Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Јаневска: Квалитетот на високото образование драстично опадна и тоа мора да го промениме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarytdr427i4121o921CQKo

Министерката Весна Јаневска на дебата во МАНУ рече дека новиот Предлог закон за високото образование предвидува повисоки, но достижни критериуми за напредување, со цел да се врати квалитетот кој, според неа, опаднал по измените од 2018 година. Таа нагласи дека високото образование треба да создава јавно добро и кадар за развој на државата, а бидејќи е финансирано од државата, мора да има отчетност. Законот, според неа, носи меритократија, интернационализација и поттик за соработка и научноистражувачка работа. По завршување на јавните расправи, текстот ќе се коригира и повторно ќе се објави на ЕНЕР пред владина процедура. Објавен е и Предлог законот за научно-истражувачка дејност, а МАНУ ќе достави забелешки до МОН.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Она што најмногу се коментира за Предлог законот за високото образование се условите за напредување во звања. Ако направиме споредба, не се високи како во други европски земји. Но, мора да ги поткренеме, затоа што откако беа укинати со законот од 2018 година, квалитетот на високото образование драстично опадна и тоа мора да го промениме. Го разбирам стравот на академската заедница, разбирам дека од една фаза треба да поминеме во друга, но критериумите кои ги предлагаме се достижни.

— реклама —

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на дебата во МАНУ посветена на новиот Предлог закон за високото образование.

— реклама —

„Улогата на високото образование е да создава јавно добро, да создаде интелигенција која понатаму ќе ја развива државата. Да создава стручни, компетентни, но и емпатични и морални личности кои во иднина ќе обезбедат општествен просперитет. Од друга страна државата ги финансира високообразовните установи и оттука, треба да бара отчетност за трошењето на средствата и одговорност за постигнатите резултати“, рече Јаневска.

— реклама —

Законот, потенцираше министерката, нуди меритократија, интернационализација и мотивација за соработка која недостасува кај академскиот кадар, вклучително и научноистражувачка работа која е неделива од образовната. Рече дека предлог законот има можност за доработка, односно некои одредби ќе се променат по сугестиите на академската заедница.

Според неа, треба да се довршат сите јавните расправи, и потоа, кога ќе биде сé што треба коригирано, законот повторно ќе биде објавен на ЕНЕР неколку дена, по што ќе влезе во владина процедура. Јаневска информираше и дека во текот на вчерашниот ден е објавен и Предлог законот за научно-истражувачка дејност. Членовите на МАНУ се согласни дека се потребни промени во високото образование, напоменувајќи дека сите забелешки кои ги имаат за законот, неделава ќе бидат доставени до Министерството за образование и наука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0c9g0dk0km986QLJ4du

Јаневска: Со поголема академска соработка, малите држави од Западен Балкан можат да го отклучат големиот регионален потенцијал

Македонија | пред 3 дена

media-libraryvdv8h00fdtp7aDD6sl6

Јаневска: Не зависи од мене тоа дали ќе ме сменат, секојдневно работам колку што е можно повеќе

Македонија | пред 4 дена

media-library9rp5mfm93lu2eviHL9i

Јаневска: Најголема пречка е ризикот од заминување на најталентираните студенти и истражувачи

Македонија | пред 4 дена

media-librarycrpmp4lpnu7218CuUPB

Јаневска: Воспитанието почнува од дома и од најрана возраст

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања