Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Јаневска: Министерството не е против академската заедница, законот ќе биде донесен во соработка со универзитетите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
vesna-janevska

Министерката Весна Јаневска изјави дека МОН не е спротивставено на академската заедница и дека Законот за високо образование се изработува во соработка со универзитетите. Прифатливите предлози од работната група ќе се внесат во нова драфт-верзија, која повторно ќе биде објавена на ЕНЕР. Таа ги демантираше тврдењата дека се укинува вонредното студирање и дека државата не финансира научни трудови, оценувајќи ги како дезинформации. Посочи дека дебатата со приватните универзитети била конструктивна и дека пред финализирање ќе има уште една средба. За бесплатното високо образование, рече дека ослободување од партиципација веќе има за одредени категории, а ранливите студенти добиваат стипендии, поволности во домовите и студентски оброк.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерството за образование и наука не е спротивставена страна на академската заедница, напротив во соработка со Универзитетите го започнавме и на ист начин ќе го завршиме Законот за високото образование, изјави министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, пред почетокот на 4-тата јавна дебата, што денес се одржа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

— реклама —

Министерката уште еднаш нагласи дека сè што работната група смета дека е прифатливо, ќе биде инкорпорирано во новата драфт верзија на Законот, која потоа повторно ќе биде поставена неколку дена на ЕНЕР.

— реклама —

- Последниве денови се изнаслушавме дезинформации и лаги дека се укинува вонредното студирање, дека државата не финансира објавување на научно-истражувачки трудови и други. Лагите и дезинформациите, претпоставувам, треба да бидат на штета на министерот или на партијата, но во суштина се на штета на државата и на младите луѓе кои живеат во неа и апелирам дека треба да се престане со тоа, затоа што сме отворени за секоја конструктивна критика. И сè што сметаме дека е во ред, ќе биде внесено во законот, додаде Јаневска.

— реклама —

За дебатата со приватните универзитети, министерката рече дека била конструктивна и дека се договориле речиси за сè.

- Јас сум многу среќна што приватните универзитети реагираа на високо ниво. Се договоривме со нив, кога ќе го завршуваме законот, дополнително уште еднаш ќе се видиме, за да провериме дали е сè во ред и ќе ја затвориме тогаш последната драфт верзија, рече Јаневска.

Прашана за можноста за бесплатно високо образование, Јаневска објасни дека сите категории студенти што треба да го имаат, веќе го имаат.

- Накусо, студентите кои се без родители, од самохрани и еднородителски семејства, со попреченост и сл., со овој закон се ослободени од партиципација. Студентите кои се од ранливи категории, со ниски примања, добиваат стипендии. Што значи 2 месеци од стипендијата што ја примаат 9 месеци, им ги покрива трошоците за студирање. Студентиве од истиве категории, кои се сместени во студентските домови, исто така се максимално повластени. Нашите студенти, само ако се запишат на универзитет, добиваат средства за студентски оброк, изјави Јаневска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0c9g0dk0km986QLJ4du

Јаневска: Со поголема академска соработка, малите држави од Западен Балкан можат да го отклучат големиот регионален потенцијал

Македонија | пред 3 дена

media-libraryvdv8h00fdtp7aDD6sl6

Јаневска: Не зависи од мене тоа дали ќе ме сменат, секојдневно работам колку што е можно повеќе

Македонија | пред 4 дена

media-library9rp5mfm93lu2eviHL9i

Јаневска: Најголема пречка е ризикот од заминување на најталентираните студенти и истражувачи

Македонија | пред 4 дена

media-librarycrpmp4lpnu7218CuUPB

Јаневска: Воспитанието почнува од дома и од најрана возраст

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања