати сум кажала, премиерот ја предлага владата. Партијата дополнително има свои структури кои внимателно размислуваат во корист на државата и предлагаат одредени функции.Така да не зависи само од мене или воопшто од мене, дали ќе ме менуваат или не“, изјави Јаневска.

Македонија | пред 4 дена

media-library9rp5mfm93lu2eviHL9i

Јаневска: Најголема пречка е ризикот од заминување на најталентираните студенти и истражувачи

Денес и утре во Скопје се одржува регионална конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“, чиј покровител е Министерството за образование и наука на Македонија, а коорганизатори се Регионалниот совет за соработка (RCC) и Светска банка. Дијалогот обединува министри, раководства на универзитети, академици, истражувачи, креатори на политики, претставници на индустријата, работодавачи, експерти и студенти.Нагласувајќи го значењето на конференцијата, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска посочи дека во услови на крупни геополитички промени, расте свеста за образованието како најсигурната инвестиција, од која зависи иднината на економиите, нивната одржливост и отпорност.„Без силен придонес од високообразовната заедница преку истражувања, учење и настава, општествено влијание, иновации и трансфер на технологии, не можат да се решат главните предизвици на современите општества, вклучително и оние кои се однесуваат на целите на Обединетите нации за одржлив развој, опстанокот на нашата планета, прашањата за војната и мирот, демократијата и заедничкиот живот“, рече Јаневска, додавајќи дека клучна е интернационализацијата на високото образование.Болоњскиот процес ги отвори универзитетите за меѓународна соработка, а мобилноста носи нови знаења, искуства и иновации преку заеднички проекти и партнерства, како и пристап до технологии и финансирање. Интернационализацијата денес е неопходен механизам што им овозможува на студентите да стекнат дигитални и зелени вештини, ја придвижува државата кон иновации и отвора нови работни места, а регионот го прави поконкурентен на европскиот и глобалниот пазар.Говорејќи за предизвиците, министерката Јаневска ги наведе ограничените средства за мобилност, бирократски процедури, институционалниот капацитет, како и усогласеноста со европските стандарди.„Како држава, во последнава година и половина, направивме крупен исчекор. Ги зголемивме вложувањата во високото образование и науката, а цврсто сме решени буџетските средства за оваа намена и во следните години да растат“, рече Jаневска.„Одливот на мозоци“ сѐ уште предизвикува стравувања.„Најголема бариера останува можноста мобилноста да ни одземе од, и онака осиромашениот, академски и научен корпус и дека највредните студенти, најплодните професори и најпосветените истражувачи ќе заминат и нема да се вратат. Нашата умешност треба да ја покажеме во обезбедувањето механизми за претворање на ‘одливот на мозоци’ во ‘циркулација на мозоци’“, рече министерката.Интернационализацијата на високото образование мора да остане достапна за сите, насочена кон квалитет и размена на знаење, а не водена од финансиски интереси. Таа е средство за подобрување на високото образование и за инклузивна меѓународна соработка во регионот на Западен Балкан, што овозможува циркулација на таленти, гради конкурентност и ја зголемува иновативноста.

Македонија | пред 4 дена

media-librarycrpmp4lpnu7218CuUPB

Јаневска: Воспитанието почнува од дома и од најрана возраст

Училиштето е местото каде се гради култура на ненасилно однесување и се стекнуваат вештини за градење пријателства место конфликти. Децата од мали треба да се воспитуваат дека нема ништо привлечно во носењето оружје. И тоа да се објаснува соодветно на нивната возраст, но упорно и со примери. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на настан во СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје со кој беше означен стартот на кампањата на ОБСЕ за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотребата на мало и лесно оружје.„Кога училишната средина е мирна и хармонична, фокусот на учениците е насочен кон резултати од учењето. Младите го развиваат натпреварувачкиот карактер преку употреба на знаења, вештини, креативност и иновативност, а не преку примена на физичка сила или оружје. Во спротивно, вниманието го одвлекуваат инциденти кои не смеат да се случуваат ниту во училиштата, ниту надвор од училишните клупи. Затоа, ја поздравувам иницијативата на ОБСЕ и посакувам успех во спроведувањето“, рече Јаневска.Министерката посочи дека во справувањето со овој предизвик, важна улога имаат училиштата, но сепак, основата на културата се стекнува во семејството - воспитанието почнува од дома и од најрана возраст.„Сите ние веруваме дека ги учиме децата на вистинските вредности и дека не е можно да направат исклучок од правилата кои сме должни да им ги посочиме. Но, младите години се и полни со жар, енергија, понекогаш и мисли кои не се баш бистри, поради разни причини што можат да предизвикаат изблик на ментална и физичка реакција. Затоа, ценам дека повремена проверка на ранецот на детето од страна на родителите, на излез од домот кон училиште, не е на одмет“, рече Јаневска, додавајќи дека секое забележано невообичаено однесување или ранец во кој нема само учебници, тетратки и прибор е аларм за акција која треба да започне со разговор со детето, а по потреба да се побара и помош од други страни.Министерката изрази благодарност до Министерството за внатрешни работи, Град Скопје и општините за посветеноста кон подигнување на безбедноста на учениците, како и до ОБСЕ како долгогодишен државен партнер во чувањето на редот и мирот во општеството и особено во училиштата и затоа што, како што посочи – заедно сме изградиле многу мостови во минатото и продолжуваме да градиме во иднина. На настанот се обрати и шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Килијан Вал, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски.Во рамки на кампањата се предвидени посети по училишта, запознавање на учениците со ризиците од злоупотреба на мало и лесно оружје преку презентации од претставници од секторот за внатрешни работи, прикажување промотивно видео, дигитален квизи и поделување летоци.

Македонија | пред 6 дена

media-library8f0ehn0niadhdqrxCHJ

Јаневска: Родителите да обрнат внимание што носат децата во нивните ранци

Министерката за образование Весна Јаневска денеска присуствуваше на настан за намалување на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје. Таа изјави дека родителите треба да внимаваат што носат нивните деца во ранците, но и дека наставниците треба да препознаат агресивно однесување.„Училишната средина треба да биде безбедна и да преставува средина каде што учениците ќе се натпреваруваат во знаење и компетенции и каде нема да се случуваат немили настани кои ќе го одвлекуваат нивното внимание кон непожелно однесување и непожелни однесувања. Штетните последици од употребата на оружјето се општо познати на сите но на младите може да не им се доволно јасни. Апелирам до родителите да обрнат внимание што носат децата во нивните ранци, а секако и на наставниците да го препознаат агресивното однесување“, изјави Јаневска.

Македонија | пред 6 дена

vesna-janevska

Јаневска: Нашето население е писмено финансиски околу 56%, што е незадоволително

Министерката за образование Весна Јаневска на денешната прес-конференција изјави дека деца во Македонија имаат познавање за базичните поими, но како што вели немаат доволно познавање за применување на финансиската писменост.За жал, и според ОЕЦД, нашето население е писмено финансиски околу 56%, што е незадоволително. Затоа, Министерството првенствено со Бирото за развој на образование, но и со Народната банка и Министерството за финансии и УЈП, и Асоцијацијата на банки во Македонија и други институции, развива програми за најмладите од рани години да научат како да управуваат со сопствените средства или средствата коишто им се на располагање, да научат да штедат, да научат да вложуваат, да научат да проценуваат ризици, да научат на кој начин да управуваат, менаџираат со сопствените средства, што во суштина претставува еден сериозен чекор за примена на знаењата во иднина кога тие навистина ќе имаат таква потреба. Повторувам, ние сериозно се залагаме не само преку темите во одредени предмети, толку и преку изборни предмети да ја подобриме оваа состојба и продолжуваме во тој правец да работиме и за финансиската и за писменост и за други проблеми со кои реално учениците се соочуваат“, вели Јаневска.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryj0me57nr0uu00uTeiFL

Законот за високо образование нема да се повлекува, вели Јаневска

Во предлог-законот за високо образование се вметнати повеќето од забалешките кои стигнаа од засегнатите, а са кусо ќе влезе во владина процедура.„Законот за високо образование веќе е во крајна фаза, за релативно кратко време ќе биде пуштен во владина постапка. Многу од забелешките кои беа изнесени се вметнати и ќе бидат дел од законот. Некои забелешки не се оправдани, на пример за отчетноста на факултетите“, рече денеска министерката за образование Весна Јаневска, пред конференцијата за финансиска писменот на учениците.Таа категорично отфрли целосно повлекување на законот, затоа што според неа, мала група професории барале негово повлекување.„Во однос на повлекување на законот, само мала група професори бараат повлекување, претпоставувам од страв дека нема да можат да ги сполнат законските барања. Тие имаат две можности, сериозно да се фатат за работа, а второто е да останат подолго време во едно звање, да почекаат да се потрудат и да одат на повисоко ниво“, додаде Јаневска.Со промените во Законот за високо образование МОН се надева дека македонските универзитети конечно ќе се најдат на Шангајската листа, дека ќе се подобрат условите за студирање и ќе станат попривлечни за студентите.

Македонија | пред 2 седмици

media-library21o2j76r2j3d1bSPEwr

(Видео) Потресно сведоштво од скопско училиште: ученик извадил нож на час, Јаневска најави дефенитивен крај на ваквото однесување

Родители на деца кои учат во основното училиште „Киро Глигоров“ испратија порака до редакцијата на Скопје 1, во врска со детето кое со нож дошло на училиште. Според нив, службите четири години службите велат дека работат со детето, но ситуацијата се влошува.Детето четири години е агресивно, насилно и минатата година син ми кој е со посебни потреби со ножички. Бркаше девојче со ножички низ училницата, за сега да извади нож на час. Мајката потпишала дека пржела лепчиња и му го подготвувала ранецот во исто време и по грешка ставила нож во ранецот. Од директорката четири години добиваме уверување дека се работи со детето, но станува неиздржливо. Четири години работат со детето и само се влошува состојбата. Во истото училиште ученичка истепа наставнички, што беше објавено на медиуми. Во сите одделенија се бара вонредна родителска затоа што родителите веќе не чувствуваат дека децата им се безбедни во училиште. Се пика под тепих за да не се наруши угледот на училиштето. Без медиуми очигледно нема нипто да направиме. Родителите на детето праќаат инспекција на наставничката, директорката и врши притисок на наставничката, ние родителите на наставничката и ништо не решивме. Од службите велат дека работат со ученикот, видовме од шамари и плуканици, преку ножички до нож. Се работи за деструктивно дете кое лиже клупи, јаде пластелин, сунѓер, живее во свој свет. Родителите четири години добиваат насоки од службите да го однесат детето на проценка во МКФ и тоа четири години не е направено“, велат родителите.Во гостувањето во поткастот „Претрес со Ландов“, министерката за образование и наука Весна Јаневска, изјави дека е запознаена со случајот со детето од училиштето „Киро Глигоров“.Го знам случајот, мислам дека денес постапува Државен просветен инспекторат, не сум сигурна тие ќе ме информираат, ќе состават записник и ќе ми кажат. И јас сум ги слушнала овие муабети дека директорката ги заштитува родителите и тоа ќе треба ако овој записник покаже дека има нешто да се продлабочи и прошири, вели Јаневска.На прашањето дали може да ја смени директорката, министерката Јаневска одговори дека не може, бидејќи тоа е надлежност на градоначалникот Герасимовски. „Не сме разговарале, не знам дали е точно, но од тоа што се слуша е така. Службите можат да работат со детето, но функционална проценка на ова дете е неопходна, и ако е сè ова што го пишуваат родителите точно, тогаш ќе треба дел од часовите детето да ги помине во друга установа. Треба да има образовен асистент, очигледно детето нема, бидејќи не се спомнува овде. Како и да е овој случај ќе продолжиме да го истражуваме. Дефинитивно ќе мора да се реши“, вели Јаневска.Видете и други сведоштва:

Македонија | пред 1 месец

vesna-janevska

(Видео) Јаневска во конфликт со новинар откако и кажа да си носи преведувач на албански: Во Македонија има еден службен јазик!

Во текот на изјавите пред јавната дебата за предлог Законот за високо образование во Тетово, министерката за образование и наука Весна Јаневска повторно се објаснуваше околу употребата на јазиците. На новинарско прашање дали мисли дека е подобро наредниот пат кога ќе дојде во Тетово да си земе преведувач на албански јазик, Јаневска одговори дека во Македонија има еден службен јазик и не треба да има преведувач.Во Македонија има еден службен јазик и уште еден што го зборуваат заедниците. Јас се наоѓам во Тетово каде што се зборува албанскиот јазик, но не треба да имам преведувач, вие треба да го знаете и македонскиот јазик, јас малку подразбирам, сум кажала неколку пати, но за да не згрешам во преводот замолувам да ми се преведе , и мислам дека ако сакаме да живееме во нашата заедничка земја, јас тоа илјада и еднаш сум го повторила, ова е наша заедничка земја ние во оваа земја треба да се почитуваме, да си ги почитуваме различностите, по можност да сиги знаеме јазиците, но доколку не можеме да се разбереме, треба да си помогнеме едни на други, за тоа да биде така“, изјави Јаневска.По изјавата, новинар и порача следниот пат да си земе преведувач.Друг пат кога ќе доаѓаш во Тетово треба да си земеш преведувач“, рече еден од новинарите

Настани | пред 1 месец

media-librarylq76lsns5aaq4uPayOZ

Јаневска најави укинување на правните студии на приватните факултети: Прифатија сите освен две високообразовни институции

Министерката за образование Весна Јаневска по дебатата посветена на новиот Предлог закон за високото образование изјави дека имала конструктивна средба со приватните универзитети, на која се договориле за укинување на правните студии на приватните факултети.„Ние се договоривме, речиси, за се и за укинување на правните студии на приватните факултети, кои го прифатија сите, освен две високообразовни јавни институции. Но бидејќи овој закон, овие политики се во јавниот интерес на државата и младите, улогата на универзитетите е да создадат општо добро, човечки капитал, кој ќе биде стручен, компетентен, но кој ќе има и морални вредности, емпатија и граѓанска одговорност. Тоа е основната функција на универзитетите.Ако тие универзитети ја исполнат својата функција, државата ќе има напредок. Овој закон и овие политики се во корист на јавното добро. Многу сум среќна што приватните универзитети реагираат на високо ниво.Ние се договараме со нив, дополнително кога ќе го завршуваме законот, уште еднаш ќе се видиме за да се провериме дали е се во риед и ќе го затвориме последната драфт верзија“, изјави Јаневска.

Македонија | пред 1 месец

vesna-janevska

Јаневска: Министерството не е против академската заедница, законот ќе биде донесен во соработка со универзитетите

Министерството за образование и наука не е спротивставена страна на академската заедница, напротив во соработка со Универзитетите го започнавме и на ист начин ќе го завршиме Законот за високото образование, изјави министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, пред почетокот на 4-тата јавна дебата, што денес се одржа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.Министерката уште еднаш нагласи дека сè што работната група смета дека е прифатливо, ќе биде инкорпорирано во новата драфт верзија на Законот, која потоа повторно ќе биде поставена неколку дена на ЕНЕР.- Последниве денови се изнаслушавме дезинформации и лаги дека се укинува вонредното студирање, дека државата не финансира објавување на научно-истражувачки трудови и други. Лагите и дезинформациите, претпоставувам, треба да бидат на штета на министерот или на партијата, но во суштина се на штета на државата и на младите луѓе кои живеат во неа и апелирам дека треба да се престане со тоа, затоа што сме отворени за секоја конструктивна критика. И сè што сметаме дека е во ред, ќе биде внесено во законот, додаде Јаневска.За дебатата со приватните универзитети, министерката рече дека била конструктивна и дека се договориле речиси за сè.- Јас сум многу среќна што приватните универзитети реагираа на високо ниво. Се договоривме со нив, кога ќе го завршуваме законот, дополнително уште еднаш ќе се видиме, за да провериме дали е сè во ред и ќе ја затвориме тогаш последната драфт верзија, рече Јаневска.Прашана за можноста за бесплатно високо образование, Јаневска објасни дека сите категории студенти што треба да го имаат, веќе го имаат.- Накусо, студентите кои се без родители, од самохрани и еднородителски семејства, со попреченост и сл., со овој закон се ослободени од партиципација. Студентите кои се од ранливи категории, со ниски примања, добиваат стипендии. Што значи 2 месеци од стипендијата што ја примаат 9 месеци, им ги покрива трошоците за студирање. Студентиве од истиве категории, кои се сместени во студентските домови, исто така се максимално повластени. Нашите студенти, само ако се запишат на универзитет, добиваат средства за студентски оброк, изјави Јаневска.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytdr427i4121o921CQKo

Јаневска: Квалитетот на високото образование драстично опадна и тоа мора да го промениме

Она што најмногу се коментира за Предлог законот за високото образование се условите за напредување во звања. Ако направиме споредба, не се високи како во други европски земји. Но, мора да ги поткренеме, затоа што откако беа укинати со законот од 2018 година, квалитетот на високото образование драстично опадна и тоа мора да го промениме. Го разбирам стравот на академската заедница, разбирам дека од една фаза треба да поминеме во друга, но критериумите кои ги предлагаме се достижни.Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на дебата во МАНУ посветена на новиот Предлог закон за високото образование.„Улогата на високото образование е да создава јавно добро, да создаде интелигенција која понатаму ќе ја развива државата. Да создава стручни, компетентни, но и емпатични и морални личности кои во иднина ќе обезбедат општествен просперитет. Од друга страна државата ги финансира високообразовните установи и оттука, треба да бара отчетност за трошењето на средствата и одговорност за постигнатите резултати“, рече Јаневска.Законот, потенцираше министерката, нуди меритократија, интернационализација и мотивација за соработка која недостасува кај академскиот кадар, вклучително и научноистражувачка работа која е неделива од образовната. Рече дека предлог законот има можност за доработка, односно некои одредби ќе се променат по сугестиите на академската заедница.Според неа, треба да се довршат сите јавните расправи, и потоа, кога ќе биде сé што треба коригирано, законот повторно ќе биде објавен на ЕНЕР неколку дена, по што ќе влезе во владина процедура. Јаневска информираше и дека во текот на вчерашниот ден е објавен и Предлог законот за научно-истражувачка дејност. Членовите на МАНУ се согласни дека се потребни промени во високото образование, напоменувајќи дека сите забелешки кои ги имаат за законот, неделава ќе бидат доставени до Министерството за образование и наука.

Македонија | пред 1 месец

vesna-janevska

(Видео) Јаневска: Дали би сакале да ги лекува доктор кој вонредно студирал медицина?

Во гостување на ТВ Сител, министерката за образование и наука Весна јаневска, даде образложение за укинувањето на вонредни студии на Медицинскиот факултет и за ограничувањето на наставничките студии.„Дали би сакале да ги лекува доктор кој вонредно студирал медицина? И досега немаше вонредно студирање на медицински факултет, ние велиме дека ќе нема вонредно студирање на нставничките факултети затоа што децата ни се  последни во Европа. А оние што започнале редовно, значи на наставничките вонредни, ќе си завршат вонредни, но да, го ограничиме соворедното студирање на студентите за следните генерации. И не го укинуваме целосно, ева забрануваме на медицински. Дали некој сака да го лекува доктор што завршил вонредно медицина?“, рече таа.

Македонија | пред 1 месец

media-library7ra14h7itpi477YL8A1

Костадиновска-Стојчевска ја повика Јаневска да го повлече предлог-законот за високо образование

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница упати прашање до министерката за образование, Весна Јаневска, кое се однесуваше на предлог законот за високо образование и последиците од неговите решенија врз автономијата на универзитетите, квалитетот на образованието и можностите за развој на студентите и академскиот кадар.  Таа се осврна на реакциите од академската заедница кои предупредуваат дека законот премногу ја централизира контролата, се фокусира на процедура и административни прашања, а не ги решава суштинските проблеми како финансии, одлив на млади кадри и слабата поврзаност со пазарот на труд.Во продолжение е интегралното обраќање на Костадиновска-Стојчевска:Министерке,Квалитетот во високото образование мора да биде највисок приоритет не само на надлежниот министер и на владата туку и на сите вклучени во тој степен на образование. И затоа секое законско решение кое го регулира  високото образование мора редовно да се осовременува, но тој процес мора да ги вклучува сите чинители и да се сослушаат сите страни.Откако беше објавен на ЕНЕР предлог законот за високо образование, не стивнуваат реакциите. Дозволете да прочитам неколку од нив:-Закон за високо образование: Борба меѓу универзитетската автономија и политички агенди-Создавањето на нов наставно-научен кадар ќе стане екстремно тешко и -практично невозможно.Усвојувањето на овој Закон би донело далекусежни последици односно „ старомодни, неатрактивни и тесно специјални наставни програми кои не соодветствуваат со реалноста и потребите на пазарот на труд во земјата и светот“.-Европските искуства се прилично јасни: силни универзитети се градат врз реална институционална самоуправа, стабилно финансирање и доверба во академската заедница, а не врз централизирана контрола и административни механизми. Автономијата не е формула во закон, туку начин на функционирање на системот-повторно менување на телата и процедурите, без да се решат суштинските проблеми, ризикуваме да добиеме уште една нормативна реформа без реален ефект врз квалитетот-Наместо стабилен академски развој, системот повторно се враќа во состојба на нормативна транзиција. Системот е за студентот, а не студентот за системот. Ако студентот не почувствува разлика, реформата не успеала“-Фамозниот h-index не е дефинирано ни за кој h-index се работи, иако го има и на WoS, Scopus, google scholar, а притоа не зависи од самиот професор, туку од бројот на цитирања во рамки на една база, на слободен избор на оние кои пишуваат.-законот премногу се фокусира на процедура, а недоволно на суштинските проблеми: недоволното финансирање на научни истражувања, политизацијата на универзитетите, одливот на млади кадри и слабата поврзаност меѓу образованието и пазарот на труд. Без реална поддршка за научно-истражувачка работа и подобрување на статусот на професорите и соработниците, секоја законска промена може да остане „реформа на хартија“.-Во предложениот закон зборот „влада“ се споменува триесет пати, зборот „министерство“ четириесет и два пати, а „министер“ четириесет и четири пати.Се разбира, во сите примери станува збор за моќ што им се дава на овие „именки“ да одлучуваат за прашања за кои во нормалниот свет одлучува академската заедница. Владата и министерот назначуваат членови на Национален совет, на Агенција за квалитет, на одбори и комисии, одлучуваат за буџети, одобруваат вработувања, статути на факултети, датуми на конкурси и уписи, се мешаат каде што треба и не треба, прават севозможни големи и мали нешта… Автономија на универзитетот, што беше тоа?Министерке, дали сметате дека овој предлог навистина ги опфаќа сите профили кои студираат на нашите високо образовни институции?Дали суштински се решаваат проблемите  со тоа што се скратуваат можностите на младите да останат да работата на некоја високообразовна институција?Дали сметате дека предлог законот НЕ дискриминира? Дали сте подготвени да ги сослушате СИТЕ страни? Дали сметате дека закон за високо образование треба да се донесе со сила, со инает, а повторно да останат можностите за “диплома на секое ќоше”? дали сметате дека со вака поставени нешта во високото образование, нема да се продлабочи проблемот со неквалитетните дипломи- додипломски, магистерски, докторски- кои одамна се навлезени во општеството и тие се тие против кои всушност се бориме?На крај, дали ќе го повлечете законот и ќе пристапите кон изработка на нов предлог закон?

Македонија | пред 1 месец

media-library7b62glv6c0mh84HMOeX

Јаневска: Нема повеќе вонредно студирање на наставничките факултети

На дел од регулираните професии законот не дозволува вонредно студирање и тоа е во правец на јавниот интерес на државата. Не се дозволува вонредно студирање на Медицинскиот факултет, што и досега е така, но отсега и на наставничките факултети. Тоа е од јавен интерес, тие студии да се модернизираат, да се зајакнат, за да може во иднина да добиеме подобар производ, не последен на ПИСА, туку ученици кои ќе се придвижат нагоре на скалилата на рангирање на знаењето на учениците. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во гостувањето на утринската програма на ТВ Алфа.- Многу нешта променивме од стариот закон. Секогаш почнувам од грижата за студентите. Додадовме неколку значајни елементи кои ним им се многу важни. Дадовме предност во вработување на оние студенти кои ќе се вратат од студиите на првите 100 светски универзитети, на студентите кои се добитници на Инженерски прстен и на најдобрите 10 студенти на универзитетите. Го продолживме нивниот мандат од една на две години во сите тела на факултетите и универзитетите.Дозволивме нивно вработување на проекти и одредивме колку е минимумот што ќе го добиваат како демонстратори. Сметам дека ова е многу значајно и реакциите се многу позитивни, додаде Јаневска, напоменувајќи дека со предлог Законот за високото образование, чија Јавна расправа започнува денес на Универзитетот „Мајка Тереза“, се предвидуваат и измени кои се однесуваат на организацијата на универзитетите, критериумите за избор во звања.- Во овој момент се дискутираат критериумите за избор во наставно-научните звања и имаме промени каде што бараме повеќе научна работа со објавување на научни трудови во бази на научни трудови како што се Web of science и Scopus. Дополнително на тоа, бараме и цитираност на овие нивни дела на научно-истражувачкиот потенцијал на универзитетите. Законот јасно бара интернационализација на факултетите, поврзување со други, тие може да одлучат со кои, но препорачливо е тоа да е во европскиот простор, да формираат или да организираат заедничка настава во правец на двојни дипломи и многу други промени, структурни промени, кои сметаме дека ќе придонесат за раст на квалитетот на квалитетот во високото образование, напомена министерката.Министерството, потенцираше Јаневска, не смее и не може да се меша во студиските програми, тука доаѓа до израз студентската автономија, но законот бара и да се модернизираат студиските програми.- Го менуваме моделот, законот бара модуларност во студирањето, што значи ќе треба нови студиски програми, и со самото тоа што ги зајакнуваме критериумите за избор во звања, очекуваме наставно-научниот кадар малку повеќе да се бави со наука и тоа знаење да го пренесе и на студентите, рече министерката, истакнувајќи дека во минатото имало закон во кој повеќе се барало од наставниците и тогаш нашите универзитети станувале повидливи.- Потоа доаѓа еден друг закон кој драстично ги намалува критериумите и евидентен е падот на рејтингот на нашите универзитети. Сега повторно очекуваме тој да се покрене. Нашите научници, нашите универзитети да кои навистина ги има добри и кои без обврска објавуваат во значајни бази на списанија, треба да станат повидливи, треба да станат препознаени во светот, нашите универзитети да нудат квалитет и да станат повидливи, со тоа да привлекуваат повеќе студенти, вклучително и странски.Вмрежувањето на наши со други странски универзитети, исто така ќе ги направи универзитетите и наставно-научниот кадар повидливи а студентите од тоа секако ќе имаат бенефит затоа што ќе има размена на искуства. оттука, дефинитивно очекуваме рејтингот на нашите универзитети после извесен број години, да се подобри, изјави министерката Јаневска.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryuk2hccu240u42Ht8UqN

Јаневска: Автономијата на универзитетите не е чепната, но треба да бидат отчетни кон Владата

Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека новиот закон за високото образование не ја загрозува автономијата на универзитетите, туку воведува обврска за отчетност кон Владата за средствата што ги добиваат.„Автономијата на универзитетите со овој закон никако не е чепната, но универзитетите треба да се свесни дека голем дел од нив треба да бидат отчетни кон Владата за средствата кои ги примаат од Владата. Ние во автономијата воопшто не навлегуваме но од сега натаму ќе бараме отчетност. Тоа било предвидено со претходниот закон од 2018 година, но никогаш не заживеало. ние во моментов бараме да заживее отчетноста без никако мешање во нивната академска слобода“, изјави Јаневска„Треба да кажат што тоа замераат, затоа што ниедно тело предвидено во законот не е зависно ниту од Владата, освен од Собранието кое е основач. Јас не гледам дека Владата многу се меша, повторно ќе кажам имаат обврска за отчетност и не гледам дека тука би се појавил било каков проблем, но доколку конкретно се обратат, кој член, кој став, ќе размислиме секако и ќе дискутираме“, додаде Јаневска.

Македонија | пред 1 месец

vesna-janevska

Јаневска: За возачка дозвола е потребно основно образование

Изминатите денови во неколку градови низ државата се одржаа протести од страна на Ромите кои бараат да бидат ослободени од обврската да полагаат возачки испит бидејќи биле неписмени.Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска порача дека државата обезбедува бројни инструменти за социјална инклузија на Ромите, но дека законските минимум стандарди за возачка дозвола мора да се почитуваат.Јаневска нагласи дека за добивање возачка дозвола е потребно само минимално, односно основно образование, кое е бесплатно и достапно за сите.„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста преку Центарот за образование на возрасните. Имаме огромен број инструменти со кои се обидуваме да ја подобриме ситуацијата на Ромите, но тие треба да ги искористат овие можности“, изјави Јаневска.Министерката потсети дека МОН ангажира 40 ромски медијатори за да се спречи напуштањето на наставата и дека преку проектот „Деценија на Ромите“ се посветува сериозно внимание на оваа етничка заедница.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryodjq05pt1m60cpSceVB

900 часа помалку настава – Јаневска вели дека македонските ученици заостануваат зад ЕУ

За учениците од основното и средното образование на територијата на целата држава денеска започнува второто полугодие.Министерката за образование и наука Весна Јаневска преку објава на социјалните мрежи им посака успех на учениците, наставниците и стручните служби во училиштата во претстојниот период.Таа во денешното интервју за МРТ1, изјави дека сите можни истражувања, и во светот и кај нас, кажуваат дека колку повеќе децата се во училишните клупи толку е поголем нивниот резултат, односно стекнуваат толку повеќе знаење, вештини, компетенции.Според неа, македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската Унија, стандарди кои вели дека сакаме да ги достигнеме и во кој клуб сакаме да се приклучиме.Министерката додава дека е потребен ред во образованието и кај повозрасните, нагласувајќи дека повеќе време во училиште директно значи подобри вештини и знаења.„Нашите ученици и онака поминуваат помалку часови на настава. Сите истражувања покажуваат дека колку повеќе децата се во училишните клупи, толку е поголем нивниот резултат и стекнатото знаење“, изјави Јаневска.

Македонија | пред 2 месеци

ucenici

Нема предвремено распуштање поради загадувањето: Наставата продолжува до крајот на месецот, порача Јаневска

Наставата во основните и средните училишта ќе се одвива до крајот на месецов, по што учениците ќе заминат на редовен зимски распуст. Министерството за образование и наука не размислува за предвремено завршување на првото полугодие поради загадениот воздух, изјави денеска министерката Весна Јаневска.Одговарајќи на новинарско прашање дали поради актуелното аерозагадување се разгледува можноста за порано распуштање во учебната 2025/2026 година, Јаневска рече дека до почетокот на распустот остануваат уште неколку наставни денови и дека во моментов нема информации дека здравјето на учениците е загрозено.Таа нагласи дека, доколку од здравствени причини учениците отсуствуваат ден или два од настава, тоа не претставува проблем, но оцени дека треба да се прекине практиката од минатото кога, како што рече, од различни причини се скратувале учебните денови.„Жал ми е што морам да направам една груба споредба, но во некои европски земји децата и кога имаат грип, и во градинките и во училиштата, одат на настава сè додека нивното здравје не е загрозено. Ова го велам поради коментарите дека нашите деца многу учат и се преоптоварени. Не, не се. Доколку здравјето им е во прашање, секако дека лекарите и родителите ќе одлучат за тоа, но ако не станува збор за ништо сериозно, не е проблем да отсуствуваат ден-два“, изјави Јаневска.Таа додаде дека вистински проблем би било повторно воведување на практиките од минатото, кога, како што рече, учебните денови се скратувале за учениците да одат на поевтини одмори, да се подготвуваат за писмени работи или од други причини што немаат врска со здравјето.„Овие негативни појави полека треба да почнеме да ги отстрануваме. Но секогаш ќе одлучуваме во корист на здравјето на учениците. Во овој момент немаме информации дека нивното здравје е загрозено“, нагласи министерката.

Магазин | пред 3 месеци

media-libraryu9ek0t80tl7g0KPjaH8

„Досетливи” студенти за кеш ги препродаваат ваучерите за лаптоп

Во јавноста се појавија информации дека студенти се обиделе да го изиграат законот со кој им се ветија ваучери за набавка на електронски уред.Наместо за намената, тие договараат и ги препродаваат и тоа за пониска цена на која им гласел ваучерот.Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека проектот бил ветен и реализиран, а на совеста на студентите е како ќе постапуваат со ваучерите.„Ваучерите им беа ветени на студентите и вообичаено она што сме ветиле, ние и го остваруваме. Има досетливи студенти кои на разно-разни начини се обидуваат некако да си го олеснат животот. Ние со тоа не можеме да се справиме. Се справуваме со тоа што во образовниот систем внесуваме нови вредности, нови програми, нови теми за обработка. Останува на нивната совест и свест да одлучат што ќе направат со ваучерите”, вели Јаневска.Јаневска на „Фејсбук“ објави дека 55 илјади студенти ќе добијат по 15.300 денари за набавка на електронски уред.Оваа мерка е наменета зa сите студенти до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети.Со ова, велат од Владата материјално се помага на студентите и нивните семејства, а воедно се овозможува и пристап до сега веќе основното орудие за учење – тоа е комјутерот.Студентите ќе можат да аплицираат до 20 декември, а подигањето на ваучерите ќе можат да го реализираат до 31 декември 2025 година.

Македонија | пред 4 месеци

vesna-janevska

ВРЕДИ до министерката Јаневска: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Остра реторика меѓу министерката за образование Весна Јаневска и тетовскиот градоначалник Билал Касами кој доаѓа од владината коалициска ВРЕДИ. На една недела по вториот круг од локалните избори ВРЕДИ со остар тон:,,Тоа што не знае албански јазик не треба да ја фрустрира Јаневска”.Вчера, за време на заеднички јавен настап, министерката Јаневска, неколку пати незадоволно реагираше од комуникацијата на албански јазик на градоначалникот на Касами, со новинарите од медиумите на албански јазик...Наместо да се чувствува лошо што г-дин Касами зборува македонски како и албански, додека таа – и покрај тоа што живее во повеќејазична средина – не знае ниту еден збор на албански јазик, министерката Јаневска реагираше затоа што не разбираше албански јазик Поради оваа причина, ВЛЕН изразува жалење за ваквиот пристап на министерката Јаневска кон албанскиот јазик и во оваа прилика нагласуваме дека таков став е во спротивност со духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институци”, велат од ВРЕДИ.Од ВРЕДИ оценија дека потегот на Јаневска е спротивен на духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институции.Според коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ, едно демократско и мултиетничко општество, кога дури и странски дипломати кои престојуваат во нашата земја две или три години учат неколку зборови на албански, да бидеш министер, па дури и министер за образование, а да не знаат ниту еден збор од јазикот на сограѓаните Албанци и да реагираат на употребата на албанскиот јазик, ова , велат е тешко да се преведе во услови на коегзистенција, граѓанство и почитување на другите во едно мултијазично општество.

Македонија | пред 4 месеци

janevksa

Јаневска: Предметите историја и географија се вратени во образовниот систем, испечатени се учебници и зголемени се платите на наставниците

Во рамки на вечерашната трибина насловена „Образование и социјална политика, ги градиме темелите на промените“ свое обраќање имаше претседателката на Комисијата за образование и наука и министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа истакна дека во изминатите години се правеле експерименти во образованието, како што кажа, од немање учебници до концепти каде што ја нема историјата, како и незадоволни наставници, професори, деца и родители. Министерката додаде дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата заедно со Министерството за образование ги поставиле темелите за изградба на еден силен национален систем.„Не само што немаше учебници, ние снемавме и деца, тоа е резултатот на седумгодишното владеење на претходната власт. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата заедно со Министерството за образование, ги поставија темелите за изградба на еден силен, модерен, национален систем, ефикасен, конкурентен со другите држави, кој би бил на задоволство на сите чинители, сите фактори кои се вклучени во тој систем, а со една единствена цел, стекнување на поголемо знаење, ефикасност и максимална инклузивност“, нагласи министерката Јаневска.Јаневска информираше дека во образовниот систем вратени се националните предмети историја и географија, иако минатата власт се обидувала да ги избрише, односно да ги интегрира во некаков замислен систем.„Со оваа цел тргнавме речиси од ништо, со огромни долгови. Затекнавме 5 милијарди долг, немаше учебници, се помалку ученици. Она што прво го направиме, а тоа е делувавме политички, ја вративме историјата и географијата како национален предмет во образовниот систем кои се обидоја со гумичка да ги избришат, всушност да ги интегрираат во некаков замислен систем. Испечативме учебници и за прв пат годинава ќе имаме после 7 години учебници за странски јазици, и учебници по секој предмет што нашите деца, наставници и родители секако ги заслужуваат“, децидна е Јаневска.Јаневска истакна дека бил направен голем и крупен чекор со којшто ја вратиле довербата во институцијата Министерство за образование и наука, но секако и во Владата, бидејќи претходната власт оставила хаос и разурнати институции.„Дадовме порака на главната алка во тој систем, а тоа се наставниците со подигање на платата во период од шест месеци за повеќе од 12%, но поважното е што ние веднаш по доаѓањето на власт потпишавме четиригодишен договор за постојано покачување на платата на наставниците. Следните четири години секоја година ќе има покачување на платата на наставниците. И секако некаде повеќе од 14% на наставниците во високото образование“, заклучува Јаневска.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања